Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Стандард шема.
    Голем е, доста му е.
    До кога планираш да го доиш?
    Па муабет од типот: Леле, видов една ромка надвор со големо дете, обесено и беше на цицка, го доеше, аууу, на ништо не личи тоа (facepalm)
    Па уште совети со што да се мачкам за да му се згади, па што да правам за да го одбијам.
    А јас нит сум у план сега за сега да го одбијам, нит барам совет како да го одбијам. Ама нека се врти муабет.

    Нит сум се дрзнала да прашам мајка дали го дои бебето, нит ако не го дои а е мало да и речам, леле, многу е мало, греота на АД млеко што е.
    Пошто не е моја работа, не ме интересира и не навлегувам.

    Чекај Лунче да го одбијам прво :D
     
    На Carolin., MeowMeow, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    8.533
    Пол:
    Женски
    Секој, баш секој. Дури случајно во град се видов со пријателка, седеше со свекрвата која патем ја гледам прв пат во животот и таа со прашање. Патронажните кога дојдоа и тие солеа памет, вујни, тетки, комшики.
    Единствено на баба ми не и замерувам, од нива дома раѓала, по 4 дена пак на нива, на 85г не знае за друго таа.
    Ама на другите да.
    Зошто никој бе не праша како сум, како со раната, како бањам дете кога немам ни мајка ни свекрва живи да покажат и помогнат? Како со маж ми издржавме се? Туку со тоа доење та доење.
    Пробав, со храна, чаеви, молзење, имав млеко, дете не влече, мрзливо малце, научено на шише, а сака во моментот лесно да тече, нејќе на града, заспива...

    Епа се откажав и не се каам, не ни бевме само на доење и тогаш, туку комбинирано.

    За инстинктот не сум знаела, другарка ми кажа кога се породила, сестрата и кажала дека бебето нема да цица и така било. Од прво јадење е на ад, па еве ја жива, здрава 8г е.

    Безобразен народ, мислам ова само на Балканот постое со заостанатост и пикање нос во туѓи работи. Посебно пак во нашата државичка.
     
    На marrisa, Трагедијаупмм, LadyR и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да напишам нешто за доењето,кусо да не сум.
    Кој како сака,така треба да си одлучи,твое бебе,твое тело,твои цицки...,одлуката според мене е само на мајката без разлика кои се причините и за доење и за не доење.

    Јас првото го доев 22 месеци,мада последната неколку месеци можеби и повеќе беше после градинка и за заспивање само,повеќе и' беше навика него потреба,ама ми скурчи...толкаво дете лежи и цица...значи прекинав зошто јас сакав,не некој друг,Рајко Петко.Имав преубав доенички стаж.
    Сега за близнаците,се спревам уште пред да се родат,и со АД,со шишиња,со стерилизатори,со машина за ад правење за 3 сек,со сите салтанати што треба,мислев дека ќе немам млеко и за двете,дека нема да можам да дојам две бебиња,а не дека не сакам да дојам
    Меѓутоа млеко ми дојде после 3 дена и почнав да ги дојам,еве до ден денес 9 месеци.
    6 месеци беа на екслузивно доење,потоа со цврста храна,па малку се намалени подоите.
    За напорно,да на почеток ми беше ептен,дека често цицаат,често се будеа ноќе,па грчеви,а цице ги најбрзо смируваше,па и дека се две се дупло правев,се си бев со цицки надвор :D
    Ама ете не посегнав по АД,не дека е тоа некој грев,нешто страшно,ама јас во тој момент сум мислела дека можам,ќе успеам,дека е најдобро за нив тоа и не се откажав.
    Сега веќе ми е полесно,се навикнав,само што и храна им спремам обврска плус.Планот ми е до 1 година,па ќе видеме
    Јас уживам во доењето,но не осудувам никоја што не дои,не е помалку мајка од мене

    Инаку се гордеам што уште ги дојам,бидејки тоа е редок случај близнаци само да доење.:clap:

    Ете се изнапишав и јас,може не е нешто којзнае што,ама нека има како потсетник за мене.
     
    На Giiirl23, WhiteCat33, Carolin. и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.443
    Допаѓања:
    172.250
    Пол:
    Женски
    За тебе па ич не се сеќавам дал си се изјаснила на темава.

