Не бе срц, верувај дека се е исцрпено Се правам дека спијам ама шо дека. Ме кубе, ме штипе, се дере за да станам и на крај нишо коа нема да и пројде почнува да плаче МАМО СТАНИИИИИ, ДОСАДНО МИ ЕЕЕЕЕЕ И таму некаде меѓу Стани и Досадно мене ми се спојуваат жичките
Мајка еве ја со тт е,абер нема да спие бре. Ајде да легнуваме,мене мн ми се нана,епа оди спиј ти ако ти се спие,јас ќе си бојам ееее,ама си па ти мама,не ми досадувај аман веќе од тебе цел ден. Значи она на мене..аман
Е и јас бев така ако не ми се близнаци одма на второ ќе идам... аха важи. Пораѓајот ко пораѓај она 2 недели во инкубатор и јас и мм со траума па растот нели со разболувања ова она. Па љубомората нејзина иии отидоа 4 г. дури на роденденот 4 ти некако се свестив дека е многу.
НЕ САКАМ ДА СПИЈАМ ДОСАДНО МИ ЕЕЕЕЕЕЕЕ, НЕ ОДАМ ВО СПАЛНА МЕ БОЛАТ НОЗЕТЕЕЕЕЕ...... ама мојава легнува и кома е, само да се убедиме до спална е маката
Буквално и кажа Ај сеа гледај у тавано, и само молим те викај по мене ако ти се моча. И гледа ете ја. Сигурна сум дека е ногу интересен тавано. Да зеам да сменам боја барем, нек се радува дете Викам Добро, зашо не сакаш да спиеш кога очигледно си преморена? Плус утре си во градинка, треба да одмориш. Ми вика Па ме мрзи да спијам... Сестро ќе се пукам у глава ти кажувам. Маж ми у 18:30 влезе да се бања и ми напраи кафе, јас тек сега кафе ќе пијам. Мочка е станато сигурно. Конечно прифати да дојде татко и да го заспие, до сеа не сакаше ни да чуе
За поголеми не знам моево 13месечно кога глумам дека спијам доаѓа до мене и ме плаши "аааа!" Да станам А да и навечер кога го спремам да спие, додека одам кон спална да наместам а он седи со татко му, ми прави чаочао јас да си легнам он ќе си поседи
Кај и да е ке почне да ти чачка по нос и очи. Се гази од смеење. Насабајлр станува у 6 другарки, да да у 6! И прво медитира не знаеш дали спие или блада, кој ке му светне у секунда почнува да е 300 на саат. За воља на вистината заспива во 8ипол 9најкасно ама мајка му седи до 1 па сабајле у 6 срце и плаче, секоја вечер легнувам порано и така во круг.
Колку години е ? И мојава иста е ко ќе дојде време за спиење ми иде од кожа да си побегнам. Со мм не сака да слушне да легне а и он не сака да слушне и сите ќе ги заколам еден ден. Значи еве сеа стана 10 ти пат оти и се јадело и јаде портокал со татко и Пред тоа и се мочаше па и се пиеше вода па да кажела нешто веќе ни јас не знам за шо. Ќе полудам
Веќе почна.... крвнички пика во нос или ти го гризнува. па ако му речеш не гризај или да се тргнеш моментален драмантур
Да се пријавам и јас. Таман се вративме во спална, маж се разболе, раскива, раскашла, темп качи и еве го заспа во дневна. Исто така бојлер протече, хаварија дома. Не можам да опишам како ми изгледа домот. Ке потрае ова, криза е за мајстори. Бебе почна така да ме зеза за спиење, ми се крева косата. Цица ко демек за заспивање, си дреме и си цица и штом го ставам во креветче, дечково се буди. И глуми како мнг плаче за да го земам. Штом го откријам, замолчува и се смее среќен дека ке го земам. Ем ми се спие, ем мртва гладна го нушкам 1ипол час да заспие. Сакав викендив со луѓе да се смешаме, ке ми треба подготовка за на работа. Ама ке почекам. Месец дена температури, кашлици и слично само со сила ми ја средија линијата, дома ке мора сама да си средам. Помислив на второ дете и тоа баш денеска. Ке почека таа мисла подобри времиња. Лека ноќ
Ако се преправам дека спијам уште толку писка, ќе помислат дека ја колиме дома . Чачка во нос, очи, уши, ни седнува на глава, тепа па некогаш и почнува да бега по спалната и затоа ретко е на спалната сега. Кај неа нема тегнење директно се исправа е спремна е за акција.
