Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.384
    Значи според ова, јас излегов себична што кога докторот ми рече "Ако се влоши состојбата со градата, ќе мора операција. Ако не сакаш да ризикуваш тоа, тогаш ќе пиеш една недела апчиња за да секне млекото."
    Значи требало да одберам да ризикувам и да се оперирам уште еднаш, од неодамна правен царски... Само и само за да дојам бидејќи е начин на исхрана наметнат од природата, и години наназад мајките ја правеле таа жртва.
    Мислам глупости. Ако сакате наречејте ме и себична. Јас тие две недели со 40 температура константно, инфузии, не бев способна пелена да сменам. Мислам дека ќе бев себична кон сите ако не одбрав да го прекинам млекото. Не можев сама за себе да се грижам, не пак за бебето. На маж ми беше цел терет околу мене, бебе, дома чистење, готвење, работеше од дома...

    Значи детето ќе порасне и ќе биде исто здраво без разлика како е хрането. 21ви век сме, формулата е веќе усовршена. Мајката има право да одбере како ќе го храни, и никој нема право да ја осудува. И не е воопшто помалку мајка ако реши да не го дои бебето.
    Не си само повеќе мајка ако решиш да го доиш, детето расте и се развива и после таа фаза од животот. Така да тоа - што си решила да раѓаш ако си себична да не доиш е скроз непотребно. Не е само доењето се' во животот на тоа дете коа што треба да му е пружено од родител. Има уште милион делчиња од сложувалката.

    Ова веќе се претера со разни кампањи, налагања, притисоци за све и свашта. И доење над една година веќе ми е неприродно на мене најискрено и непотребно. Детето може се' да си се храни, млеко и тетрапак да пие или ад, и мајчиното млеко не е воопшто хранливо. Многу повеќе бенефити добива од храната што ќе ја изеде.
     
    На Emilija28, WhiteCat33, LadyD и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.411
    Пол:
    Женски
    Here we go
    Сакате бројки за лото да погодувам? :D
     
    На marrisa, azelea, Anturium и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :f:

    Не сум пишала одамна, а и не така редовно можам да ве читам. Не се има време, ни сила, ни памет за долги реферати. :drunk:
    Деца растат со брзина на светлината, големиот батко веќе дечко, бебето веќе личи на девојче мало. Се почесто знаат да си играат заедно, да се "чуваат" и да ме топат кога ќе ги видам како се гушкаат после градинка како цел век да не се виделе. И ептен ми е мило што се мала разлика колку и некогаш да е преистоштувачки. Во животни желби (покрај куќа на море :wasntme:) ми е да бидат добри луѓе и грб еден на друг.
    И како што викаат, внимавај што посакуваш може и ќе ти се оствари, бебе бр. 3 ќе пристигне годинава. :inlove:
    Апсолутно никој во околина немаме со 3 деца, појма немаме што се од предизвици допрва ќе не чека ама знаеме дека уште 3% додатен хаос на овој нема да направи разлика, а 100% нова голема љубов ќе добиеме.

    До следно читање :sun:
     
    На Carolin., sani99, azelea и 23 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Не. Не си себична. Себична ќе си била да си избрала да умреш, недај боже. Твојата ситуација е друга и сите во екстремни ситуации одбираат помал ѓавол секако.
    Не знам зошто сфаќате како натпревар се, како секое мислење ви е правдање за нешто.
    Нема потреба да се правдате за ништо. Сите сме мајки и сите бираме како да ги одгледуваме нашите деца и сите правиме најдобро што знаеме.

    Грешка си дека има кампања за притисок кон доењето. Во последните години најгласна кампања е среќна мајка, среќно дете, и иако се согласувам дека мајката не треба да е несреќна, не се согласувам дека за вакви работи треба да се примени.

    И пак читате селективно, АПСОЛУТНО децата на АД ќе бидат веројатно исто толку здраво, среќни и поврзани со мајките.
    Ама дека доењето е најдобро за детето е факт докажан од многу, многу експерти пред и после нас.
    Доењето е прв инстинкт кај сите новороденчиња во природата(кај цицачите)

    И напротив, во многу земји се препорачува доење до 2г, зошто има сеуште бенефити, докажано е дека млекото ја менува структурата според потребите на детето, па со растењето има многу повеќе масти зошто тоа му треба на детето над 1г.
    Не знам зошто млечни производи би биле ок, над една год, ама не и доење, апсолутно не е точно дека не е хранливо.
    Моето дете не јаде ништо хранливо скоро, не јадеше, екстремно пробирливо дете е. Ама е сосема во ред со крвна слика и развој, од што, веројатно од тоа што уште цица и тоа ми е потврдено од доктор.
    Ама тоа е веќе друга тема на муабет.
     
