Не знам искрено. Јас се утепав од читање, и уште пред да се роди си имав зацртано што и како ќе правам, најмногу важеше тоа за спиењето. И од прв ден дома го правам истото. Веќе и таа знае дека ако почнам да и менувам пелена во темна соба со малку светло што следува после. Некогаш јас, некогаш маж ми, кога сме кај моите мајка ми некогаш, ја успиваме ама се' оди по редослед. Не прави проблем било кој да ја успива, се дури не и го рушат тертипот. Уште од прв ден максимално се трудев да има преку ден навики, различно место и соба на спиење од навечер. Секакви асоцијации за ден и ноќ. Мислев ќе биде страшно идењето кај моите по една недела, да не се навикне на друга околина, тука друго креветче има. Ама си тера со истото, воопшто не и смета. И правевме крштенка, со цел ресторан полн и бенд имавме. Колку луѓе ми викаа да не правам, да не викам луѓе заради гужва, па зошто жива музика да имало, ќе плачела, немала да заспие после од вознемиреност. А она мирна беше, како штафета од еден во друг. Ни од музиката се плашеше, ни ништо. Вечерта заспа како топ, 9 ч спиеше. Можеби и детето е такво, не знам стварно.
Детето е такво, секој ден се трудам и читам, применувам нови техники уште откако се роди ама не џабе инает е денес ќе легне во 8ипол вечер со 2 денски дремки утре ќе легне во 8 и ќе се разбуди во 9 и нема презаспивање никако ни темна соба ни шшш ни звуци...си се исправа си игра во темница до 12. Преку ноќ само се турка,мрда, прави кругови на кревет, се буди на саат, два...немирно спие се помирувам веќе нема што не пробав дури и да ја преморам пред спиење и луфтирање на соба по еден саат со прочистување на воздух џабе. Којзнае како ќе биде кога ќе тргнам на работа ама ненаспана сигурно
И моево е такво, само што не си игра туку цел ден/ноќ кенка или плаче. Нема што немам пробано, white noise и сл. звуци воопшто не регистрира, нема ефект на неа никаков. Спие по 10-15 минути, таман ме фатил сон почнува да плаче. Ние сме вака и дење и ноќе освен кога шетаме надвор или сме во количка на тераса, само тогаш спие како топ. И после зошто сум некогаш “себична” и ја оставам на мајка ми или маж ми без да ме мирисне 5 часа, затоа што ако не го направам тоа можам во болница да завршам со хронична ненаспаност.
А сте пробале да спие до вас или на некој од вас гушнати? Имаше еден период моето само на мене на меше спиеше
@LadyR најискрен совет ти давам, немој да носиш заклучоци и да креираш долгорочни планови врз основа на тоа како е бебето денес, во смисла дали заспива лесно, дали е захтевно, дали те бара или оди кај други луѓе без проблем. Да, сега може оди и седи без проблем, ама за месец два ќе стане посвесно за околината, ќе те бара тебе, има скокови, регресии во спиење. Дај Боже да ти остане исто како сега, ама јас пишував исто ко тебе, паметам дури и се фалев дека само заспива првите месец-два. Потоа како дојдоа промените, имавме проблеми со спиење ( и ноќе и преку ден ), беше кенкав, имаше денови ништо не го смируваше, имаше ноќи кога од истоштеност и нервоза ќе го оставев со мм а јас ќе излезев на еден час чисто за да се смирам ментално, бидејќи тоа беше ужас. И цело време додека не бев дома плачеше. И мм беше еднакво инволвиран, и тој е еднаков родител, но има периоди кога им треба мајка, оно знае само за тебе и ништо друго. Не мора да го доиш, те познава по мирис. Другото е на тебе, секој родител со различен стил на воспитување, за мене беше незамисливо да го оставам насамо со други макар и на еден час. Секаде го носев со мене, до 4 месеци мислам дека не бев одделена од него подолго од 40 минути. Немав ни желба искрено, не ме привлекуваше да излегувам и си терам живот како порано додека некој друг ми го чува детето. Ми сметаше доколку бебето ми плаче, а го смирува некој друг, тоа беше некој животински инстинкт, нешто што не можев да го контролирам. Доколку одевме некаде на ручек, го земавме со нас, во маркет со нас, значи тоа дете е дел од нашата фамилија веќе и не гледам причина зошто би седело дома со баба и дедо додека јас одам на ручек или на кафе. За мене беше одлуката едноставна, или го земам со мене и се адаптирам на местата каде што можам да одам со него, или си седиме дома заедно. Ама секој како што си мисли.
