Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.504
    Допаѓања:
    9.414
    Да се убацам со големото искуство од цели 15дена мајчинство. Американското Ignorance is bliss многу пати се докажува на темата гледање дете, особено ако превртите по фб групите кај што даваат мед на цуцла на 1 месечно и вода од грав на 4 месеци. И тие мајки се истите што ќе ти кажат ти па што се замараш до толку.

    Читав и читам, ама само релевантни извори и на теми што се најбитни. И курс за трудници си платив и ми даде некоја спремност. Патронажна ми дојде дома после 2 недели, што ќе ми каже кога веќе е 10пати бањато и 100пати пресоблекувано и цица бебето? Свекрва ми последно има фатено бебе пред 15 години, не доела, страв и е да ја држи малата, па дури и мене ми вика повнимателно да сум ја држела:rofl: Од нејзе не можам да добијам информации. Мајка ми има друго внуче и попресно и е искуството ама си има и она некои заостанати сфаќања.

    Тешко е златна средина да се најде, да не забегаш со читање, ама мене информираноста ми дава спокој. Така за доењето сите ми викаа што се замараш од сега, природно ќе ти дојде, па не ми дојде природно, дури 12 дена по раѓање почна да цица бебето со ужасна упорност и плачки од двете.
     
    На lackygirl, WhiteCat33, Hinebrra и 10 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.420
    Допаѓања:
    108.216
    Пол:
    Женски
    Имам многу читано и читам, ама не осеќам дека потфрлам ич. Фала богу растат во здрави и среќни деца. Курс да платам па да ми каже некој што да правам, шанса нема. Добив достап искрено до 2 курсна бесплатно, не е дека не беа од корист, ама не е дека тие работи не ги знаеме, може само да не сме свесни. На Мама.мк курсот за трудници е многу добар, исто и на Наташа за доење, тој па мислам најмногу ми помогна зошто првото не одеше. Ама да платам не планирам, особено за курс за спиење или за како да игра дете само, шанса нема. Зборам за мене, за мојата ситуација, може има мајка кои ја сметаат таа вештина за важна и ќе платат, јас не.

    Ден први од вкупно 9 сами дома, ќе изгинам поштено! Ама маж педерски, ми уплати една недела со малото на планина и мисли се извлекол со тоа, абееее... Малото ко за прв ден ултра бесно и лепенка, ама ќе се издржи. Откажав одење на роденден пошто ми е искрено страв од вирусиве, недела дена сами дома, ќе пукнам ако треба и да ги носам на лекар одозгора.
     
    На Dennings, lackygirl, јolene и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Извини ама и те како битно е мајката да се наспие. И не мислам да се преспива до пладне ко во луди млади дани, ама солидни 5-6 саати некако да врзе. За да функционира наредниот ден. За да биде подобра верзија за своите деца.
    Извинете што чачнав едвај запретано жарче ама не издржав да не се изјаснам на темава. И уште нешто. Подобра одлука од тоа и сопругот да учествува во хранењето на двете деца (со мое измолзено ама и АД да било, whatever) не сум направила.
    That being said, мајчиното млеко е незаменливо и никогаш не би ја спорела неговата супериорност. Но исто така никогаш не би ги искористила епитетите и фразите како “себична” или “си го пази газето” за мајка која решила да не дои/мајка која одлучила да го вклучи и таткото во хранењето на бебето :) Тонот на осуда е непотребен. Истото важи и за другата страна на “дебатава”
     
    На Feniksgirl, Aschenputtel, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Не плаќам курсеви за бебе чување. И не сметам на тие страни за родителство со една ударна реченица за родителство што ке те заинтригира па да ги заследиш. Така билдаат публика и заработуваат од тоа. Мислам дека после фармација тоа е втора профитабилна индустрија која функционира на основа на страв на мајката за бебето да не заостанува со развој и желбата на да направи "посупериорно" дете.
    Мислам дека сите тие медиуми и бомбардирање со инфо ти ги отупуваат сетилата и интуицијата и можеби сосема ненамерно ти ја рушат самодовербата.

