Леле драмиии. Од оваа перспектива ми е пресмешно. Ама сите сме биле таму па скроз ве разбирам. Еднаш како прв пат мама во очајни моменти на ненаспаност, фрустрираност, оврвелм, се што ќе ми кажеа поискусните мами, секогаш го дочекував на нож и како напад на моето мајчинство. Има два типа прв пат мами. Едните отворено зборат колку им е тешко, другите упорно сакаат да се докажат колку ги држат конците под контрола. Во суштина во тие обиди на долги есејски докажувања и рационализирања, врескаат несигурностите. Во ред е. Сите сме биле таму. Немој да мислите дека некоја не била. Сите до една од нас. Нормално е. Ништо не е толку трагично. Никоја не е најмајка ниту ви се прави. Ништо не е толку тешко колку што сега ви изгледа исто така. Хормоните се. Ќе помине време. Ќе научите. Никој не умрел од растење деца. Ново е, тазе е. Фрустрира. Еден ден ќе ви кликне во главата како на сите што ни кликнало. Сега имам дете. Вака ќе биде. Или ќе прифатам или ќе полудам. Обично двете. И после одиш на второ. Животот не завршува после деца. Дали се осеќам намачена? Апсолутно не. Со две, па се изнашетавме. Дали е напорно? Апсолутно да. Ама броиме во кои земји не сме имале тантруми до сега и се пакуваме. Допрва ќе раѓам. На 3 месеци ќе биде преку неколку земји. Има живот и после деца. Малку побурен и со поквалитетен алкохол ама фантастично е. И не е тоа дека некој може поише од вас. Туку дека вие можете исто како и другите, оти никој не се праи подобар од вас иако сега така ви се чини, туку повеќе е - го поминав тоа исто како тебе и ти кажувам дека ќе стане полесно, особено кога ќе ја прифатиш ситуацијата каква што е. Памтете ми го муабетов. По година/две или по второ дете, нит ќе ви биде гајле кој што мисли, ниту вие веќе ќе мислите дека некој ви се прави помајка само затоа што споделила совет што и успева или мислење различно од твоето. На другата тема исто непотребна драма. Ви кажаа. Бебето првите месеци сеуште не е свесно дека е посебност, туку се осеќа како дел од мајката. И не е исто ергенска вечер и 2 недели. И не е исто 2 недели на 3 месеци и 2 недели на 2 години. Таткото е исто многу битна фигура во животот на детето, ама сите фигури имаат своја улога. Таткото е провајдер и заштита, додека мама е дома. Ама на крајот, ваше си е. Мислењата секогаш ќе бидат различни, ама секој за своето дете одговара на крајот на денот. Правите како мислите и терајте. Ако некоја се чувствува помалку мајка поради личните постапки, не е поради другите мајки. Ќе си го бара проблемот во себе. Ако сте задоволни и исполнети и ја немате мувата на капата, ќе престанат да ве допираат туѓи зборови.
ОК. Секој е различен. Мене маж ми ме тера да одам. И да е обратно, истото би го направила. Не е крај на свет да си една недела разделен од детето, се' додека е тоа ете така 1-2 пати годишно. Апсолутно никакви последици не би оставило по детето, и не може било кој да ме убеди дека не е така. Ако така гледате на работите, претпоставувам не се ни враќате на работа после 9 месеци породилно. Како ќе сте 10 ч во ден разделени од бебето, секој ден?! Да ги собереш, тоа е многу повеќе време разделени отколку 1 недела на патување во годината, нели? Тоа се многу часови на годишно ниво бебе да не ве помириса, како што кажуваат мајкиве на форумот. Бог да чува. Искрено, не знам што пробувате да се докажете или да глумете по форумот. Кај пак и јас пишав...
@LadyR секоја чест на твојот успех на поле кариера. Бев една од првите што ти одговорив на твојата дилема, па се надевам и една од последните. Ти имаше одлучено уште пред да пишеш, а на темава и фалеше жарче ваљда. Башка искрено, ептен чачлива тема на муабет е оставање бебе на 4м, да ги гледаме реално работите. Еве беба ќе прави 7м за кратко, јас тресам цицки да ја занимавам коа се бањам. Алиштата ми се сушат 4 дена, два пати купив спањак, два пати го фрлив. Сама сум. Уште од прв ден. Единствено мајка ми ја чуваше кога бев да ме боцкаат терапија зошто имав алергија на лекови после пораѓај. Сум спиела опколена со перници со бебе на цицка на 42 степени без клима. Мајка ми и свекрвата ми докажуваат дека е природно доењето и дека они едноставно немале млеко. Свеки упорно ми пишува у 8 навечер да се симне 15 скали да ја види беба, а знае дека веќе спие. Не е секоја приказна иста. Имам пишувано на темава, несакам да се повторувам. Не го имаме сите најдено принцот на бел коњ, тек па асална свекрва итн. Не ни е на сите животот ко што сме си го замислувале. Ама едно нешто имаме заедничко, сме станале мајки! И, како личности кои одлучиле да градат личности и да се поддршка на суштество од кило месо, единствено нема поента муабетот едни на други да си судите за незнам ти што. Форум е, јавен простор да се искаже мислење. Јас не сум повеќе мајка зошто се спремам да се ишишам кратко зошто ми е преуплеткана косата од @Tea SK што им дава на деците со тавчиња за мафини да си играат. Тула сме да да отвориме очи и да се советуваме. А тоа ти го бараше. Секоја е која од која поразлична и своја. Take it easy, не само ти, туку сите вие што читате. Голем кур*ц која е поголема мајка, ќе збориме за едно 30 години тоа.
