Пред пораѓај сум и цело време мислам на секс Ме боли карлицава, се распаѓа, ама не знам зошто сексов ич не ми смета. Ептен се ми е интензивно. Со првото не сакав да го гледам на крај, мислев ќе го задавам, сега па како напален тинејџер сум. Да искористам сега, после со растечените цицки и рани не знам кога ќе ми се присака. А он па се плаши. Мекуш.
А денес временцето какво е преубаво, ја изнашетав ќере, едно 12000 чекори имам направено. Количкава и корпата максимално искористени. Па на кафе си седнавме на сонце, јас кафе она млекце. Милина. Нова бфф имам.
А мојот дека сфатил дека имам забрана 6 месеци за односи после царски а јас му кажував дека не смеам да вежбам до тогаш? напатено сирото 9 месеци трудна па 6 месеци отпосле чека а јас зборни пушти водичка тој бега од мене јас викам ете не ме сака веќе. ТОа да се плашел сиротиот за моето здравје Дајте предлози за Грција со посебна спална, моја топла препорака Имерес студио во Полихроно. @baguf4e нааааајубавииитеее денови се пред вас. Шетање па бебе заспало во количка кафенце па ручек сама тишина сонценцее мераци
Ниедна мајка не сака да чуе дека е себична иако сме многу свесни од кои побуди донесуваме одредени одлуки ама со сите сили се трудиме да ги оправдаме иако некогаш не оди па тука се јавува агресија . Мислам дека во денешно време не постои мајка која доела а не паднала во искушение да даде АД што заради големиот маркетинг, што поради муабети како дај му шише ќе спие, дај му шише нека спие со тато баба…. Ние помладите генерации малце повеќе си го цениме сопственото газе да ми извините само нејќеме да си признаеме . И се нешто ни фали. И само ние сме мајки и само нас ни е тешко. Сите сме го прошле тоа и сите го имаме истото чувство. За жал недостига едукација на тема доење па и во глобала на тема бебе, а и моментот дека повеќето млади парови сме оставени сами на себе сите бегаат од заедници, помошта е драстично намалена од таа што било во времето на мајка ми, сите сме во некаква трка по кариера и пари и тоа што не треба страда. Детето треба и мора да биде приоритет , нашите желби и може да почекаат.
Логично дека да. Не може нешто што е имунолошки инертно (АД) да биде исто со имунолошки серум (да не набројувам каква имунолошка палета обезбедува мајчиното млеко, меѓудругото). Ама џабе се докажуваме овде, за некој што не сака да прогледа нека биде исто, not my circus not my monkeys.
Доените деца поминуваат полесно? Ма како да не, се е индивидуално жени, го доев до 1 година, живо болно беше и еве се уште е, 4 години се бафтаме по болници зошто се живо има фатено и прележано! Нема правила!
Пробај нешто како адаптација во градинка, постепено подолго и подолго да го оставаш. Ќе се навикнете со тек на време и времето заедно ќе ви е поскапоцено. А верувам дека пак ти ќе се грижиш за него. Облека, витамини, нокти, бањање и сл. обврски ќе те чека кога ќе си дојдеш од работа
Дали ако ти влезе шајка во нога ќе трчаш на инфективно да примиш антитетанусен имуноглобулин? Или ќе каснеш нешто рандом да ти помине? Јер исто е. https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC9016618/ Btw, не ќе постоеше имунологија ко наука ако целиот имунитет се засноваше само на доење.
Верувај тебе ќе ти е потешко отколку него. Факт е дека колку е поголемо повеќе разбира и повеќе ќе те бара ама и ќе разбира. Секако прво спреми го дека ќе одиш на работа да може да му купуваш играчки ,нешто што сака и сл. Првата недела ќе е потешко нормално после како поминува време се полесно ќе биде
Јас да споделам дека толку ми е ретардирано уморен денов шо си се затворив у кујничето шо го ругав погоре да пијам кафе у тишина. МАМА фазава ме премори. Кога завршува? На 18? Ми се дере да седнам до неа, а јас на 12цм оддалечена. Не сум ни метро. Ама вриштењеее ко на улица да е оставена
Јас го меркам Тунис за јуни ама не спомнувам пред мм, се мислам каде бе со дете од 20 месеци ама истите цени по хотелине низ грција се... па вака барем Тунис ке му ја летнам Само еве немам храброст, а сите што сме оделе на шетање кога ке ги потпрашам каде, грција та грција
Што треба за да извадиме пасош на бебето? Си се закажува термин и треба само двајцата родители да сме таму присутни? Извод од матична книга?
На тема секс ќе се пријавам дека после прегледот на 40 дена од врата му се фрлив на маж ми, ќере не почасти со спиење во релаксатор саат ипол, мислам дека се преродив После тоа уште неколку пати од кога ќе заспие во 10ипол навечер со последните сили ама тоа е, снаџи се па живи. На тема реновирање.. кај да почнам. Се сакам да сменам во станов ништо не ми се свиѓа зашто првично беше наместен за издавање. Прц место е, 44 квадрати немам место во кујна ручек да направам. Ми се одмили и месење и кифлички и мафини и се кога немам место да се свртам во кујна. Бараме нов стан за купување и ништо не ми се инвестира во станов а и ништо не ми се свиѓа во меѓувреме. Многу сакам да си уредам по мое ама тоа ќе почека. Од друга страна, оваа мајка почна со програмата на Ана за после пораѓај, јас вежбам маж ми ме исправа како правилно да ги правам вежбите и чува бебе, после он оди да вежба јас чувам бебе и така. Весело
Како да не, поминуваат полесно... Од каде ти е таа информација? Еве јас сум од 3 месеци хранета со разредено млеко свежо од на баба и дедо кравата. Прв пат антибиотик пиев во живот сега на 29 год, поради маститот... Прв пат боцната на 17 год поради воспаление на слепо црево... Плуг ми има паднато на подколенца од 350 кг, со тоа остриот дел и само вдлабнатина на коска ми направи, никаква скршеница не сум имала во живот. Да не се урочам... Така да океј, доете/не доете до кога сакате, правете што сакате. Ама не солете памет дека сте нешто НАЈвредна мајка ако доете, дека жртва правите поголема, дека нашите деца што се на АД ќе бидат со потешка клиничка слика болни, или не знам ти што. Аман.
На тема секс, најсмешен ми беше во 9ти месец. Посебно на крајот, веќе беше повеќе како обврска хаха, дека пукнав со мешето и сакав што побрзо да излезе бебето. Инаку, не ја знам причината, ама после пораѓај имаме многу почесто односи отколку пред забременување.
За муабетов, внуката доена до 2години. Секој месец е болна, со антибиотици од 3 месеци. Значи доењето и разболувањето/здравјето немаат врска. Мм антибиотик има пиено прв пат на 29год жолчката кога го фати. Кажува свекрва ми дека многу лесно поминувал болести како дете и бебо е сега на него, еднаш има пиено антибиотик, и мислам дека немаше потреба ама ај тогаш не мислев арно со главава.
Моево ќе биде година ипол... некако не ми се ризикува долг пат дестинација затоа сум за нешто ултра блиску. Дури на мм му реков одма тие првите десно од Солун зошто зимово Боровец скапо не чинеше рикверц на 3ти ден...