3 години ама овие 3 години ко 13 ми се гледаат. Значи шо убаво спиеше до 9 месеци, после наеднаш се изремети детево. Преку ноќ си покажа роговите и еве никако да ги собереме назад Ситуација од денес - Јадеше, миеше заби, се облече у пижами и Мама, ми се јаде, многу сум гладна, не можам да спијам гладна. Јадеше бре дете, нема ни пола саат. НЕ! ГЛАДНА СУМ. Ок, ај седни јади. Не изеде ништо, веќе претпоставувате сигурно Испратена у спална по брза постапка и седење у спална 3 факинг саати! 3 различни приказни прочитани, и ми вика Ај сеа измисли приказна. Измисли бе. Мене мозокот на 0.5% ми работи, ми вика Измисли приказна. Ајде измислив, се надевам дека нема да ја памти. Затворени и беа очите, супер викам се успа. Зимам телефонот да медитирам и после 15сек Мама зашо ќутиш? Ма ќе завршам у Бардовци јас да одморам на крај
Здраво мајки, Одамна немам пишано нешто рандом од секој ден. Денеска цел ден одбиваше јадење, појдок као сутлијаш, па ајде макарони, ни 3 лажици не стави во уста. За ручек исто, гибаница парче едвај. Кај моите на гости бевме, не сакаше ништо. Дома ке јаде. Возам и слушам бљууу. По пат ми поврати во кола. Додека застанав, веќе исповрати се. Со маж ми зборевме, му кажав веднаш да излезе, се е лом. Се исплашивме и двајцата. Не знам кој повеќе. Од болести, само грло и нос, со стомачни немаме искуство. Денес и диареа имаше, ама една ретка столица, па не алармирав. Душа мајкина, ми вели пробал да задржи ама не успеал, морал да поврати. Седиште во канта, колата на хемиско утре.
Јас кога сум најуморна и најпрестимулирана, таман ќе успеам да ги легнам навечер и само кревети ми се гледаат пред очи, ќерка ми баш тогаш ќе ми рече ајде мами пеј. А ја би да плачам. И што да праам.. пеам. Сум пробала да се објаснам ама тоа само го одложува пеењето. @perlaa1 да си поразговараш со стручно лице. Ќе те опушти, ќе ти даде насоки, ќе те спреми. Ако имаш желба не ја потиснувај, работи на неа. И моево е две ипол уште се буди па еве трето. Верувај со прво е најтешко. Со второ како учиш да балансираш, од многу изгубен првите денови стануваш профи за многу кратко. Природно доаѓа оти да се поделиш на два дела во исто време не можеш, да ги остаиш во кутија пред некоја црква не ти дава срце оти многу ги сакаш, да избегаш не можеш знаеш дека колку што те прават мизерна и уморна, не можеш животот да си го замислиш без нив. И ништо. Ќе си опцуеш во себе и ќе тераш. Ќе ги разгледаш сите опции не дека не ама секогаш и во секоја ситуација ќе ги одбереш нив. Би сакала некој мене да ме земеше за рака и да ме однесеше на психолог таа прва година после првото бебе. Хроничниот умор си го прави своето. Ама па работите се менуваат во моментот кога ќе прифатиш дека со бебе е така, сонот ќе си пострада, не сум ни прва ни последна, никој не умрел што не спиел неколку месеци затоа што станал родител. Ти ветувам не е толку трагично како што изгледа. Ехеее колку бевме преморени со маж ми првите месеци. Бебе ќе закенка сред ноќ, двајцата со затворени очи не знаеме што праиме, јас ја тапшам неа по гз, маж ми мене. Кога и да закенкаше бебе тој беше толку уморен што автоматски пружаше рака и ме тапкаше мене кај ќе дофати и тивко ш-шкаше шшшшшшш шшшш. Не беше свесен што праи дека сум јас. Колку се нервирав тогаш, толку се смеам сега. Тоа се фази што се поминуваат со новороденче. Напорно е и не е дека станува полесно туку ние се прилагодуваме и колку побрзо се прилагодиш полесно ќе поминеш. Пред скоро во друга група дискутиравме околу исхраната на нашите мали деца, тие со тинејџери ни се посмеаа на проблемите. Не се лутам воопшто. Ќе дојде време ќе почнеш да спиеш, ама други се проблемите со тодлери, па деца, па на крај пак нема да спиеш ќе ги чекаш од град да си дојдат. Живот.
