Искрено првите месеци колку дававме за ад толку и за капки, може и повеќе. На 4 дена се трошеа, морало Бејбитол коли, тие ни ги кажаа. Оти на секој оброк се ставаа, додека земеш ги снемало. 900 денари на 4 дена е многу. Божем нема други, ама прво дете и ајде како кажат доктори, додуша повеќе маж ми да било како кажеле, јас ќе сменев нешто ама ај. За второто ќе знам. Сега оти оброци и пие на дм био, поефтино е тоа, не трошеме повеќе од 4000 мислам.
Сеа што капки би давала за новороденче? И мене ми ги наметнуваа тие скапите. Не верувам дека на нас толку скапи ни давале. На детево сега (4ипол) само преку зима и давав пливит д3 и сега кога се појавија вирусиве од оние фиш што беа на акција во зегин (600 и нешто, 30), но верувам дека за новороденче има друга варијанта од бебитол. Мада моево ќе се роди почеток на јуни (па треба ли воошто да давам д3).
Па може колиеф, еспумисан, инфакол, не знам, има опции, еве тука низ темиве човек многу повеќе ќе научи и добие мислење, отколку од педијатри со процент. 4 месеци скоро ги земавме бејбитол коли. Сега давам д3 и плус д3 со омега. Ортопедот ми кажа и летно време да давам само д3, барем првата година. А и колку ќе го вадеш на сонце? Моето се роди крај на јуни, цело лето под клима. Некогаш дури после 7 го вадев на тераса, ужасно жешко беше.
Сега видов на интернет. Babytol d3 i dha omega највеќе ги рекламираат. Има и некои на галеника за новороденче нешто поефтини д3 дха. Овие ти што ги кажа не се само као пробиотици? Или мислиш само тие доволни се? Прашувам бидејќи сум труп за ова, минатиот пат и мене ми наметнуваа бебитол, ама не планирам да давам илјадници денари ако постои поефтина варијанта.
Јас на второво освен што пробав два вида капки за грчеви, ништо не му давав/давам освен Вигантол. Прашав педијатарка си има во Хип Комбиотикот и пробиотик и ДХА. Така за првото Бејбитол д, бејбитол омега, слушај доктор што ти рекламира, скапо што да ти кажам. Сега Вигантол 200 ден по 2 капки, цело шише 5 мес го користам, а и јас и големата пиеме. Ќе се изгориш со прво, па после ќе си знаеш за второ.
Јас до 6 месеци давав бејбитол омега и д3 заедно што се, после 6 месеци се префрлив на Молерс и на Пливит витамин д и супер ми е ем поефтино ем не се замарам со тие капсулите.
Сакам и јас да сменам со молерс,место бејбитол д3 со омега,дека близнаци за две недели се трошат. Само не знам кој вкус ќе им се погоди,ќе го сакаат,кој се покажал така најубав,дајте предлог?
Тути фрути ќерка го локаше. Сеа јаде бомбони со јагода исто на Молерс. Кога и давам, кога не, ама тоа друга тема
Јас го земав со вкус на зелено јаболко. Мислев дека тоа нема да има многу "тужен" вкус бидејќи синчето воопшто не е по благото. Се покажа дека изборот ми бил добар воопшто не го одбива и пие секој ден.
Конкретно зборев за бејбитол коли за грчеви дека беа 900 денари, а се даваа пред секој оброк и брзо се трошеа. Има и други за грчеви. Давав бејбитол д3 и д3 со омега, сама си сменив д3 чист Вигантол од Бг го зема маж ми, а тие со омега останав на бејбитол, мислам нема други. Сега гледам на веб на Зегин се 450, не знам зошто лани беа дупло. Од пробиотик исто Бејбитол неонате ми кажаа, тој го давав, па Диастоп, Биогаја, Ваја и немаше нешто подобрување и баталив се. Некои дури и запек му правеа.
Јас го пијам тути фрути сега, нај ок ми е. Дека не давам на бебето омега, на доење ми е. Во бременост пиев и јаболко ама ми се чини тути фрути најлесен ми е. Инаку на почеток и капки и ова она препорачале, не можеш да исподаваш на дете. Нема потреба ни кај доени бебиња омега зошто зема од резервите на мајката. Затоа си пијам Молерс. Во суштина освен Д3 ништо не мора да прима бебе, освен ако има потреба. Како капки за грчеви на пример.
Ги барав јас во аптека тие на Галеника, баш дека мнг ги рекламираат овие, ама не ги најдов. Обичен Д3, на Солдевит му давам. 4 месеци трае пакувањето.
Од кај најде Вигантол? Претпоставувам од Србија? Сакам да баталам Бејбитол капсули, на нерви ми одат.
Мојата со зелено јаболко го сака со тој почнав иначе еднаш и имам земено и тути фрути тој по благ е мислам и тој го сакаше.
Да не звучам како реклама за Молерс ама тој е најдобриот извор на омега и од 6 месеци можи да се дава слободно.