    На Giiirl23, MartinaMM, M.B. и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.443
    Допаѓања:
    172.250
    Пол:
    Женски
    Околу 10.000 ден од прилика.
    Зависи и кое млеко ќе го користиш, па која вода ... Имаш трошок и за шишиња, цуцли за нив.
    После 5-6 мес коа ќе почне цврста храна се намалува количината на млеко.

    Што е работава , цела недела низ сите теми само за доење се збори ?:^)
    Да не е нешто ден на доењето ускоро?:^) или нешто слично такво :)

    Не доев, освен во болницата и прв ден дома.
    Имав млеко од одма. Не се пронајдов. Не ми се виде ни тешко ни страшно, само не знам како да се изразам и како да објаснам зошто не доев.
    Па користам термин -не се пронајдов, или не се пронајдовме со синко :).
    Мене ми е смешно што сеуште ме прашуваат - го доеше ли ?! Иако син ми веќе има полни три.
    Па на таквите како од топ им велам,ааааа го дојам сеуште :)
    Па имаш - браво мајка ,свака час:D

    Ич не сум пишала на темава :(
    Детето порасна , обврските околу него се се поголеми
    Ем оди на градинка , ем јас сум само домаќинка , и пак сум тенка со време :)
    Свака час на жените кои ем се домаќинки ем одат на работа , а некои имаат и по неколку деца :(
    Јас не знам дали би издржала така :(

    Одвај чекам март да дојде.
    Ќе одиме малку до Србија на нашите чувени бањи :).
    Да наполниме батерии и да ја пречекаме пролетта :party::party:
    Синко ми е двеста на саат, не застанува детево. Да сакаше телевизор или таблет радо ќе му дадев :nod: бар по саат време ,ама црццц, нејќе.
    Или да го анимираш цел ден или надвор да се трча и да се возат точоци,тротинети:sweat:

    Бидете поздравени мајки :f:
    Гушкајте дечките(heidy):hug:
     
    На КаринаТ, LadyD, Carolin. и 11 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.411
    Пол:
    Женски
    Лелееее :inlove:
    Шубо :l:
     
    На Carolin., sani99, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.384
    Како не среќна мајка... Мене секој втор што ќе ме виде ме прашува дали дојам. Кога ќе кажам не, следи прашање - е зошто. Не дали сум одморена и сл. Можеби мене така ми се погодило од околината.
     
    На marrisa, Feniksgirl, Aschenputtel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Пост-породилна депресија викаш лабаво, не постои или ќе се стегнат зуби? Знаеш колку жени се самоубиле? Детето пред се, а? @Amore.Mio
     
  9. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Да не се паѓало у депресија.
    Да не се паѓа у висок крвен притисок или дијабетес. :)
     
    На Ena05 и baguf4e им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Пост породилна постои и е многу опасна, и не треба да се стега заби туку да се работи со соодветно стручно лице.
    Постпородила депресија не е, не ми се свиѓа како изгледам после пораѓај, ми висат на главата додека дојам, не ми се свиѓа доењто па нема да дојам.
     
    На mal.ecka, Dennings, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    1.573
    Пол:
    Женски
    А што има да им се објаснуваш и да им одговараш? Тоа е твое лично. Најлесно е да се суди. Терај си и не им дозволувај ни збор.

    Едит: Јас дојам па пак никој не ме прашал како сум.
     
    На Трагедијаупмм и LadyR им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Женски
    Од сите тие што избрале да не дојат, јас не познавам ниедна што рекла "така не ми се сакаше да дојам, па не ни пробав". Најчесто е друга ситуацијата, малтретирање, стрес, повеќе негативни чувства од позитивни.
    Јас доев едно дете без никаква мака. Молзев вишак без мака. Прифати шише со молзено млеко без мака. Почна плус со Ад на околу 10мес без мака.
    И родив второ што јадеше многу повеќе и исто така цицаше без мака. Ама јас не бев без мака. Знам што се хормони постпартум од првиот пат, ама не знаев што е траума, стрес, анкциозност. Не знаев што е грчеви со месеци, не знаев како е да се осеќаш неспособна како мајка откако еднаш веќе си пораснала едно бебе.
    И доев зошто бебе веќе има грчеви, не можам сега да му дадам ад заради мое здравје (или себичност, како некој што би сфатил). И продолжив да дојам дека се разболи со сериозна болест, па треба да зголеми цицање а не да намали. И на 6 месеци кога немав доволно млеко веќе за да се најаде во 1 оброк, почнав да вадам замрзнато плус. И кога го потрошив дадов ад и намалив цицање. Сам се одби на 10мес. И кога комплетно престанав да дојам и ми се избистри мозокот (што иначе се случи буквално за 3 дена после последниот подој), сфатив колку негативно ми делувало доењето.
    Бебе прави 1 година за неколку дена. Гледам слики од изминатава година и премногу работи не се сеќавам. Толку ми се обвиени со негативност што изгледа ги блокирам од сеќавање. Последниов месец ми е преполн со убави моменти што незамисливо многу се каам што продолжив да дојам. Зошто ја жртвував првата година со моето дете само за да добие мајчино млеко. И нема да се врати назад.

