На некои од вас не им е нормално да остават бебе да преноќи кај баба на една вечер, ама гарантирам не знаете како е да си сама со бебе некогаш и по 16ч од 24ч во денот, буквално да не можеш во вц да отидеш или да се истушираш, а камоли да зачистиш. Мм и кога е дома е на повик, нема одредено работно време, нема фиксен слободен ден и буквално е како лотарија зависи како ќе се погоди денот, а тек можам да замислам како им е на мајкиве што имаат мажи шофери и не се дома со недели. И не, немам грижа на совест ако го оставам да преноќи кај мајка ми за јас да можам да си исчистам дома или да одморам, на прсти се брои колку пати сум го оставила. И пак не сум помалку мајка од вас и си го сакам бебето највеќе исто како вие што си ги сакате вашите. Не осудувајте никого.
Од бебехоум имаме земено, не се лоши, држат сеуште кај нас. Ама да признаам и моево не е нешто упорно да отвара.
Точно знаеме како е да си сам. Еве сама сум цело време. Маж до 5 е на работа после работи приватно, викенд работи исто приватно едино недела е за нас. Мајка работи, свекрва работи. Свекор ми е пензионер ама ја чува само на преглед кога треба да одам и крвна слика да дадам или кога морам до работа да ускочам. И да пак не би ја оставила на спиење. На чување да, спиење не. Не може во првата година две три приоритет да се моите чувства посебно некои површни како многу ми се шета и ми се оди у кафана цела ноќ. Ја оставам да искочам да поспијам да одморам ама за да шетам со денови да не ме види не. И ништо лично спрема Лејди воопшто не сметам дека е немајка само се покрена дискусија.
И од џамбо тие не ги бива да знаете. @baguf4e срц, не отварај некое време. Стабилизирај се малку, хаос ќе ти се направи во главата. Терај како што мислиш ако ти влијаат коментарите негативно. Општо, не само за форумов Ти стојам на располагање за било каков совет П.с. бебле на тераса на сонце е заспано нели? ^ Пошто ние тука се знаеме и најјаки сме - Не ме распнувајте де, се заебавам.
Бебле досега го шетавме на сонце заспано па и на кафе беше седнато со мама и тато. Фала ти, те гушкам.
Епа не гарантирај, оти многу убаво знаеме. И јасно ни е колку е тешко на почетокот, самото привикнување на новата ситуација, хормони и влијанието од околината. Исто знаеме и дека љубовта кон своето чедо се зголемува секој ден. Се повеќе и повеќе си го сакаш детето. После некое време чистењето нема да ти биде толку важно и ќе гледаш само бебе да е спасено и ти колку можеш толку да одмориш, за да можеш да функционираш. Пишав погоре оти чувам дете сама. Без никој во близина, само со маж ми. По колку мислиш дека спиеме со маж ми? Инсомнија развив и јас, како и многу други мајки овде, оти имав бебе со рефлукс и тешки грчеви. По цели ноќи и ноќи не сме спиени. Со месеци. Дури таму после 6-7 месеци престана да повраќа по 100 пати во ден. И болни со температура сме биле сите тројца, до толку што и формула давав, молзев и фрлав за да пијам лекови, да можам да си гледам дете. А има членки и со повеќе деца сами што си гледаат. Еве Јованти е со две и трето на пат. Едноставно правиш приоритет на работите. И супер што имате опција да ви ги погледаат бебињата на неколку саати за да може да одморите психички и нешто работа да се заврши. И те како е од помош. Или ручек да ви направат. Она што упорно велам дека не го разбирам и до некаде го осудувам, е нормализирање да се живее како пред бебе. Во кафана, па секој ден на кафе, па кај баба да си спиело, ние ваму па таму ќе одиме. Да се поврзе со баба, да можам јас да си шетам. А оти мора секој ден на кафиња без дете, оти мора секој ден со другарки да се среќавам? Можеш слободно да си одиш на кафе, земи и бебе со тебе. Се прилагодувам на новата ситуација, учиш и бебе да се прилагоди на светот. Ние ја носиме нашата во ресторан уште кога почна да седи самостојно на столче. Ние јадевме и на нејзе каша и дававме. Баба и дедо се сакаат, и внуци уживаат со нив, се додека се е во ред. Во прв момент кога на бебе не му а арно, ја бара особата со која има најголема врска. Најчесто мајката.
Имав можност да запознаам мајка која работи на смени и вика - кога сум прва смена, за да не се буди детето рано, спие со свекрвата - на втора со мене (мајката) - на трета повторно со свекрвата Како и од кои плус причини се решила така не знам, дали и е лесно, исто не знам, уште повеќе кај е таткото во приказната. И признавам дека во прв момент и во моите мисли ја осудив жената, зошто воопшто остава дете без да ја знам целосната слика. Е сега секој од нас си знае како му е и што смета за правилно. За некој правилно е да е во викенд детето со баби и дедовци, за друг цело лето да седи на село пример, за трет нешто сосем различно.
