Во врска со доењето или АД и омега 3, баш напротив кај децата што пијат АД може да сме сигурни дека внесуваат количини на DHA зошто и на секое АД пишува дека содржи омега 3 односно DHA. Затоа мислам дека не е битно дали детето е на доење или на АД, дали ќе му давате омега 3 дополнително или не е Ваш избор, но никако не е штетно може да биде само подобро.
Секој со маките јас па неможам да го одбијам, 18 месеци... 2ро дете, откако првото го одбив на 14 месеци велев второ дете повеќе од година нема да дојам, па еве ме 18 месеци дојам и никако да прекиниме, многу сака да цица, сега веќе ми станува мачно и веќе е време за одбивање, ама тешко е многу Иначе не давав ништо јас само Вигантол ни омега ни ништо.
Бебо денес подобар ама почнаа од синоќа зелени мрсули да му течат. И тоа течаааат само трчам по него да го бришам. Вчера пола ден го преспа претпоставував дека веќе денес ке е подобар, пошо се одмара. Не кашла толку многу како што кашлаше само што уште одбива да јаде. На другата страна јас сум крш, ноќеска повраќав, грозница ме тресеше како никогаш до сега, сите коски и мускули ме болат, мислам дека ме болат и влакната на главата, во 2ипол ноќеска испив бруфен да можам да поспијам и така.. он сеа тера дремка јас пијам кафе и берам сила за денов да го истуркам.
Зависи колку ќе јаде, какво млеко. Ние на почеток трошевме една кутија за недела, недела и некој ден. Околу 1300 е кутијата. Сега една кутија е помалку од недела. Кога ќе почне со кашички, претпоставувам помалку ќе пие.
И јас сакам бејбитол капсулите да ги заменам со молерс сируп. Сега моментално е на пливит д3 капки по 4 капки, бејбитол капсули и сируп на отосан мултивитамински демек за подобар имунитет. Е сега дали молерсов служи и за подобрување на имунитетот? Сакам да сменам и да останеме на молерс и пливит д3 капките а бејбитол и сирупот на отосан да ги исфрлиме
И јас се дебелеам, првите месеци слабеев, сега не. Леле луѓе бев спремна на работа од дома и ми беше ок. Сега најверојатно ќе почнам со работа во канцеларија и не можам да се спремам психички. Си плачам цел ден. Не можам да се помирам после 2г да го оставам пола ден без мене…
Јас примав исто во Лондон. Не е задолжително да се проверат мислам. Барем мене таму никој не ми ги провери. Може зависи дали во текот на бременоста си примал, јас после царски примав зошто е задолжително.
И јас после царски, ама мене ми беа покачени излеа од кога се породив па 4 дена во болница и уште 7 дома се боцкав и сабајле и вечер. Ич не памтам како беше, тие денови во магла ми се искрено.
Месец ипол сме на аптамил комфорт, 400гр е пакувањето, едно на 5 дена ни иде. Сега со оваа количина што ја пие трошиме околу 4500 денари месечно, кога ќе зголемиме претпоставувам до кај 6000 макс.
Јас давав нутрибен првата недела пошо такво во болница му даваа големо пакување памтам голема кутија беше околу 1000ка, нас и ни остана после таа недела.
Јас сакам да кажам околу доењето. Може некоја мајка ќе се пронајде, ќе најде совет, утеха или било што. Не е осудување постов и ве молам не го сфаќате како таков. Кога се роди син ми бевме со сепса, итен царски и проблем со шеќерот, никој не ми го ниту стави на града и ми рекоа дека мора итно да јаде, не знаевме како треба да го храниме, 4 саата се молевме да дојде некој да ни покаже. Една бабица го нахрани со АД. Цела недела во болница не ни помислив да го дојам, сакав само да јаде и да знам дека е најаден, не ни пробав да дојам, после дома, на 2 пати бабицата проба и пак не успеваше. Јас се молзев ама имав малце млеко и плус ми беше напорно и му давав само АД околу месец ипол. И повремено се молзев чисто демек лактација да одржам. Ама тоа беше така чисто колку да има да смешам со АД за вкус Јас немав притисок од никој оти не живеев тука, бевме со мм сами. Притисокот си беше од самата себе дека не правам ништ добро за моето бебе зошто реално имаше и грчеви и мака од АД додека да го најдеме она што му одговара. После пострпено почнав да го ставам да цица легнати, пред спиење, така релаксирачки, пазете после месец ипол јас почнав да имам многу млеко, почнав да комбинирам доење и АД. И ми беше многу мачно цицањето, го мразев(можам и мислења да ископам од тука кај што пишувам дека го мразам) ама продолжив да дојам, колку што го