Тема одмори: уште од сега се мислам колку уморена ќе се вратам после цела недела со ќерка. И колку пати во тек на одморот "ќе се разведеме" со маж. Апдејт за неколку месец. @1209 и останатите, споделете испробан рецепт за банана леб. Од домаќински муабети.
Abe ti si najpametna. Se izvinuvam, stradna majko, po 20 pati so cicka vo denot. Moite na formula na ulica rastea znaes Komshikata im davase mleko. Pozdrav.
Само шо тргнав да го пишувам истото, не ми се читаат овие муабети по 100 пати. Едните ќе имаат едно мислење, другите друго и тоа е. Да се утепаме едни со други не бива, не е културно а тука се културни се имаат собрано Кафана, секс, одмор - Се сакам Годинава само ќе се сексам изгледа. Го терам мм да почнеме со реновирање вчера. Сакам да живеам во хаос, ме пали
Јас повеќе како мафини ги правам ама исто е. 2 банани, 2 јајца, една чаша брашно отприлика, едно пециво, цимет, сега веќе и малце ванила ставам. Блендам се освен брашно и печам. А ставам и малце млеко или грчки, кога како.
Значи ми иде да почнам да пишувам во 40ка, тензија почна темава да ми прави. Јас резервирав одмор ама одмор нема да видам, ај големава ќе се заигрува ама мали ѕвер ќе е годинка и некој месец во фаза на проодување, мамата ќе ни ја ...... Во кафана бев завчера, а негде излезам децава се збудалуваат. Бебе се затна, сестра му се лигавела, плачки двајцата. За секс ќе видиме ако не сожалат децата да заспијат порано да не заспиеме со нив ако не да сме живи и здрави ќе си ржеме по дома
На темс секс на одмор, топло препорачувам смештај со посебна спална. 2 пати така бевме, и пак планирам така летово со две деца. Нека си ја делат спалната они двајца, јас и маж ми ќе си уживаме на пуштен кауч
@LiquidLuna , какви планови сум имала за реновирање. На HGTV да ми испозавидат. Е како стаса ѕверов да се качува насекаде, да лупа кај ќе стаса, одма викам седи си, не вреди. За некоја година ќе активираме.
@Miss_S https://pedijatar.mk/retsept-na-denot-banana-leb-koj-ostanuva-svezh-so-denovi/ Секој трет ден го правам, само путер од кикирики додавам. Бебево уста не затвара: бубуууу, ајдееее, гегееее, што ти не Се си мислам мал е ама изгледа цел на мајка му Пробав да дојам, не успеав, најважно е да е жив и здрав. Бременост, пораѓај, доење, религија и некои други такви теми секогаш носат несогласувања па се трудам да ги избегнувам. На крајот секој одлучува што е најдобро за себе и своето дете.
Јас ко почнувам да ржам одма знам шо ми фали Епа и ние тоа чекавме ама кујната почна да протестира. Аспираторот умре , шпоретот е на инфузии, фрижидерот ми е мал И сега викаме да средиме наеднаш оти нервен слом добивам влегувајќи во кујна. Па уште и Софија ко ќе влезе да "готви" ми се плаче.
На тема реновирање ме потсетивте. Имам машина за перење мала, 45см со горно полнење. Имам замисла малку да менуваме нешто во вц па да се ослободи место за голема од 60см. Постои ли машина за перење и сушење во едно, ама со горно полнење? Сфатив дека многу ми одговара во споредба со класичната врата напред.
Кога зборите за секс, имајте на ум дека не сум имала од мај 2024 година во бременост ми беше забрането, после немав ни желба, со мешлакот па ич до 40та недела. После тоа дојде породување со царски и бебе и еве уште се немаме сефтосано иако од доктор сум cleared to go.
Па зошто е тешко и исцрпувачки. И можеме да се жалиме кога е тешко, како и со секој друг наш избор, на пример сме одбрале тешка професија која не исцрпува, но ни носи задоволство, сепак, како човечки суштества можеме да се пожалиме, без тоа да значи дека сме жртви. Бидејќи сами сме го одбрале нешто, притоа свесни за тешкотиите. Ама, жртва? За што жртва, за детето кое го сакаме најмногу на свет? Малку да се смени наративот, наместо да гледаме сѐ што правиме како жртва за детето, може да го гледаме како акт на љубов. И од лична гледна точка ме нервира многу ова „жртвување“ посебно ако се држи над главата над детето, кое, како што реков, не ни побарало да биде родено. (И не го кажувам ова лично за некоја членка овде дека го прави, не се пронаоѓајте. Освен ако стварно ова го правите, тогаш да се преиспитате.)
Не знам дали постои со горно полнење ама никако комбинирана. 4 години ја имам, 10 пати мајстор доаѓал до сега, катастрофа жива. Само нешто се запушува зашто нема филтри за одржавање на сушарата. Толку ми здосади што послесново расипување си купивме засебна сушара во кујна сум ја аканала. Што чекаш жено?!
Исто и јас од мај ништо, серклаж, ризична бременост и од старт знаевме дека штом останам бремена нема ништо. Маж јуначки издржа до 40 дена, после оди кажи му не
Чекам бебево да заспие еднаш на друго место освен врз мене за да можам да се пуштам во акција. Не се издржува веќе. Мајка ми ќе ја причува викендов некој саат да излезам со маж, може ќе свратиме до другиот стан малце. Се осеќам како во швалерај да идам, а ќерка ми дома ја оставам.
Исто, имав дозвола после 40 дена, пробавме еднаш, многу некако како суво и чудно хахах. Ама гледам некој пиша нормално било од пролактинот. Ќе треба да се подмачка. А искрено немам ни желба.
Јас немав желба првата година воопшто, ретко имавме. Ама и мм е со хронична болест и некако и двајцата бевме безволни за секс, сега е скоро 2г, имаме еднаш месечно можеби +-, сеуште немам желба за повеќе. Он изразува желба за почесто ама има и разбирање. Немам проблем да го задоволам на друг начин, јас едноставно сеуште немам желба. На почеток долго време сексот ќе биде поболен, бидете спремни на тоа и набавете подмачкување и трепние.
Надвор од темата, денес видов една девојка во аеродром кај 7ца со зелена maxi cosi, ти да не беше? Одма на тебе ми текна.