Исто со првото дете од ко го одбив на 14 месеци, многу полошо беше, затоа сега уште го дојам 2рово, 18 месеци уште малку, нз како ќе го презаспивам ко ќе станува ноќе, уште одложувам одбивање, а веќе е многу голем (физички) 16кг има и стварно тежи, се ме боли, почнува мене многу терет да ми е, ама никако да донесам одлука.
Детето е такво, се ми е пробано, се, 22м е, уште спие како што сака, колку сака и кога сака, па јас и на глава застанала да не е така.
@LadyR да си правиш како мислиш. Ако ти се оди и мислиш дека ќе издржиш оди. Тука можеш само осуди да добиеш. Да речеше дека не одиш, други ќе ти речеа дека детето премногу го врзуваш со тебе. Јас еднаш поставив прашање со што ако, ми излезе преку нос. Те имам читано дека работиш за америчка фирма со добра плата и со морала да се вратиш на работа. И сите мајки се жртвуваат. Ти се жртвуваш да и обезбедиш подобра иднина со тоа што не си даваш отказ, друга мајка ќе си ја жртвува кариерата и ќе си даде отказ да го чува детето да не оди порано во градинка. Ниедна не е помалку мајка. Јас вчера излегов на коктели со колеги и се вратив после 4 и пол саати. Не му се јавив ниту еднаш на маж ми да прашам што се случува. Каменувајте ме, ама после 7 месеци дома и 9 месеци бременост лежење во кревет добро ми дојде. Маж ми беше 9 дена на службен пат во декември и му дадов благослов. Зошто он да не отиде кога има можност. Јас сама си го чував, иако не беше лесно морам да признаам. Тогаш ете ми се случија 300 работи, да немаме струја неколку саати, да нема Карпош вода ама се снајдов за се. И ако сака утре пак да оди, пак ќе му речам слободно. Маж ми навечер иначе го рани за да можам јас да поспијам.
Јас за првото, гуглав зошто спие 23 саати на ден. Од памет бев извадена зошто бебе од 1 месец само спие и цица, па пишував на форум, и убаво ми пишаа тогаш, почекај до 4ти скок.....богами после тоа година дена не спиевме . Второво доено до 2 месеци, на 3 мес го оставав секој втор ден со маж ми, одевме на родендени со големата по 2 саати, кога се враќавме во влез го слушав како се корне од плачење. А влезев штама, гласот само да ми го слушне. Па му ја научивме маката па се снимав му пушташе маж мој глас да слуша дур ме нема ако се вознемири....и така....
Врз мене понекогаш знае да дремне пола саат еднаш во 2-3 дена ако е порасположена. Инаку не плаче само во раце и така да шетам низ стан до нас на кревет не спие, во креветче не спие, во гнездо не спие - подолго од 15 минути. Сум пробала повиена, додека не се одповие не се смирува, прета мава фучи нервозно и за 3 минути се ослободува. Спие само во количка на тераса или надвор да шетаме/на кафе на сонце ако седиме, тогаш не мрда спокојно спие. Се тешам дека е вака поради грчевите и дека понатака ќе врзе БАРЕМ 1 саат непрекинат. За 1 саат се молам моментално, ништо повеќе. Ќе почнам на клупа во парк да спијам зошто само надвор врзува сон.
