Леле муабетиве 21 век сме?! Демек, модерно време, уште ли со доењево?! Запрашајте се вие зошто се уште (во 21/ов век) се нарекуваме цицачи? Ако не знаете, вратете се во основно, па повторете ги лекциите по биологија! Свашта!!!
Мм мислеше дека мозокот ќе и го извадам со правосмукалката Вие полнолетни станувате Јас со тој на 15 шо го фатив доста неславно завршив. Со мм сме скромни 6 годинава заедно А тебе шефот не те дава, мене шефот да може ќе ме продаде Срцка е, со сите ме дели. Треба на друг сектор - LUNA CAN DO IT После тоа LUNA WHY THIS IS NOT DONE? За на мајка ти...
Леле зш ме врати на љубовта од 15 години, ропак!!1 Со мм сме 13 години заедно, го запознав само 2 години после ропакот Шефицата моја има побарувања како за 5 шефици и ми пишува на 5 различни канали на слак, не можам крајот да и го фатам. Хаотична ама е срце, не се лути кога ќе заборавам нешто. И да не сум офтопик зошто темата е мајчински муабети, отсабајле ќере ми удри еден тантрум од 40 минути, ме ресетира на фактори сетингс.
Мајки изгледа на нашите маки со нејадењето засега им дојде крајот. Цела недела еве јаде и бара уште, проба и нови работи, не ги јаде ама проба, што е голем успех. Со маж ми се гледаме и не смееме да речеме да не го урочиме. Не знам што беше проблемот, веројатно забите, штом пробија сите веднаш се случи промената. Малце барем од оваа страна ми олекна дека стварно не знаев што ќе прават со мм за хранење кога потенцијално би работела. За дечковци, искрено јас од многу мала имав дечковциМислам не дека тоа се дечковци со бацување и седење у влез ама сепак. Пред мм имав 4јца Инаку бев многу популарна меѓу спротивниот пол, многу додворувачи имав и подоцна кога стапив во врска со мм, сеуште имав многу кои ми се пуштаа без да знаат дека сум во врска. Врв беше пред некоја година, кога на шанк каде што работеше мм, млад дечко ми пушти пијачка преку маж ми Секако дека ја испив пијачката и со мм ден денес се зезаме за тоа. Ама јас заслепена само маж ми и никој друг. Млад ум, да имаше некој да ме освести добро ќе било. Не од аспект дека не ми е ок што сум завршила со маж ми, него младоста е за живеење, а не за да ја поминеш со еден човек. Иако реалативно бевме слободни, не сме биле ниту заедно опседнати еден со друг, секогаш излегував со другарки, дружби, пијанки, на факс бев сама во друг град, проживеав и имав весела и слободна младост, ама ми фали искрено да пробав и со други мажи, вака со еден кур у гроб ќе идам како што тргнало Ама добар е и со овој не сум за жалење Ако нешто ми недостига е да бидам млада и убава. Може површно е, ама не мислам од аспект само на физичка убавина, него како бев полетна, свежа, енергична. Секако дека со секоја доба жената има различна убавина, ама онаа у 20тите е дефинитивно незаменлива. Мислам дека и мене моментално ми фали физичка активност, ама едноставно немам енергија за да решавам повеќе проблеми наеднаш. Прво да ги решам финансиските и работните па ќе се фокусирам на следните. Ми се чини некако дека до сега се во место тапкам, ептен се осеќам заникаде.
На цело не спиење и мака со бебо, ме изнасмеа Со мм сега во јуни 12 години заедно ке славиме од неполни 16 сум со него. Пред него се што било тоа не може да се нарече дечко искрено, тинејџерски глупости и јас така некогаш мислам кај се остаив со еден маж цел живот ама па од друга страна знам дека не би можела да верувам на друг како што му верувам на него. Не знам и утре не дај боже да се разделиме јас не би верувала некому вака. Он ако направи нешто за да изгубам доверба во него, во никој повеќе нема да верувам. И мислам дека тоа е една клучна работа што многу ја сакам кај него и кога да сме имале расправии некако секогаш на крајот се наоѓало решение, иако многу пати сум мислела еве ова е крајот готово, сепак ме било така
Јас дојдов да се жалам, мртва болна сум и се плашам дека и малото ќе се разболи од мене. Утешете ме дека не мора да значи. страв ми е.. Легнав во кревет да одморам и одма мама мама да стане, да бегаме накај тато, мама да те гушне главата ми пука, температура, ужас... Среќа што си дојде супермен од работа и ме спаси, отидов да пишувам тестамент а он вика ти додека не ми дадеш уште едно дете никаде не одиш. Постов каша попара, одам да дремнам 20 мин power nap.
