Те сфаќам скроз... И одговорот е скоро секогаш - ех, е добро, и од ад растат децата. Како да ги прашав дали детето ќе ми порасне. Јас искрено сум многу посреќна од кога престанав да дојам и навака. Плачев кога го испив првиот достинекс, мозокот ми беше хаос. Ама тоа само моментално. Сега можам да му се радувам на бебе максимално, далеку сум поодморена, способна за се' да правам. Жал ми е што периодов кога се мачев се' ми е избледено, немам емотивни моменти и мемории, ниту слики на телефонот.
Со Брезата за правење адд имаш готово млеко за помалку од 10 секунди. Пред да го земам него исто не се нешто расонував. Во стерилизатор секогаш имав од вечер оставени 3-4 шишиња , вода у термос ,млеко во дозерки и само мучкав. Многу пати знам да се нашалиме со маж. Ако некогаш би доела, тоа би било само од финасиски аспект Се шалам. И пупу , синко има топ имунитет Да не го подречам ама до сега само за еден стомачен вирус знаеме, за кој ќе раскажувам мислам во наредните три години Помина цела година од тогаш , ама мислам дека сеуште ми мириса куќата на неговите ка*и, да ми простите на израз. Тоа беше неописливо
Не го коментирам финансискиот аспект, ама Влаинка сум, во крв ми е да не ми се даваат пари за нешто го има бесплатно Отпосле ќе се смееме и ќе раскажуваме, ама во таа гужва уште некој да ти соли памет за доење ти фали
Ова со недолични прашања и мене еден маж ме праша. Викам на комбинирано сме. (Уште одг пак јас, изгубена). Тој ми вика, абе само цицка слушај ме мене (???) И сега ми текна ма една случка кога раб со клиенти, во дуќан. И имав добиено, заклучив да сменам влошка. Типов тропа ке ја растури вратата. И муботклучив, вкегува со коментар "кафе пиеш а". Викам не, пролив имам гаден. Лом напраив у вц. Одма заќута. Леле колку ке бидам спреман за второ. Само да имам, дај Боже.
Не немаше ех и на АД растат. Не се трудиш. А мислам нема што секој да знае што ми се случува дома. Па свеки па ај може до вечер ќе сака да цица. Ајде ене ти врата. Значи не се сеќавам на некои денови и жива се јадам што место да уживам со детето, јас се преиспитувам дали и како , што сум направила за неа. Место да ја гушкам, јас глава лупав над пумпа, седев во дневна нервозна, плачев.
А тој истиот маж се фалеше како фрлал АД во канта, дека ОН бил решен , жена му да дои по секоја цена. Е истиот има ќерка, па ќе го прашам за 20+ години, како ќе и е на ќерка му ако има мака и таков маж како него, што ќе ја полни со нервози дополнително на хаос хормони, бебе со грчеви и ред слични работи.
Ова воопшто не е точно и е тотална дезинформација. Било кое истражување сакаш побарај го и ќе прочиташ дека секогаш е мајчиното млеко хранливо и се менува според потребите на бебето. Морав само исправка за ова зашто и тазе мајки или непородени жени читаат. Инаку, според статистиките сѐ помалку мајки дојат, па затоа експертите го искажуваат своето мислење за доењето и неговите придобивки, па се чини како некоја кампања. Ама, рекламите за ад не пречат, тоа не е кампања. Патем, не знам зошто мажите во поголем број прашуваат дали го дои бебето мајката, ко, јас како жена не сум прашала, ниту ставам мајка во таква позиција, знам мене колку ми беше неугодно со такви прашања, па после беше уште ли ја доиш, па до кога, кога тоа си е само помеѓу мајка и бебе. И маж ми еднаш такво прашање постави, крајно ме изненади, јас не прашувам, он директ. И после ја доби лекцијата, па не му текнало повеќе.
Најјако ми е кога тврдат дека со града било полесно вадиш доиш а вака се мачиш со шишиња среде ноќ. Па рецимо, детето има и татко па среде ноќта он може да се помачи.
Пак се оди во крајности со мислењава... Едните не ми се доеше не доев, другите не ми е природно дете над 1 год да се дои... Пак се осудува... Жени, наместо поддршка ние се истепавме едни со други. Еве ме дојам 18 месеци, што има неприродно неможам да сватам. Кога до 2 год се препорачува доење, како може да е неприродно??? Ако некој што не доел и нејќи да дои му сметаат некои мислења тогаш и овие другите сметаат. Размислете малку пред да пишите. Второ ми е и олабавена сум, ништо не ме допира, не ме вреѓа, не се осеќам нападната ни пак да се бранам, како мислам така правам, иако сум во фаза на одбивање, еве на пр мене ми сметаат сега мислења од околината, кога ќе кажам уште цица, Ауу уште, голем е, доста му е... Чекај малку која си ти да ми кажиш дали му е доста, доста ќе му биди ко ќе одлучам јас. И така ќе се врти муабетот....