    Сеуште сум за поддршка за секоја мајка која сака да дои. Треба да имаме повеќе лактациски консултанти, треба да има часови за трудници задолжително и бесплатно на темава. Ама доењето не е се на светот. И не е здравјето на бебето пред здравјето на мајката по секоја цена. Себично сакав дете, себично го родив, и несебично дадов се од себе за него оваа година. Но и покрај тоа, тој не ја доби мајката која ја имаше првото дете зошто го ставав неговото јадење пред моето добробитие. И посакувам да не беше така.
     
    На Ladyme, WhiteCat33, Kala22 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно и ова прашање од странци не го сакам, иако дојам. Не ми е нешто што се споделува, јас ниту надвор не доев, никој не ни знае дека уште дојам.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Па да, може да е, за твое инфо.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.865
    Пол:
    Женски
    Да може да биде, ама апсолутно само доење да придонесува за истата не, склоп на околности, хормони и најчесто недоволно подршка на мајката.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.443
    Допаѓања:
    172.250
    Пол:
    Женски
    Еве сега познаваш:)
    Јас сум баш од тие што едноставно не сакаа да дојат.
    Пробав чисто колку да го "осетам" популарното- ќе видиш колку е убаво чувството кога ќе ти седи на града и ќе цица :)
    Епа не ми беше ни убаво , а далеку па дека ми беше и неубаво или тешко.
    Јас ден денес не ни знам зошто не доев.
    Затоа и пишав дека употребувам термин - не се пронајдов / ме.
    Пошто без веза ми е да пишам - Не ми се сакаше.
    А вистината е баш таа. Не ми се сакаше :)

    Хипотетички
    Да имам второ скоро све исто ќе направам , освен што уште во болница ќе си го испијам достинексот.

    Да додадам , апсолутно се согласувам дека мајчиното млеко треба да е НЕЗАМЕНЛИВО , но има родители кои ќе одлучат да одат на алтернатива адд.

    Да не ме сфатите погрешно.
    Ниту се правдам, ниту па имам потреба да оправам криви дрини на тема доење.
    Онака пишав.
    Ако некогаш ме праша син ми дали е бил доено дете , да земам да се потсетам овде што и како било :)
     
    На LadyD, Carolin., azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.275
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    Секој втор? Секој, буквално секој. Прв пат излегуваме со бебе и сите со тоа прашање. Аууу па кога кажував не. Само што не ме линчуваа.
    А пази. Никооој , ама никој не ме праша , како си ти? Никој незнаеше што ми се случува, туку напади зошто не дојам. Па маж еден кога ми се сипа зошто не сум ја доела. И веќе ми пукна и му реков сакаш тука пред сите да збориме за цицките, матката и вагината моја или сакаш на само?
    Сите знаеме дека е најубаво да се дои, ама кога некоја несака или има причина, нејзин избор е.
    Толку се наметнува тоа или па јас наидувам се на такви емисии, статии и слично, што и еве после 5 ипол месеци, ми е нервоза кога го слушам тоа.
    Емисија која гласи ,, Хранење на бебе”, беше само за доење доење доење. А баш беше врвен педијатар гостин, кој мислев ќе каже нешто и за АД, како целовкупна цел на емисијата, ама тоа беше онака, ради реда една реченица.
    И не се раѓаат сите бебиња со инстикт за цицање. Моето дете го немаше. И обиди 300 и викање консултанти за доење и паттинажни и педијатар, сите со една реченица иста беа: Бебе нема рефлекс за цицање.
    Измачување за двете беше. Помодруваше од плачење секој пат кога ја ставав на града, до степен да неможеме да ја вратиме назад со дишење. Епа не би да го го гледам тоа.
    Молзев, молзев, со пукната епизотомија, на 100 перници наместена да извадам од градите до последна капка да и давам, компликации 300, се изгубив целосно.
    Не бев способна да си го гледам детето. Па уште како не сум била упорна, не сум се трудела, на што сум личела, ќе немала имунитет. Абе марш. Гледам на истите што ме осудуваа, не им се разболеа децата ич. На детето му требам среќна и способна да го гледам. А не западната како што бев еден месец скоро и после секое излагање, да неможам да дојдам при себе и да се преиспитувам дали правам добро за детето, што едвај го добив.
    21 век сме!
     
