Па и обврските спаѓаат во љубов/покажување на истата преку поминување време со нив. Јас секако и вака немам време за себе не ми е за тоа... ама ете за другово ми е страв а и многу љубоморна ми е малава не знам како ќе биде стварно мене тоа што сум во заедница со свекрва ми отежнува наместо да ми олесни си има и тука проблеми пример ја чуваше една недела дека беше болна а јас само што почнав на работа после боледување и ми беше глупо да земам пак. И ми ја врати наназад сеа бара да ја хранам ,да ја облечам и сл. Тоа од неа го научила не можела цел ден да ја чека да јаде вака набрзина знаела најадена е И знам дека ќе биде ,,ела кај баби остави ја мама на бебето е сега " исл муабети кои не сакам така да ги слуша... А за после 9 м му спомнав на мм дека може 3 м неплатен да земам ако треба на 9 да го оставам не знам како ќе биде ама и тоа си го имам предвид здравје само верувајте тоа е најважно
Да да, знам дека кога некој ти се меша уште полошо е, посебно кога ти е тука секој ден. Мене ми ја чуваат бабите кога е болна, кај нас на работа не се зима боледување за деца, малку фирмава ни е скарана со законите за одмори, боледување, работни часови
Знаете ли дали може да се смени матичен гинеколог додека сме на породилно? Чекам месец за термин, ми се јавува сестрата да ми го откаже и не ми закажува друг термин. Додека бев бремена еднаш отидов и не беше таму, кога прокрварев ме прати во државна затоа што имале гужва, чекам по повеќе од саат кога ќе отидам...да не набројувам повеќе ама незадоволна сум. Да се пофалам бебе на најјако со вртење ни рекоа ако не почне месецов да се консултираме за физикална. Ама колку е мрзлив чудо, да не се мрда со нозете си ги крева играчките
Слободно можеш да смениш. Породилното еднаш се поднесува и си тече без разлика на промени во осигурување и матичен доктор.
Беба спие прва дремка, мама попушти на притисокот и ја демнее Зара да нарача нешто што ќе ја собере… сепак ќе се мора, зашто ништо од слабеењето. Ми влијае на млекото, па морав да прекинам. 8кг ослабев и толку. Ќе си останам во депресија само под услов да дојам… а мислев нема да купам ништо, ќе ослабам и ќе се вратам во старата облека… алал да ви е како доите и слабеете, само јас сум обратен случај. Да стане па да шетнеме, дур не полудам дома.
Не си сама. Подебела сум сега од бремена кога бев. Ова со слабеењето пак како некој успех ако си шланг додека доиш. Да изгледаш ко пред бебе. Епа не си и не сум. Бебе среќно и задоволно. Некој период нешто поширочко ке се носи и после се враќаме во форма. Сестра ми беше буце додека доеше. И додека беше бремена. Сега е слаба како керките, 14 и 15 години се. Исто се високи и си менуваат облека. Ете можно е. Види си хеланки од Oysho убаво стегаат. Јас планирам да ги експлоатирам максимално од март, да отопли малку, да шетаме повеќе. Е тек тогаш може ке се вратам во форма.
Да ги пофалам хеланките од Superstacy, многу убаво стегаат. Јас имам и подуено над раната, со нив ни тоа не се познава. @Feniksgirl рано ти е, ќе симнеш уште кг. Демек се ставив на диета (ракета до лета )и секој ден не излегувам од кујна, те фокача, банана леб, кифли, чиабата, се што ќе ми текне и ќе видам од тесто. Битно сите по дома сме среќни, најадени и задоволни.
Издржи уште малку јас на 7 месеци почнав диета али многу ми се намали млекото скоро и немам веќе...знаев али затоа чекав да има веќе оброци и да не е зависен толку од мене и сега не е проблем за слабеење можам.
Притисокот да дојам е на најако… тешко ми паѓа тоа што изгледам вака… не знам стварно ама не планирам до лето да трпам да изгледам да ми простите ко крава, и стварно секоја желба за дотерување ми е убиена во поим, зашто без разлика колку е убаво парчето јас не се свиѓам ни малку. Па дури ни нашминкана, мислам бетер ми е. Ќе пробам само да вежбам и многу течности, а исхрана ќе си јадам се. Се надевам дека нема да има ефект. Бидејќи стварно веќе не можам да се гледам и ми влијае на психа. Налет и доење и се.