Некој збор и од мене нека стои. Од кога ни дојде малиот господин се е набрзина осеќам како времево лета ама буквално се е турбо. Мене искрено ме вознемирува неред не можам да гледам тањир во лавабото или прашина секој ден си чистам штом дојде маж ми од работа најубаво ми е кога е средено. Почнав посериозно да внимавам се спремам за лето диета планирам да бидам топ за на плажа летово. Секој ден си правам ручек дремнувам кога ќе дремне детево и вечер накај 6-7 обавезно долго пешачење минимум 2 часа денес пешачевме од Ѓорче до парк и назад 20км. Кога ќе дојдеме успивање и ме чека книгата имам уште неколку испити мора до септември да средам се. Легнувам во 6 станувам во 10 и по некоја дремка ако фатам со детево. Он почна да ме радува многу таа негова насмевка срцево ми го грее. Знам пишував дека се каам за се но сега опет би све поново. Ми се врати мотивацијата и љубов. Маж ми го сакам премногу и покрај тоа што иде во 3 смени секогаш наоѓа време за мене , секогаш е спремен да шета иако е капнат но знае дека го чекам да се издуваме. Затоа му спремам и за валентајн изненадување. На тема оставање дете големо Не моето бебе никогаш нема навечер да спие без мене освен ако не сум сериозно болна. Не сум ни мирна ако не го слушам како спие до мене. Ако не можам да посветам барем 3 години од животот за него па што понатака. После нема да бидеме потребно толку може да се остави и со баба и дедо за викендите.
Ова не е нешто за кое се бара мислење на форум, се решава дома, меѓу сопружниците. Ако вие двајца се сложувате дека треба да одиш, плус имате добра логистика и организација околу чувањето, тогаш нема што да се мислиш. Кога ќе побараш мислење за нешто, биди спремна дека нема сите да се сложат со тебе, без разлика дали е нешто просто како избор на пелени за бебето или оставање на четиримесечно бебе за прекуокеанско службено патување. Ако веќе си решила што ќе правиш, нема поента да прашуваш на форумот и да ги направиш заостанати сите што нема да ја поддржат твојата одлука. Оти на форум секако ќе прочиташ различни мислења, не сме сите исти, немаме исти ставови и размислувања и за нешто банално, камоли за нешто поголемо и позначајно. Мое мислење е дека штом прашуваш тука, ни самата со себеси не си на чисто што да правиш, не ти се остава бебето, што е сосема нормално поради мајчинскиот инстинкт. Тоа секако не е причина да ги нападнеш сите што не те поддржаа во твојата одлука. Ако се двоумиш, не оди. Ако сакаш да одиш, оди и убаво да си поминеш. Јас не се сомневам дека твојот сопруг може да го чува, татко му е, сигурно ќе си ги изврши сите обврски како што треба, и тоа е одлично. Ама ти си таа што треба да ја донесе одлуката на крај, не ние. Мој совет ти е trust your gut instincts. Како мајка на две поголеми деца, после се' што сум поминала со нивното растење, јас не би оставила четиримесечно бебе, поголемо дете да. Иако повеќе разбира, и ќе памети дека не сум била тука, сепак е поинаку. Може ти мислиш дека бебето нема да осети дека не си тука оти нема да памети, верувај, ќе осети. Посебно оти околу четиримесечнс возраст има голем скок во развој и регресија во спиење. Бебињата најчесто се менуваат за 180 степени во тој период. Предизвик е првата година од животот, иако можеби не е најтешката во гледањето дете.
Не беше ти во Пјур дискотеката за нова година додека маж ти беше дома со детето? Не го пишувам ова да те осудам, туку сметам дека сите поминуваме низ различни фази од мајчинството и дека се забега со тоа да се докажуваат сите какви мајки биле.
