Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.234
    Допаѓања:
    19.547
    Пол:
    Женски
    Нашиот транспортер ептен убав ни се погоди. Ама веќе еден месец е спакуван, дека моја буца не ја собира веќе.
    Седиштето од 0 месеци, ама со сите додатоци, ептен свиткана ми беше.
    Сега си е таман.
    И најбитно многу сака да се вози во него. Општо си сака возење во кола она.
     
    На Hinebrra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    8.767
    Може да ми пишеш, ако има слика и кој модел е :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.879
    Пол:
    Женски
    Дојдов да ви кажам ако ви треба клима никако од клими.мк. Крајно непрофесионални, се бркаме со месеци да ја средат климата која е под гаранција. Бебето ми се разболе затоа што климата една вечер престана да грее. Синоќа мраз, па се стуткавме во дневна да не мрзне малото. Чурам!
     
    На Калатеа, Mother of 2boys и fana им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.096
    Допаѓања:
    179.311
    Пол:
    Женски
    И јас вака знам, дека транспортерот е во форма на матка и дека им е удобно таму. Ама последно време само ми излагаат некои рилови и само читам и се нешто се збори околу протокот на воздух кога ќе им падне главчето надолу.

    Со седиште за кола од бебешка фаза немам искуство. Ќерка до година ја возев во транспортер, а син ми до 9-10 месеци оти беше поголем и транспортерот му беше тесен, ама веќе беше голем за бебешките додатоци па стварно не знам..

    @Jolene
    Практично е да, да возевме преку Европа. Ама искрено со 3 месечно ми се гледаше долг пат. Со другиве немам гајле навикнати се, ама на најмалото ќе му биде прв пат и не знам како ќе реагира. После долги размислувања решивме да возиме до северна Италија и таму веќе пред месец резервираме кабина на траект до Грција. И до Италија има некои 12 саати и тие ги поделивме на два дена, па негде измеѓу ќе се преспива. Немам страв да патувам со деца и со двајцава имаме возено до долу откако имаат наполнето година, ама со 3 месечно ми е страв да се нафатам на толкав пат. :tmi:Авион не ми беше опција оти ми треба колата. И цела зима планиравме што и како ќе праиме. :sweat: Првично планот беше за назад да возиме со многу застанувања и преспивања. Ама некако и тоа ми се виде тортура и одлучивме да се враќаме по истата рута со траект.

    Седиште знам дека е попрактично да се врти. Немам искуство со такво, оти моиве беа поголеми кога им земав и не ми беше нешто неопходна таа опција. Бевме задоволни од џои од ќерка ми, па скроз исто зедовме и за син ми. Конкретно ова нема опција за вртење иначе такво ќе земев и сега, ама гледам други модели на џои имаат.
     
    На Nataliii, merriel0, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  5. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.693
    Пол:
    Женски
    Малото е веќе 2 ипол години, а јас имам страв од тоа да имам второ дете.
    Помош немам од никој. Само јас и мм.
    Сакам да имам и друго дете ама неможам да се решам. Се плашам дали ќе можам. Како ќе биде дали ќе успеам.
    Малото ми е прекрасно дете и го сакам најмногу ама мака мачам навечер со него. Сеуште станува преку печер барем неколку пати некогаш и на секој полаа саат. Не отвара очи ама плаче се додека не го кренам во раце. Заспива сам не пие млеко преку вечер. Од бебе е вакво.
    И сега си мислам како ќе биде плус со бебе дома. Што ако и тоа не спие? Што ако западнам во паника?
    Милион прашања имам...
     
    На defocus, Nataliii, sani99 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    7.909
    Пол:
    Женски
    Супер ќе ви биде. Ич не му ја мисли. По 5 пати на ден спијат на таа возраст. Будни се по саат ипол до два. Па и додека е будно, да стоите пак ќе стасаш. Само живи и здрави. Штом ќе преспивате по пат, фактички по 600км на ден, нема ни да ги осетите.
    Мене најлесно ми беше тоа патување иако најдолго со кола со неа. Сега на пр не се нафаќам до мк, лани 700км пробавме, ама не беше добра организација од наша страна.
    Сега пак за три недели имаме, се надевам ок ќе е. Ама без вомекс сега не тргам, оти повраќа моево ептен.

