Вака еднаш свеки чула на врата, викам следен пат свекрвче ќе ти отвориме. Чекаше, чукаше, ние заиграни, виде невиде и си отиде.
Абе ај ме мота тука... Сме имале цела ноќ за нас, кај сум се брзала. Па уште и ми вика Колку повеќе чекаме, послатко ќе е. Другару брачен, ќе заспијам пред 10. Каква ноќ... Ноч те појела.
И јас мојот го чекам, не си сама. Јас ќе треба да почекам додуша, да го пробаме тушот дали да инсталираме и ние таков дома а за тоа треба деца да заспијат прво.
Свекрвче немам ама ќерка ми каков Кокблокер е (извинете на израз) не сте свесни. Ко сензори да ми има закачено. Пред некоја недела дремев гола у дневна, мм отиде да ја презаспие, смрзнав и желба снемав и ми се одмили животот. И си легнав @AngelOfArh изгаси му ги сензорите на малиот пред да го пробате тушот Типс&Трикс
Другарка читала негде дека станувале често ноќеска да проверуваат да не направиме братче Ќере, ти успева
И ние од време на време се потсетуваме што беше тоа секс Со двете бебиња и големата,тешко наоѓаме термин П.С. И јас сум чекала гола така,па ми скисне и секс и се'земам облечам си се,со желба за нареден успех
Големата денеска ја однесовме викенд да тера кај мојте,малку олеснително Имам термин.Бебињата да средам,маж прави салата и мош ќе падне нешто Ај ќе кажам подоцна.
Штама темава после муабетот за секс еј....никој не се жали, сите мирни.....изглеа сите убаво сме прославиле Валентајн синоќа
Јоок мајка..џабе се токмев вчера јас Како за инат касно заспаа,ајде касно што заспаа,па и нешто се будеа често,обично не прават така,ама Марфи работи и така...остана само жалбата и надеж дека вечер ќе биде помирно поле,важно салатата и узото го скркавме Јас така,а вие?
Ја од мука си ќутам а си имав желбички и планови ама ништо. Мојот не славеше со мене. Славеше со шољата, се исцеди со пролив Еве го уште испушта душа, готовооо, до тука било
Каков Валентин Ни тоа ни тоа... алкохол сопругот не смее имаше коронографија а и за секс мене ми е страв ,не давам Така да годинава ќе славиме друг пат
Јас со плачки поминав Валентин, ни с од секс Се изнервирав дека цел ден боботев како луда и вечерта немаше вода да се искапам, 5 дена се токмам да се средам и на крај ова знам дека не е трагедија ама ми беше капката што ја прели чашата. Испцував и маж, и свекори што не уклучиле да догрее колектор и времето, и зимата и немањето време и негрижата за себе и се и си се изнарикав и си легнав.
Барем некој да одбележи Јас и малиот во дневна, следев температура. Мажот во спална. Сабајле сите наспани, секс - јок.
Имавме план за мезе пиење итн итн.. Ама бебо имаше друг план, слика во спојлер. Spoiler: Валентајн Цела ноќ вака, 3 пати сакав да станам, 3 пати стана со мене
Ние бебе успавме во 8, големата гњавеше до 10, среќа бебе се разбуди во 9 ипол, зашто мајкава заспа пред ќерката. До 10 10 кома беа двајцата. Прославивме ко што треба, смачкавме пола флаша виски.......е маката беше во 4 20 кога бебе реши да кака, а ние легнати пред 3 саати. Да сумирам, топ си поминавме со маж, спиени сме 4 саати, да не си поминавме топ, денес ќе си 'ржевме .