Ергобејби јас го имам, не е омни, 360 е бидејќи ко го купив синко веќе беше 5 месеци. Мислам разликата е во тоа дали има додаток за новороденче или не, овој што го имам е од 4+. Иначе многу добра потпора дава на кичмата, многу е лесен за местење, јас го купив дека само во раце сакаше ама џабе, не го искористив скоро ич, кенгур и гушките од мама не се споредувале . Ама тебе со уште две дома сигурно ќе ти се најде, ќе го искористиш максимум. И ние сеуште се немаме одлучено за име, јас имам милион во глава ама ниедно не ми е посебно . На синко му кажав едно, тој така си ја завика, сега се предомислив (делумно), не знам како ќе се убедуваме . За него скоро два дена немав име во болница , нејќам пак иста песна да биде.
Јас барам начин како да ја носам беба, претешка ми е се искривив. А само во раце сака мајкина. Додуша си седи и на подлога и во игрална, но сака во раце... 7 месеци е, 9кг+ хелп почна да ми се фаќа и кичмата... Јас сум мала ептен, она е пола мене веќе
Сакам и јас да земам кенгур, највеќе за патувања, јас сум со историја на ишијалгија ама маж може да ја носи. Ги меркам ергобејби, само на оксимами ги имам видено кај нас, да не ги има и на друго место? Беба е на cluster feeding ден четврти, ама денес ме почасти саатипол мирно спиење да се исфарбам и исфенирам. Маж ми е жива паника околу неа, не знам сите ли се вака? Завчера ја надоив заспа и отидов да се туширам, за 5мин ми упаѓа во туш со неа, пребледен, крвта ми се заледи - се закашлала ја кренал и замолчела (нормално!) па да видам дали е добра Па го седнав на муабет дека повише ме стресира он отколку бебето
[/QUOTE]Користи некоја мајка кенгур? Ај од практични причини за едно патување нарачав ергобејби омни вчера. Ми стаса денеска, сега се мислам дал е добар оти ефтин ми се виде во споредба со бејбибјорн. А од друга страна немам користено со првите две, па не знам… има временско ограничување бебе да стои во него? Не знам ни дали ќе го прифати, ни колку ќе го користам, битно земав. Јас имам ергобејби, малку е крут ама по препорачлив од бејбибјорн. Праќав слики како е сместена на физиомама и ми рече најверојтно уште е мала. (Нешто не и се свиѓаше како е наместена)Инаку е месец ипол и е околу 5500г. Вака е пријатен за носење, плус јас сум доста ситна. Препорака е до 30мин па пауза. Инаку имам и слинг марама мислам дека са мали бебиња е подобра опција.
Ги имаше во Бејби центар порано, ѕирни сега дали ги има. Јас го имам ergobaby embrace и ептен го користев со првото, сега со второво по дома го тестираме, лесно се мести, убав пријатен материјал и плус супер е наместен во него. Маж ми не е паника ама е жива депресија кога вриштат децава.
Да не имаме ист маж случајно? Првите денови кога си дојдовме од болница, син ми спиел и се закашлал, а јас чистев низ дома. Човеков буквално од памет ме извади. И што е најврв, цел беше препотен и нозете му се тресеа.
Маж ми па колку е искулиран за детево дури и ме нервира на моменти. Еднаш кога се разбуди со 40тт, јас во паники трчам да одиме на итна, он беше коска ладен. Ама ми треба таков оти јас сум паничарка. А додека беше бебе ич не му се тресеше. Од прв ден сам шета со него, го носи, со него спиеше првите 3м, он го хранеше ноќно време, ептен беше испраксиран. Сега е побетер.
Кенгур само на мало бебе. Мало мислам ситно. Ќерката додека не прооде повеќе во кенгур отколку во количка сум ја шетала. Синот до 5 месеца се искичмив и баталив кенгур зошто едно шетање куче ми беше како камион цигли да сум растоварила. Иначе многу практична работа е, ама само да не ти е дебело бебето
Па не ми е така, беше како дупчиња и еве сеа од кантарионот се направи кора на нив и ми спласна отокот. Најверојатно нешто ме искасало. Зашто цел образ и накај вратот имав оток. И не ме пржеше, само болка.
@Noemi честито бебче. Ако се сеќавам добро сограѓанки сме Имам една другарка што продава ерго, скоро неносен. Ако си заинтересирна за нешто такво секонхенд.
Од новороденче 3+ кила стои до 20 кила. Мене конкретно ми треба за една ситуација, кога ќе биде 3 месеци ќе бидеме 20+ саати на траект. Ќе имаме наша кабина, ама да не влечам количка плус. Хаос е на влегување во траект, јас ќе морам сама со 3 деца, додека маж оди да паркира кола долу. Секогаш стои дечко што помага со количките, ама толку многу е гужва, сакам сите да ги држам и да ги имам под контрола, па маж ќе ги донесе стварите потоа. Мене кичмава тешко дека за кенгур ми е, оти со второто се искривив од што ми порасна во раце и не знам дали е пожелно така да носам дете. Планирам фитнес да почнам, па може ќе имам повеќе сила и кондиција и за кенгурот, ако не, само на маж ќе биде. Треба да нарачам седиште за во кола деновиве. Абер немам какво. Првите две беа во транспортер првата година, во седиште ги префрлив кога веќе седеа убаво после бебешката фаза. Сеа читам транспортер се помалку се препорачува во кола ради протокот на воздух во таа позиција во која е бебето. Мене со првиве ми беше многу практичен, да не морам да будам бебе, го вадам со се него и го ставам на количка. Или од количка во кола. Не сфаќам, толку ли е различна бебешката позиција на седиштето со онаа на транспортерот? Со првото сите граници беа затворени ради корона, па немаше долги шетања, сем низ островот, со второто тазе бевме во Германија, колата ни беше уште во Грција на почетокот, а и уште беше корона... и сеа бирањево седиште од бебешка фаза ми е научна фантастика.
