Фрлаш се што не чини и те нервира (тука и луѓе спаѓаат) Се шалам иначе, незнам и јас кај терам.. ама среќни се децава, личиме сите на луѓе. Арни сме
Не бе ич не осудувате. Бокс ќе и мавнела на другарката, зошто и рекла не сакам да дојам 24/7. Луѓе во светот со сурогат деца раѓаат, ко теткици за доење се фатиле. И ради пиење ракија да прекинала некоја доење, нејзино си е и има право. Балканчето колку и да еволуира не може и не може да не се замеша во туѓа ствар.
А бе сите во рефератите имате реченица “не судам на никој што дава ад”, ама цел пост во темата ви вришти од осуди за давање ад од разноразни причини.
Што убаво си го протумачи примерот, браво ај ќе ти нацртам тогаш Не беше муабетот да не сака да дои 24/7, него сака БЕБЕТО ДА НЕ Е ЗАВИСНО ОД НЕА. Што и по секоја цена си го праи другаркава - шета по молови по пијачки, родендени секој ебан ден..кој стаса и го рани детево мајка и, сестра на маж и, маж и, брат и и снаа и. И јавуваат дека многу плаче, да дојде побрзо, она вика Е де, шо му е работа нека поплаче. Такада доењето е најмал фактор у све ова ама океј.. Се надевам останатите разбраа
Не се сложувам дека хранењето на бебето треба да е избор на мајката. Па побогу, телото ти е создадено биолошки и природно за такво нешто. Цела една еволуција. Од постоењето на светов. Фасцинантно е дека некој сеуште се напрега околу нешто толку фасцинантно. Ад постои, значи првичната основна намена му е, кога мајчиното млеко не е опција од Х причини, да го замени. И фала богу на тоа, оти постојат и ситуации кога и тоа млеко е најдобрата опција пред било какво животинско или билно. Ама толку го популаризираа, толку маркетинг му се прави, толку го форсираат што е ужасно како е станато толку лесен избор. Нормално, фармацијата си работи. Ова. Не е проблем доењето, ниту бебето, ниту комшивката што леле леле прашала дали доиш. Проблемот е во сам себе. Во она што ти дошло се премногу оти не си спремен ментално. Од очекувањата што си ги имал. Што тешко се прифаќа дека некои работи нема да ти се секогаш под контрола и така како што посакуваш. Ама се тоа е во ред, оти животот и светот по бебе значително се менува. Во тој момент е така. Понатаму пак ќе се смени ситуацијата. Раатот апсолутно нема цена, се додека не му ја ставите. Што е следно? Ќе форсираме сурогат оти никој нејќе да изгледа така како што се изгледа во бременост? Па кој сака отоци, препонски болки, контракции, отежнато движење, толкав стомак, крварења, стресови, некогаш бед рест цели 9 месеци? Дајте со сурогати да почнеме ко така. Или таа цена сеуште ни е малку поскапа, ама ова што е поефтино одма ќе го прифатиме со сите земни оправдувања. Сакам да ви кажам дека бубачките си ги носиме во себе. Сега е доењето, после ќе биде нешто друго, па трето, дур не ги прифатите работите околу бебе какви што се во моментот и дека нема ситуација што трае вечно, секогаш ќе наоѓате очекување што ќе ве разочарува и што ќе ве фрустрира до пукнување. Телото мое, не очекувам дека веќе ќе биде целосно мое некогаш. Ама вложувам во тоа тело, за да ме служи уште долго за да ги служи и сите што сум ги родила. Оти телото мое ќе им биде комфорт уште долго. Мене и ден денеска телото на мајка ми ми е комфорт. И едвај чекам да ме погали за лице и сите болки и немири да ми ги истера. И не е тоа жртва. Престанете да се доживувате како жртви за своите деца и ќе стане полесно. Тоа е само улога кога стануваш родител. Ништо за паѓање во несвест. Жените тоа го прават од самото постоење на светов, ама ете денеска е некако “претешко”, се е премногу “жртва” и некако по малку се преминува во само јас, јас, јас. Поише од пола од оние што одлучиле да дојат ќе ви кажат дека ниту се пронашле, ниту нешто особено уживаат во тоа, едноставно ја прифатиле улогата и сфатиле дека нема да фрустрира нешто што ќе го прифатиш за моментална ситуација која е само привремена. Жалосно е што немаме соодветни лактациски клиники. Што скоро сите доктори уште во родилиште те испуштаат со препорака за ад. Што има само еден човек и само во еден град може да ти дојде дома и да те подучи. Ама од друга страна 9 месеци е доволно време да се информираш и спремиш ментално за повеќето предизвици.
