Поздрав од една мајка што чека машината да и допере па да ја спружи и да пушти друга, ама па не ја дочекува и така у круг секоја вечер. Заби ли му излегуваат, скок ли има, регресија ли има, или се тоа заедно не знам не ни пратам веќе. Тамаан реков се наспав, спиеше топ од 8ипол до 7 сабајле, триста работи завршував до 12 навечер. Луѓе како сме вратени од одмор он станува 3637373 пати, ме прескоча, спие над мене обесен, пола во креветче, пола на кревет, станува седнува, па легнува, па плаче, па се смее, па збори нешто, па бара вода, па сака чај, па го бара каи, па јаје, па после гра.. што и да е, аман нека помине. Дури мајка ми прееска ми рече остај го вечерва што ке правам ке правам оди наспиј се, ама кај ке го оставам повеќе ке го мислам одколку што ке спијам, се мислам деновиве ке отидам кај нив некој ден, па она преку ден да го чува јас да поспијам. Не сака бре никој ја не знам што му стана ко бебе новороденче е, залепен за мене е. Ја да го облакам, да го бањам, да го заспивам, да го ранам, готвам со него во една рака, исто така усисувам, бришам ама буквално ми е залепен. Ако не сум со него на подлога не сака да си игра, ако станам за мочање ете ти го одма мамиии И така се испожалив, а сеа отидов да спружам алишта.
Завршени две машини алишта и една садови. Ни евтина веќе гледам ни постигнувам па да штедам. Нек иде живот не можеме да се допереме. Зготви исчисти испрљај и така во круг. Мали ровари по цел стан само викаме не, пази,стој,врати се,не таму, а он штом чуе- застани убрзува и се гази од смеење вчера да навадам цвеќе он лази викам ајде стој,секунда не помина отишол во ходник на плочки застанал и ја бутка количката срце ми застана да не плесне со главата назад. Си викам ај може ќе прооди самостојно па ќе е полесно? Вака јавно се извинувам на комшиите под нас уште од сега, цеел ден вози една пластична количка грр гррр грр гррр грр влече по ламинатот му давам друга со гумени не ја сака не му пушта звук среќа мислам директ под нас нема никој инаку пцуење не ни бега.. Дома затрупани сме во играчки, а тој цел ден може да седи умен и да ги вади-става чоколатцата во кутијата Од новини си купив слипи џогер со влажни марамици што се чисти добра работа е за проаѓање брзинско зошто малово е правосмукалка секоја трошка ја лови застанува до неа и ја мете со рака па ти покажува кај имаш флека Малце јако мирисаат ама ќе видам и со други видови. Трет ден го гледам "It ends with us" и сум до 43 минута па кога ќе ги догледам 2та саати ќе ви кажам дали е добар. Мм почнува со работа конечно, малце ми фуфка како ќе се снаоѓа бебо со баба му по 9 10ч скроз сами за прв пат, ама тоа е што е ќе мора да се навикне. Морам да си организирам време малце подобро за себе за исхрана вежбање па и одмор зошто прегорена сум набрзинка само бутам во уста нешто и почнав да нараснувам ко леб. Арно си доев си бев слабичка скроз Мислам ги опфатив сите точки што сакав да ви кажам време е да легнам да не мудрувам во 11 зошто сабајле ќе кукам кога ќе викне алармот
Поздрав мајки, Се прашував и ќе начнам една тема. Како ви изгледа ентериот во колата при тодлери? Се сеќавам се возев со една другарка, тогаш немав деца, внатре уште кокошка и некој диносаурус што немаше. Седев на пола седиште, згужвана и се прашував цел пат, зошто другарка ми е таква каква што е. Сега откога и јас имам дете, колата внатре е штала. Маж ми ја усисава секоја недела, ама мислам едно седнување во кола, како успева тој хаос да го направи, не знам. Смоки фрлени, згмечени, од лиснато трошки, последно и од кокос купив едни плочки, како јадело, па изџвакано плукнато залепено по седиште. А и баш гледав reel, како децата по дома ништо не јадат, ама пилешките прсти од пред две недели фрлени во кола, многу се вкусни. Одамна исто се сеќавам на одмор со кола бевме и ни се наронило песок во гепекот. Па паѓавме во транс, леле колку било нечисто, како вака ќе живееме, проблеми огромни. Од овој аспект, ја гледам колата, смеа ме мава невидена. Полицаец да не застане, нема луѓе да види, туку трошки, ќесиња, по некое куче скитник. Чисто онака си размислував. Зошто се такви мали и прљави?! Мислам не е само колата. Си седнав прееска, успав дете, си ги шлапкам ноџињата во трошките на подот, што патем го пребришав денес и си размислувам да купам робот правосмукалка. Имате ли некои препораки? Ама некоја што стварно е паметна и усисава. И јас сакам госпоѓа да станам.