    Си го гледам бебево, го следам, ако нешто отстапува ке забележам. Одбдруга страна гледам за што има интерес да не го кочам. Мислам дека курсевите продаваат или фини зборови или техники (ако имаат конкретна содржина) а бебе не е математика. Не ми оди да правиш се правилно "на памет" научено.
    Уште ја дочитувам книгата на Монтесори " Absorbent Mind" за развојот на бебињата. Ама наоѓам повеќе време деновиве. Такви предзнаења сакам да имам, се друго е веќе моја креативност и карактерот на бебето во какво дете ке порасне.
     
    На mama31, LadyD, Hinebrra и 7 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Чинам со ова сензори игри, па ти монтесори, па стимулација па бла бла бла веќе.

    Читам да, многу. Се информирам за исхрана, за развој на говор, за рутини итн итн... зависно од која фаза сме во моментов.
    Ама овој наплив како сега, ко да ако не му направиш на дете сензорна играчка, нема да ги развие сетилата.
    Ок си е.
    На крај краеви се му е сензорно да дете, и земја фаќање и во вода шлапкање, и тепих галење и паркет лижење. Апсолутно се' оти тек ја запознава и осознава околината. Дали ако не му ставам грашок или грав во ќесе, ќе порасне. Се разбира.

    Јас работите малку од друга страна ги гледам. Да и дозволам да ги користи сетилата, да не и ги задушува инстинктите.
    Само еден мој пример, не ми скокајте ве молам пак. Не давам екран, за да се концентрира на се друго наоколу. Да го слушне секој друг шум, да ја занимтрига да погледне околку неа на секој глас што ќе го чуе.
    Надвор смее се да фаќа и секогаш..нека е -5, ако не сака да носи ракавици и сака да фаќа камчиња, ок е. Ќе смрзне, ќе знае дека е ладно.
    Смее да ја наврне дожд, да оди во вирее, да си дојде цела кал дома иако претходно била чисто облечена.
    Фаќа песок, од бебе што ме знаеше уште ни да стои ја оставав да си игра во песок.
    Природата околу нас нуди доволно сензации, не морам дома екстра играчки да изработувам. И онака сме во фаза што дома ништо не е интересно.
    Вчера чистев кујна, во сите фиоки хаос и свашта напикано, милион играчки извадив, само од нејзината фиока кај што смее да си игра, ништо. Чиста и средена ни еднаш не отворена. И така.

    Единствено би сакала само да можам да препознаам подобро кога не и е добро, да знам точно што и е. Ама за тоа ваљда требаше друго да студирам. Сега малку прекасно е.
     
    На mama31, LivingGlam, strelec231992 и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на ова, мене прво дете ми е, гледам играчка ваква по Монтесори, методите на Монтесори... со ова книга таква врска со играчките што ми се рекламираат не најдов. Пак искомерцијализирана работа. Не значи дека не се добри, но не се неопходни за правилен развој на детето.
     
    На Carolin., Трагедијаупмм и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Па да и тоа. На амазон се рекламираат милиони играчки како по монтесори педагогија, а врска нема. По ментосои е да го оставиш дете само да се заигра со стапче надвор, отколку готовите ментосори играчки што чинат ѓавол ипол.
     
    На lackygirl, Carolin., Hinebrra и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Да баш така е, да се заигра со тоа што ке најде.
    Ме зачуди дури и креветче и соба за дете по Монтесори (???). Божем Фенг шуи е. Врска нема.
     
    На Carolin., LiquidLuna, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Па што не кажете дека е монтесори дете само да се заигра со што најде?!?!
    Значи јас сум најмонтесори што има давам со пластично шише и калапи од мафини да се анимираат :lol:.
    Најнова играчка за бебо, четка за коса...ЛУ ДИ ЛО, цела салата измезивме дур се занимаваше :D
     
    Последна измена: 22 февруари 2025
    На Dennings, Emy867, Mother of 2boys и 12 други им се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.715
    Допаѓања:
    10.508
    Пол:
    Женски
    На мојте најнова играчка е,старата четка за заби на дада им,се испотепаа кој да ја докачи..тој држ..таа држ..:D

    Го има ли тоа во некоја книга,чисто да знам да кажам на друга мајка?(facepalm)
     
