Искрено и мене ми е потешка вторава од првата. Првата ми беше песна во споредба со ова. Од една страна е полесно се разбираме сакаш да јадеш/спиеш и сл. Од друга страна таков некој инат го фаќа ко свекрва некоја е дури и се расправа со мене ( а мене у тој момент ме фаќа смеа пошо не го разбирам ништо што збори а е преинтересен ). Колку и да се обидувам со полека, да не викам он толку мислам се инаети и ке клекне и ке плаче. И ако не го земам доаѓа и подава рачиња да се исплаче и да му помине, после друго дете. Некогаш се преиспитувам сама себе зошо се изнервирал што сум направила да плаче така. Еве сабајле на пример се изнаплака зошо ја го земав јогуртот од фрижидер а не он... и така во секој случај забавно ни е.
Не давам јас телефони, таблети. Мочана, миена, во пижами, легната во дневна, пола саат Настја, Дијана и Рома тоа глеа обично и кома. Зборам ако не е спиена попладне. Ако е дремната барем пола саат мамицата ќе ни ја расплаче
Абе и со тв ќе се загледа. И јас избегнувам ама ете конкретно таа вечер ми беше лошо низок притисокот плус викенд сабајлето немаше да станува рано и дадов,од немајкаде... е сеа веќе нема. Ама да сум пробала и во дневна со тв ама не бре си гледа гајле нема
Ако сме негде сѐ е добро ама дома на глава ми се качува. Само пишти за нешто, треска, ми наредува и не знае да си игра со ништо!! Еве моментално на глава ми се качува буквално. Нормално ли е ова? Па не може секој ден да се оди негде само за он да биде мирен. Што е толку лошо дома??
Не оди во градинка? Евентуално ако имаш опција за дневни центри. Не дека моево не ми се качува на глава. Ако е во градинка пола ден.
Имаме, ќе се вратиме ама мм прима моментално терапија тука која не можеше да ја добие таму, мислам многу време ја чекаше. Има МС. Па ќе се врати прво он, па ние, ама се ќе биде потешко сега додек пак се да се средиме, а и не знам кога би било. И дефинитивно ќе беше полесно и емотивно за сите да останевме. Пример сега детево е многу врзано за мајка ми, постојано ја бара, ќе му создадам многу стрес и тага кога ќе отидеме. Тука само нервози се наполнив. Мада и не беше се лошо, искрено само мене ми е тешко сега да се сетам на се што беше убаво тука. Ама дефинитивно не ми беше лошо првите неколку месеци, само се одоговлечи повеќе од очекуваното и ми паѓа тешко.
Баш од таму научи со лак за нокти да мачка насекаде,со шминки исто насекаде по лице,на кукли раци да им јаде као демек биле од чоколадо и ред др.работи. Загледав и имаше клипови Настја така правеше,до душа дојде татко и' на Настја со тоа влакната на рацете ја караше де. И мојата се научи веќе Настја е лошка не сакам да ја гледам
Исто и мојата многу лоши работи поприма од Настија и од Дијана и Рома што се. Ако веќе сака дечка да гледа подобро алекс и габи.
Месечно е толку? Или? Храната одговара за доилки? Одмарам две недели од се, оке е млекото за сега ама не се откажувам од тоа да си се вратам на стара килажа. Па би ја пробала и Драгана дури.
Мојава откако е родена цртани не ја интересирале. Јас кога ќе ми каже некој седи гледа цртани со саати дете сум се чудела. Макс што може да гледа е 2 мин Маша. Сака со луѓе реални работи, ко помала Блипи и беше интересен, сега дадичкиве. Еднаш ми фрли пешкир во лавабо после миење раце и викам зошто така правиш? Вика Рома така прави. Тогаш и реков ако повториш уште еднаш глупост од ТВ нема никогаш да гледаш и толку беше.
И мојата цртани не сака,ич,ама ич..еве вака со реални луѓе само. И Блипи го гледа да,интересни игротеки има
Не не, добро се. Alex and gaby се на YouTube. Ги има кога се помали и сега веќе кога се пораснати. Пример има кога се во дизниленд, на летен одмор,
Спие таму, дома протестира Не ми е проблем на мене и до 10 да седи ако сака, само да не почнува да вришти од 6 После 6 какви кризи ја фаќаат тоа е ненормална работа. Со цртаните кратко траеше среќата, умре телевизорот во спална. А и веќе ич не ја интересираат. После 5 минути пробува да прави глупости ко Маша. И се дере ЈАС СУМ МАШАААА. А во дневна не можам да ја легнам оти преместување на св. Никад после