Уште стојам на тоа дека првата година е најлесна нека стои запишано пак тука По 2 деца мене така ми се покажа, само што со второво ја увидов грешката која сум ја правела со првото, а тоа е дека не уживав во моментот и премногу ми е жал и не се враќа времето само стегната, само чекав ноќ да преспие, да ова да она.... И така си порасна, си спие, сега и подобро јаде, пу пу помина болести... Секој период со нови предизвици ама тоа е живот, тие си растат ние си старееме да сме живи и се да си дочекаме. Пишува мајка која дежура, дете в раце крева тт, ладни нозе и раце, чекам уште малку па да ставам чепче, за ноќе чепчиња бидејќи полесно е, од сирупите мн плачи и се засркнува бидејќи не ги сака. Спиев 3 часа па свежа сум сега не мислам на лошо само се молам да помини полесно овај пат.... @Carolin. Регресија, заби, се собрано и моево е исто, најчестата реченица Период е ќе помине
Неам таков проблем зошто не давам во кола да се јаде, ни на долги релации, се знае се застанува се јаде и се продолжува. Мене ми е страв да не се задави а јас седам напред нема да можам да го извадам да го тапкам или да направам нешто. А и едноставно во кола не ми е з јадење и тоа е тоа. Јас еве 2г поминаа чекам полесно да е, ама овие 7 дена ќе ми се одбијат од глава. Се залепи за мене лепенка, само да е легнат до мене, на мене, врз мене, да ме чепка битно со некој дел од телото. И еве спие со газот залепен за мене, а во соба е толку топло што отворив врата да влезе воздух, не се дише, мислам дека ради тоа не спијам ич. И пијам многу вода и ми се моча после нормално. Носот ни е сув сув и на двајцата од топлото. Грлото партал ми е. Намалив божем парното ама јок, топло е многу.
