Јас кога останав бремена со близнаците,немаше потреба ние да кажаеме дека треба,ќерче на сите кажа и дека треба и дека не треба па и така ќефна целата,ама две сеееее,две бебиња ќе си имам Разгласна станица беше.
Внука ми скоро 3 годинки им кажала во градинка дека ќе имаат бебе дома. Иде золва ми да ја земе и учителката и рекла- ајде честито, ни кажа Х дека чекате принова. Золва ми цела прашалници и кажала дека нема такво нешто и ја прашала малава зашто и кажала така на учителката. И малава тука пред учителката и рекла - епа ако немаш бебе, зашто имаш толкав стомак Золва ми вика во земја ќе пропаднев
Сега не можеме да се надзбориме дома. У секој муабет мора да се вмеша. Ако збориме не знам за пари еве, доаѓа и се кара со нас Кај и се нејзините пари. Ако збориме за пазарување, си кажува желбички што сакала она да и се купи, оти ништо и немаме купено на душичето нели И користи зборови што апла се гледаат дека се "домашни". Пример јас сум од Штип и од моите има прифатено "апе" за гризање И во градинка се гризеле нешо децава и почнала да се дере АПЕ АПЕЕЕЕ Леле најјака. Две сееее Ќе умрам Додуша мојава еднаш ми кажа да и ги видам Циците на една тетка... Големи биле. Со раце покажување со се. МАМАААА ВИДИ КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ
Абе ајде, не одиш на Марс. 2025та е, конектирано е се, ако имаш финансии што е проблем не гледам. Згусне нешто или не ти се седи, фаќаш прва конекција за Скопје и тука си за 15-20 саати.
Не знам дали да пишувам за цицките муабетот од синко или да си преќутам Ај ќе си кажам. Мојов, 2 години и 2 месеци. Моментално е во фаза кој што има-нема да кажува. Пример, мама има обетки, тато нема обетки и сл. Излегувам јас еден ден од туширање, ама полугола, не знаев дека станат од дремка. И ме гледа и вика: Мама нема цицки, тато има цицки Да се појаснам само, мама има мушмули, а тато набилдан.
Хехе мушмули.,или како јајце на око пржено ( мала шала,без љутиш) Мојата вчера ми вика,мама ти имаш цицки и даваш млекце како кравите млекце што даваат,само они имаат 4 нози,а ти две. Јас во тој момент ги доев и двете во исто време и искрено за момент се почувствував баш како кравичка
Дојдов само да ти кажам секоја чест како успеваш да ги доиш двете + да чуваш тодлер. Импресивно, браво мама
Јас морав да кажам на цело Ѓорче дека сум трудна зошто мојава тараш торба кажа секаде, на сите, Знаете што, ќе имаме бебе, мама има бебе во мешето и ни пол знаевме ни ништо он го крсти по Супер Марио и не идеше во предвид друго. Коа откривавме пол со балонче нели за него за ќеиф, божем, го дупна балонот пред да не слика золва ми и мртов ладен вика Мех, џабе си облекла розев фустан, знаев дека ќе биде машко.
Исто, јас оревчиња си ги викам Затоа ми ги споредува со секоја жена. Ти си жено царица Ќерка ми да те види како доиш, како што е опседната со цицки, ќе подмоча од среќа А недоено дете, не знам од кај и е ова со цицкиве
Носев Д корпа прес бременост, трудна и за време на доење само во Лиска имаше за мене прслук, сеа знаеш какви ми се? Ко овената лубеница, ама не една две лубеници. Ако нешто си мразам тоа се другаркиве. И после второ дете за нив под нож ке легнам, жими се.
@DELFINA81 да се надоврзам, ... алал да ти е! моево нешто изведува се емчи деновиве. Како ги држиш двете наеднаш?
Јас не се ни сеќавам какви ми беа пред бременост. Ама некако од полност мислам дека виснаа... може ко шал ке ги носам после
Со перница за доење имам така голема,ама мора со помош,прво едно со наместам како треба,а друг да ми го додаде другото бебе. Вака заедно ги дојам кога се ептен гладни и двете и плачат во дует ,кога со ништо не можеме да ги залажеме. А кога беа ептен бебиња често ги доев заедно. Сега ми малку повеќе напорно дека потешки се,па едно по едно си ги дојам.
Леле јас еднаш ко си ги видов полни со млеко колку си ги сакаааааав Ми се идеше да си ги сликнам и да идам силикони да си бапнам баш такви да ми бидат
И јас ти кажав еднаш, алал. Не те знам лично, а од ист град сме, може те знам од видување, ама инспирација си ми кога те читам. Инаку јас сум од мајките кои не работат од 8-4 и сум цел ден со дете, и кога ќе заспие работам на свои личени проекти кои иако се релаксација и хоби одзема време, и преморена сум. Некогаш немам грам оддишка. А и мм не е многу добар со здравјетоЦ состојбата му е многу непридвидлива и колку и да сака да е присутен повеќе, има денови кога може само да спие и тоа е ок. Се снаоѓам сама. Иако сум во куќа со домашните, фала богу некогаш се наоѓаат за да измијам садови на раат или да пазарам. Мајка ми сега не работи па почесто и го чува ако имам нешто итно или да одморам, ама и јас сум таму, сам бил дали 2-3 пати по некој саат. Не сакам едноставно друг да ми го чува детето, тоа сум јас и може е и за осуда дека го чувам дома, а не е во градинка. Ама мој избор е, е сега моментално и ради друго не е во градинка, ама сепак. Дали сум најдобра мајка, апсолутно не. Дали сум за него, се надевам, правам се што можам да бидам. Друга тема, не ја добив работата на која се надевав, малце сум разочарана дека прилината беше имам дете и не би била толку достапна за работа од дома, им требало некој постабилен. Не знам како одлучија дека нема да бидам стабилна, ама мислам дека сепак е само изговор. Не знам, нејсе, малце ми е криво, ама и не многу. Си направив портфолио и почнав со аплицирање на проекти, аплицирав и за други позиции за кои не сум толку добар фит, ама работлива сум и можам да научам што треба да се научи. Маж ми инаку ќе се грижи за детето ако најдам работа. Не сметам дека е неправилно он да биде “главен” родител некое време. На тема дали се битни исто мајката и таткото за развој, да се, дали на детето му е сеедно докај година со кој ќе биде повеќе, мислам дека не. Бебињата ја преферираат мајката и тоа е билошки така, не дека мајката е повеќе родител. Дете до големо нема да спие со друг освен со нас, може во итни ситуации. Апсолутно нема потреба дете до 3г да спие со баба и дедо, и не може да ме убеди некој дека е нормално.
Нека фуче тоа одескот, јас имам акаунт од 2014 со 4.5 звездички, ќе го реактивирам баш. Каде бркаш проекти? Тапа муабет за работата ама сигурно нешто подобро те чека ^^ Нема што да имаш грижа на совест, јас мислам дека не е толку пренајбитна градинката и лично не ми е во план.