Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.103
    Допаѓања:
    179.410
    Пол:
    Женски
    @Трагедијаупмм @merriel0
    2 чаши брашно (250 до 300 грама)
    2 не полни лажички сода за готвење (од некоја причина се наведува дека за оваа торта е подобро сода, ама може место сода и кесичка прашок за пециво.)
    2 лажички морска сол, може и јодирана каква и да користите,
    Лажичка екстракт од ванила
    Лажичка/лажичка ипол цимет
    300 гр шеќер (пола бел, пола кафен) шеќер може помалку/повеќе во зависност од вкус, ама да е мешан бел и кафен.
    1 чаша масло
    4 јајца
    Околу 300 грама излупени и изрендани моркови. Тоа одприлика во зависност од големината на морковите би било 4-5 моркови.
    Околу 70 грама мелени/сечкани ореви.
    Јајцата ги биеш, па го додаваш шеќерот, морковите, маслото, оревите, ванилата.
    Ги додаваш останатите состојки веќе смешани претходно заедно, мешаш и ставаш на печење. Јас печам во два посебни округли тавчиња оти ич не знам да пресечам рамно по средина.

    За фростинг на крај откако ќе олади, во средина и над тортата се бие крем сир, хопла и шеќер во прав.
    Не треба да е сув пандишпан, треба да излезе сочен и е вкусен и без никаков додаток. Тоа значи дека може да се пече и во куглов и комотно да помине без фростинг.
    Ова е основен рецепт, иначе во тортата може да се додаде суво грозје, сува брусница, а особено е многу многу вкусно со сечкан ананас покрај морковот.

    Поздравата верзија не можам нигде да ја најдам кај ми е запишана. Место бело брашно, знам дека одеше спелта и место шеќер, 2-3 лажици мед. Ако те бива за експериментирање ќе знаеш што со што да замениш. :wasntme: :D

    Да ми кажуваше некој пред 2 години дека ова ќе јадам ќе му се смеев. :wasntme:


    Луѓето си имаат свој начин на справување на болката, свој копинг механизам. И јас прескокам постови особено за дечиња. Ама тие луѓе си наоѓаат поддршка, комфорт и утеха од други со слични или исти судбини и веројатно тоа им треба во моментот. Одболувањето такви загуби е најтешкото нешто во животот за справување, да не дае Бог на никој таква болка.



    По мое, лично сметам дека многу е битно да се посети некој курс пред пораѓај. Па и да постои и стручна поддршка, оти многу си патиме од погрешни очекувања и сме бимбардирани од искривени слики преставени низ милиони совршени сториња за совршени животи. И е тешко, особено по прво дете, на тој хормонален хаос да се справуваш и со сопствените мисли и со тежок мам гилт.
    Со ќерка ми од икс причини, моравме да почнеме со психолози, каде таа беше мала и одбиваше секаква соработка, па тоа одеше преку мене и маж. И одговорно тврдам дека многу ми помогна да изградам здрава самодоверба. Мислам дека без тие сесии ниту ќе знаев како да и помогнам на неа, ниту на себе и ќе бев многу изгубена во мајчинството. Сега знам дека ништо не знам. :D Ама барем ок сум со тоа дека не можеш да знаеш нешто без искуство за истото. Читам, се советувам, учам цело време.
    Курсеви за како да го гледаш детето.. можеби и може да се од помош во конкретни ситуации, ама нема универзална книга што одговара на секое дете. Постојат само некои универзални насоки по кои може да се водиме.
    Во суштина секое дете е своја индивидуа и секое дете си бара посебен пристап до одредена возраст. Две ги имам, две потполно исти бремености, две целосно различни деца, со целосно различни интереси и со различни потреби во исти ситуации.
    Се радувам што можам да ги растам надвор. Никогаш не биле во затворена игротека. Нон стоп се во кал. Се им е дозволено. И по дома им е доста допуштено, секој ден бришам комоди и маси избоени од боички, често и подот. Ѕидовите се оставени немо да сведочат апстрактна уметност до подобри времиња. :D
    Големата ја порасна таа фаза, сеа малото ја поминува, знам дека кај и да е ќе му помине, моментално користи ситуација да отидам до вц и да испошкрта каде не стигнал претходно. :D Тешко ми е што сум трудна па не можам да си исчистам како што сакам, ама и тоа ќе помине. :)
    Единствено се нервирам што маж ми, не може да се контролира кога купува играчки. Секојдневно. Непотребно многу. Таман се договоривме дека ќе успори, ете го со нови. Ми рече не може да издржи и готово и го остаив. Не му зборам веќе. Како дете немал многу играчки и сега е едноставно опседнат и нека купува веќе и не му зборам. Ќе пораснат и ништо од ова нема да е битно, ако тој е посреќен така, нека му биде. :)
     
    Последна измена: 23 февруари 2025
    На WhiteCat33, strelec231992, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    Земи ацикловир мачкај. И не бацувај беба. Намален имунитет. Еве ме и мене, но веќе ми поминува. На време го фатив.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.264
    Допаѓања:
    8.915
    Пол:
    Женски
    Може додека доиш така? Еве намачкав, спиеш намачкана? Малку ми е страв да не излижам. Не знам да се понашам, прв пат ми е.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    104.884
    Пол:
    Женски
    Где си Марфи кучо стара! Сама со деца и едното со стомачен или грип, штодае ова. Црева истури. Малото за два дена има изедено пола вафла, една кисела краставичка и едно јајце. Да ги сместам на спиење, да наместам една перница и за мене седејќи и да издежурам оваа ноќ. Се јавив на мајка ми, рече ќе дојде, некој снег ќе падне изгледа.
     
