А зошто да не е здраво? И кој дефинира што е здраво? Баш е нормално за тебе, за мене и за многу други мајки. И ова со муабетите да се остава дете почесто, да не се поврзано многу за мајката, за родителите. Булшит да ме извините. Па за кој да се поврзе бебе, особено во првата година од животот. Тоа едвај прогледало, нит светот го познава, ни луѓе, се раководи строго од инстинкти, ама многу многу било среќно кога останувало кај баба на спиење. А тоа 4 месеци нема. Бреј. Дали осудувам. ТОТАЛНО ДА. Едно е кога дете има само желба да одлучи да остане, друго е кога бебе ќе се остави цела вечер, во друг дом, за да родители малку одморат. Чекајте ќе ни пораснат деца, сами ќе ни бегаат. Не знам дали така размислувам оти многу ја чекав и касно ја добив, ама тоа е тоа. Она е дел од нас, нашето семејство и сегде е со нас. Ни пропаднале планови, не излегло се како што сме замислиле, некогаш спонтано супер сме си поминале. Се ни е изненадување, секојдневно. Ние си ја чувавме сами до 16м. Претежно јас, оти маж ми е на работа. Такви се условите, немаме никој во близина. Наше дете не било ни еден ден без нас. Имало тешки денови, многу тешки. Ноќи уште понапорни. Неспиење со денови. Сум ја носела на лекар со мене, за крв земање, на ехо сегде. Пазар, готвење со неа, документи нормално, се подразбира. На 16м тргна во градинка и и' требаше 2 месеци да се привикне. Сега оди во градинка до 2. Супер и е таму. Баш и годи социјализација и ,,игра,, со другите деца. Јас не можам да си замислам некој друг да ми ја успива навечер. Си ја успиваме ние. Она треба да преработи се од денот и треба да се осеќа удобно и сигурно. Се знае, си спие кај нас, да ја утешам секогаш кога има потреба. Па и ние, возрасни, си сакаме да сме си до партнерите. Не па бебе, на кое еден ден, година му е. Како родители, обврска ни е да го ставиме детето и неговите потреби на прво место. И така. Уште во пмс . Бројче се надоврзам само на тебе. А за малиот, мојата кога ќе почне да ми повраќа, најчесто е вирус и се полни со шлајм. Издржете ќе мине.
Ајдеее жено. Батали ги тие мисли. Ако не можеш да излезеш, дома малку на опуштено. Има една изрека "не дај Боже да ти се случи она што мајка ти мисли". Хахахха
Од збор до збор си во право . Никогаш не ми било јасно тоа оставање на преспивање толку мало, друг да го чува цела ноќ. Мислам вчера од утроба ми излегло каква баба каков дедо. И извинете ама преценета е таа ‘.Слобода на мајката ‘ што денес толку се фура. Како недозреани . Јас сфаќам дека живот иде даље и кога ќе родиш, ама да се умира ако не можам по дискотеки и концерти да одам и да шетам кај стигнам пошо имам БЕБЕ ми е тотално несватливо.
@LadyR кој ѓавол те тераше да прашуваш за совет жити се... Им даде сега повод на најмајкиве да се испофалат и како нивното е ок а другите се себични, недозреани, за осуда итн итн.
Коа ќе ми текне ова твое ќере колку беше бубаче во стомак, ја молеше да мрдне. Сеа надохнадува изгледа што била поспана во меше. Сакам да ти кажам дека менуваат. Мојата после месец смени. И така супер беше три недели, па пак смени. Не шекна тогаш, од неспиење. И еве ја пак смени. Никаде не грешиш, секое бебе е различно. Во врска со тоа на тераса, си ја облакаш како за шетање, не му ја мисли, супер и е. Искористи и одмори си и ти тогаш.
Буквално!!! Која од која поголема мајка… Малку ставете си прст на чело и размислете дека вашето НОРМАЛНО, некому НЕ Е НОРМАЛНО. @LadyR женска, како ќе се осеќаш тогаш, така постапи. Не одлучувај одма, сепак менуваат бебињата а и ти како мајка со нејзе. Можеби тогаш поинаку ќе гледаш на целата ситуација.