Пуштам среќа да не фати бебе. Јас настината ли, синуси ли ми беа незнам, уште се оправам, ама еве ја бебе затната, мрсули за извоз. Влечеме мрсули, прскаме спрејче, па на толку да остане.
Моето ниту еднаш не е разболен од мене, а јас секој месец сум болна. Впрочем до сега бил само 2-3 пати болен, ништо сериозно. Не се сеќирај. А и да се разболи ќе му помине, ако го доиш особено мислам дека нема, зошто велат дека се префелаат со доењето во момент на болест антитела или така нешто.
Леле јас пред 2 дена, ноќта. Сега си се смеам тогаш не ми беше до смеење. Имав треска, па повраќав и после фати се да ме боли: - умираам, се ме боли, коските ме болат, зглобовите ме болат, месава ме болат си цивкам во 3 сабајле мм: - да да, еве ги идат да те земат, ке се отвори бела порта светла една, одма ке те приберат Дами, маж ми, кога и да ви треба и не треба ке се обиде да ве насмее
Имам две рецептчиња. Едниот е баш здрава верзија, другиот не е баш најздрава, ама е перверзија. Ќе ти ги пишам утре во текот на денот во порака.
Ај добро утро Ми дојде вака инспирација по сабајле, па да ве прашам, колку информации се премногу информации за растењево дете? Од форум, Инстаграм, околина и сл. се осеќам дека потфрлам на секоја можна страна. Претпоставувам е синдром на прво дете кога пробуваш да направиш се' нај нај, ама реалноста е сосема друга главно оти секое дете е различно. Од бременоста до сега се туку заследувам такви профили за родителствување, оти нели може ќе ми се најде , ама заглавив во некој вртлог на развојни игри, сензорни активности, Монтесори и цело време чувствувам притисок да правам нешто, да го стимулирам бебево, правам сензорни ќеси со грашок , а реално бебево со едно пластично шише игра по пола саат, а ете сега додека го пишувам ова го седнав на подлога до завесата и ја мафта, си игра, јас кафето на раат. Ама зошто има факинг курсеви за се'? Секоја една работа, вештина и слично се монетизира, а не сакајќи, некогаш маркетингот ќе те прелаже. Или јас сум лекомислена, ете не знам. Слушав курс за исхрана кај бебе, реално ништо конкретно не научив, звучеше како преискористена семинарска на студент по нутриционизам, ништо специфично. Паѓате ли вие во замките на модерното мајчинство?
@Hinebrra , не дека не сум потпаднала под влијание на социјалните мрежи во врска со одгледувањето на моето дете или да следам скокови и чуда или не знам што ама курс за ништо не сум уплатила. Ни имам толку вишок финансии, ни имам вишок време за тие работи. Ќерка во изминатите 2 години поминала низ 300 фази, ако земам за се да читам и да си барам објаснување или да плаќам нешто, кај ми е крајот. Внимавав на исхраната т.е на воведување вкусови. Повеќе се ангажирав околу зборувањето и тоа што јас си имав направено филм дека малку зборува и разбира. Од маркетинг побрзо би се излажала некоја играчка или гаџет да купам отколку се останато. За паралела - професионално имам посетено многу курсеви и сите се по ист тертип правени што ако се пронајдеш арно, ако не, никому ништо. Верувам така и за овие за деца. Освен ако не е индивидуален пристап и комплетна анализа на твоето дете и баш за твоето дете нешто направено, може, а може и не да функционира.
Читав во бременост со првото дете многу. Имам и многу искуство пред да имам свои деца зошто од 13-14 години сум чувала братучеди, од бебиња буквално. Се случува побарам нешто на интернет, ако е нешто поспецифично најмногу сакам студии, статистики. Ама курсеви не сум посетувала, пари имам дадено само за книги за тренинг за спиење. Една докторка што ја следам на youtube вика "we do the best we can with the information we have", и гледам да се водам по тоа. Ако мислам дека немам доволно информации, ќе побарам повеќе. А за повеќето мајки нормално е да се осеќаме дека не знаеме доволно, и сметам дека сосема нормално е да бараш да сознаеш повеќе. Маркетингот работи на темава, дефинитивно, ама за среќа повеќето информации се достапни бесплатно.