Дали сите осеќате вина одкако ќе му се развикате на децата? Мал е 1 год ама па вчера му славевме роденден не спиеше од 8 сабајле до 15:30, вчера цела вечер стануваше плачеше додека да сфатиме преѓе дека има забче. Мн се осеќам виновна, му викав тој кутриот имал мака..
Ние купивме седиште 0+ кога беше бебе 3 месеци зошто веќе тежеше транспортерот, а во количка во корпа го возевме. Многу подобро е во седиште според мене, си има додатоци за новороденче и бебе не е воопшто свиткано како во транспортер. Седиштето е со isofix се врти на сите страни, лесно е за вадење на бебето за разлика од транспортерот изврзан со каиши. Позицијата за новороденче е баш легната, во транспортер цело време му паѓаше малце главчето нанапред па само го буцкав да видам дали мрда (распаметена од Инстаграм алгоритамот што на секое ми вадеше yet another way како ќе се угуши бебе). Седиштето е Moni Serengeti, не е некое фенси, башка и на попуст го начекав, ама ептен се погоди. Сега го ставам во седечка положба, ама ако заспие си го легнувам пак назад, ептен практично.
Јас сега го искарав зошто урлаше за инхалација и сега душа ме боли. Ама сама сум, мајка дојде ама ко да не дојде, се осеќам преоптеретена, двајцата се болни и пред 2 недели не урлаше од инхалации, сега господинот урла, демек заборавил од пред 2 недели. Душа ме боли, ама ќе го повредев ако не свикав.
Прв пат слушам за ова со транспортерот Баш јас на Видоевски му спомнав дека ми е жал во тоа да стои свиткана како без воздух и ми се насмеа ,, вика а мајка во стомак на лежалка ли беше Истага позиција што ја има транспортерот ја имаат во стомак немај гајле "ете ова го добив за одговор 4г е ден денес ми е криво ако и викам...
Мене во седиштето , ептен ми беше свиткана. Не е баш за 0 месеци, иако го пишува тоа и го земавме поради тоа.
Што знам, со додатоците за новороденче бебе беше баш убаво легнато, за разлика од транспортер, ама секој различно. Сега откако го извадивме, ептен е ко во дупка, ама па такви се сите според тоа што гледав. Не мислам дека е погрешно транспортер да се користи, само ете мене ми беше попрактично вака, зошто не го ставав на количка во транспортер.
Јованти мојата мала беше дебело и големо бебе. Јас имам проблем со грб, болки и сколиоза, со ергобејби омни 360, ја носев и по саат и повеќе, на два три месеци, супер држи на половина, се распоредува тежина со дебелите рамки, иако изгледа гломазен. Она спиеше внатре. За долг пат, имам едно искуство да споделам колку да имаш како опција. Ја возевме од де до мк и надзст. Има бебешка корпа од макси кози се вика Jade. На истиот изофикс се фаќаат и некои модели транспортер, а ако земеш не знам кој модел беше количка макси кози се фаќа и корпата на него. Ние по пат менуваме, кога и беше време за спиење ја стававме во корпата Jade и спиеше по саат-два. Ќе станеше си се истегаше, ќе правевме пауза ќе јадеше и во транспортер. И се така. Возевме по околку 700км на ден. Најлесно е ноќ со Jadе. Го успиваш и ставаш и шибаш. На враќање скоро цела ноќ си преспа. Не мораш седиште уште сега. После кога ќе имаш потреба ќе купиш. И пак може на истата станица, ако сакаш само од тие што се ротираат седиште, треба да се пази со кој изофикс е компатибилен. Ние немаме седиште што се ротира, и ја префрлиме веќе од 7-8 м во седиште, оти она е долго бебе. Недостатокот е што малку е поскапо се ова да се обезбеди, за времето кое се користи нели, само неколку месеци. Мојата Jade ja израсна до кај 5м ако не и порано. Ја користевме само 4пати, на крај ја продадов за супер цена и си вратив голем дел од парите. Значи опција би можело да биде и на старо да се земе, оти многу многу малку се користат. Вие како што разбрав, ќе сте со големо возило, па ќе имате место веројатно за се. Напорно е со мало бебе да тргаш, оти пола куќа мора да спакуваш. Сега кога ќе ми текне колку бевме натоварени, арно и не собра. Едит, сега гледам има и други модели такви корпи за патување. На нуна и уште една на макси кози. Може тие се поголеми, па повеќе време можат да се користат.