Твојот качен на фрижидер, ама мојата па во фрижидер И тоа не еднаш... Поминав јас со неа мака со тантруми летово, доста беа јаки и чести, ама сега ги нема и е прилично разбрано дете, дрдорка и дружељубива. Леле луѓе, кога ќе излеземе од зграда до паркот имаме едно 5 мин пат, на секој еден знаен, не знаен се вика ЗДРАВО Колку луѓе останале така затекнати, а јас им се смешкам како зелена, шо да правам кога културна ми е момата
Е ова за фрижидерот е едно од работите кои ме нервира искрено. За тоа не е разбран, сто пати на ден сака да отворам фрижидер и да зема нешто од него или да прашува, шо е овоа, шо е овоа, а овоа Периодов цел ден ме прашува мама што правеш, одговарам и пак исто, по 100 пати во ден. Добро а фаза ли е кога не сакаат надвор да зборат? Моево збореше, па сега прекина, дома збори се, реченици, песни, нема проблем. Надвор ништо. Нем. Не е срамежлив, него не сака да збори.
Мал е, ќе се опушти таму накај 2.5 со непознати. Мојата името не си го кажуваше кога ќе ја прашаа, а исто не е воопшто срамежлива, ама затоа сега оди, седнува на клупи до баби/тетки, ги муабети, може и да им бркне во некоја ќеса ако имаат и така
Ова е тоа. И во кал да се извалкаат, и во снег да лежат, и прсти да им премрзнат, и во листови паднати на есен да се џиткаат. И да трчаат, и да се смеат, и да бидат гласни, едноставно да бидат деца. А вака или така, и бои, и букви, и разни текстури, све ќе научат кога ќе им дојде времето. Моиве и снег јадеа, и гаќите полни со есенски листови им беа од што се џиткаа, и од глава до пети утоп зашто се бркаа летоска кај прскалките за трева, а излезени бевме да шетаме лабаво Големата колку има паѓано Излегува од дома дотерана, на прва кривина колената масакр. Еден вир во цел парк го погоди, се испружи колку што е долга, мокра до гаќи. На крај ми рече дека не го видела Ми фалат многу некои работи, пораснати се и веќе друг правец фаќаме. Ама со најмалово пак ќе се потсетам Ова ми има заштедено многу пари. Ќе требаше само за боенки да работам едно време
@1209 јас надежни направив од оние ќесите со гел за туширање и светки?! Купив и огледалца, разни текстури... Ене ги стојат така, ништо од тоа не направив. Моето си игра со овошки на пола што се делат со чичак трака, со коцки дрвени, слагалки и сака да бои на блок со мрсни. Надвор имам кинетички во едни здели, има свој алат градинарски, има чизмички исто сите другар надворда работи. Исто ко тебе, не гледам дете нит по книга нит по правила, тоа што сака прави. Едино сметам дека спиењето мора да е во време точно ради градинката, друго ништо. Ете денес цел ден е на домашни вафли, суви ги грицка, нит гравче за ручек нит за вечера, ништо. За доручек изеде 2 јајца на око. Јаде и благо и гледа и цртани и игра колку сака и со што сака. Така го чував и брат му. Едино со брат му повеќе шетавме мислам. За зборењето и моето е такво, надвор или со други не збори, со мене уста не затвара. Не ми веруваат дека збори, тој кога го карам ми вика Тишена, немој викаш Мајио, пашам!
Јас уште така малку невротично трчам по неа низ парк. Не колку маж, само по малку Се си мислам глава ќе искрши некаде. Во игротеката во која одиме постојано веќе си игра сама, не трчам по неа. Дома кога сме сами, си работам јас што имам за завршување, таа или се вртка до мене или беља прави во другите соби ама генерално не ја пазам толку многу. Е за на игралишта уште немам страв надминато. Бар на тие неколку што ни се во близина. Исто не ја оставам сама во двор, на улица, за тоа ми е премала.
Јас сум изгледа едина мајка дете што нема однесено во игротека сем на роденден. Не сум била досега со малово ниеднаш, со големово имам одено еднаш мислам и се разболе и толку беше. Игротека не виделе освен на роденден. Не гледам потреба. Кога сакам кафе да испијам со мене и шљака шеќер или пие сокче.