    На lackygirl, Emy867, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Од Монтесори нели бои да учи, да сортира, да складира, преубаво било капачки од шмукалчиња да се собираат. Не викам дека не е тоа убаво, ама не упали кај моево дете.
    Е се арно, собра оваа мајка 100+ капачки. Ќерка ни с од сортирање. Ни по бои редење, ни по не знам што. Јас извади капачињата, таа сите зад кревет. Фрла и се смее.
    Не мора да речам дека сите завршија неславно во канта. :D

    Битно си дојде еден ден од градинка и ко од пушка ми кажа дека чорапите и биле зелени, шишето црвено. Не дека разликува којзнае колку бои. Цели 3-4 знае ама битно не ги научи со капачињата, а јас изгубив куп нерви.
     
    На lackygirl, Mother of 2boys, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Не, најмонтесори е да стајш дете на маса или под, да му ставиш тоа дрвеното виножито пред него, да исчистиш се наоколу и да земеш телефонот пред него и да го местиш во совршена поза и да го споделиш на нет :D.
     
    На DaisyDoo, LadyD, Emy867 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Првото дете го растев во многу "нормално" време. Немаше Инстаграм, немаше ука и бука за курсеви, Монтесори и чуда како сега. Учев за доење од сестрите во болница (златни беа и многу ми помогнаа и ме научија како треба, дури и за исхрана за мене добив совети за да нема грчеви бебето, па од тие совети трите ми беа без грчеви). Дома патронажната што дојде, златна жена, од А до Ш све ми кажа и покажа, советите си ги применував и за второто и за третово. Иако и патронажната за второто и третото (истата беше) ме извади од "кал" зашто имав проблем со дојките, со раната и со висока температура.
    За останатите работи со педијатарката. За исхрана и се останато со неа се советував, и тоа беше се.
    Совети од баби добивав (цуцла во мед, вода од прв ден и ред други работи) ама ништо од тоа не применив, само аха, важи и толку, за да нема дебати и убедување.
    Сите три некако исто ги чувам и растам.
    Се водам исклучиво по нив, зашто еве ги, три се и сите три се различни (Едно спиеше во креветче, другите две не. Едно сакаше цуцла, другите две не. Второто само се заигруваше, првото сакаше постојано друштво, третово кога-како. Едно јадач, друго нејадач, трето на периоди. Едно сака точак, се пентари и е авантурист, друго поплашливо и посмирено, трето пргаво и тек допрва ќе гледам што сака и така до недоглед).
    Најмалово некогаш ќе се заигра со играчки (ќе ги растура и вади од корпа и кутии, ќе ги разгледува) ама и тоа е нешто :D ама најчесто ќе се заигра со врвката од мојот дуксер, со обична пластична чашка за една употреба, со пластично шише (ќе ја вади лепенката или ќе пробува да го отвори капачето) или ако види на столче алишта профи ќе ги растури на под :D Или кај баба му си игра со шах, големи се фигурите и си ги реди и бутка па пак од почеток.
    Зимава видов дека песок му е интересен, си седна и си го фаќаше и си го буткаше во усте.
    Нека сум "заостаната", ама терам така од прв ден како станав мајка и сметам дека тоа е најдобро за моите деца.
     
    На Dennings, mal.ecka, lackygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Не знам за активности, може има и таква. Во оваа книга што ја читам зборува општо за развојот, како да не го попречуваат возрасните со тоа што му "помагаат" на детето. На пр ако пешачи споро да го носат во раце или количка, или да не се валка па не се игра во кал и тн. Мислам мнг е поопширна од ова, почнува од ембрионаниот развој... мене ми е преинтересна.
     
    На Carolin., Kitanova77, Fenix05 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    834
    Со среќа и опуштено. Немој долги разделби и плачење сабајлето, насмевни се како ништо, осеќаат. И кога ќе си дојдеш поминете квалитетно време заедно да надокнадите. Ќе биде се океј.