    На mariz и 1209 им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    76.624
    Пол:
    Женски
    Два пати ми искочи по раѓање. Не ти е заразен, од паднат имунитет ти е (ама пази со бебе за секој случа)... И јас сабајле осетив ко да ќе искача па, одма шлапнав ацикловир. Добиено имаш до сеа?

    @AngelOfArh стомачен е. Син ми пред 3 нед го закачи тоа, само повраќање. А сега со грипов на 2ри ден повраќаше... грипот удира прво со температури високи, па после 100 други симптоми. Моментално тој ни е на гости... Нека поминува што и да е. Таков е овој период секоја година :@ Сега до Маскембал ќе се оправуваме...
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    8.349
    Леле и мене на тик-ток ми излеваат вакви работи, па кога ќе си рикнам да плачам...
    Ама која е потребата да се објавуваат стварно не ми е јасно. И како им е во такви моменти дојдено до снимање, не сфаќам.
    Веќе е претерано што се' се објавува, прво прегрдо и за нив и за тие што ќе го гледаат видеото. Значи некогаш не можам да се соберам од рикање, маж ми ме кара што гледам... Се нема веќе граници на човечност, се ставаат тотално непотребни работи на примарно место.

    Малку офф-топик, на маж ми братче е починато на 15 год. Поминати се повеќе од 25 години од тогаш, и родителите на маж ми не можат да се помират со тоа... Тоа е болка која вечно боли и само расте. Свекрва ми два месеци од кревет не станала, не се ни сеќава на тој период. Кога и викале роднините дека другиот син (маж ми) не одел на училиште и само шетал по улици, таа викала дека нема друг син, дека е починат. Секој родител би имал различна реакција, НЕ ДАЈ БОЖЕ да осетиме на наша кожа.... Ама верувам дека во тој момент, родителите на мм не знаеле кај тераат, не пак да се снимаат. Морбидна е самата помисла.

    Земјава е скроз изместено и изопачено место за живеење. Ова новава ера ептен им дозволи на психопатите да се поприсутни меѓу луѓето...
     
    На strelec231992, Dennings, lackygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    104.884
    Пол:
    Женски
    Еве го крена и тт. Малото не јаде ништо, и он крена тт. Малку ми се плаче вака да ги кажам.
     
    На Dennings, sani99 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    76.624
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ми се појавиле неколку профили така и мене не ми е баш океј. Скоро па ми се појави мајка со 4,5г девојче која се развела од сопругот и девојчево било со неа. Умрел татково скоро и сега женава ја користи неговата смрт за да има гледаност на профилот, го објавува. Пред тоа нема слики со него. Па некои рилови прави со девојчето и од него со стари видеа и слики. Последно ми излезе (не ја следам), како малово со слика во рацете од таткото плаче ли плаче...
    Тие што се со болни дечиња ќе ги сфатам, зошто ете можеби некој ќе се најде па и ќе им помогне некако, со искуство или донација.

    @AngelOfArh поплачи си.. Ние месец дена се вртиме. Бато, дада, бебе, сега пак бато, бебе... дада сега за сега сеуште е арна. А не сме мрднале никаде, на еден роденден школски само бевме во Капитол минатата недела. Ама лошо прават кај нас во школо. Дека по две паралелки се генерациски и кога има отсутна наставничка двете одделенија ги спојуваат заедно. 40тина деца, во училница која не е предвидена за толку деца. И тука може да замислиш што се случува. Освен вируси, бактерии, па и вошки си вртат :rofl:
     
    На mal.ecka, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.139
    Допаѓања:
    67.282
    Пол:
    Женски
    За родител што изгубил дете... Што сака нека прави. По мое мислење му е све дозволено, ако сака нека става на социјални мрежи, ако не сака не, немам никаква осудувачка мисла. Нема никакво полошо сценарио од тоа што може да ти го приреди животот. Ништо, апсолутно ништо.
    @AngelOfArh побрзо нека поминува, и кај сите други.
     
    На Miss666, Ladyme, An-na и 8 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.469
    Допаѓања:
    76.624
    Пол:
    Женски
    Може и ние сме со такви сфаќања, затоа што кај нас тоа не се прави.. Само по странски профили сум видела...
     
  11. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.185
    На Инстаграм следам една мајка mybabydolls од Шведска, пред неполни 2 години мислам изгуби ќерка, вкупно 13 деца има. Доста често објавува постови и сториња од гробот. Секој ден сите до еден одеа на гробот и седеа, прежално ;( Не мислам дека со тоа што објавува дека и е помалку тешко, едноставно може така тагува.
     