    На lia22, Ladyme, Kala22 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Женски
    За мене и ова е скроз оправдано. Не сакаш и тоа е тоа, бебе пак ќе биде живо и здраво. Само стварно до сега не сум слушнала некој да рече "не сакав да дојам". Обично е нешто во смисла не фаќа града, нема доволно млеко, рани, мастити... физички проблеми. И за мене и тие физички, и моите психички, и твоето "не сакам" се еднакви меѓу себе како причини за недоење.

    Јас искрено не сакав да дојам ни првиот пат, ама премногу лесно беше за да доброволно откажам цицање за да почнам да мијам шишиња сред ноќ. Од овој аспект гледано, можеби моето "не сакам" сама на себе не ми беше доволно за да не дојам. Сепак не беше лошо искуство, па немам никакво каење за тоа. За второво многу се каам што не пресеков порано. Никој не ме притискаше да дојам, ваљда освен сама себе.
     
    На mal.ecka, happygirl, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Мислам дека хормоните си го прават своето.
    Јас сакав да дојам. Мнг се намачив да поминеме на ексклузивно доење.
    Од друга страна мислам дека жени што не дојат, тоа е нивно право. @LadyR не мора да има медицинкса причина. Може баш зошто ти е одбивно и едниставно не сакаш. Не е моја а ни ничија работа.
    @Feniksgirl душо мислам дека кога цица бебе полесно ги поминувате скоковите, имаш опција да сте на комбинирана исхрана, а можеш и да не доиш. Твое право. Не си себична. Лошо ти е.
    И тие прашања зошто, како и совети неповикани, мислам дека ако имам второ поспремна ке ги дочекувам. @Tea SK ваљда од искуство убаво сечеш од старт.

    Простете толку сме глупи ние жените, самите си се осудуваме една со друга,и ако некоја мисли различно, другава се пронаоѓа нападната.... олабавете.

    Е сега ве молам сите за помош.
    Од четврток бебе имаше висока темп, па спушти. Па ја вративме над 36. Ама 36.4 најмногу. Спиеме на топло, и еден до друг да го грејам навечер. Арно ама јас толку мнг изнастинав, два пати наврчер се тресам колку ми е ладно, и не знам ни нему колку му е топло. Дали имате некое искуство со тоа?
    И друго: толку мнг имам изгубен апетит, страшно. Едвај јадам и сиг сум и дехидрирана. Иако пијам вода, мнг мокрам заради темп. Млеко навечер имам мнг малку а имам едно Холе млеко 2. До сега немам давано Холе. Планирам утре да го проба да видам ке сака ли или некоја реакција да не има. Дека нели е кравјо адаптирано... ве молам кој има искуство со млеково да ми пише, ако не Хип ке купам.
     
    Последна измена: 19 февруари 2025
    На WhiteCat33, Carolin., Tea SK и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.107
    Пол:
    Женски
    Ни ми било некогаш доењето битно, ни пак пресудно. Да бев упорна може ќе успеевме бар на комбинирано ама може и Ад ми се виде полесна опција.
    Прво што пиша некој, никој не ме праша како сум, на сите повици во болница, а и дома, туку дали почна со доење. 300 осуди од доктори/сестри оти не ми доаѓало млеко. Гради меки, премеки. Бебе со желба за цицање, трга на празно, се задишува, јас ни капка млеко. Дома пумпи, часови и часови за цели 10-15мл да извадам. Со надеж дека следно мозлење ќе има повеќе. Е па следно излегуваа цели 5мл или воопшто не.

    И не ми беше тешко да имам 3-4 шишиња. И ноќе да не мијам, туку се наутро да измијам и стерилизирам.
    Кога влегов во шема, дозер, топла вода до мене, шишето, за 30 секунди готово млеко, уште 2-3 минути дете да испие и назад двете на спиење. Тек пак како што проретчуваше будење, со 1 или 2 станувања - бомбона.
    Не дека сум екстремно нешто наспана ама сигурно многу повеќе отколку едногодишно или двегодишно дете да ме буди 3-4 па и повеќе пати за доење.
    Мене (може и ќе ме осуди некој) скроз ми е неприродно па и дете кое јаде се, кое што би рекле стари ќе те купи и продаде, да го дојам.

    Ако некогаш имам 2ро, во најмала рака би било на комбинирана исхрана.
    И ако нешто ми префрлаат околу користењето Ад, тоа е колку пари сме трошеле за млеко, ко некој да ми дава од сопствен џеб.
     
    На Ladyme, WhiteCat33, LadyD и 6 други им се допаѓа ова.