    Ти доеше?
    :rofl:

    Јас дефинитивно почнувам да го одвикнувам синко од млеко.
    3 год и 2 мес е , сеуште пред спиење ми бара адд. Не пие многу , по 60-90мл само навечер , ама време е и тоа да го тргнам.
    Слаб ми е и на јадење , додуша последнава недела почна да јаде како што сакам јас па ќе видиме.
    Вечерва успеавме без млеко да заспиеме за прв пат , па се надевам нема да ми се разбуди ноќеска :(

    Ќе си ставам едно штокче, ќе ја послушам Луна:d:
     
    На Carolin., Трагедијаупмм, Fenix05 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да не останам покуса, да го кажам моето мислење со доењето.
    Прво не знам што им е гајле на луѓево, рандом, блиски или не толку блиски дали го дојам детево или не. Немаше кој не ме праша тоа. Мене никогаш на памет не ми паднало да прашам такво нешто, едноставно не ме интересирало. На почетокот бевме само на доење, после комбинирано со ад до кај 3 месеци, па после 3 месеци само на ад. Најискрено сакав да го дојам барем додека почнам на работа, па реков ако не успеам до тогаш, барем до кај 6 месеци. Сакав само заради него за на некој начин да го заштитам, за мене лично воопшто, не само што не уживав во доењето туку и неубаво ми беше, не знам да опишам, не ми беше убаво, ете. А од притисокот од околината ми скисна искрено. Па правење фаци кога ќе кажев дека сме на комбинирано, па коментари од типот тргну му го ад, не е гладен, ќе се навикнете. Нека си гледа секоја мајка за своето дете, коментари стварно не се потребни.
     
    На Knizhevnik11, marrisa и Tea SK им се допаѓа ова.
  6. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.192
    Јас едвај чекав телото да е повторно целосно мое.
    Истеравме до 15 месеци, со тоа што од 6 ипол месеци тргнав подои за заспивање, па за некој месец и подојот накај 5 сабајле прекина, останаа само 2-3 подои дневно, и така издржав толку, инаку ако цицаше почесто порано ќе ја одбиев.
    Додека беше помала повеќе влечеше за да јаде, како што потпорасна почна и да си игра и тоа толку грдо чувство ми беше, многу ме нервираше. Ја оставав да цица само додека влече, кога ќе почнеше да си игра тргав, не можев да издржам.

    Кај мајките што дојат подолго време единствено не ми е јасно како не им фали телото да е целосно нивно, и како издржуваат ууууште да стануваат навечер да дојат. Ноу џаџмент, само не ги сфаќам. Во тој аспект јас сум себична.
     