мразев доењето толку мразев и миење и стерилизација на шишињата и пумпата по 100 пати, греење млеко, па вода па уште што не. А користевме често и готов АД, во шишиња има спремно, често фрлав оти не дојадуваше, секој пат различно јадеше, па и оти цицаше секако не знаев што е доста и колку. Значи само си го комплициравме животот со мм. До 7-8м беше генерално на доење, научив постепено да го сакам, мислам не ми беше нешто вау како на рекламите, значи го сфатив како начин на храна, дека тоа му треба на детето и дека 1000ци год пред мене мајките го правеле и нема што јас да се осеќам како жртва оти треба детето да си го хранам, а мене ми е мака доењето. Значи дел е од мајчинството и родителството и една од маките кои ги носи. Се согласувам дека во последно време многу се возвишува доењето, не оти не е нешто најдобро за детето(зошто вистина е) туку зошто не ми е сфатливо зошто толку да се обрнува внимание на нешто кое е нормално откако постои живот. Треба да има едукација поголема за тоа што да се очекува и дека првите месеци комбинацијата на хормони, нова состојба, неспиењето и болката од се, предизвикуваат одбивност и сосема нормална реакција е и да се каже на мајките дека со тек на време ќе се смени, а не буквално со тоа возвишување се ствара погрешна слика на мајките и после кога доаѓа вистинскиот чин на доење они мислат дека нешто грешат и дека не се добри мајки. Вистина е дека и на АД ќе пораснат исто така, исто ќе бидат поврзани со вас и исто ќе бидат здрави, толку е напредна технологијата што АД сега се многу многу ефикасни и многу блиски со мајчиното млеко. Ама како мајка што го искуси и тоа и тоа, ви ветувам доењто станува многу полесно, многу поедноставно и многу поубаво од тоа што ве демотивира на почетокот, треба само да турнете тие неколку месеци. Вистина е и дека веројатно не е доењето кое ви прави депресија или одбивност туку сите други работи па се фрустрирате на крај од тоа. Натаму станува многу полесно и поубаво да ја носиш храната со себе, плус ништо не го смирува детето толку брзо како доењето, верувајте, ништо. Јас го хранев комбинирано докај 7-8м, не знам точно, после продолжи некое време да му давам шише само кога го чува некој ама тоа беше ретко и на околу година исфрлив АД и ете 22м е уште го дојам. Дали се каам за некоја од одлуките. Не. Ќе се каев ако се откажев од доењето. Сега ми е тешко да го одбијам ама не ради себе дека толку емотивно сум врзана за истото туку уште ми е многу конвониент да не речам, кога треба да се смири, заспие, а и интересен ми е како ужива. Секако ми е многу од корист што знаеше да пие и од шише и не се бунеше на АД, тоа многу ми олесна. Молзењето ми е измачување и не би го правила пак. Не ми беше толку битно ексклузивно да е доен. Едно нешто што ќе сменам само за следно дете е да го одбијам штом ќе почне да јаде се, оти после дефинитивно станува тешко да се одбијат. Знам дека можеби звучи осудувачки дека сте себични што не сакате да доите и вистина е дека на некое ниво сите сме малце себични, ама сметам дека не за џабе сме создадени за тоа и во денешно време стварно многу се форсира тоа мајката е битно да е среќна за детето да е среќно, а никој не го прашува детето дали оно е среќно со тоа што е природно да го прави, а мајката не го дозволува оти и е мачно. Пробајте да ја смените перспективата за доењето, ќе видите дека по неколку месеци ако издржите ќе стане многу, ама мноооогу полесно.
Не си во право за ова дека мајката во денешницата се става пред детето. Напротив. Од првиот момент жената кога ќе забремени, акцент се става само на детето. На мајката само и се вели издржи за се. Издржи повраќања, издржи немање соодветна медикаментозна терапија од страв дека ќе се случи нешто со плодот, издржи вртоглавици, несвестици, низок/висок притисок. Издржи отоци, издржи и да треба да умреш, само бебето да е ОК. Епа извини, али после сево ова издржување, кога бебето е веќе надвор од мене и имам алтернатива да не се измачувам, НИКОЈ нема право да ме нарекува себична, , бидејќи во мојата кожа никој не е. Таа што сака да дои, широко и поље. Ама претерувате веќе со осудите кон оние кои не сакаат или не можат. Никој не ве осудува вас што доите и никој не ви соли памет колку е за никаде целиот процес. Немојте ни вие.