    Е ова е баш Монтесори, истражувањето на природата :D
    Ама се слагам комплетно, и исто правиме и ние. Нека осети и ладно, и мокро, и кал. Во граници колку е безбедно секако :)
     
    На mama31, mal.ecka, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Или кога дете може и сака нешто да проба, ама ние го кочиме поради нашиот страв.
    На пр. Малата може да се качува по скали, како така си помага со раце, а татко и упорно ја носи :D. Или преска во парк не ја пушта два метра од него, ја следи или леле кал на раце имала :D.
    И на јадење исто. И знаете што, од него бара по цело време да ја носи, да ја крева, да ја храни. Кај мене не.

    @kozuf со цитатот зезнав нешто, не ми излезе ко што треба :D
    Е ова е баш Монтесори, истражувањето на природата :D
    Ама се слагам комплетно, и исто правиме и ние. Нека осети и ладно, и мокро, и кал. Во граници колку е безбедно секако :)[/QUOTE]

    Знам дека е Монтесори, повеќе одев во правец играчки кои екстра се рекламираат како Монтесори.
    Или влијанието дека си лоша мама ако не изработиш дома играчка. Па не го мотивираш доволно и сл. Почитувам многу од Монтесори педагогија ама не спроведуваме се по неа.

    На почетокот и јас бев несигурна и мислев ако нешто не и дадам екстра да се стимулира, не правам доволно.
    Секоја чест на мајките кои имаат време и желба да прават, на пример имаме една членка што многу ја поштувам и има супер изработки за првото дете. Ама тоа го прави оти е желба и ја релаксира. Не да се докаже дека е најмајка.
    Сваќе :hug:. @lackygirl
    Сакав и јас, ама време никако немав. Ако требаше да инвестирам саати да сечам и лепам, ќе немаше време за да направам да јаде. Без помош толку е. Нешто на брзинка сум правела, нешто немало ефект, нешто супер се заиграла.
    Па со трезна глава си размислив и си велам, еј чекај. Ова е и ко се од новото време. Притисок од сите страни. Кочи.
    Нам не ни нудеа сензорни игри, па еве пораснавме и развивме сетила. Остај дете да си ужива и јас да си уживам со неа.
    И друго децата како растат имаат потреба од различни дразби и тоа е ок. Треба да се најде рамнотежа меѓу модернито и природата.
    Не можам да речам еве мое дете ќе си игра само со дрво и камчиња, оти кога и да одиме во дуќан на секаде има разни сензации. Книги што свират, светкаат играчки, пеат мечиња. И тоа е ок. Значи некоја рамнотежа. И повеќе да се прилагодиме на дете.

    Кога готвам и месам, и давам да фаќа тесто. Нека искуси и таква структура. Ама екстра само за игра се уште не сум и приготвила.
    И давам и грав да претура, ама и кукла што има звуци.
    Ќе тргнеме негде, јас сум замислила да одиме во парк, а она сака да си игра и скока од тротоар на улица и да стои пред гаража. Ок нека си игра ако не брзам никаде и немаме обврски. Што сака нека прави.
    Нормално нема да ја оставам да смрзне надвор. Ама да фати, смее.
    Не сакаше хаубата за дожд од количката да ја користи. Плачеше пискаше. Ја оставив еднаш да ја намокри, нормално за кратко, сега веќе не се буни.
    Не сакаше ракавици, и смрзнаа раце, сега кога и е ладно не се противи.

    Со прво дете сме сите прилично несигурни и лесно е да подпаднеме под влијание на сите трендови околу нас. Нели оти го сакаме најдоброто за нив. А уствари интуитивно ако се водиме, се ќе биде во ред и сите ќе сме посреќни.
     
    Последна измена: 22 февруари 2025
    На Трагедијаупмм, LiquidLuna, Lady Miami и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    @јolene , за стравовите на маж можам роман да напишам. Со мене пешачиме и по цел километар со тоа што ретко бара во раце или ја кревам само за прометна улица да поминеме побрзо.
    Се уморува, не дека не, бара некогаш во раце ама се поретко.

    А сме со маж заедно, повеќе од пола пат е во раце, што од негов страв, што користи дека двајцата, што е запната јас да ја држам.