Сакам да почнам една тема. Не е многу пријатна темава, ама одамна ја мислам и денес еден пост на инстаграм ме насочи да ја отворам. Денес ми излезе видео од инфлуенсерка која за жал го загубила своето 22м дете од несреќа дома, нема изјаснето како и што сеуште, ама за овие 5дена на профилот има преку 10 објави, слики од болница, слики од дете, слики од како се држат за раце со маж и, слики од донациите, слики од буквално се. И додека стварно разбирам дека секој жали на различен начин и дека некому ова е коупинг механизам, не можам да сфатам како во во такви моменти кои на ниеден родител не им ги поскувам, на мајка би и дошло до тоа да седи на телефон, да пишува реферати и благодарности, да слика, да уредува слики и да се мисли што да сподели. Надвор од секој ум ми е. Не е прва ваква мајка што сум ја сретнала на инста и секогаш ми било многу крипи. Мене детето кога ми е болно не ми текнува ни чаша вода да се напијам, а не да седнам на социјални мрежи и да правам 100 ријлови и постови на ден. До каде оди потребата да се сподели буквално се на социјалните мрежи, дали го прават за емпатија, за свое олеснување, за популарност, или нешто трето. Дали јас сум ненормална што ова му е тотално безвеза или? Крајност сум видела и слики и видеа од погреби на деца и стварно имам блокирано такви содржини оти ме вознемируваат и не ми е нормално родител во таков момент место да се посвети на фамилија он седи и составува пост за инстаграм. Мислам во ред да ставиш еден пост со известување, благодарност на сите за подршката ако толку сакаш, ама 10-20, секој ден додека си со детето во болница. Што мислите за овој тренд да не речам. Не знам ни како да го наречам оти безвеза ми е да речам тренд за нешто што е толку болно.
@AngelOfArh моево денес е на бонитоп, чизкејк на роденден и два мафини. За игротека два пати го носев ама оти моево многу сака да игра во тие топките, мајка ми му направи базент со такви топки и цело време ги збори, а не можам де кај неа фа го носам. Инаку и јас преферирам надвор. Ама па кај нас и еден парк е само веќе и он не му е интересен. Искрено и мизерен е, не само што не е интересен. @Miss_S и јас не го оставам сам во двор или улица, нема шанси тоа скоро време секако. Не разбира до толку. Мислам во двор може на секунда да земам нешто од дома, ама убаво е ограден нема кој знае какви опасности, сепак скоро никогаш е ова.
Незамисливо. Мн денешни трендови не се нормални, овој е еден од нив. Општо не сум била никогаш опседната со сликање/снимање, а не па во вакви моменти. Мене еднаш на јт од нигде никаде ми се појави видео со жена, се бори со рак во терминална фаза и ај го пуштив... Што да видам... Седнала, средена, само неколку саати пред да го испие апчето за усмртување, да им се заблагодари на следбениците Епа не можев да поверувам. Не дај боже да се најдам во таква ситуација, сигурно нема да сум бањата една недела, ќе квичам и ќе се тресам во ултра затемнета соба по пиџами, ќе станувам од кревет само за во вц, а не нашминкана да снимам видео за јт.
Немам одамна Инстаграм, ама на ФБ знае да ми улета некое видевце. И знам да се зезнам да го изгледам и да не можам да се соземам после тоа. Далеку од тоа дека ги осудувам, ама не можам да ги разберам. Се прашувам од каде силата и потребата од постирање таква содржина. Ама на социјалниве мрежи толку е све излезено од контрола, така да ништо и не ме чуди.
Јас не можам ни да ги разберам да бидам искрена. За жал бев сведок на загуба на дете во околината, неколку пати во мојот живот. Најдобрата другарка ми почина на 13г. Нејзните не можеа да зборат, а не да се фокусираат на нешто друго. Ужасно е, поужасно нема.
