Јас и мм 13 години бевме во врска пред да се земеме. Првите 4-5 години беа пик во сексуални активности. Кога ќе ми текне што се' сме правеле... Еднаш пиени после свадба, тортоп бевме направени. Не ни се сетив дека сликите од свадбата не ми се дома утредента, се' додека не ми се јави директорот на комуналното дека луѓево од комунална хигиена ни ги нашле сликите на багерот во дворот таму. Ги отвориле, и на сликите јас и мм, и зетот и невестата. Лелее, и тој директорот имаше кажано после на другар на мм, не пукнаа од зафркавање. Луди глави. Сега креветот е најдобра опција. Комоција.
Мене сабајле ќе ме секса кичмава, бебе е затка не може да спие легнат морам да го држам исправен да спие, се гуши сиротиот. Ние со маж ми сме 18 год заедно, од средно. Сме направиле километража ехеееее за цел живот да не држи, па не се жалиме сега многу што заретчивме откако ги имаме двајцава ѕверови.
Ај ај, ја пушти мушицата пола му ја удрија на нај јако. На депресијава како тргна и мене ќе ми се присака.
Подигни му душекот на бебе. Еве ја и мојава е иста. Со плачење се разбуди што беше со секрет. Пола го голтна де од рикање, нешто извади. Дигнав убаво душекот, да помине ноќва само. Утре ќе ја однесам да ја слушне педијатар. Викенд иде, барем некоја насока да ми даде.
Го дигнав синоќа, за џабе пак се гушеше, само скроз исправен е ок. Правосмукалата ја рокаме по цела ноќ, комшииве ќе мислат неарни сме. Бевме прееска на педијатар носот само, ништо нема. Сестра му секој месец вака го средува со вирусчиња од градинка.
Ние сме заедно 3г, поточно во април 3 правеме. Касно се најдовме хаха, и по една година прстен, па регистрација, па бебе. За секс ич не ми текнува, немам желба ни по 8 месеци, ни во овулација, ни пред циклус. Во бременост имавме, ама при крај ептен никакво беше со толкав стомак. На одмор ми се оде преееемногу и едвај чекам лето. Цела бременост ништо, 3 месеци повраќање и инфузии, додека се оправив, контра смени бевме, маж ми работеше и саботи, после ме фати ишијас 2 месеци, па ешерихија со температура 39.6 и додека се оправив стасав 8 месец, едвај дишев оти голем стомак и така си лежев и гледав серии цел мај и јуни. После бебе мало, ние изгубени, уште за шетање бевме... Октомври бевме 3 дена во Охрид и стварно убаво ми дојде промената. Ова лето здравје Турција. Да мине роденден на синко и крај на јуни фаќаме чартерот. Грција не ја сакам и никогаш повеќе не би отишла таму. Бев еднаш 2014 и се немам вратено. Брат ми малце паничар, абе каде со мало дете, летови, трансфери до хотел, мало ќе е 1г. Му реков јас одам па што сака нека биде. И тука се грижам 24/7 за него, и таму. Јас не сум плашлива и не мислам така. Ќе одеме, ќе одмореме и ќе си дојдеме. Бебуш заспа, мајка му дреме на Фемина, утре ќе стане во 6, едвај ќе се освестам.
И ние планираме Турција, да ти кажам искрено некако ми е малку страв ама па јас сум била со внука ми 10 месеци, со др брачеди деца 1 куп немаа проблеми само што ноќта завршува малку порано за нас а денот рано почнува
Туку мајки, каква ви е љубовта со вашите сопрузи после бебе? Го сакам секако сопругот ама па мн приврзана за синко. Дури и кога ќе легнеме стално му вртам грб на сопругот. Мора да сум свртена кон малиот,не знам некогаш ми е жал само синко синко. Мислам го запоставувам мн.