Ајде вие намачените мајки што не се одделувате со вашите деца со години и што сте биле често сами со децата, замислете има многу други мајки што го прават истото што и вие, а плус и на работа одат. Не е исто да си хронично ненаспан, а утре да треба да одиш на работа и да си функционален во светот на возрасните а не само да ги завршиш домашните обврски, прошетките и дремките на дете. И да не се претерува со попување, помош е потребна и треба да се бара и не треба никој да осеќа вина за тоа.
Па браво бе мајка, алал. Не знам кај пишав дека оставам бебе за да искачам по дискотеки и кафани до 5 сабајле или за на кафиња секој ден? Одамна ми е иживеано тоа, стварно нема поента човек да се докажува со вас, се преувеличува максимално.
Мене па твоево ми е за чудење? За мој ќеиф да оставам бебе на 2 недели да одам на другиот крај на светот, никад па ни тад. Еве искрено ти кажувам. Да е за здравје пеки, ама за ќеиф, нема сила што ќе ме качи на авион. Башка јас сакам сите искуства во животот да ги доживеам со децата, зошто тие се тие што ме прават целосна. Јас сум жена, архитект, уметник, читател, пријателка, голем гурман, ама ништо од тоа пред мајка. Зошто?! Зошто знам дека моите постапки би го тригерувале нивното растење и развивање. Не сме свесни колку тоа што денес го правиме влијае на нивниот карактер во иднина. Мене ме има многу обележано тоа што во детството сум немала цврста потпора од родител, сум немала грб и до ден денес тоа ми прави проблем. Бебе на 4м е премало да остане без мајка на 2 недели, ама ти си знаеш најубаво. Не е дека не ја сакаш доволно, скраја било, стварно те читам дека правиш се за неа и неспорно си одличен родител, или пак дека она ќе те заборави, едноставно мислам дека премногу си се ослонила на книгите а премалку на чувствата. Твоја е одлуката, на крајот од денот сепак ти ќе бидеш таа што ќе треба да одлучи. А за темата на Емилија... Мислам дека несомнено е дека семејство е голем збор, не секој е створен за семејство, а во семејство не влегуваат само маж и деца. Јас имам постара сестра која ме има многу повредено и со која не комуницирам, ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко. Од друга страна ги гледам мм и сестра му, и општо мојот однос со сестра му, иако не се слушаме секој ден, не се гледаме редовно имаме многу убав однос. Золва ми е тетка каква што човек би посакал, и не само од финансиска гледна точка, туку и од гледна точка на однос со децата, а и со мене, многу е фина, искрена и фер. Се надевам моите деца ќе бидат добри браќа пред се еден кон друг и нема да се појави некоја Емилија која ќе го упропасти нивниот однос. И не, не сум најмајка, знам да избувнам, да викнам, да се скарам со децата, големото знам и да го казнам, ама за децата секогаш ставам приоритет. Не сум себична да не ги пуштам кај баба да спијат, ниту да ги држам за скут, пуштам и цртан за да испијам кафе и фала богу за да излезам до некаде го оставам на баба. И сето тоа не ме прави најдобра мајка на свет туку само родител кој одлучил така. Ок е и да не сакате детето да е 24/7 за вас залепено, мада за мене тоа не е логично, ако сум одлучила да го родам значи сум го сакала, ок е и другата крајност. На крај од денот вие сте тие кои за тоа дете ќе имате најсилни чувства и вас ве вика мама. Не постои подобра мајка за едно дете од таа која го родила или во други случаи го израснала, одгледала, го подигнала на нозе.
Очигледно е дека не знаеш да дискутираш. Нит во еден момент не сакав да се докажувам. Нема поента точно, оти го перцепирате како мерење која е најголема мајка, ама не читате меѓу редови. Ни па некој те посочи со прст, туку ти сама се осети нападнато. Зошто немам поима. Да знаеме и капа им симнуваме. Исто има и самохрани мајки итн итн итн. Секој со своите избори на крај.
Јас сум задоволна од тие од Џамбо, пластиките не се одлепени од првото дете, сега надополнав кај шо требаше, а самиот дел што оди од една пластика до друга на фиоките шо ептен се користат ги заменив со нови, фактички пластичните шо се лепат ми се неупотребени.
Од Jumbo имате земано? Јас набавив такви ама уште ги немам пробано. Ikea видов дека има, некако мислам по ок се...
Значи ич да не си мислам дека имам обезбедено. Има време, уште не лази малиот, ама здравје тие од Икеа ке ги пробам.
Јас веќе немам поента да купувам, знае да ги отвара мојава Имам на фрижидер едно стаено оти блее у отворен фрижидер често. И се качува на стол и ги отвара