Нема што не се кажа, во кој крајности се замина, алал, ама ете. Кај мене доењето дојде лесно, иако во болница бебе беше на кислородна подршка, ми надојде млеко, се молзев, му го даваа. После дома го фативме редот и се' на се' релативно лесна доенечка приказна што уште трае. Мене ми беше форсирањето на АД уште на испуштање од болница, иако имав доволно млеко. Па, така малку шејмање кога се опуштив да го дојам во јавност, па да сум се покриела, да сум носела молзено или па оти да не носам АД за надвор. Па чувај боже да се пожалиш дека бебе станува често, ете, научено да заспива на цицка, што не му даваш АД барем навечер, сигурно е гладно... Тоа е па другата страна на парето, ете, за најприродната работа. Секој си знае за своето, не сум за доење по секоја цена, особено не по цена на здравјето на мајката, ама дека на првата пречка се фаќа патот на помал отпор заради комфор, раат, спиење и сл. и тоа е точно.
Добро ајде за прво сите сме неспремни и светот ни е наопачки. Зошто пишувате дека и за второ сте чувствувале притисок (не доволно добри, да не барам да цитирам). Како се повторува ова, кога веќе го имате поминато?
Абе поголема глупост нема ни да прочиташ некаде. Или муабетот 21век било зашто форсирање на доење, епа ај ад ќе форсираме. Во ова време како што не знаеме што јадеме и пиеме, какви хемии користиме, сигурно кутијата не треба да биде прв избор. Пак ќе речам, секако има исклучоци кои мора да даваат ад и тоа е ок. Јас бев во болница 2 недели, бебе имаше бактерија и ме тераа таму на одредено време да се молзам само да му даваат од моето млеко бидејќи е јасно колку е здраво, тоа што бев мртва уморна тогаш, а и сега кога ќе се сетам ми е најмалку битно, бидејќи успеав иако бебе беше тие две недели на интензивна нега и не беше со мене. А кога си дојдовме дома… прво го пресоблекував, па го мерев со сува пелена, го доев, па пак го мерев и ако немаше цицано доволно му давав во шише од моето молзено. Па прашајте дали имав време за да паѓам во депресија или мислев само како да ми биде живо и здраво бебето и да ми качи на килажа за да потпорасне бидејќи беше предвремено родено. Прашањето доиш ли кога имаш мало бебе е сосема нормално, барем мене никогаш не ми сметало. Рандом луѓе никогаш не ме прашале вакви прашања, не знам кај ги наоѓате такви да ви поставуваат глупи прашања.
Да нејќеш да доиш за да може да поспиеш и таткото да го храни извинете ми е бед . И да себично е. Од секакви други оправдани причини секако дека се проаѓа и се е оправдано ама не ми се верува дека на некој може ова да му е причина. @1209 се убаво си кажа , ама кој сака да сфати
Не, прелошо е што глупости од типот кравјо и ад е исто со мајчино се пишуваат, а читаат трудници и жени што планираат бременост. Кој ви го кажа тоа? Доктор? Или самите си правите филм во глава за да ви е полесно на душата? Ко примерот со познаничкава, да шета, да пие, да искача како да не постои бебето. А има само 3ипол месеци, искрено прежал ми е. Не плаче од глад, пошо ете не дои го хранат, плаче за мајка ама невермајнд...и уште ова. Да, најпротив сум за поделба машки женски улоги и обврски, ама да му ускратиш на бебе нешто најдобро за него само затоа што ИМА И ТАТКО, НЕКА СТАНУВА ОН ДА ГО ХРАНИ НАВЕЧЕР ЈА ДА СПИЈАМ, треба да ви фали нешто у главата. Сори нот сори. Да, јас дојам некад и 15 пати у ден, ама маж ми готви, усисува и раскрева низ дома. Се ова, не по штета на син ми за ја да рамњам улоги овде. Блам. @Dennings у исто време сме пишале истото хахаха
Исто како оние што даваат ад осудуваат па и ти кажуваат дека е 21 век, пошто сите што доат се заостанати.