Не можам ни да замислам, не сакам уствари, не можам во глава да ги склопам тие слики. Имам изгубено другарка од градинка, уште ми е во глава нејзиниот погреб зошто беше многу мала а кај нас порано се погребуваше со шетање на сандакот низ цел град, како последна поворка, ја видов од прозор и уште ми стои таа слика во главата. Ми беше најдобра другарка во градинка, бевме цело време заедно, за раце фатени дури и сме спиеле, не сме се двоеле, на 5г почина од менингит. Нејзините имаат една слика од неа дома и сега по игра на случајност сме први комшии и кога и да одам плачам. Мајка и не и се верува дека се сеќавам на се. Нејсе друг ми беше муабетот. Имам другарка што објавува се така, од слики од гробишта со купишта играчки, до слики од болница од меморис. Вели дека така осеќа дека уште и е тука, има такво чувство. Објави слика и кога почина, 5мин после тоа. Зошто, не сум ја прашала, немам за тоа желудник. Она ги изгуби и двете од иста болест, за второто објавуваше, за првото не толку многу. Не знам, не ми е убаво. А сум човек кој доста објавува но тие работи се за мене многу. Кога почина татко ми објавив и секоја година во негова чест објавувам по нешто, ама он беше на некој начин таков, сакаше да биде во центар на внимание и бараше да пишувам за него на ФБ тогаш и сакаше да му читам што пишувале луѓето, најчесто кога му честитав роденден. Градски лик беше. Нема правило како се соочуваш со загубата, некој подоцна жали и во првиот момент не знае да се справи со тагата па дури и се смее, има луѓе кои зборуваат многу, има луѓе кои се затвараат во себе, има луѓе кои негираат... Нажалост овој онлајн свет стана премногу нападен и луѓето некако баш немаат филтер што објавуваат.
Многу убаво кажа се, се слагам скроз и го пратам тоа и јас, освен делот за интуицијата. Повеќе би рекла дека се водам по здрав разум него интуиција. Дека интуиција сфаќам како нешто што инертно го правиш без многу размислување, а свесно би размислила добро за некои работи. За мене барем, интуитивно ми иде да речам "ајде не плачи ништо не ти е" кога ќе се удри. Сама на себе си викам така, или сама си викам глупа и сл. кога ќе згрешам нешто. Тоа е секако мене што ми збореле така во детството и се врежало толку што мене сега ми се чини дека тоа е "интуиција". Ако не размислам пред да зборам или правам нешто со неа, истото го пренесувам. Барем мене ова ми е слаба точка на која внимавам и читам, секако не се сите со таков проблем како мене
Јас не би никад. Јас до 3ипол месеци немав кажано дека сум трудна на никој освен тука на форумов пошо немаше шанса да кажам ако нешто не дај боже тргнеше наопаку не дека не може и покасно нели, не сакате да знаете што се ми помина низ глава во 7ми кога имав напад на бубрези додека стасавме со мм во болница и како плачев, не сакате. Не можам јас сум човек што болката си ја чува за себе, а тоа па не знам никад не би ми било на крај памет да земам телефон да сликам. Јас немам слика кога се породив со бебо а реално можев да им речам да ме сликаат, ама јас не бев со паметот тука на крај памет не ми беше тогаш телефонот и да ме сликаат а тоа е ете убав момент. Јас сум таква, не значи дека се сите, имам и јас една на фб што објавува се живо и останато, на мјут ми е. Ми излегувале такви видеа јас не можам да се соземам после видеото па одма блокирам такви содржини. Јас си се носам со тагата и си ги пребродувам бурите насамо со себе ама тоа сум јас. Не можам да зборам, да тажам пред некој едноставно не можам. Не значи дека сите се исти.
Ајде аирлија нека е хахахха. Да си спие така слатко стално. Ја дното го достигнав.. прв пат во 30 години ми излезе херпес на уста.. не знам ни како ни од каде… ја дојам малата дали нешто смета и што можам да ставам… ми е страв вчера си ја бацував.. после тоа вечерта во спиење, херпес..
