Аплауз за твоите. Дали дека имам прекрасни родители, не можам никако да ги сфатам ваквите. И ние се испоразболевме. Ова многу мачно било бе, 3 дена од кревет не можиме да станеме со мм. До 5 едвај издржуваме со мали дома во 5 го зима мајка ми кај неа да поспиеме. Луѓе што се случува, јас вака болна не сум била никад! Ова не е нормално чудово што и да е толку да напаѓа
Не знам бе луѓе, и јас бев во таква ситуација и нормално ми се виде што не дојдоа, имаат болести стари се уште 40 температура им фали и јас ќе треба да ги чувам после. Не ни помислив да се налутам и јас им реков да не доаѓаат а искрено многу ми беше тешко. Од друга страна јас да сум родителот од сега мислам дека сигурно би одела, ама не секогаш е тоа најпаметно на (по)долг план. Инаку исто како што опишуваш најболна во живот од грип годинава.. со лесно да поминува
Ни јас не би се налутила ако не дојдат, стари луѓе со грип се со една нога в гроб. Дедо ми од грип си почина а вакциниран. Мајка ми додуша за Ковид кога бевме болни дојде, ама она имаше до тогаш 4 пати прележано, во лабораторија работеше, ние бевме многу лошо а свекрва ми со шеќер, со триста болести не можев да ја изложувам толку.
Исто, каква ефтина какви бакрачи. Коа можам лупај. После ќе се чешам со сметката, али тоа е. Иначе исто со филмов… цела недела го гледам, и коа и да заспие ја ќе решам да го пуштам и тогаш баш на нејзе и се станува..
Јас секогаш перам како ми дојде, никогаш досега немало сметка драстично поголема. Најмногу влечат грејни тела, бољер и фрижидер за длабоко.
Бебе во средата ми се јавија имала температура ја земав од градинка , дома нема ништо накај 5 малку качи и од тогаш ништо нема , денеска весела се топ се гледат со баба и се супер си идам се играе со мене ама 6 и нешто иде ли и прав ѕвер е. Секоја вечер. Од пред 3 недели е со една дремка, која и е малку а 2 и се многу се успива во 7и нешто на почеток ми беше топ, ама знаејќи каква е од 6 до 7и фазла коса ми се крева. Преге вриштеше 10мин зошто ја ставив на кревет за да ја пресоблечам пред спање. Знам дека е изморена преморена ама ако ја успијам порано ќе става мн рано наутро и цел ред се руши. Многу по ретко ја гледам и сака да се гале од мене и ми е така мн убаво, ама денрс ја приметувам и вчера стави ја на земја вриште и се влече со дупето до мене и за блуза се подисправува да ја кренам. И тоа мн ме нервира, не сакам да бара да е се во раци. Се тешам дека ке ваде заб и затоа е таква, и минатиот пат ка ми крена температура после 3 4 дена извади заб, и дека ке се вратиме наскоро во нормала без милион пати станувања ноќе и се по ред
Не е дека сака во раце сака да е со тебе. Не те гледа цел ден нормално дека ќе се тегне. Седни играј со него доле пресреќен ќе биде. Па и да сака во раце да го гушнеш нема да трае вечно тоа веќе растат лазат паткаат одат оо гарнитури, ќе се пуштат и сигурно нема да бараат веќе па ќе ти фали. Моево доаѓа до мене си застанува крева раце го зимам ме гушнува и се влече за на земја да го вратам. Толку фали и за него и за мене. Филмот после 4 дена го изгледав и не е лош. Фина замисла добри глумци. Вие кој тим сте со тужбите меѓу глумциве?
Јас вечерва го догледав после 4 дена. Ама Блејк ми е во срцето уште од тинејџерските денови со госип грл
Тим Балдони секако. Не знам дали сте во тек како се одвиваше промоцијата за филмот, оваа со маж ѝ со пари и влијание надвладејаа, ама и тотално ја утнаа поентата на филмот и пораката воопшто. Филм за семејно насилство ко прикажаа ко ром ком, ни збор за суштината. “Grab your friends, wear your florals” . Пак и онаа Хувер ми одмили, немаше храброст да застане и гласно да проговори, а од семеен пример е потикната да ја напише книгата (бар така се има изјаснето). Маж (Балдони во случајов), водеше женска битка, даваше интервјуа, одеше по емисии, покрена фонд за жртви на семејно насилство, овие сите жени и Хувер и Блејк и таа младата Лили што ја глумеше sunshines and rainbows беа цело време. Џастин сега извади цел вебсајт каде ги ставил сите разговори, меилови и сѐ што се дешавало хронолошки, ама ме мрзи да читам, многу има.