Еве ја 4 г ама од бебе беше ваква убаво спиеше првите 2 м само Јас не знам сеа и со бебево како ќе сме Пробав и со мелатонин веќе толку очајна бев ама како замаена ми беше тој период па преќинав. Дневна дремка исфрли уште на 2 г и мислев ај тоа шо не спие преку ден ќе ја натера порано да легне како па да не Приказни не читам оти не се запира со прашања и се расонува место да заспие а колку искупив ехеее Еве денес во градинка носи Ние имаме друг проблем лаже во градинка дека ја боли стомак со плачење со се... дали дека јас и велам така кога ќе запне да ја земам. Дали дека така кога била сум ја зимала од градинка. Две недели беше дома со баба и дека беше болна а мм во исто време во болница и таму трчав и некако како наназад да ми ја врати не јаде веќе сама... бара цело време некој со неа да збори да игра а не може си имам и работа и сакам да одморам исцрпено се осеќам. Ама тоа е живот. Нека се здрави и живи само па се ќе помине
Добро само јас ли сум поизморена вторава година од првата? Мене првите месеци ми беа радости, убавини Таква лежерна си бев, одморена, наспиена, нашетана… Сега веќе сум сериозно за психијатар. Мислам дека многу ми треба разговор со стручно лице оти се осеќам дека тонам. Цело време сум уморна, се вртам во круг, воља немам за ништо, љубов имам само за дете. Нервозна сум, исцрпена, цело време болна, претпоставувам дека психата ми влијае на физичко здравје. Спијам ко да не спијам, со жива мака станувам сабајле безразлика колку имам спиено. Се ова потекнува од мојата глупа најглупа одлука да се вратиме од странство тука. Не знам кај ми текна, не знам што постпородилни хормони ми го заматија умот, а мм па глуп по мене оди да ме направил среќна. Абе ќопук. Се ќе беше поинаку и подобро таму. Нејсе, за спиење не ми се ни збори, 4та вечер запиваме после двобој кавги и плачки во дневна налај 12-1. Како заречено детево. Не знам кај да фатам. Ми се плаче, е мал збор, за тоа што ми се прави.
А во градинка спие? Мојава кога ќе дремне 20 мин таму, шанса нема да заспие пред 10. Ама и ти се мачиш, три саати ќе и лежам во спална. Пушти таму цртани пола саат во дневна ако не е спиена ќе се искомира. 3 саати не и седам во спална па што сака нека е.
Аха и мм така пушти цртани јас заспав госпоѓицата до 1:45 гледаше на таблетот цртани кога се испразни батеријата ме разбуди кога видов саат шо да видам и тоа намалила скроз татко и да не слушне (он си седи до касно стандард ) @1209 а не сум те читала или сфатила немате ли шанси пак да си отидете ?