Недела Да ве пофатам сите, што памтам од темиве шо сте ги свртеле Ќерка е дете што мрзне, се валка, е единствено во вирчиња не влага оти дожд со очи не сака да види И давам се да проба, се што сака. И од храна и од активности. Сакала да се испентари на највисоката лулашки? GO FOR IT Ќерко, само пази глава да не искршиш А и да бидам реална, на толку опасни работи што ги има направено, се нема повредено воопшто, можеби и за тоа сум лабава. Да паднела до сега, да е невнимателна, сигурно лулашките на слика ќе ги гледаше само. За сакање во раце, си сака. Зошто сака, стварно појма неам. Мама земи ме, тато носи ме, отров. А тешка ми е. Не е она тешка, 12кг има со се алишта туку јас сум слаба и не можам да ја мкнам цело време. И само се караме за тоа. И со маж. Јас ќе и објаснувам зашо не можам да ја кревам, тој земи крени ја. Со мене може километар да изоди, со него после 5м "Ама татичкооооо, мене ноџињата ме болат, се изморив" или ко ќе каже "Ме мрзи да одам" инстант спојување на неврони добивам и нагон да ја катапултирам дома Фамилијарни анимирани филмови гледаме во последно време. Стич, Фроузен, сега гледаме некој Нежа, за некое неумно демонизирано детенце Цел филм преведувам кој шо кажал ама интересно ни е на сите Знае да пцува, се научи ( не дека нема од кој, сите сме си ебале мајката со пцувањето ) ама го искористив тоа против сите така што смеј препцувај сега пред неа, одма се дере како тоа не е културно, не се збори така. Супер Институција или интуиција за мене ми е тоа што 3 пати имам ставено рака за да ја спасам глава да расцепи пример. Последниот пат на ќоше од маса ставив рака, си направив дупка у рака ама барем она нема дупка на сред чело За трагедии и среќни моменти најмногу на форумов се отварам, така што скраја да е што и да се деси од социјални мрежи нема да дознае никој. Од 160те пријатели на фб уствари Инста одамна престанав да користам, лошо мава на психата А до толку почнав да кењам за социјалните мрежи, шо трудна да останам и дете да родам пријателите ќе дознаат на првиот роденден најверојатно Друго ако ви треба моето скромно мислење а сум пропуштила пост , слободно потсетете ме , ќе си ја раскажам експертизата на секое поле Не замерувајте... Спиев до 10, не знам шо со себе
Траумата се преработува ако се зборува за тоа. Колку порано, толку подобро! Нашата култура е таква, што не се зборува за неубавите работи и луѓето не сакаат да покажат слабост, нешто што е сосем погрешно. Имав скоро голема траума и сум мн. благодарна што не сум во Мк., туку некаде каде што навистина знаат да ми помогнат. Од спремање за најлошото, до подршка за време и после, со разговор и правилни зборови. Подршка од фамилијата и од блиски од Мк. беше тоа е, гледај да заборавиш и да не мислиш на тоа. Втф! Покрај терапија и сл. читам и книга од психијатар за траумата и како се пребродува. Нашето тело е толку моќно што е во состојба да ја сокрие траумата во "фиока" и да не се сеќаваме на ништо. Ама! ништо нема да функционира како што треба и кога и да е ќе дојде момент (тригер), кој може да направи голема беља. И да, точно е дека луѓето кога доживеат траума не можат да зборуваат, ама затоа има терапија која ги натерува да зборуваат за да се ослободат колку толку од тежината која ја носат. Ужасно комплексна е темата, а ние сме дефинитивно народ кој не знае како всушност се лекува траума и за колку страшни последици може да допринесе нелекувањето, за жал. Така да, ако на некој нешто не му е разбирливо, зошто не знае за поинаку, дека тоа е ок, а некој што прави спротивно не е. Барем во денешно време е лесно да се едуцираме на било која тема.
Да точно се согласувам дека треба да се зборува за траумата, апсолутно. Ама да се зборува до стручно лице, фамилија, доктор.Не рандом ликови на инстаграм. Не ми е сфатливо мајка во момент на очај да мисли на уредување слики зс социјална мрежа и постирање по 10 пати во ден, место само да седи до детето и да чека знаци на реакција. Ама тоа сум јас. Никогаш нема да ми биде сфатливо споделување на момент од погреб. Никогаш. Од неможност да зборат мислев во моментот на погребот немаа сила физички да зборат. Не ми е мусбетото за зборување и решавање на траумата, туку за споделување на социјални мрежи што треба и не треба. @AngelOfArh и јас споделувам слика од кучето некогаш, ми недостига. Ама ете куче е, па кога умре ни на телефон ми се седеше ниту мислев на социјална мрежа, не па за дете или близок, скраја било.