Не знам зошто давање на мислење на прашање кое членка го поставила се смета за фалење и кажување која е најмајка која не е. Значи апсолутно немаш потреба за коментаров, се разви дискусија и мислам дека ниту една од мајките што даде мислење не ја смета Лејди за помалку мајка од себе.
Да ти кажам фала и многу што пиша вака. Сакав да имам само едно дете ама сега почнав сериозно да размислувам за второ дека не сакам детето да ми биде вака себично како нејзе.
Да ви сменам тема. Кај да најдам асални штитници за фиоки и шкафчиња, за бебе да не ми отвара? Купив од локо кроко, истиот ден се одлепија. После други од базаро, тие добри се покажаа во дневна, еве неколку месеца ама гледам при крај им е силата. Сега малиов научи и во кујна како да отвара. Еве на пола пост застанав зошто извадил соларник и метев сол низ кујна и дневна. Се ми се отвара со фаќање на работ горе, нема рачки, ама очигледно сфатил како треба. Да го скарам во моментот ќе послуша, ама за 15мин пак иста приказна. Ми треба нешто што ќе издржи секојдневно малтретирање
Некогаш не можам да се начудам на некои жени, мајки... Не можам да сфатам како може да има такви карактери и зошто. Затоа и не навлегувам во подлабока дискусија, само ќе се изнервирам. А така сум некако ептен среќна периодов, не ми требаат нервози. Другарки што имаат поголеми деца ми викаат - Чекај да одиш на родителска во градинка, школо и ќе видиш какви се мајки има. И мајка ми е учителка долги години, гледам и од кај нејзе примери какви се децата на тие што се прават најмајки на муабет и за на фб. Жал ми е за децата само, врз нив се одразува карактерот на родителите.
Јас од синоќа се мислам дали да престанам да го отварам форумот. Некако од навика читам по темиве, а така хормоните ми се хаос после породување и лесно сум поводлива во моментот. Многу работи што ги читам ми влијаат лошо на психа и дали постапувам правилно во моменти кога едноставно сакам да отспијам или излуфтирам за да бидам поодморена и порасположена мајка за своето дете. Еве на пример мајка ми синоќа спиеше кај нас со ќерка ми, јас спиев во друга соба за да поспијам (да, да одморам од бебето јас што сум го родила) пошто немав спиено два дена како зомби бев. Според некои коментари, тоа е за осуда, пошо ќерка ми е еден месец. И најверојатно ќе престанам да отварам и пишувам, барем одреден период.
Ич да не се замараш. И кај мене мајка ми доаѓаше на почетокот, и спиеше кај нас, и цела вечер беше околу бебето, за јас да се наспијам. И рана и температура и спобудалев со доењето. И тој ден ми беше најубав пошо конечно заспав. И пак ќе ја викнам ако ми е потребен сон.
А има потреба од осудување ако не размислуваат исто како нив? И јас на членката и реков прво да не оди бидејќи првично добив впечаток дека ќе и биде тешко но после таа сама си даде одговор на прашањето. Значи во ред е и некоја ако смета дека треба да го носи и на мочање со неа, во ред е и друга ако смета да го остави детето на чување. Не е во ред на секое вакво прашање да скокаат како они се нај а другите се вакви, такви, онакви.
Исто вадам дете два пати на воздух дневно, готвам по 4 пати на ден, не давам екрани и шеќери. Најмајка! Нема подобра од мене . Барем не за мое дете. Имам уште за фалење, ама ај доста ве депресирам. А за мочањето и туширањето, почекајте само. Порано или покасно на сите ќе во влезат во вц.
Најточно ова, па сама сум со него поарно да го земам во вц со мене отколку да го оставам сам па да скрши глава негде. До негде благословени се тие што имаат луѓе дома а од др страна некогаш се осеќам како супер херој
Не ги бива тие од Локо Кроко а? Да се опремам и јас со време сакам. Кај и да е ќе почне да лази, време лета. Дури и масичката во дневна ми е план да ја тргнам.