Среќна мајка, среќно бебе. Како е среќно бебето ако ја нема мајка му две недели? И мајката се врати среќна, ама како тоа значи дека бебето било среќно кога ја немало мајка му? Не се малку две недели, постојат и многу истражувања и студии за тоа како влијае разделеноста на мајката од бебето додека е толку мало, и како влијае врз формирањето на нивната врска. Не е дека е премало и нема да памти и ко ништо да не било. Да требаше јас да одам би прочитала и би се информирала, објективно, не само да барам мене што ми одговара, и тогаш би донела информирана одлука. Ако работата е толку важна за иднината и патувањето е неодолжно океј, се зема и тоа во предвид и се премерува. Како родители и одговорни за туѓи животи, треба да ги премислуваме работите. И на крајот, да сме среќни и мирни со своите одлуки. Небитно што другите напишале, ние сме одговорни за своето семејство. @LadyR побара мислења, ќе добиеш секакви, секако, само разгледувај ги објективно и на крај донеси одлука со која ќе можеш да живееш.
Сите имаме различно размислување, различни навики, различно функционираме како семејства. Сега не можам да замислам да бидам без него ни еден ден ама па може за некое време ќе можам. Ние мислиме ништо не разбираат ама еве го на 6 месеци ако ме нема неколку часа кога ќе се вратам е лут. Се прашувам кога ќе се вратам на работа и ќе ме нема повеќе од 10 часа како ќе биде. Кога беше помал едвај чекав да се вратам на работа, досадно ми беше дома, сега си викам да можам уште би седела дома со него. Од понеделник ќе почнам со часови за возачка, па ќе се организираме со сопругот и мајка ми за чување. Многу сака да поминува време со двајцата ама на крајот на денот пак јас сум му најважна. Денес бевме на вакцина, супер поминавме, речиси и да не плачеше. Затоа па од кога си дојдовме дома само се гали. Се надевам нема да крене тт и ќе поминеме само со галење.
Тешко ти е тебе дури претешко... незнам пробувај различни работи како возење во количка дома додека заспие, релаксатор, рачињата само повиени...период е ќе помине се менува се многу брзо
Моето цела зима лани спиеше надвор, општо до 1г, сите дремки скоро му беа надвор. Јас не спиев ама сликав надвор
Кога ја оставам да спие на тераса сред зима се чувствувам како на трње, да не настине, да не ја разболам, да не ова да не она. На пипкање вака си е топличка, соодветно и убаво облечена и покриена и спокојно си спие што ми сугерира дека многу и годи ама тоа пустото мајчинско “што ако”
Ич да не се сеќираш дека ќе се разболи. Моето сега е 22м, само 2 пати бил болен и тоа еднаш од воспалено уше, втор пат од грло. Ако е соодветно облечено нема шанси да настине.
Муабетот за оставање на децата ми се сврте во глава сега…малиот е кај моите на неколку саата и мајка ми ми јави дека повратил, луѓе таков немир осеќам, ем ме уверува дека е ок. Мислам јас општо сум човек кој спие на трње ако на некој нешто му се случува, ептен сум паничарка. Кога бев во странство најголем кошмар ми беше на некој нешто да се деси и јас да не сум во близина, и ми се оствари за жал, уште имам рана во срцево од случката. Така да не знам дали некогаш додека е мал би успеала да го оставам на подолго и да одам некаде каде што нема да сум на пола час до него. Сериозно не знам како ќе се соземам ако ми јават дека не е добар или дека нешто се случува. Со кој сака нека е, и моево не е здраво знам, ама не би можела поинаку. Инаку не знам дали се сеќавате пред некое време ви кажував за на блиски пријатели внуче, детенцето се затрови од нешто, веројатно печурки при шетање во шума со татко му, баш тогаш мајката била на 3 дневно службено патување некаде надвор од земјата. Не можам ни да замислам како и било кога добила повик. Му откажаа бубрезите одвај го спасија. Скраја да е, уф. Знам дека не можеме да ги штитиме вечно, ниту секогаш ќе ни бидат пред очи, па и да ни се некогаш не можеме да ги упазиме, ама се молам на Бога ниедно детенце да не биде од ништо посериозно болно и ниеден родител да не дочека таква вест.Буквално нема полоша работа. Извинете на депре муабетот, денес ептен сум падната психички, деновиве ептен ме газат… барам трошка оптимизам да ископам од некаде, ама нема скоро ич, ич.