Примав 5 дена, правев контрола после тие и морав уште 7 да примам. После тоа ми ги прекинаа. После 40 дена бев на прва контрола после пораѓај. Шанси нема ја ова до нова година да го трпам. 3 и пол месеци е малата. Маж ми ме подржува и на ад да се префрлам ако ми е тешко. Еве кај мене не е така. Премногу ми се намали млекото. Со на Ана програмата постпартум сум. 8кг минус, ама млеко до степен да морав да вадам од замрзнатите да ја нахранам. 5 дена прекинав со се млекото се нормализира. Моето тело поинаку реагира. А за извоз имав млеко, имам пишувано поназад.
Почекај ако можеш уште 2 месеци. Таман ке поминат вирусиве. Бебе ке јаде, ти ке вежбаш. И можеби треба нешто полесно да вежбаш. Не знам каква и е постпартум програмата, другите мислам малку понапорни и беа на Ана.
Земи си лактил таблети или лактамикс чај, мене таблетите ми направија грутки ептен ми надоаѓаше млеко и ги прекинав. Ама реално ке почнеш да слабееш кога бебе ке почне со оброци, нема да цица толку и ке намалуваш подои и нема да ти бара телото храна.
@Feniksgirl пробај да јадеш без програма туку количински помалку а повеќе пати Без многу јаглехидрати а измеѓу оброци овошје. И многу вода
Мислам дека се премалку калории во програмата на Ана. Јади си здрава храна, помалку тесто и благо, и умерена физичка активност. Многу вода. Фастинг можеш на пример 12 саати, максимум 14. Пример вечераш во 8 навечер и следниот оброк да ти е во 8-10 сабајле, да не грицкаш до касно. Дај си време, искрено прерано е телото уште не е стабилизирано од шокот бременост, пораѓај, доење. Кај мене не беше точно дека доењето ќе ме ослабне, ни дека кога ќе почне да јаде ќе ми се намали апетитот, и кога ќе прооди од трчање по неа дека ќе ослабам. Цел живот бев спортист и слаба, сега а малце се опуштам и лапнам благо навечер одма се лепи и се здебелувам. Не од еднаш секако, кај мене се периоди на стрес што си ги олеснувам со благо. Некој психички момент што треба да го надминам. Друг муабет.
@Feniksgirl а зошто со на Ана програмата? Мене ич не ми се допаѓа. Не знам каква е постпартум, ама еднаш одамна купив една за лето и исхраната беше ужас, се на овес и многу малку протеини. А ни вежбите не и беа нешто посебно. Битно ластиците што ги продава 1000ка на али експрес се нецели 200 ден. Мој совет, запиши си се теретана или фул боди воркаут. Конкретно Бубало мене ми е ок од ова што го гледам, колку и да ја ругаат тука сега за време бременост. Ама вежбите и се скроз на место. Или теретана со тежини и од кардио пешање барем 4-5 км на ден. Исфрли бело тесто и благо рафинирано и нема шанси да немаш резултат. Ама со Ана не си губи време.
Затоа што сум имала резултати од нејзините програми. И ми пријале. Затоа. Меѓутоа овој мат се запрепастив како ми се намали млекото. Да ослабев и повторно имам резултат, 8кг. Ама последицата на мојата среќа дека ослабев барем малку е да ми претрпи млекото. Што искрено не очекував, зашто баш е здрава исхрана и вежбиве се прелесни.
Пробај друг пристап. Ако и тогаш пак има негативен ефект или почекај уште малку, или префрли ја на комбинирана исхрана. Затоа што и твоето здравје да трпи, психичко и физичко, не е во ред нели. Џабе е се, ако ти си несреќна во себе. Been there, done that и ужасно е. А да не ти е пребрзо слабеењево? 8 кг сепак се солидна бројка, а колку време си на тој режим? Месец? Ако треба поспоро нека оди, еве 2 кг до 3 месечно, ама да е одржливо долгорочно.
Јас ич не сум задоволна од програмите на Ана, сум ги имала претходно. Моментално ја вежбам постпартум програмата на Драгана фитлајф, одлична е, со посебно мени за доилки, оброците се супер
Месец, ама дека голема килажа, кога бев послаба за три месеци ослабев 10кг. Сега за месец 8. Полесно се топат на поголема килажа. Ќе пробам со вежбање само. Ако и тоа влијае, ќе се префрлам на комбинирано.
Јас баш ради тоа не доев повеќе од 1 месец. Не можев да се поднесам како изгледам, ниту целиот тој стрес околу доењето. Воопшто не бев среќна, дури и пост породилна депресија развив, а сите околу ме малтретираа да дојам што повеќе, ми стоеја над глава и така после месец дена ги отерав сите, отидов купив адаптирано и до ден денес сметам дека тоа е најдобрата одлука за себе што сум ја направила.
Доењето е голем предизвик да не се лажеме. Од прв ден до ден денес 13м успешно се доиме ама ќе излажам ако кажам дека сум нешто најзаљубена во цицањето. Максимално ме исцрпуваше мене ме ослабе многу ама и цела енергија ми ја исцица. Да сум со овој памет би вклучила комбинирана исхрана за да можам да здивнам малце. А можеби и порано би ја одбила. Веќе цицањето ни е игра и зависност и не ни носи добро, а големка е и разбира и тешко оди одбивањето. Кај мене притисокот е никогаш да не ја одбијам греота е чим сака нека цица и до 5г мислам секако не сум обрнувала внимание на такви глупости ама коментари секогаш има. Не прајте ништо што ви влијае вам лошо. Многу е битна вашата психичка состојба и добросостојба. Детето и со АД ќе порасне , живо здраво. Не си создавајте притисок самите себеси.
А кој ти го прави притисокот, сама си го правиш? Јас со првото сама си го правев, психички паднав што немав доволно да ми качува килажа. Затоа второво од 2 мес беше на комбинирано, од 3 на формула само. За психички да не попуштам. Најголема мака од мајчинството ми беше доењето. Олабави се. Не е крај на свет и ад да дадеш. Не може да си вака незадоволна и да се форсираш. Од притисокот што си го правиш уште полоша слика имаш за себе. Се ќе помине
Сама си одлучив и за ад, оти гледам дека не му беше доволно, вришти после доење, а цел саат на гради. Давам ад, се смирува. Криво ми е само што не ги отерав тие што требаше. Ќути ајде, постари, божем културна да си, ама не се трпеа. А доењето од толку што го сакав и замислував прелесно благодарение на насмеаните мајки по нет и реклами, толку го замразив. Дреми со саати, болна рана, дете нема сила да влече, заспива, ајде завршеме, ме болат, мачкај ланолин, пиј чај, јади ова, не тоа, малку кафе, многу вода, не газирано... Аауу, ќе се пореметев. И на крај што? Пак на ад. Здравје за второ, ако бива доење арно. Ако не, уште одма ад.
Јас сум ексклузивно доење, и ме исцрпи, за второ сакам ад. Бидејќи неколку пати ми се спомнува дека трошок е ад ме интересира колку е тоа? Колку месечно во просек?