    На WhiteCat33, LadyD и Spidy им се допаѓа ова.
  7. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Како и сите..и јас морав да пишам за доењево :lol:
    Најпрво, не е насочено ова кон никого лично :!:
    Тука е една мајка што ОЧАЈНО научи да дои. Да, очајно е дури благ израз. Трауматично еве нека биде.
    Скоро 7 месеци сме на ексклузивно доење. Дојдов од болница без да знам дека немам млеко туку само капка две жолт мрсен колострум. Ме испуштија со - имаш млеко, еве гледај ( кога ме стискаа, не знам дали ме болеше поише тоа или резот царски ). Океј. Дојдовме дома, бебе цел ден на града. Не прекина да плаче, вечерта веќе алармантно, не фати паника, дојде роднина ( работи сестра кај бебиња, среќа во несреќа ти се вика ова ) и само рече детево е гладно одете одма по формула. Ме утепаа од стискање и она и мајка ми, секогаш излегуваше истото..млеко нема.
    Бебе си ручна 90мл бидејќи прегладнето, заспа.
    Јас не знам кај се наоѓам, не знам што треба да правам. Ми рекоа и во болница и роднинава, многу жолтица има буди го на 2ч прави млеко. Ок. Будевме, руча нана. Утредента, оно среќно, нахрането си спие, јас РИКАМ кај ја утнав работата и како можев да си го прегладнам детето од 12 до 20 часот вечерта, бидејќи дефинитивно не му требало 2-3 капки само. Рикам и сфаќам дека не знам да се грижам за него и дека нешто ќе му се случи заради мене. И хормони тука јес афкорс (y) Го држам, не го пуштам од раце си гушкам си плачам..и само одеднаш осеќам дека и јас и оно сме жива вода. Не сфаќам што се дешава, пошо беше огромна количина. Станувам за до вц, како одам оно тече по мене. У паника брзо ја викам женава пошо не знам шо да праам. Доаѓа, ми ги гледа градите камен модри дури, со видливи грутки од почеток горе дури кај мишката, ме стиска не искача ништо. Бебе ставаме да влече, не му оди ништо плаче. Запушена скроз, вика вакво нешто прв пат гледам. Иди купи пумпа одма зошто ќе завршиш у болница. Викам имам ради реда земав од алиекспрес за 1000че, двојна електрична. Првата минута ништо, затоа послето извадив 120мл за неполни 5 мин. И така 9 дена се молзев на секои 2 часа: бебе не можеше да фати да цица бидејќи беше преомалаксано од жолтицата, јас имав проблем на почетокот со запушени канали, дневно спиев по 40 минути максимум (пошо само шо си измолзела, да складираш у фрижидер да мочаш, оно станало, јаде, миј стерилизирај пумпа шишиња, прошле 2 часа и пак молзи до бесконечност). Ослабев 18кг за тие 9 дена.
    Со брзина на светлината сите тетки, баби, комшики, братучедки дознаа дека се молзам тие 9 дена и само ова го слушав - ЛЕЛЕ КАКО НЕ МОЖЕ ДА ФАТИ ДА ЦИЦА/ДАЈ МУ ШИШЕ ХИП МЛЕКО И ТИ ТАКА ИЗРАСНА ШТО ТИ ФАЛИ. Од тогаш фала богу нити сум се јавила некому, нити споделувам како што тераме, ако се јават све е топ морам да одам плаче малиот:handshake:.
    До ден денес иначе сум у таа социјална изолација :rofl:
    Поминуваат 9 дена, бебко расте супер, жолтицата потпоминува, женава редовно доаѓаше не посетуваше и ми вика веќе има сила ојачан е, ќе фати да цица. Може малце ќе се помачите ама ќе фати. Вечерта дојде мајка ми, го бањкаме и поминаа 2ипол ч, он веќе асално гладен. Шише спремно, ние се трудиме да наместиме силиконски за прво така да фати поубаво, да ја извлече па да ја вадиме. Врти сучи не знаеме нејќе, заеби. Го ставаме на града и бебево цица. Цица како до сеа да цицало цело време.
    И од тој ден до сеа пумпа и шише да не видам:rofl: Поентата пошо видов како не било хранливо мајчиното млеко :x - се разболува малиов јако на 4м. Температура висока, Козле матичен секој ден, кашла се гуши у шлајмови, ги повраќа. Совет од 3 педијатри: форсирај премногу доење, прскај спреј влечи со носко, ако не антибиотик, дури во Козле ми рекоа и хоспитализација. За 3 дена, детево се исчисти како ништо да немало. Сите ми потврдија дека е до доењето, и да, млекото беше сменето и густо и многу повеќе мирисаше она што ќе истече од другата града. Корнеше.
    Се на се:
    Најмачно е молзењето, АД и доење се песна у споредба со тоа.
    Нема збор за мајка која поради здравствен проблем не дои.
    Ама на другарка што ми рече: не дојам, немам намера да бидам врзана со бебе 24/7, вака секој може да даде шише додека не сум тука ми одеше бокс да и мавнам.
    Нема ништо поздраво и поубаво за моето бебе, доењето е благослов, кој што сака нека каже. Its not just food, its his safe place :l: Да, за некој е премачно на почеток, за некој е лесно, ама бебето е само еднаш мало и мислам дека може на страна да се тргне себичноста ЈАС тие неколку месеци и да се стегнат заби за да му го овозможиш најдоброто од себе.
    Во превод, се согласувам со @1209 :f:
     
    На MartinaMM, M.B., WhiteCat33 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.410
    Пол:
    Женски
    Јас се потрудив да ти кажам право, 3 месеци едвај. Криво ми е шо не доев повеќе, сакав. Ама нема да лажам дека не се преродивме јас и ќерка. Имав најадено, среќно бебче :inlove:

    И за второ, да. Би се потрудила ама нема да го сфаќам толку трагично како првиот пат ^_^

    Ајде чирс на сите :l:

    Еј едит: Јас многу имав коментари во врска со тоа, некои далеку полоши од се што прочитав овде. Ама отпрнав бе, кој ги шиша ^_^
     
    На Carolin., Fenix05, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Дај ракијата :D
    Ааа забравив да кажам,ем дојам ,ем и узо пијам,не во исто време де..
    Ама за дезинфекција мора...1 чашка само на ден или навечер :hai:
    Е сега сум немајка,ама мн ме гајле.:party:
     
    На WhiteCat33, Carolin., Трагедијаупмм и 7 други им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.410
    Пол:
    Женски
    Корлатов брзо се трошел, да знаете :D
    На здравје, ќе купам и узо ако ти се пие во друштво (highfive):l:
     
    На Fenix05 и Bubce38 им се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Може и корлат од шипки ако имаш:D
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Женски
    Сите пробуваме со убаво да си го кажеме ставот, ама постовиве ми се we listen and we don't judgе, but actually I'm judging.

    Што и да мислите, не значи дека погрешно е спротивното. Постои опција нешто да е правилно за мене, ама да не е за друг.
     