Ако е исто мама и тато тогаш и тато ќе беше 9м на породилно, а не е. Нејсе, јас не велам дека само мама треба да е врзана дома, напротив, и да сите овие отсуства прават голема штета. Имам во моето семејство човек кој не знае како да се однесува со децата, односно се однесува исто како татко му, незаинтересирано, токму поради таа отсутност на таткото. Гес уат, децата не го ни перцепираат, за нив не е никаква фигура, и сега кога пораснаа почна да му иде памет ама доцна е, децата и мама станаа тим, он остана последно дупче на свирче, до таму што на цртеж на тема моето семејство малото не го има ставено, просто, не го перцепира како дел од семејство. Мајката е многу паметна жена, наоѓа начин и да се дообразува и да шета и да гледа деца и да се издува во време за себе. Ова е екстрем, да, признавам, но ова и е пример. Велиш да работам тоа што сум учела, па да ти кажам имам неколку другарки и едни роднини деца на успешни хирурзи, како да ти кажам, не е тоа никаков пример за успешно семејство. Ми велиш мене Јас не би можела вака, администрација, епа види јас можам да жртвувам дел од мојата кариера да ми пораснат децата и не сум ништо подобра или полоша од тебе, за некоја година планот е друг, ама на децата сега им требам, кога ќе пораснат веќе ќе биде полесно, а да го работам тоа што ми е желба сега немаше да можам да одам на боловање и да носам дете на рехабилитација на планина 1 недела, да комбинирам одмор со боловање и така натаму, нема едноставно, тоа е, ќе го бутав со изопринозин и витамини и ќе го пратев недолечен во градинка. Дали се каам што не го следев својот сон, никако, дали имам пропуштено нешто и не можам да се вратам, никако, дали планирам да напуштам администрација и да го работам тоа што го сакам, апсолутно! И не те напаѓам и не се докажувам дека сум подобра мајка од тебе, никако, едноставно пробувам како поискусна од тебе, да ти посочам какви се сценарија сум посведочила, какво е моето искуство, зошто тоа е идеата на форумов нели, за тоа пишуваме тука. Одлуката е твоја, на крајот никој од нас не те познаваме, ти може и да речеш Дааа во право сте, не одам, па да одиш. Мојот став е тој и не ме прави подобра мајка од тебе, тоа е тоа.
Цело време ја читам темава и никад не најдов време да чкрапнам набрзина. Ама последнава тема како и мене да ме засегна Мислам дека е толку просто објаснувањето..секоја мајка најдобро си знае за своето дете. Точка крај. Конкретно еве јас ќе се споредам со мајки од мојата околина.. Бебе е 6ипол месеци скоро, не е оставен ни 10 мин друг да го чува. На лекар, на пазарење, букв е секаде со нас. Да, веќе и слушнав коментари како ова не е нормално, не требало така блаблабла..НО, со маж ми повеќе пати имаме разговарано и свесни сме дека НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ОСТАВИМЕ на мајка му или мајка ми. Прво, неговите се доста постари, второ откако е родено детево не знаете какви све совети и фикс идеи се имаат давано, што знаеме дека ќе ги напраат доколку не сме тука. Да не набројувам, сте се сретнале сите со: го урочиле напрај му ова, дај му да лижне месо, дај му сок и уште поглупи ствари. И толку се своеглави и прости за некои работи, што со маж ми имаме седнато и разговарано 100 пати и свесни сме дека немаме доверба у никој за да го остаам. Моментот е и што сите одат на работа, неважно. Јас ќе почнам на работа од мај, маж ми работи од дома. Седнавме се договоривме он да не почнува. Т.е тие 4-5 часа додека ме нема ( толку ми е раб време ) он ќе се грижи за него, и покрај присуството на другиве. Брат, сестра, братучед, дедовциве, бабиве. Друга приказна - другарка го остава бебево скоро секој 2 ден од премало кај сестрата на маж и. Си шета, шопинг, пијачки, друштво и самата кажува дури дека сестрата на маж и подобро се грижи за бебево него она. Што е најстрашно и видов и јас дека е така. Го храни, го бања, нокти му сече..неважно. На крајот и моето и нејзиното бебе се згрижени и среќни. Јас сум среќна, она е среќна. И ова плус...гледам чудни реакции коа ќе кажеме дека јас ќе тргнам на раб на 9 месеци, маж ми ќе го чува. Као обратно треба да е нели..е до толку сме заостанати тука. А ситуацијата е дека мене ќе ми го фатат местото ако не се вратам, за 4-5ч раб време со одлична плата, на 3 минути од дома со кола. Викенд, празници, распуст дома. Една ми е ваква прилика и сега морам да се жртвувам. Подобро сега него следната год да одам по 8ч на раб и 2ч да губам во пат. Ама нели, сите овие шо ми вртат очи се НАЈМАЈКИ иако вчера таа што ми коментираше дека на дете му требало мајка, на маж и му вика да одиме до ДМ улошки да ми купиш....пошо седи дома и ништо не работи со години. Ама јас сум немајка нели и нема потреба да барате совети тука и да се правдате..знаете како - секоја планина своја тежина. Поздрав