@ArabellaStarfall Исто е и кај мене во кола... на почетокот се нервирав сеа се навикнав... ќе потпораснат па ќе биде чисто
Јас на три пати, го изгледав, добар е ама некако подобар го мислев, ваљда дека многу зборен е. Ама па и не може да не е добар филм со Блејк Лавли. Грл краш ми е цел живот . За робот да си купите сите, јас имам Xaomi S10+ EU, ептен брка работа, секој втор ден ми врти, јас повеќе што џогира се радувам, тоа ми е најмака во животот...освен пеглање секако . Само сега друга мака имам, ме мрзи да ги прибирам играчките и да разместувам столици . На тема кола, мојата е како од салон секогаш, сопругот малце е болесник кога се работи за колата, секоја недела ја пере, некогаш и два пати неделно. Не се јаде во кола ни под разно, ептен на долг пат ако фатиме ама па тогаш не дава ѓеврек да се јаде, исклучиво переци купуваме . Уште месец дена се враќам на работа, бебе тргнува на адаптација за 2 недели. Со првото се трескавме од земја сите како ќе седи во градинка, а тргна на скоро 11 мес. Мали ќе биде 8 ипол мес некако не сме потресени. Дури си викам ако се адаптира одма, ќе си имам 2 недели за одмор, пред да влезам во бубањот од 8 до 4 . Негователката си ја знам, срцка е ептен и очекувам одма да се навикне. Ама и да не имаме фора до април ќе покрива баба со одмор. Резервирав летен одмор, појма немам дали ќе ми одобрат тој термин на работа ама јас битно дадов капар. Малце забегале со цените годинава Грција ама па на плажа смештај во август и јас многу очекувам дека евтин ќе најдам. И така, ај да стане бебе, па да го возам до Сити Мол, мајка мора да обнови прслуци, ми шлапкаат старите од 3 месеци доење . Убав полусончев ден
Откако чувам мачор веќе 7 години, секој ден се џогира. Сега со бебе баш повеќе се ми е трн во око. Јас зедов Роборок, ама ги нема кај нас. Видов пред некој ден на Ананас дека Xiaomi е на попуст. Секој ден цел стан го поминува, усисава и џогира. Не да сум госпоѓа ... и не се нервирам кога маж ми јаде кикирики
Имам робот ама доле ни е сега леле мори мајко. На една страна игрална, на друга подлога со играчки па масата со цел памет ја земав со метална конструкција доле исплеткана па 6 столици мора да ги дигнам за да не се заглави роботот и затоа вака побрзо ми е сама да си проаѓам. За хаос во кола од секогаш сум мразела а мм нема гајле. Сега со бебево позади гледам да не фрла на сите страни убава навика е и за дома тоа. На другарка малото од 1.5г си знае дека јаде на маса нема по цел стан фрлање јадење играчки итн. Јас роботот на Ровента го имам супер е. @ArabellaStarfall
Штикли срцка. Штикли се носат кај нас, 10ка. Ги сокрив, сеа ко ќе ми требаат нема да знам кај се. Робот уште е маж ми, не сум го частела. Купив прочистувач оти се загушивме веќе. Јбг, ќе издржи уште малку ајде Колата на нас ни е работничка и онака, пола алат, пола играчки. Храна давам да се јаде ама па не ми е проблем да соберам трошките со рачна правосмукалка. Опседната со колата не сум ОТИ НЕ ЈА САКАМ! Е сегаааааа, да си дојдам до dream Карот што го сакам, нема бомбонче да отворат внатре и двајцата а не шведска маса да ми се дешава @merriel0 Spoiler
Леле Луно, сум те лајкнала во погрешна тема ме фати срам @LiquidLuna и пак во фалш тема, влегов ојдов да се доспијам
@ArabellaStarfall Јас и маж ми повеќе ја валкаме колата од малото Обавезно кога патуваме земаме кафе за носење и вода, башка ливчиња од патарини, по некоја фактура, порано ќе најдеш и некоја опаковка од шмукалче, играчка на малото... Мојата кола е подобра, само седиштето има по некоја трошка од бисквитчиња и колачиња, па се мислам дали некоја мала рачна правосмукалка да си земам. Робот правосмукалка ако земам, син ми ќе мисли дека е играчка па ќе ја разместува наваму натаму, така да засега таман ми е Ровента, паркетот го корне кога усисава.
Дете 39 температура, мајка 39 температура. Дете суперзахтевно, мајка не може глава да крене. Сама цел ден. Тато турбо на работа а на моите им било страв да дојдат да не се разболат Си поплакувам неколку дена по ред
Твоето не е во градинка а е лепенка ја мислев мојава ми "наплаќа" после градинка за изгубената близина и е само мама мама. За спиењето остани кај мајка ти или она кај вас и спиј во друга соба, и ти си душа. Мора да си дадеме оддишка луѓе сме. И јас сум во таква фаза, со мм спиеме пола ноќ во различна соба па се живее некако
Јас сум во искушение да избегам од спална кога ќе заспијат за да се наспијам у дневна Катаљон пати се буди овие денови