    На Anyshka и LadyR им се допаѓа ова.
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.388
    Пол:
    Женски
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.103
    Допаѓања:
    179.410
    Пол:
    Женски
    Леле Ангел ептен ти се собра. Стисни заби, ќе помине, ќе одморите сите пролетва после вирусиве. :hug:

    Користи некоја мајка кенгур?
    Ај од практични причини за едно патување нарачав ергобејби омни вчера. Ми стаса денеска, сега се мислам дал е добар оти ефтин ми се виде во споредба со бејбибјорн. А од друга страна немам користено со првите две, па не знам… има временско ограничување бебе да стои во него? Не знам ни дали ќе го прифати, ни колку ќе го користам, битно земав. :D


    Денеска сфатив дека уште име немам за бебево. :tmi: Ќерка ми му имаше дадено, го викаше така со месеци ама никако не го навикнав името. :tmi: За воља на вистината и таа престана да го вика по име веќе некое време. Маж ми вика ти одбери, мене во која чаша ќе го пијам кафето насабајле ми е тешко да одберам периодов. Место да ми каже име и да завршиме со тоа. :$

    Уште ситно некоја недела ми останува до новото срце. :l:
    Тоа ми е првото одбројување. Второто ми е до летен одмор. Можда е смешно, ама одбројувам од после нова година навака, толку ми треба море и одмор и морски воздух да ми иструи низ градиве. Живеам за тие денови. А знам дека ќе поминат со брзина на светлината. :doh:
     
    На lackygirl, Mother of 2boys, strelec231992 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.709
    Допаѓања:
    104.884
    Пол:
    Женски
    Стрептококиче, направи и коксит. Не повраќа веќе, ама утепан е. И тоа не е се драги мои, бебе пак има наод на плуќа, на раб на пневмонија. Ми иде да урлам!
     
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.264
    Допаѓања:
    8.915
    Пол:
    Женски
    Немам добиено… и излезе дека е алергиска реакција на нешто… џабе купив и ставив ацикловир бетер, отеков цел образ и надоле накај вратот… и еве денес не ставив ништо само кантарион, и спадна и оток и само уште малку имам на устата како оток… ќе пукнам, не можам да си го бацам детево…
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.097
    Пол:
    Женски
    @Yowannty , имавме ергобејби позајмен додуша. Само мислам дека беше за од кај 3-4 месеци или повеќе. Види точно килажа.
    Летото жива сила немаше што ќе ја натера ќерка, дете од 6-7 месеци тогаш да стои во кенгур. Моја претпоставка дека и беше жешко. Како залади повторно го користевме ама не долго мене ми беше тешка за носење.
    Претходно имавме на Chicco, за 0+ тој го користев почесто, за сама со неа да тркнам до аптека, продавница, така блиски места. Не се бунеше воопшто.

    @AngelOfArh со лесно да поминува кај батковците.
     
    На Carolin. и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    И што искочи алергична на ацикловир или нешто не сфатив?


    @AngelOfArh со лесно да мине...
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.264
    Допаѓања:
    8.915
    Пол:
    Женски
    Нее, на нешто алергиска реакција. Ама не знаев, мислев дека е херпес, бидејќи така изгледа. Па вчера ставив ацикловир и бетер ми се направи, отеков цел образ и надоле накај вратот..
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    43.845
    Пол:
    Женски
    @Yowannty мене кенгурот ми беше најкористена работа, буквално цело време така шетавме место со количка и јас и мм. Прелесно ни беше, а он го обижаваше, се додека не почна да лази.
    Само треба да е убав за вас и за бебе удобен.
    Јас се правев со него во кенгур, дека беше бебе што сака контакт напс, и не се лепеше од мене, а и немав на кој да го оставам да готвам/чистам/пазарам. Многу работа ми заврши.


    Леле колку сум нервозна денес, така надразнета, па детево осеќа и ништо не ме слушаше од вчера и денес полудев. Го пратив малце кај моите и седам и блеам.
    Врв свекорите колку ме изнервираа и мм со нив.
    Свекорот ја пратил свекрвата да го земе палтото на мм да го ставила да се пере оти било црно на јака.
    Палтото е купено 250 евра, со гускини пердуви и се пере на специјална програма или хемиско, палтото е перено пред еден месец и одма се црни на јака дека маж ми става едно кило крема.
    Такво палто не се пере секој месец оти ќе го изгуби квалитетот.
    Многу ме навредија што испадна дека јас не сум домаќинка и не знам да перам.
    Мојот страшно ме изнервира оти не ме праша прво мене туку рекол ако.
    Сега палтото ќе е упропастено и ќе си оди со такво палто.
    Значи вријам ако верувате, ВРИЈАМ.
     
    На Mother of 2boys, strelec231992, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  20. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    Уф, со помин. Немаш гајле ти поминува алергијата
    Ко што сфатив и херпес ти нема искочено до сега. Оно искача пржи и ко мали гнојчиња врвчиња се па се зголемуваат...