Никој нема право да ти се меша во одлуката дали и колку доиш. Ако сакаш до 5 години ќе доиш, твое си е. Како што никој нема право да те нарекува себичен кога не доиш, така и за доење солење памет не смее. Аман со луѓето
Не знаев дека отворив волкава дискусија. Да бидам кратка. Притисок сама не си направив да дојам. Имав млеко за извоз, едноставно од 16та недела ми течеше колострум, само што ме породија, морав да се молзам и масирам во болница мастит да не фатам, зашто градите камен ми беа. Да, царски и одма имав млеко. Течев на сите страни, по 250мл од града молзев од прв ден. Немаше човек што не ме сретна и не ме праша дали дојам. Не доев се измолзував како крава за да јаде. Па и за тоа ми префрлаа дека тешко било да сум ја доела поубаво. Као ја не знам дека е мачно да се молзиш цело време. Да не спомнувам дека буквално матичната ми ја отвори цицкава да види дали имам млеко.. као тоа е најбитно. Па уште и греота било на тоа млеко да не сум ја доела…со рани доев, со вештачка доев и плачев. Ја викнав и Јасна и ајде почнав да дојам нормално. Ете не се откажав. Не ми е мене толку мачно доењето. Колку што е притисокот дека мора да се дои, дека јас мора да издржам па по цена и да паднам во депресија. Сум имала анксиозност и знам кој пекол е тоа. Муабетот дека ќе ја заштитам од вируси и сл. тоа ствара грижа на совест, и притисок дека утре ако се разболи ќе биде дека сум можела а не сум ја заштитила. Тој притисок. Јас своето дете го сакам повеќе од се. Се сакам и себеси, и ми е тешко како изгледам. Ако јас вака се осеќам што имам млеко, можам да замислам како им е на мајките што немале млеко. И не, не сум себична што размислувам да прекинам да дојам, себична ќе бидам ако продолжам да патам и тоа го осеќа моето дете.
Молим лепо Мм ужива во тоа што ја храни секоја вечер. Он ужива да ја храни нонстоп де. Ретки се деновите кога ја хранам навечер. Кога е трета само и давам јас. Се спремно, за 30 секунди млеко спремно.
За тема доење имам многу да кажувам па нема се нели реферат ќе изелзе. Прво бебето ми беше на интензивна при државна а јас дома и се што имав мотивација и желба да правам тогаш беше да се одмолзувам за да добијам млеко и да може кога ќе излезе да се доиме... со тешки маки успеав. И дојде ден отидов да ја земам ќерка ми на врата ни ја дадоа оти нели ковид не може да влезземе и сетрата вика АД на 3 ч ,значи не ни праша мајка имаш ли млеко за како си ич да не збориме. И јас викам а ако се доиме бидејќи одржав лактација и она ме гледа ама онака цинично (и градите ми се мали доста) во гради и ми вика ти зар мислиш дека имаш млеко ?? Купи си АД и ми затвори врата. Среќа педијатарот ми се погоди да поддржува доење и среќа мм не настојуваше да земам АД иако сите други настојуваа... јас само реков ќе видиме првата вечер како ќе поминеме. И фала Богу мојот труд не беше залуден ќерка си цицаше како од првиот здив да била на доење а не на гликоза. Дали поминав тежок пат за да дојам - да претежок. Дали се каам - не ниту една секунда. Исто околу имунитет можеби не беше до тоа ама само што ја одбив се разболе и многу потешко поминавме отколку кога имаше ковид а ја доев. Кампања за доење треба да има, не може рекламите и кампањи за АД да се погласни. Барем на интернет јас што читам повеќе се форсира АД дури и во родилиштата тука. Притисок за доење од други не осетив освен тој од себе си. Чак и многу очекуваа дека е на АД. Е сеа здравствен проблем и ,,не дојдам за да може да е независно од мене да го оставам 3-4 саати да одам на масажа или да пијам алкохол " не е исто и не може да е исто ама сепак секој си одлучува за себе и своето дете,нема шо да се правдаме на петкана
Што све нема да прочитам на форумов. Тетрапак млеко било ок да се дава, ама мајчиното млеко не било хранливо И секогаш муабетов доаѓа од мајки што не ги дојат децата. Како да ви кажам, правете што сакате, ама не ширете дезинформации. И секогаш е истиот муабет, тие што не дојат биле осудувани и критикувани, ама истите тие се први за напад на тие што дојат и негативно зборат за доење на дете над една година. Не го доиш, така си одлучила, твое право. Е исто така и јас или било која друга што дои дете над година, одлучила дека така е најдобро за нејзиното дете. Го направивте доењето вау, како да е најлошата и најнегативната работа. А е најнормална и најприродна работа. Појдете од себе, ако не сакате да ве осудуваат, немојте ни вие да осудувате, толку е едноставно.