Зошто таква агресивност?Кога си решила да бидеш мајка, нели беше свесна дека треба да издржиш многу повеќе? Дали детето е виновно што мора се тоа да се истрпи во бременоста? Секако дека детето е пред мајката, и кога веќе го имаш апсолутно детето треба да е на прво место, што е најдобро за детето тоа, нормално. Родителството не е само виножита, жртва е, мака е, издржување. Тоа е така од првиот момент кога си решен да забремениш. Себично е да можеш да му пружиш нешто, ама ради свој комфорт да избереш да не го пружиш. Не е за осуда ама факт е дека е себично. Не реков дека ве осудувам, сама кажав дека и јас бев на исто како вас. Дадов мислење од аспект на тоа низ што поминав за да некому послужи како совет.Ако сака да продолжи да дои. Ти очигледно не го ни прочита моето мислење. Пак ќе кажам и моето беше на АД, првите месеци, не доев оти мразев доење, дали се осеќав себично. Да. Сега дефинитивно те пукаат хормони, сите бевме таму. Па го наоѓаш мислењето за навредливо. Во ред е, ќе помине и тоа. Секако дека секој избира што е најдобро за своето дете, па и ти верувам дека го правиш истото.
Баш убаво што ти станало полесно и уживаш во доење 2 години ама еве последнава реченица ќе ти ја земам за реплика. Јас како мајка што првото дете го доеше до 1 година, да точно до 1 година, напуни 1 после 4 дена ја одбив, нит ми стана полесно, нит ми стана уживање, ни ми беше конвиниент, ништоооо. Ја доев зашто нејќеше ад кога пробав да воведам на 4 мес. Најголема мака ми беше доењето. Кога останав бремена со второто во старт знаев дека нема да е ексклузивно доен. Цицаше ексклузивно до 2 мес, на 3 сам си се одби ама па не дека се трудев многу да не се одбие. Доењето е за секој различна приказна, не можеш да генерализираш издржете, полесно ќе е. Еве мене не ми беше полесно, никогаш. Некој ужива, некој го мрази, некој дои зашто е нели најздраво за бебе, некој зашто бебе не му прифаќа ад.... Мене искрено баш ми е гајле дали некој мисли дали сум себична, или ме осудува што не го дојам бебето. Двајцата се поврзани со мене, двајцата се среќни деца и двајцата се збеснати. Едното дете доено, едното дете недоено(ок 2 мес доено ако се рачуна тоа).
Си бараш рч кај што нема. Бројче убаво си пиша за своето искуство како мајка која дои 22м и низ што поминала. Никаде не си повикана, незнам зашто те чачна нејзиниот муабет. Инаку, на тема дебелина и доење. Уопште не очекував. Дури сум изненадена. Каца сум, огромна. Ама знам дека ми е стрес дебелина ова. Се знам себеси. А баш бев згодна трудница. Кршам generational curse, во фамилија никоја не доела. А и мислам не се свесни како може да изгледа трудница, секојдневно притисок дека сум се здебелила. Мене тоа ме утепува. Најискрено. Мислите ми ја земаат цела енергија , а ептен бев чич. Беба ко беба, захтевна и темпераментна иста мајка и. Да ве почастам, се откажав од косата. Да имам кратка коса и сум дебела. Ми дојде идеја да направам видео како може да изгледа една тазе мама ама премногу сум интровертна. Дојдовме со беба на гости кај мајка ми, конечно фатив некое проектче... Почастете се Не сум по алкохолот али крејвам black russian деновиве.
Ама јас не реков дека нема да е така, за поврзаност или неповрзаност, пак читате селективно. Не ни треба да ве е гајле дали некој мисли дека сте себични. Стварно не треба да ви е гајле. Ама факт е дека е себично, оти себично е да не му овозможиш нешто на детето кое е најздраво за него, за кое природата го створила да го прави и за кое нас не создала да го правиме. Себично е ради свој комфорт и неудобност да не му го пружиш, оти пак ќе кажам тоа е една од жртвите на мајчинството. Дали некоја од мајките се осеќала убаво и да и се допаѓа како изгледа? Веројатно една во 10, ако и толку, ама тоа дека има врска до доењето не верувам. Да секој со своето искуство, точно. Пак ќе кажам мојот пост е не за да солам памет ниту да ве осудувам иако вие го сфаќате така, во ред е, сфатете како сакате. Постот е за инспирација за ако некој сака да продолжи со доење, да му послужи како искуство.
Па не е работа за супер мама, работата е што велиш дека раатот нема цена после 2-3 месеца одкако ќе се породиш, што буквално нема смисла бидејќи се знае каков е периодот со бебе дома. Нема спиење и одмор и тоа е нешто што треба да се прифати а не да се паѓа во депресија. Прво се мачите да воспоставите лактација, успевате и после неколку месеци ви станува напорно, а зошто? Мислите дека е полесно да спремаш ад во сред ноќ? Ако не ви се дои немој да доите ама немој и да ја обвинувате околината дека ви прави притисок дека мора да доите, додека вие само со себе не сте на чисто што сакате. Разбирам да се нема млеко, дете да е на ад од секакви причини, ама да имам млеко а да се нервирам за нешто што знам дека ме чека после пораѓај стварно нема врска.