И ова е секс... Само на друг начин Извини... Те разбирам целосно и мене ми се деси еднаш двапати ама врв беше кога влегов да ја бањам малата и шампонирана снема вода па ја плакнев со ладна е од тогаааш бојлерот не е изгасен Нормално и ,,големата" настана,пошо кај со ладна премрзна па и дека со фен ја сушев дојде госпоѓата да каже темето ќе сум и го изгорела Врти струјата ама нека врти ,барем живците не ми вртат сеа...
Да си го натераш маШ да го намести колекторот автоматски да се вклучува во одреден дел од денот. Кај нас се вклучува да грее од 1 часот (таман за ниска тарифа да фатиме), и грее до 65 степени. Ако во 1 часот е повеќе од 65 степени не се пушта греачот.
И алкохол и секс имаше Дечкото мал реши умен да биде, во 20:30 заспан беше и плус утрото не почасти спиење до 8. Е дека беше толку умен вчера, денес го частевме пица и сладолед
Другарот дојде и го испративме па со сите салтенати. Цела флаша вино си утепавме, си се дотепавме до 3 и кусур сабајле и така. Шубав Трифунов Денес парт 2, Ракија Корлат. Да се довршиме додека ќерче не е вратена
Ние и гости истеравме денес, Трифун да си прославиме, уморни ама убаво бе некако со луѓе коа ќе се смешаш... Ако сте по ракија, Gordion Amber...thank me later
Јас сакав мајско бебе, ама ноемвриска шкорпија испадна после 4 години Прашај ја идната дадичка кога сака да се роди братче/сестричка (па и двете), како ќе каже она така ќе биде
Идната дадичка ако ја прашам, 3 бебиња ќе имаме Сакала сестриче, сестриче... И братче. Да не била сама
Хелов мајки од еден подобранец. Кога се роди малава бев поактивна, па ме снема, сега сум 30та недела бремена и ве читам активно периодов... И добив желба да се искажам некаде. Мислам во првата бременост не бев ваква, воопшто сега не уживам во бременоста некако. Сама сум со малата, 4год е, маж ми е на терен, јас одам на работа детево во градинка, ама спобудалувам. Не е послушна, а јас сум нервозна, се истурам на неа, а таа е само дете што цело време и е потребно моето внимание. Цело време имам лоши мисли, убедена сум уште од сега дека ќе паднам во поспородилна депресија и дека сега нема да бидам смирена и да уживам како со ќерка ми. Од што сум нервозна и немам нерви цело време размислувам дека не ми требаше уште едно дете да раѓам, дека само лошо ќе биде и за двете деца, дека јас не сум створена да бидам мајка на двете. Немам критична бременост, ама ме нервира што сум здебелена, ме нервираат киселините, ме нервира што ми е топло, што ме чеша цело тело, што не можам да доседам 8 саати на работа, стравот како и каде ќе се пораѓам итн итн. Еве денеска цел ден ме мачи мислата кој ќе го чува бебето по 9 месеци, големава израсна некако, татко и беше пофлексибилен и ја чуваше и ја зимаше од градинка, сега има нова работа и тешко е. А јас до 4ипол на работа, кај ќе седи бебе од 9месеци до 5 во градинка. Стварно премногу ме мачи тоа уште од сега. А премногу бев храбра со првото дете. Нема да има спиење и оваа вечер очигледно Поздрав од една уплашена мајка и извинете на негативната енергија
Јас сакам новогодишно бебе наредно Ко што пробувавме за ова пола година, ако биде и за тоа така пак летно бебе ке си имам
Само да ти кажам дека сочувствувам. И мојата има 4 г ,ова од еден обид се фати ич не бев спремна. Постојано нешто лошо мислам ,а само 23 недела сум кај се 40 Тука е мм и во заедница сум ама малата е научена со мене мамо ќе дојдеш ,мамо гледај ме ,мамо земи ме... некни ми вика кога ќе излезе бебето да може да ме земаш... И јас напати си мислам дека добро беше со едно и дека нема да можам да распоредам љубов и внимание на двете се обидувам да не мислам туку да се препуштам па ќе видиме. Ајде се да биде добро и кај тебе и кај мене
Оооф мене не ми е дали ќе можам љубовта да ја распределам, туку обврските со 2 деца. Уште сега размислувам како ќе немам време за себе, уште сега ме мачи како ќе живееме кога ќе треба да се вратам на работа. Немаме никој во близина близок, сите ни се на другиот крај на градот. На моменти сум добра, си викам зошто да се депримирам, ама кратко ми трае тоа. Имам беспотребни грижи, како на пример за финансии... Да се врати сопругот па ќе се спремаме за бебе и може ќе немам време за депресии, иако сега мислам дека ме притиска времето а ништо не сум спремна Ајде ќе пукне тогаш пролет и може се ќе биде подобро