И јас мислам дека е нормално да бараме информации. Само да не се опседнуваме. Секое дете си е различно. Нормално ќе прочиташ што е добро за неговиот развој и ќе пробаш по нешто. Нешто ќе упали, нешто не и тоа е. Јас па слушав курс за самојстојна игра за големиот. Од очај што беше постојано залепен за мене. И сфатив дека што и да правиш, не можеш многу да промениш ако детето е такво што сака цело време внимание. Второто си игра скроз само, може и по цел ден да си игра со се', а ништо од курсот не применив на него. ОК е, многу интуиција, малку и информации, и go with the flow. Мене па ми е несфатлив оној друг екстрем од мајки што ништо "модерно" не ги интересира и си тераат ко што си пораснале тие, ко шо праеле старите на времето. И тука имаш "е како да нееее, авокадо манго глупости. Ние со леб намачкан со сало пораснавме па еве ништо не ни фали."
Јас во принцип читам проверени информации, студии, статистики....среќни сме што живееме во време кога се' ти е достапно со еден клик. На маркетинг не можат никако да ме фатат, зашто инста немам, а на фб ваљда не следам такви работи, па не ми ни искача ништо. Мене лично тренери за спиење за бебиња, тренери за родителство, тренери за јадење за бебиња итн итн ми се страшно интелегентни луѓе кои успеале нешто природно да го продаваат и добро да го уновчат. Јас во мојов живот апсолутно никогаш не би дала денар за вакво нешто. 100 евра да ми каже остај го да поплаче бебето. Боже ме сачувај. Па бебе е, тоа му е работа да не спие, на 100 бебиња, 1 спие. На крај краева се' е достапно онлајн бесплатно, зошто би ги плаќала тренериве?! Да се надоврзам на @LivingGlam за храната, баба ми Бог да ја прости кога виде дека просо и давам на ќерката, прво нешто што ми рече што му даваш на дете, ние кокошки раневме со тоа .
200 евра мама, 200! Можда и поскапено е сега и тоа Инаку таков тренинг никогаш не пробав, колку и очајна да бев/сум. Тука веќе си ја следев интуицијата. Можда и не е правилно така зашто еве малото уште се мачи и не спие а за мене веќе да не зборувам. Ама ако гледаме така ништо не е правилно, и се' е правилно, и така. Просо, хељда, амарант, се' тоа на некои им е чудно и неприфатливо. Од тоа се' дадов, од се' што имаат придобивки нека јадат. Големиот уште си јаде хељдичка, редовно е на мени дома со мисиркино и брокула. Ако одиме така не треба ни банани да даваме, бабите наши виделе банани и мандарини ко биле бебиња?
Читав ептен кога останав трудна, па останав и дома, додека да се породам имав исчитано и за исхрана кај бебе и таму некаде до година знаев што како треба да се дешава од прилика. Никаков курс немам посетувано. Реално и многу пријателки околу мене имаа деца пред мене па и од нив прибирав информации. За исхрана многу коментари имам добивано од сите, ја мислам сум единствена што дава просо, хељда, арманат во мојава околина ама зошто да не давам? Кога знам дека е здраво. Знаете со каков потсмев ме имаше погледнато пријателка? - "Хељда? Арманат? Ај бе дај му леб и павлака и раат, што јадеш ти и он." Не дека се замарам не ми е гајле што зборат. Сите правиме најдобро што знаеме за децата. Штом јас не ви се мешам што давате леб и павлака, што ми се мешате вие мене? За поголемиот дел од работите гледам како мене ми одговара. За спиење за спиење многу читав на раб бев да барам помош да се враги во креветче ама не сака бре, а знаев дека нема шанса да го оставам да плаче и да заспие така да пробавме секако најубаво спие со нас на спална па нека спие бе. До кога ке спие? До 3години? До 5? Секако ке сака после да спие сам, што се тие години во спореба со цел живот негов, а и мој? Штом он се осеќа убаво и сигурно, зошо да си скратувам и мој и негов сон. Стануваме барем наспани сите. За баби, дедовци ич не коментирам нивното поминало. Сум им кажала ке почитувате што кажувам и како го воспитивам, не мора да ви се свиѓа. Јас знам како, да не знам ке прашам не ми е срам да прашам. Ама сигурно нема да му дадам чоколадо за да го поткупам прво ручек да јаде па чоколадо. Ни па сокче и чајче да пие од 2 месеци. За сеа добро се држиме,ке видиме понатака. И да, на играчки паѓам и алишта ах алишта, еден куп имам за уште 3 деца минимум ама тоа е посилно од мене