Ви кажав дека ме виде како ставам вагиналети и крена паника? Ај што крена паника, па ме раскажа на сите... Лабавко нели.. Збориме дома за бебе, ДА ДРУГАРКИ ЕВЕ РЕШИВ ДА РАЃАМ ВТОРО! Од што е претешка за чување сама, па викам може ќе се среди детево ако има друштво Кога, не знам. Има нешто компликации ама друга тема. И збориме ние демек да ја припремиме ко ќе бидне, и другаркава мала си врза во крпче дека ќе имаме бебеееее Дома имаме 3 бебиња што се хранат, бањаат, успиваат 24/7 и така сега си направивме проблем, мора да се праи бебе оти ќе ме удави со овие кукливе
Мислиш нема?? Сеа потенцираме дома дека сеуште нема, се заебавме скроз Ама стварно не мислев дека ќе го фати тој момент. Она си играше, јас и мм се договаравме шо како ќе праиме @merriel0 ќерка до пред 2 недели не збореше ништо во градинка. Деновиве очекувам да им раскаже цел живот и да ме прашаат "А има нешто ново???"
Аууу мисли си дека не слуша, иако игра. Со снаа ми збориме, внук ми заигран низ куќа трча игра, а секој збор во глава му влегол веќе. Пазиме на се или по телефон на само кажуваме што не треба да слушне хахахахха
Е баш за градинката ќе спомнував, кај да е тетките ќе прашаат кога е термин Или кога ќе стартува второто во градинка.
Не знам шо си мислев, реално Само на моите да не спомне се молам Понапорни од Софија се старциве Бев на редовен гинеколошки преглед ама не и кажав детали на мајка ми, и женава ко на трња седеше, едвај издржа да не праша Дали има нешто. И ја приметив и викам Имам циста на јајник и ко да и олесна дека знае што се дешава сега На другарка ми детето ден после позитивен тест се живо раскажала у градинка Тетките на врата меѓу редови прашувале Има ли нешто
Ме тригерна малце ова "во светот на возрасните." Пошо мајките "само" што се грижат за децата ваљда со кукли си играат, не знам. Еве јас и работам, и се грижам за дете, и сум ненаспана и немам помош од други, само јас и мм сме. Мм често патува, има денови го носам во градинка, одам на работа, работам 6 часа, се враќам го земам, готвам, играме, легнува, јас доработувам. И се функционира и вака, напорно е ама се стига. Се крати на други работи, ама кога немаш избор тоа е тоа. Далеку е од совршено, и ми треба одмор или помош, барем некој да го зема од градинка за да не се брзам секој ден, ама нема. И ова е избор кој јас свесно сум го направила, и сум скроз ок со тоа. Врвот на кариерата може не го достигнав, ама не ми ни треба искрено, еволвирав надвор од тој corporate trap, работам за пари, не од задоволство. Давам време, добивам пари, и тоа е равенката според која се водам. Не ми треба да сум нај, скроз ми е ок да сум просечна во работата. Скокотлива е темата, не од причини поради кои авторката се надева. Дали си доаѓа со годините, ама овој фејк феминизам стварно ми оди на нерви. Се девалвирале жените со вакви размислувања, како да не. Мене, лично за мене ми е несфатливо како некој би сакал да се оддели од своето 4 месечно бебе и да оди на друг крај на светот две недели. Не зборам за дете од 4 години, зборам за бебе од 4 месеци што освен со плач, не знае да комуницира поинаку. И колку и да сакаме да се еднакви родителите, не се. За да се еднакви треба и таткото да го носи пола бременост, ако одиме во крајности. За кога ќе се роди, да е запознаено подеднакво и со него, не само со мајката. Доаѓа време кога ќе се поврзе и со таткото, и со бабата, и со вујкото. На 4 месеци не е време за тоа. Стварно не знам како ко жени дојдовме на тоа ниво да оправдуваме оставање на бебе кое до вчера било дел од нас за бркање кариера. Ова не е феминизам, ова е најсурова форма на капитализам.
Ај што ви е забавно. Едвај чекам моево да почне да збори, да видам што се збориме ние. Башка и јас и маж збориме доста, очекувам ова да не шие. Ама има време.