    Друго сакав да речам, има сега еден модел на транспортер што се прави и во лежачка положба. И искрено, ти секако ќе правиш пауза на макс 2-3 саати. Бебе мора да јаде, да ждригне, да се истегне. Нема потреба од мисли. Милиони бебиња патуваат постојано, не сум чула некое да има последици од патување со транспортер.

    Мене пролет доцна, лето, рана есен ми се супер за патување. Постели ќебе надвор на паркинг, легнеш бебе малку да се истегне, со другите јадење, сладолед, нешто кафе сокче. Како пикник. На многу мек доналцс имаш плејленд. На бензински игралишта.
    Не се стресирај се ќе биде во ред.
     
    На mama31, Nataliii, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.096
    Допаѓања:
    179.311
    Пол:
    Женски
    Со децава е доживување. Навикнати се на возење и ни е многу забавно во кола. Мене со нив утре во авион да треба да ги качам ќе ми биде многу по стресно. Дури и ноќе кога патуваме немаат проблем да станат да се истегнат и истрчаат и после пак да продолжат да спијат. Со бебето ми е премислено стопати. Муабетов е на нероден Петко капа му скроивме. :D Пустото ни на резервација не можеше да го ставиме оти неродено и не прифаќаше системот ниеден датум. :tmi: Па се јавувавме да прашаме по компании па треба дополнително да се внесува. Битно да е забавно. :D

    Едно само ме мачи. Пак од типот нероден петко и капа кроење, ама на све мислам. :tmi: Не знам дали ќе стасаме за втора доза Рота овде. Дали би ни дозволиле да му ја ставиме во Грција втората доза, за да не ја испушти.. знаеш нешто околу тоа дали би ни праеле проблем?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    88
    Здраво мајка ќе може да споделиш искуство колку чини постпартум програмата од Драгана и дали си задоволна од истата?
     
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    7.909
    Пол:
    Женски
    Рота мојата е не ни прими, по пази препорака на педијатар. Да да. Нормално нели напнуваат овде педијатри за вакцини. Епа тогашната матична рече дека она на совршено здраво бебе, кое добро напредува не би ставила рота.
    Пишував и овде, се мислев не заборавиле, ние прво дете во хаос, поима немавме што правиме. И после гледаме сме ја пропуштиле. Ја прашавме и она рече дека со намера не ни рекла ништо.

    Пријатели, исто медицински лица, не ставија.
    Сите други вакцини ги ставив.

    Дали би ви правеле проблем ако сакаш да го вакцинираш во Грција. Не верувам. Слободно можеш да си прашаш кај педијатар, ама ова нека не ви биде никаква пречка, за престојното патување.
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    18.448
    Пол:
    Женски

    Сите сме биле исти. Ке спиеш кога спие бебето. Најозбилно. Одморот е многу важен за тебе исто колку и за него. Нека чува маж ти, поспиј си 2-3 часа. Многу значат тие 2 часа не прекинат сон. Како растат станува полесно барем со спиењето, знаеш кога ке има дремки во денот од прилика, ке поминат грчевите и тие живнуваат после 2 месеци. Како него и ти исто ке живнеш верувај ми. Само одмарај кога имаш шанса, ако спие, спиј си и ти. Не се замарај за чистење, готвење ништо од тоа не е важно. Ако е убаво времето бебе во колица/кенгур и надвор. Мене единствено што ми пријаше тој период беше да шетам, со бебе поминував километри, тоа секако спие. Најубаво ми спиел надвор. Јас и седнував, кафе, јадење тој период ептен ми беше убав искрено.
    Иако на почеток бев во хаос како што велиш ти. Ама како поминува времето наоѓаш што ти одговара и тебе и на бебето и си терате така.
    Ама колку и да е тешко, поминува :hug::l:
     