    На LeL15, Fenix05, lovely91 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.410
    Пол:
    Женски
    Тај го неаме пробано
    Лоза земаме последен пат, а пред тоа од дуња и слива мислам :)
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    76.626
    Пол:
    Женски
    Секоја борба е ваша борба и затоа ќе си правите како што мислите дека е најдобро за вас и вашето дете. Среќна мама - среќно бебе! Нема што да се докажувате зошто ДА, зошто НЕ. Зошто ако фатите да се докажувате ќе дојдете до бесконечна дискусија :D Затоа не си го уморувајте мозокот со докажување во животот. Убаво е да учиме нови работи кои ќе придонесат подобро за нас и нашите деца, ама се што ќе правите да не е со нервоза и без волја... зошто па ќе речам и дека стресот и нервозата се најлоши и се пренесува таа енергија и на дечињата :) Е толку од филозофија од мене вечерва. Одамна ме немаше тука ама ете да се искажам и јас. И сум доела и не сум доела и дојам сега пак :D Добра ноќ :hug:
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    На Ананас ти е на акција..пробајте
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    23.410
    Пол:
    Женски
    Ејјј фала шо ми кажа за попусто. Тај уствари е првио шо го пробаме. Сеа ќе земам од кајсија :D
     
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.922
    Допаѓања:
    23.901
    Пол:
    Женски
    Ти и братучеда ми, во Германија е, сама со маж, едно 5 и пол годишно дете и близначиња (машко и женско) кои сега ќе прават 1 година, ни капка АД немаат пиено, 2те ги доеше ексклузивно, па сега болни беа сите женава нз како издржа. Засега не мисли на одбивање. Секоја ви чест на 2те, друга не познавам да доела близнаци толку долго.
     
    На Трагедијаупмм, ivi1987, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    Кажи мајка совет за помалку нервозен,помалку стресен живот со три дечиња,ти како поискусна?:D

    Еве ги болни и овие.Големата малку кашла и мрсули и оп веднаш и кај нив.
    Цел ден се кенкави,нит сакат саглам да јадат,само да цицаат...големата во свој филм,глава ми пука..ама ја знаеш таа реченица..ај ќе пораснат нема да се' така
     
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.135
    Допаѓања:
    5.668
    Тетрапак и ад, похранливи од мајчино млеко. Добро (y)

    Ко нѐ пуштија од болница со фамозната препорака да му давам дома по 15 минути од цицка, па ад, ко свртив декларација и прочитав палмино масло свеста ми се зеде. Логично фрлив кутијата, собрав сите перници по дома, фатив позиција и бебе во раце по цел ден.
    Од него ништо не ми беше побитно, во депресија ќе паднев да не успеев да го дојам, а не дека косата ми била мрсна, не сум излегла надвор или имам вишок кг.

    Ако сум се фатила на оро да го раѓам, ќе го чувам ко што кажал Господ. И бескрајно сум му благодарна што ни даде сила и на мене и на маж ми, заедно да го кренеме од 2500гр, пуштени дома со жолтица. Тој можда не му даваше шише млеко, ама првиот месец го чуваше секоја вечер, без исклучок, до сабајле, и ми го носеше на три саати само за цицање за јас да не се расонувам и потоа јас продолжувам од 6.

    Никад не сум осудила мајка што ради х причини решила да дава ад наместо да дои, немале поддршка, имале притисок од страна дека им плачело бебето, немале добар педијатар (или имале од овие што викаат исто е со тетрапак), ама од друга страна толкави небулози се имам изначитано на форумов за доењето и мајчиното млеко, тоа бабиве поише знаеле него ние сега со достапни информации со еден клик.

    Доењето е најздрава опција, најлесна (може не од старт, ама од 3-4 месец апсолутно), ко ќе плачеше, веднаш, во истата секунда се смируваше на цицка, нема нишкање до бескрај за заспивање или ко ќе се разбуди преку ноќ. Настрана што е економична.
    Плус намалува ризици кај мајката од карцином на дојка, оваријален канцер и други хронични болести.

    Го доев 2 години и 2 месеци, да не бев со работна позиција ко што сум можда и ќе го оставев сам да се одбие.

    Мене ко ќе ме прашаа до кога планирам да го дојам, голем бил, им одговарав лабаво
    “До прво одделение” 8). И тука застануваше дискусијата.
     
    На mama31, WhiteCat33, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  20. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    10.027
    Пол:
    Женски
    И јас сега добивам коментари од леле уште ги доиш,абе дај шишето не се мачи,уживај малце...
    Важи нема проблем,како кажеш ти...
     
    На MeowMeow, ivi1987, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.