    За храна да е до него, уште ќе јаде каша од тегличка оти нели не може да се задави со тоа. Инаку комплетно ми е префрлена на наша храна. Само ако имам пржено месо/колбаси, таа јади посебно. Останатите манџи, посни, мрсни, си јади исто.
    Утрово имавме дебата зошто леб и џем сум и дала да јаде. Органски, без шеќер меѓу другото. Не дека во градинка не и даваат намачкано лепче.

    Се е опасно меѓудругото, од се може да се повреди. Веќе мислам ми е смачено да го слушам муабетот. Прифатливи играчки за маж се само синтетички мечиња. Во неговите очи само тие се безопасни.

    Едит: изнакупив чичак точки, за да правам домашни играчки, да спојува ќерка форми, фигури, бои. Од сето тоа цел ден само со точките игра и си ги лепи на стакло.
    res_0063ee79b8915661c7aaf1d95cf005f8.jpg

    Овие се тие
     
    Последна измена: 22 февруари 2025
    На LizzyGrant, Fenix05, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.895
    Допаѓања:
    45.244
    Пол:
    Женски
    Јас најнемајка ќе испаднам.
    Играчки дома(активности) правев три пати.
    Еднаш направив демек домашна кал да игра со колите, за 2мин калта беше на земјата, легна во неа и се направи целиот лом, теписонот стана кафеав што морав на перење да го носам, и не можев мрсно од паркет да исчистам со денови.
    Тесто му правев и уште игра со него, тоа беше многу успешно. Друго што правев е место да купувам боенки, најдов на нет еден куп лајнворк слики и испечатив, имам преку 100 листа за боење и многу си играме со нив.

    Јас инаку сум дома еве 2ра година и пак не можам да најдам толку време за да го анимирам постојано, а и напорно ми е искрено.
    За мене забава е да излеземе некаде.
    Откако е роден постојано се шетаме неколку пати на ден, лето, зима нема веза. Летото го поминавме во двор и базент и црево, гол беше цел лето надвор. Јас сум ептен искулирана мајка, а и мм е таков.
    Детето буквално се му е дозволено(што е безбедно нели) и секако со граници.
    Ако сака благо јаде благо, ако сака цртан гледа цртан, сака да се шлапа во вода, важи, сака да бои со темперни цел ден и тоа важи.
    Сака да се качува на дрва, нема проблем, сака да се шетаме вечер во 9 и да заспие надвор и тоа може.
    Скали, кревети, маси, на се му е дозволено да се качува, да готви со мене исто, на пазарање да става во корпа, и тоа може. Ако сака сокче во кафич, му давам, денес изел две лижавки, ништо страшно.

    Шлапа на дожд, оди и без капа, без шал, ако не сака да носи не мора, ама научен е веќе и знае дека е ладно и сам бара. Бос трчал низ дома, нека трча, се откажувам и го оставам. Повеќе е бос него во чорапи.
    Си признавам дека не сум од тие мајки што имаат живци за активности и такви работи.
    Не дека ние не правиме ништо заедно, ама не вакви работи.
    Обично читаме, сликаме, гледаме филмови(цртани), шетаме, правиме кули од коцки и од хартија и играме со топки и коли и свириме. Детето е страшно музикално, имаме гитара, хармоника и тапан, свири и на клавирот често. Се гледа уште сега дека има слух за музика, постојано бара музика да свири и тоа не детски песни, слушаме и рок и блуз, џез, техно и рап, на се игра и тоа на секоја музика има различни потези и ритам.
    Боите ги научи преку сликање, буквите преку слагалици, бројките од тв. Збори како навиен.
    Претпазлив е и послушен и стварно на крај на ден не се осеќам како лоша мајка оти не го гледам по книга, детето знае и многу повеќе од што е стандард за негова возраст.
    Единствено што не ми се допаѓа што прави е што научил да пцува. Зборувам цело време дека е срамота и дека не треба да го кажува тоа, ама џабе. Кога прави нешто што не треба вика ебам матер, а во последно и ебам живите(facepalm)

    Јас сум виновна за ова оти несвесно некогаш пцувам пред него.
    А отсекогаш сум мразела кога деца ќе употребуваат вакви зборови, ама очигледно што мразиш ќе те снајде.
     