Daj kazi sto dieta drzis sakam i jas Posledno na zan mitrev ja drzev oslabnav 7 kg , ama sakam da si se vratam na 55kg
После царски 5 дена примав клексани, треба одреден ден за проверка на дедимери и хемостаза? И прв преглед на ехо кај гинеколог кога треба да се иде после една недела?
Омад правам јас еднаш на ден јадам и околу 20 часа постам многу ослабев за кратко. Се здраво јадам секој ден готвам и не јадам леб и тестенини и благо. И секој ден минимум 10000 чекори.
Мила се те разбирам исто бев можеш да читаш што сум пишувала знам како е ништо да не те бере да мразиш што гледаш во огледалото да снемуваш постојано млеко ако пробаш да слабееш, но ќе ти кажам поминува, месеци се во прашање незнам колкаво е твоето но издржи барем до 6 месеци да помине зимово премногу ќе му значи што пие мајчино млеко во периодов на вируси. Почни порано со дохрана од 4 месеци и до 6 може да има више 2 оброци и ти стај се на режим и да ти намали млекото не е ни битно. Храни се здраво и пешачи, вози точак и ќе биде до нова година ќе се вратиш во форма. А за притисокот за доење можам книга да напишам, јас на инфузија лежам во систина 3 саати и маж ми пумпата ми ја донесе плачел малиот не примал формула , тоа никогаш не му го заборавам...
Јас додека вежбав и се хранев здраво имав премногу млеко, мислам после вежбање уште повеќе млеко имав од пред да почнам. Така да не значи дека ќе намали млеко ако вежбаш и се храниш здраво. Здрава храна не значи помалку храна туку помалку неквалитетна храна која и не помага многу во бустање лактација. А рестрикции како тие погоре дед флауер што ги опиша, односно уан миал а деј е премногу за доење.
Јас кажав што јас правам за себе ниту му препорачувам на некого ниту ништо,знам дека е многу рестриктивно но само тоа ми одговара лично мене. А за вежбање не му се зголемува на секој од вежби мене дури и ми се намалуваше. Најмногу зависи од генетика. Секој е приказна за себе.
Јас примав 7дена после тоа имав закажано за проверка на ддмери, обавезно мора да се проверат. На една недела бев за конецот, а ехо преглед после 40дена.
Уште малку ке почнете со јадење и ке се олабавиш за доење. Не сум јас за советник, се осеќам исто лошо кога ке се погледнам во огледало. Смислив некоја стратегија кога ќе ми се пријаде јаболко да јадам. Млекото е ок. Ама малиов веќе јаде два оброци. Уште да вежбав... хахах
Денес ми е баш тешко скроз покосено се осеќам и дојдов да се пожалам. Легна околу 22:00 стана во 7:00 сабајлево и неколку пати го преместував во креветче дека сака да си шета и да се врти скроз обратно. Ненаспана сум, се ме нервира, работиме од дома со маж ми и го чуваме од март ќе почне адаптација во градинка. Викендов славевме прв роденден и беше многу кенкав сите околу него, ич не уживав, а со месеци му спремав се и торти и декорации и мафини и сваштарии. Деновиве пробувам и да го научам сам да јаде “нормална” храна парчиња, џабе, само плачки на столче и ненајадено дете. Свака част на сите со нејадачи деца, моево по 350-400г каши можеше да јаде ама храна парчиња ништо, ни залче. Не знам жими се ни за тоа кај да се обратам, ни како да му помогнам ни како да се наспијам без мозокот да ми работи 300 на саат баш кога треба да спиеме: дали ќе се прилагоди и навикне на градинка, дали ќе научи некад да јаде сам, дали ако оди во градинка поише ќе се одалечи од мене и мм, дали му фалат алишта, дали треба нешто плус да правам од активности и вежби, кога ќе прооди, што да му дадам утре за доручек ручек вечера.. Знам дека се апсурдни тематикиве ама немам објаснување ни јас