Абе нема што страв 2 пати бевме како пар, Аланија и Кемер, полн авион деца, колички... Во Кемер 2023 во хотелот имаше едни Босанци, со бебе, може околу 5-6 месеци беше. Ништо, кажав јас на мм, или таму или не одам никаде. И да убрзаме за јуни оти јас до септември немам трпение ( инаку првично септември беше во план)
Не сум многу активна на темава а и општо на форумот повеќе ќе разлистам а поретко имам време да пишам мислење. Еве ова мислење којзнае кога ќе го постирам Ама за темата доење не издржав да не пишам. Доев 2 и пол години, скоро ја одбив. И да јас бев таа што пред бременост и општо кога бев девојка, доењето не го сакав. Tој чин ми делуваше одбивно. Ама како и за многу други работи што рекле кога ќе станеш мајка ќе видиш, така и за доењето. откако осетив на своја кожа го сменив мислењето. Ќере беше страствен цицач и имавме убава доенечка приказна, нормално и ние имавме падови но мило ми е што издржав толку. Сега кога мислам на тоа не се каам воопшто, зошто се поминува и се забораваат и непроспиените ноќи. Година две трае тоа потоа ќе пораснат и спремни сме за нови поглавја И не знам зошто личности што не успеале да дојат даваат коментари со кои излегува како да се правдаат за тоа и одма со коментари да го нападнат и "оцрнат" доењето. Мислам во ред е не сте успеале и никому ништо која е потребата да пишувате коментари во стилот: будала бев што се трудев, сега што раат сум. Му доаѓа дека доењето е измачување и мачилиште. Кој сака нека дои кој не сака не мора, не знам зошто толку го напаѓате доењето. Модерно време И ако доиш над една година одма те етикетираат ко ненормална. И не зборувам за стринки и баби. Туку за млади мајки што до скоро доеле па децата им потпораснале. И од нив коментари ма што уште цица лелее што ќе и е, нема корист млекото. Давај ад. Зошто сега у лето и даваш на топлово од стоено млеко цел ден у градите, расипано е. Зошто никој не пишува за придобивките и дека секаде у свет препораките се до 2 години да се дои. Само овде треба тајно да доиш после една година за да се поштедиш од глупи коментари. Или некоја мајка да рече јас не успеав да дојам ама сметам дека доењето е навистина добра работа за бебето, самата природа и овозможила на мајката да има млеко за да го нахрани сопственото бебе. Туку повеќе се гледа да се оцрни доењето а да се оправда ад млекото. Нејсе, секој со свои одлуки. Ама пазете како и што пишувате ве читаат и идни мамички што под влијание на хормоните и да сакаат да дојат ќе се откажат. Среќа па има и добра инспирација на темава од @Yowannty @Kolache na mama @LaDyDoLl @lackygirl @Autumn Love @kristina.k , @RainBow и останатите што заборавив да ги означам. Ми бевте инспирација на тема доење. И сакам да ви се заблагодарам Тука спаѓаш и ти @1209 ама ти се породи после мене. Па се надевам ти ќе бидеш инспирација за некоја идна мама.
Da ne pogoduva , 2 nedeli se utepav od placenje zasto nemam mleko i jasna doagase i svasta piev i dzabe a veruvam deka i drugi bile vo vakva situacija zatoa ne pametuvajte . Baska nie sto odime na rabota nemozeme da si go priustime toa da dois do 2 godini kade sto pak osuduvate deka e bitno do 2 god da se doi . I aman veke so gluposti. Koj sto saka neka pravi
Јас мислам дека е доста ова пишување за доењето.Ај крај. Што убаво се пишуваше за секс. Имено 9год.во врска,16 во брак од кои 12 год.без деца,секс имало,имало,имало...Сега секако немаме мн.време,па не ми е баш многу криво што е реткост. Биче боље ајде ќе пораснат,па на стари години ох ох
Ене се расправав со мм, плачела плус од правосмукалката. Викам епа да се дави ли во мрслули бре. Ми се качи притисокот од него.
Жими се маживе се да ги фирли човек од прозор. Плачел оти му чистам мрсули, плаче оти му давам сируп, е морам што да правам да се доразболи ако не, епа нека плаче де ке му помине за 2 минути. И мене ми е мачно 3 пати денеска по 2 различни сирупи да му давам. И да му чистам нос 272772 пати, ама за негово арно е. Иначе има коментари детево мрсули куп е, затоа кашла. А да го носиме пак на доктор како да не е смирен со кашлањево а? Ко ја да не знам и сеа он треба да ми каже. Кога е настинато детево он е поголемо дете.
Ме полуде цела вечер. А не сфаќа дека откако ќе извлечеме мрсули, ќе спие поубаво. Добро утро! Немам спиено ни 3 саати, ќе протераме денот некако.
@1209 @LadyR @DELFINA81 не си можите со нас од 2002 сме заедно нормално немавме секс од 12 год, ама се бројат и тие години така деца првите год само ќе се бацневме после 16год беа акциите затоа сега одмараме а кога само малку поќе би сакала пак би имале секој ден Тешка ноќ имавме, малово плачеше нон стоп и само в раце сакаше да спие, мислам дека од 3ките е, го измачија и никако да пробијат @BellaBibi ама какви 3 сати, ни толку не ми се собраа.
Дај рецептче од тортава ? Мм мора да е на здрави исхрани па барам нешто алтернативни благи. Секс исто се нема ,јас бремена он со интервенција,сакаше ама не давам лоша сум море сакам и јас ама ми е страв да не му се закомплицира нешто
Прв пат да слушнам некој повеќе од мене да е, јас од 15 год ама ти убедливо водиш. Ние годинава 18 год заедно правиме, измеѓу раскинувањата не ги рачунаме, а имаше неколку пати . Да не се жалам на смени поспав, не континуирано ама врзав 5 саати сигурно. Од сабајле избришав прашина, да се живи и здрави марамициве Глос и изрибав вц набрзинка. Од кај ми е енергијава еве не знам. Кажувајте ако имате саглам жена за чистење, со мојава се скаравме. Денес петок, спремни за умор викендов. Да се погоди времево викендов да го носам надвор двајцава, да пивнеме кафе на раат со маж зашто не се трпат дома цел ден. Денес ми ја кројат судбината на работа. Ме бараат во друг сектор, шефот не ме дава, директорот на другиот сектор не попушта и така, па ќе состанчат како да се функционира. А јас како да им кажам дека БАШ МИ Е ГАЈЛЕ што ќе смислат, МЕНЕ НЕ МИ СЕ ВРАЌА