Прави како што ќе се осеќаш среќна! И кај мене најискрено не поминува муабетот : Доено дете помалце се разболува, помалце се штити од вируси бла бла бла. За два месеци, 3 пати завршува во Козле доено дете и уште цица. Ај да не навлагаме сега во тие дискусии само. Околу мене дојат и доеле еден куп жени. Направи го тоа што ќе те прави среќна! Верувај, ама навистина е среќна мајка, среќно дете!
Јас да ви препорачам една ракија да си стаите и да не се замарате многу многу вака у 10 вечер може? И да бидете среќнииииии
Мене еве 2 месеци ми се кине душичево дека го откажав на 11месеци, прво млеко ептен се намали зошто цицаше само навечер второ зошто веќе не можев да издржам на работа со пари и клиенти да функционирам без сон. Е тоа беше себично од моја страна што му ускратив за јас повеќе да спијам ноќе за на работа. Да не збориме дека одма почнав да се дујам цела сè да се лепи на мене штом прекинав доење. А каква соленка станав мераци... Јас друго сакав да напишам напната од муабет на роднина. Секое слушање ново прашање ново солење памет. Народов не знае за доста и да заќути секогаш нешто ќе најде. Ајде факс кога ќе завршиш? Ајде работа? Дечко? Свадба? Бебе? Цица? Е сеа стигнавме до Прооде? Заби му никнаа повеќе? Јаде парчиња? И на секое лонче капаче па совети непобарани. ... ... .... Луѓе ајде сите да си ја гледаме својата работа и да не зачинуваме кај што не ни е место. @LiquidLuna пиши бројки за саботно коло
Јас појдувам од мене, не сакав да дојам оти не ми беше убаво доењето, ниту имав притисок, ниту имав болки, ниту рани, не сакаше да фати ама постепено пробував по еднаш на ден, кога ми текне и ќе фатеше, апсолутно лежерно го научив да цица, јадеше АД и тоа ми беше битно. Ама се осеќав себично од моментот дека апсолутно немав пречка за доењето,а не сакав да дојам. Не сметав дека е момент да правам што сакам, туку што е најдобро за дете. Може сите како сакаме да се правдаме, ама да можеш да доиш и да не избереш да доиш оти не сакаш е едноставно, себично, дали прифаќате или не тоа е тоа. Муабетов испадна 21ви век ние сме будали што доиме кога иаме алтернатива да не се мачиме. Инаку и мене ме фрустриаа рекламите за доење, ама тоа не е затоа што ги има премногу туку во тој период само тоа го приметуваш. Факт е дека во последно време мајките избираат што е полесно, помодарство стана да не доиш оти мајката е најбитна, исто како што и царскиот стана помодарство.
Јас да си пишам во темава како тазе мајка на 2 деца. Се навикнуваме на ситуација, дома турбо, јас и мм уморни - кога имаш 1 дете не сфаќаш колку фри тајм имаш уствари, пошто со 2 ги немаш ни тие златни 5 минути за у веце. Ќе биде подобро ваљда?! Baby blues овој пат на најјако, се изнаплакав, се надевам нема да премине во пост породилна. Чекаме да стопли да видиме малку сонце, планови за одмор веќе во тек. Околу доење, со првото не успеав да дојам, ми се одби сама на 3м, со пумпа ништо, доста стресно ми беше. Сега имам млеко, бебе цица, мене пак ми е стресно. Што ако се одбие, ќе има ли грчеви ако каснам ова или тоа, паники да понесам АД со мене низ град, да не случајно немам во тој момент… Врти сучи стресот е тој, ама нема да се откажам, додека има има, ако снема имаме опции. Не осудувам, осуди имаме за природно вс царски, доење вс АД, блендирано вс БЛВ, градинка вс дома, значи од раѓање до пркнување на дете се нешто се осудува, па после џентл парентинг вс неџентл, па пластични играчки вс дрвени, па монтесори вс не знам што, искрено преку таквото, имаме нет, имаме материјали, секој е доволно возрасен да донесе одлука за себе и своите деца.