    На lackygirl, Трагедијаупмм, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    6.596
    Пол:
    Женски
    И јас од слични причини веројатно нема да имам 2ро дете, плус и имав ризична бременост...
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.777
    Допаѓања:
    9.494
    Пол:
    Женски
    Психички спремајќи се за адаптација од понеделник, бебе си фати вирусче од дада, и сега си се инхалираме со Пулмикорт, зашто спушти на плуќа. Второ дете, колатерална штета....изгледа ќе одложуваме адаптација за една недела.
    Најнова шема за спиење ни е бебе меѓу нас, големата пуста желба во креветчето да спие. Се лупа со нозе, не ја собира ама жива радосна е. И викам сабајле убаво спиеше, значи мама многу ми е убаво во моето старо креветче. Смешки живи сме, на детска соба, ние четворица на еден кревет.
    Шефот ме даде, официјално одам во нов сектор за 2 недели кога ќе се вратам на работа. Реално полесна ќе ми е работата и поблиска до факултетот што го учев. После 9 години во иста фирма, прв пат мењам сектор. Кога се вратив со првото од породилно ме унапредија ама во истиот сектор, сега скроз нов сектор. Ич не ми се враќа ама па многу ми се носат новите фустани, Зара апликацијата ја прегорев на породилно :lol:. Штикли ми се облакаат, ми се плаче. Сум го прередила плакарот за кондури едвај чекам да ги активирам пак. Болна сум по штикли (hollest).
    Да се надеваме дека вечер ќе поспиеме малце повеќе, втор ден инхалации, бебе е поарен. Ај да станува и да пијам раат кафе, маж дојде од работа :coffee:
     
    На lackygirl, Mom's_life, sani99 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.387
    Пол:
    Женски
    И јас вака одложував за сега да е 4 г и да е уште потешко. Навикната се по нејзино се за неа и сега дека јас и викам не можам да ја дигам ме боли стомак она во градонка не сака да иде ја болел стомак. Јас веќе немало да си ја сакам неа само бебето ќе сум го сакала и сл...
    Сега се каам што немав порано додека да не разбираше толку многу. Рачунај уште не е родено ко ќе се роди уште позабавно ќе е...
     
    На Ladyme и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.601
    Допаѓања:
    10.020
    Пол:
    Женски
    Хелоооо:hai:
    Да се пријавам дека сум домичка со три болни деца.:?: и јас.
    Се' почна од дада па на бебињата и еве и менеее :!:
    Среќа што не е и мм. инаку готовоо поп ќе викавме.
    Значи по цел ден си кашламе,мрсули си бришеме,носиња чистеме,не јадеме многу,,сакаме мн.да цицаме.Ноќе често се будиме.Мене ме фати некоја досадна серка (facepalm) па често сум во купатило и така мн ми е забавно овие денови.
    Ајде нека мине само за брзо.:sun:
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, lackygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  15. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.542
    Пол:
    Женски
    Јас сакав одма второ, така си имав замисла. Е сега царскиот причина број 1, и причина број 2 што сум сама. Малце по малце го доведувам мм у ред. Ама 7м поминаа па ако не си чукне глава ќе му ја чукнам ја :rofl:
     
    На Ladyme, Nataliii, Tea SK и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    8.341
    1700 ден е. Онака ми изгледа супер, ја разгледав скроз, а за резултати рано е. :D Од вчера ја почнав. :D
     
    На lady1987 и Hinebrra им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.373
    Пол:
    Женски
    Јас сестре, немам никој освен мм во Скопје. И вака се чуваат деца, нели? Еве успевате 2 и пол години веќе :)
    Дали ќе можеш? Ќе можеш, како првото така и второто. Дали ќе успееш, какво прашање, нормално дека да.
    Сакаш ли? Тоа е најважното прашање.

    Како ќе биде со бебе плус дома? Забава до бесвест гарант. Ај ти па Јованти шо да каже, трето чека, пола Европа ќе ја прошета со бебе и две деца, ние немало да израснеме уште едно барем. Еве нека ти биде мотивација ко на мене шо ми стана :inlove:

    Не знам шо сакав друго да кажам, ќе одам да поплачам за ќерка ми да заспие може тоа ќе упали оти веќе се е исцрпено од типс&трикс.
    I'll be back 8):D
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, Ladyme и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.083
    Пол:
    Женски
    Пиши ако упалат плачките. Секоја вечер ќе си плачиме.
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.373
    Пол:
    Женски
    Абе ај у пичку матер веќе
    Кај можеше мене, на најголемата спанка на светов, да ми се падне дете шо мрази спиење? Марфииииииии ало, опрај се!!

    Де тие тренинзи курци палци за спиење палат кај "големи" деца или само за бебиња ги бива?
     
    На WhiteCat33, 1209, Nataliii и 4 други им се допаѓа ова.
  20. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.542
    Пол:
    Женски
    А ако се преправаш дека спиеш не заспива? Или тоа само кај бебињава функционира? Додуша колку иам заспиено дур сум се преправала...
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.