    На Giiirl23, Кронди, Autumn Love и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.717
    Допаѓања:
    98.614
    Ебам живите, ме изнасмеа:rofl:Враголан е опасен, го видов кај дечките на слики, се познава темпераментно детуле:l:

    И јас не сум строга мајка и не монтесори мајка сум, исто:D Не сум следела скокови, прозори на будност, само детето си го следев. Е за цврстата исхрана читав мн, признавам :)

    Како и на тебе, најбитно ми е да е прошетана барем еднаш во денот. Уште од нецели две години се пушта од високи лизгалки (не стојам до неа:wasntme:), седи на земја, игра во песок, порано мн сакаше да скока на спалната, супер, скокај:D, сака да ги бања куклите, пуштам топла вода во лавабото во купатило, ајде бањај, летото по цел ден играше со вода на масата, столот мокар, таа мокра ама лето е:D, ја имам оставано и во кал, од сите деца во паркот, она единствено си чучна убаво во вирот и само белките на очите и останаа чисти:D, ама битно немаше некој во паркот што не ми рече оти се валка и седи во водата, од бебе до 2 год беше зимо/лето боса, не сакаше чорапи, не инсистирав. Спиеше откриена, не дежурав по цели ноќи да ја препокривам, ама затоа па оваа година да има со се глава ќе се замота во ќебето:rofl:

    Не форсирам ништо, правиме тоа што сака... Деновиве на пр учиме шпански на Дуолинго:drunk::headbang::rofl: Јер македонски е за мали деца:rofl:
    Па кога треба да се изговори некој збор, на цел глас за маалото да не чуе:D
    Воглавно не е досадно :) Музиче е задолжително, со една нога влезена во кола и веќе наредува музиче да се пушти:music: Ужива да игра и да пее, има супер осет и за двете работи.

    Е за пцуењето, слушнала од татко и пичка ти материна, кажа неколку пати и и реков оти ако и се повтори, ќе плескам по уста:x
    И баш памперс и менував и пак она - пичка ма... И само и упатив еден поглед на тихи убица:bandit: и толку беше. Се нема повторено.
    Не сакам безобразни зборови и нема да дозволам тоа.
    Ах, и не дозволувам шкрбање со боици никаде, освен на боенка/лист. Ни ми се чистат шаренила насекаде, ни ми се варосува 2 пати годишно:$
     
    Последна измена: 22 февруари 2025
    На mal.ecka, LiquidLuna, Fenix05 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.895
    Допаѓања:
    45.244
    Пол:
    Женски
    @Emy867 јас сакам децата да бидат деца. Стварно сметам дека тоа што ние растевме од утро до вечер на улица е бенефитно многу за нас сега.
    Дете треба да е валкано, да јаде чоколадо и да биде дете.
    Па и да биде непослушно, мора да биде, тоа е правилен развој.
    Послушни и безгласни деца растат во анксиозни млади и со ниска самодоверба.
    Нека бидат бунтовни, забавни и гласни.

    Мислам да не се разбереме дека подржувам лошо деца, со тепање, непослушност за сешто и некултура.
    Мислам на онака темпераменти деца сакам, живи.

    Инаку и моево со поглед најмногу се воспитува, го совладав и јас погледот на родителите:D:D

    Моето е од тие деца што ги викаат уште на лустер се нема качено, буквално. Еднаш го најдов на фрижидер качен во 3те минути додека бев во вц.
    Некни од прозор падна, плачеше што плачеше, после намерно се фрли за да покаже на татко му како паднал.
    :x

    Ама послушен е онака многу, стварно.
    Буквално како со возрасен човек можеш да се разбереш. Ретко има тантруми, ретко има денови каде што цел ден контра ни оди.
    Лесно се залажува и можеш да му скренеш внимание. Луѓе сака, народ сака, нема проблем со било кој да седи, надвор никогаш ни нема избегано, никогаш не направил сцена за одење од некаде дури ни од игротека.
    Секое дете со свој карактер, битно да ги чува Господ, ние и у стаклено ѕвоно да ги ставиме, веројатно нема да ги упазиме.
     
    На Giiirl23, MeowMeow, WhiteCat33 и 9 други им се допаѓа ова.