Апсолутно не сметам дека тие што дојат се заостанати колку тие што дојат сметаат дека ние што даваме ад сме себични. Јас се откажав од доењето после 10 дена испис од болница. Имав само малку колострум, а ќерка ми имаше жолтица и вриштеше на града од глад, а кога беше најадена спиеше и не влечеше воопшто. Можеби со повеќе упорност ќе ми дојдеше и повеќе млеко и ќе успеев да дојам после неколку месеци комбинирано, ама не сакав и немав мерак. Ко што вика Бубче не се пронајдов. Ниту мене ми влијаеше психички добро енормниот притисок од околината ниту јас на бебето му бев мајка туку робот без емоција. Себична? Можеби. Битно детето не ми е гладно и јас се ослободив од егзистенцијалната криза во која западнав со 24/7 плачење. Никоја жена кога останува бремена не бира како ќе се чуствува после породување и како одредени работи ќе и влијаат на психичкото здравје, особено па не за прво дете. Едно е да читаш на интернет и да се едуцираш, а сосем друго е во пракса. Се сложувам дека мајчиното млеко е најздрава опција, ама не е единствена и не треба да биде.
Мислам дека барем за еден месец би можеле да продолжите со обичниот Аптамил 1 pronutra. Која е причината што пие комфорт?
Малце ко љубоморничка да си, али ајде. Па и ја да имам ќерка ќе зеам ќе и го причувам, нека искочи кај сака нека оди. Подобро него наапана и огорчена да етикетира која каква мајка е.
Хахахахахахаха леле ај важи.. Наапана да, зошто упорно пропагирате нешто што не е нормално и нема никад да биде. Не е мајчинствово правосмукалка па да еволуира од метла до робот. Се знае каква треба и каде треба да биде мајката. Едно само ќе ти кажам па ти процени кој каков е Уште 100 пати би си го вратила најубавиов период од мојот живот, овие 7 месеци скоро. Претешко ми е што ќе тргнам на работа, и иако парт тајм на 2 мин од дома. Да можам, вака би терала цел живот. Од мене толку, нека те проценат другиве П.с ако толку ме анализираш и мислиш што да ми вратиш, барем наеднаш пиши си или редактирај..може нема да те прочитам.. Оо сега читам нагоре, па ти се сснуваш на секој неповикана..добро е, не е у мене проблемот Заобиколи ме
Тресеш глупости во глобала, а ова е форум и ваљда смеам да реплицирам на туѓа небулоза? Навредуваш жени што не дојат како стрина, ја оговараш другарка ти по молови шетала. Заобиколи ме и ајде ноќта е долга. Имаш како да ја искористиш на најубавиот начин, остај не нас себичните да се наспиеме раат.
Аман бе.. Прво 100 страни дали е правилно мајката да седи дома и да чува дете или да оди на работа, па уште 100 имаше за дали е у ред мајката да оди на службен пат недела,две и сега на ред е доењето. Демек не судите а и тие и тие судите. Не дојам, пробував, месец дена живеев со пумпата, млеко нема па што и да направев, изедев, испиев исто беше. Сега да ми е овој памет ич нема да лупам глава, ад одма и ајт а не да се расправам и со маститис покрај трауматичен пораѓај од кој среќа и двајцата извлековме жива глава. Ова е само мое искуство и мислење. А и да, многу ми беше убаво што можеше секој да го причува и нарани(сега веќе и си јаде) за јас да одморам или да завршам нешто и баш ме заболе дали некој ќе рече дали сум неарна себична и остало. Како и да е, тие што доите, супер, не сте заостанати или не знам што се не се изнакажа побогу, сите знаеме дека е здраво тоа за детето. Дојте до кога си сакате, никој нема право да ви кажува што и како. Тие што не доите, исто супер, истото и за вас важи од било која причина и да е тоа недоење. Сувишно е да се каже да престанат више овие осуди и јадење една спрема друга зашто пак ќе се најде некоја тема за докажување која е подобра и попожртвувана мајка.
Не знам како свое искуство и личен пример е лична навреда за некого ама добро Не знам само од што си толку исфрустрирана, дали од сама себе или од околината што сама си наметнуваш/ти наметнуваат работи..па наместо со нив тука на форум се препукуваш со сите.. Ништо, ајде ние заостанатите оговарачки да легнуваме полека..бебево спие од 8, ќе стане во 4/5, господ се смилувал на некоја и од нас простите гледаш? Не реплицирам повеќе..ми нема поента..добра ноќ имај/те
Не сакав да ти реплицирам да не се разврзува темава оти е многу сензитивна али баш си дрска. Коментаторот за мој ќеиф не дојам да не си растураш раатот е чиста себичност штом така размислуваш свака част. Тука има жени што се молзат по пола саат за неколку милилитри. Веќе не ти реплицирам се гледа дека си исфрустрирана од доста работи па и од доењето. Поздрав.