Неам кола, неам вакви проблеми, секаде се оди пеш, а кај што не може, да се живи и здрави дедо и вијче Се шалам дека не ми треба, ама за сега не ми е преоритет. Здравје во Лондон ќе земаме тоа натаму, таму ќе ми треба повеќе. Кај нас ем што живеам во центар, ем џабе ми е кола кога нема кај да се паркираш. Ние денес сабајле станавме и тргнавме да се шетаме на едно езеро, пеш до пола стигнавме, мало се возеше во количка, така уживателски, а мислев нема да сака. Многу беше радосен дека има парк таму, песок, игралиште, а нема жив човек. Мирно и тивко, се изнаигравме и назад возејќи се заспа. Дома хаос оставив, хаос е уште. Битно и ручек направив и штрудла, и мафини сабјале, детево стандард не јадеше ништо. Сега го заспа мм пак на улица, детево дефинитивно е спремно да отфрли дремка оти веќе успивањето е научна фантастика. Сега сакам да станам и да средам, ама сакам и да станам да се средам јас, недела дена се канам да се депилирам. Нешто ми се враќа желба за с*кс Може ништо не правам и ќе му се поврткам на мм
Уморна, малце и со грип да речам или којзнае. Со маска седам на синко во среда му е роденден се надевам нема да префати. Торта одбрана, место да, ех малце проблем со декорација имам. Тие што одбрав јас некои не можат, некој слично а некој 180 евра за жал. Сакав нешто посебно да е дека со маж ми ни свадба немавме ама па 180 е мн. Би можела и сама да декорирам ама мн работа ќе ми дојде. Кога помина 1 год?? Стопирајте го времето ве молам. Сакам уште малку да го галам и да ми спие во прегратка.
Добро утро девојки Ај со првото кафе да си пишам малце тука,уште неколку дена ќе правиме 2 месеци со бебе,искрено толку убави два месеци си имав..Бебка е супер,јаде,спие,кака,напредува по 1кг на месец,доењето ни е супер,пресреќна сум оти цица..сите ме прашуваат како издржувам ноќе оти се буди,а не знам оти ама ич не ми проблем,станува 3 пати ноќе,некогаш само цица и заспива,некогаш ќе се покака па ја пресоблекувам ама ми е прифатено дека така е со бебче и воопшто тоа будење не го гледам како проблем ,ако се успие неколку саати повеќе сама се будам оти ми фали ххахах Малку ми фали само повеќе време да поминувам со поголемата ќеркичка,некако 6 год и го имав посветено цело внимание само нејзе,сега веќе е поделено ама се трудам да минеме колку може повеќе време заедно,па и бебе кога треба заедно бањаме,пресоблекуваме.. Бебе седи од прилика по 2 часа будна па си заспива,ја за тоа време си средувам по нешто..Помош немам од баби дедовци,само маж ми и супер сме си организирани,баш си поставувам ред како ми одговара.. денес убав ден па уште малку да се стопли одиме на прошетка
Хелоу од претпоследен ден во Берово! Денес дека последно пешачење ни е со синко со количка излеговме дури до фармата со коњи, 6000 чекори сме направиле, лепота. Попладне пак. Јас би уште ама видов таму кај што стигнавме стапки од волк, па не сакав да ризикувам. Чекам Маша да заврши на Пикабу па да легнувам бебе и да одморам и јас, вечер идат тато и бато, па ќе прославиме Трифун кога ќе заспијат деците. Едвај чекам искрено. Не е дека не ми поминаа убаво деновите овде со синко, ама искрено мислам дека ми фали муабет со возрасни. Вчера со свекрва ми саатипол зборевме. Ги замарам на телефон, ама што да правам, тоа е. Земав книги ама некако не читав, денес ме фати една интересна ми е да ја читам па ќе читам, ми здосади телефонов. А ако ме фати дремка со синко и јас ќе дремнам. Многу е топло, супер е собава ама хигиената не е на завидно ниво. До толку што денес сама метев, собрале ѓубрето и толку да не им засмета, да соберат трошките доле, а со мало дете искрено се троши. Постелнина не е сменета, пешкири шуќур вчера сменија после 5 дена. А се наполни хотелчево искрено, има доста луѓе. А од понеделник здравје бек ту ријалити, ќе се оди на работа и во градинка, коски ми се тресат дека не е убаво закрепнат, ама што да правам. Убав ден мајки! Од утре викенд.
Ова треба да лета во Испукајте се ама ќе се надоврзам тука Ќе го тепам маж ми. Празнично. Чека еден другар, 5 саати веќе да помине да донесе нешто. А истиот тој другар пред некој ден го немаше 100 саати, и само шо се заигравме ДОЈДЕ. И сеа му викам Да се соблечам, побрзо да помине човекот пошо Марфи ќе проработи, па да тераме после играчки Дремам ко утка и си играме игрички на Сонито Абе ќе го тепам...