Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    "Нападот" не е за дијагнозата, туку за начинот на кој после тоа пишано како ќе носи наочари и сл. Од сам старт негативно.
    Дијагнозата, немам искуство, сигурно по приватните клиники има и одлични офталмолози. На крај краева и Белград или каде и да е во околината може да се најде решение.
    Ако има потреба и неколку години би носело очила детето, сепак за тоа си има доктори.

    Кога јас бев дете, тие со очила беа исмевани, од сегашен аспект скроз погрешно. Не би ја учела ќерка дека има нешто лошо во тоа ако има потреба да носи, а верувајте би била и казнета ако се потсмева или омаловажува друг.

    Не за очила ама за друга дијагноза имам пример во фамилијата каде екстремно негативно делуваа родителите и на детето му се набиени 300 комплекси, што наместо да си функционира нормално во животот, а нема ни физичка, ни психичка пречка, детето е скроз затворено, со стравови колку да сакате.
     
    На LiquidLuna, Трагедијаупмм, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    На второто дете пред тргнување во училиште му открија проблем со очињата при рутински преглед. Цилиндар, диоптер и плус уште нешто недооформено имаше. Му дадоа наочарчиња да ги носи цело време, освен кога трча и игра со топка. После некоја година му рекоа да ги носи само пред телефон, тв и компјутер. Така да немаш потреба од нервози, подобро да ги носи дур е мал редовно, па да има подобрување и да не мора веќе да ги носи.
    Шок ни беше, он плачеше кога слушна. Ама кога ги стави првпат наочарчињтаа беше воодушевен и пресреќен колку убаво гледа. Тек тогаш се изнаплакав и ми беше криво што порано не сме откриле.
    Во очната болница во Ѓорче го носевме инаку, задоволна сум од докторите. И во Деница имаме одено за други работи, и таму ми се ок.
    И јас инаку носев постојано наочари неколку години, сега приметувам дека ми е подобрен видот па ги носам исто како син ми, пред екран.

    Од другата страна, прво закачив коњуктивит од малото, очите пепел. Од вчера па све ме боли, не знам што ме фати кога од дома не сум мрднала.
    Можете да замислите колку ми е весело сама со дете што проодува и се пика кај што не го збира :D
    Како дете на лижавче се радувам кога си доаѓаат големите од школо, зашто оди одма по нив :D
     
    Последна измена: 27 февруари 2025
    На LiquidLuna, lackygirl, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Да во ред е се тоа. Ама и јас како родител може исто така првите денови би изреагирала, со сите можни црни сценарија, после тоа си се помируваш и бараш решение. Јас вака бурно почнав да реагирам за кашлица, антибиотик...а не пак за друго.
     
    На TheSecret и Emilija28 им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.702
    Допаѓања:
    104.821
    Пол:
    Женски
    Мајката пишуваше како да е крај на светот дека детето ќе носи наочари. Замисли како им е на родителите што имаат дечиња што носат родители. И не е само ова, мајката за се нешто има ист став, од семејство до дете, никој не е доволно добар за неа и ништо не е доволно добро за неа. Факт дека сите ја нападнавме, ама и таа индиректно извреѓа куп дечиња кои носат очила. Божем само таа се наоѓа во оваа ситуација. Да, тешко нејзината фамилија со неа, јас од ваква личност во фамилијата се откачив и сега ми е раат душата.
     
    На LiquidLuna, Dennings, lovely91 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LadyD

    LadyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Јас сфатив само дека тешко ја прифаќа дијагнозата, не дека ги вреѓа дечињата што носат наочари. Инаку се согласувам со ставот дека треба да го насочи фокусот на изнаоѓање решение, наместо грижа како ќе се справува детето со наочарите или како ќе му стојат, ама стојам на тоа дека малку се пречекори линија во реакциите на форумов.
     
    На TheSecret и Fenix05 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Мајки ајде совети од тие што одите втора смена на работа, како се организирате со ручек и готвење за детето и за вас?
    Немам идеја стварно, досега готвам секој ден скоро, немам навика да планирам однапред, освен може манџа некогаш, ама ретко јадеме манџи.
    Маж ми ќе биде со детето и веројатно и ќе готви некогаш, ама готвењето досега беше моја обврска и така сме навикнати, не дека не знае да готви, ама па и не е баш испраксиран да го чува и готви во исто време.
    Може натаму, ама за почеток би сакала да имаат опција што полесно да поминат првите неколку недели.
    Совети околу организација секаква ми требаат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.761
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки..
    Да си пишам,да си олеснам.
    Многу напнат период ми беше од кога последен пат тука пишав дека сме супер.
    Малата ми се разболе,температура,дијареа,плачлива,дома сите болни.Бевме во болница оти се погоди викенд не знаев што да и дадам многу мала.Една никаква докторка уште толку да ми додаде сол на раната со дрско понашање..Е што сега сакаш ли во болница да бидеш јас да ве чувам..ох леле и викам прегледајте дај боже да сме за дома,ама ако е нешто лошо ќе останеме шо да правам..и земаа крв,почеток на вирус,не пуштија дома.2 недели поминаа од тогаш јас имам чувство дека немам млеко,зимам да одмолзам нема ни 20мл,бебе цел ден на цице,кака,моча,ама многу малку добива на килажа.дали пумпата не ми е океј оти ми е по стара не знам ни јас.Отидов купив адд,луѓе и давам ми прави бјак како дека ќе поврати и се се врти накај цице си бара.Нити шише сака нити цуцла.Во понеделник ќе одам кај матичната да ја измери да видам што совет ќе ми даде.
    Дали од премногу стрес периодов и млекото ми се има намалено,а толку убаво си цицаше ја пресреќна бев.
    Се надевам и е доволно и дека ќе останеме на доење оти јас ќе си пукнам од мака ако нешто сум погрешила и заради мене се намалило млекото
     
    Последна измена: 28 февруари 2025 во 17:20
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    50.619
    Пол:
    Женски
    За нас готвам веднаш кога ќе ја однесам во градинка.
    Доаѓам и правам, а за детето маж ми прави.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.816
    Пол:
    Женски
    Земи чај од аптеката, пиј многу течности ќе ти се врати млекото. Пробај да се опуштиш и да не се стресираш, сите се разболуваат, не си ништо крива, пробај различни шишиња и различни млека, нешто ќе упали.
     
    На Трагедијаупмм, Carolin. и Bettina23 им се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.931
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    @1209 , не одам втора смена на работа ама за деновите кога не е ќерка во градинка и ја чуваат баби/дедовци, татко и, нешто спремам од вечер. Генерално баш наутро ако си дома може и полесно и попресно ќе е.
    Сега зависи што јаде баткото, јас оставам појадок, ручек.
    За појадок генерално следните работи
    - овес со овошје ( правам наутро пред работа)
    - палачинки/вафли/крофнички - имам постојано замрзнати, комбинираат со овошје и грчки јогурт
    - краен случај кришка леб со Абц или со мармалад и чај, цеден сок некоја таква опција

    За ручек исто некогаш имам замрзнати работи како сарма или од вечер правам мусака, полнети тиквички, ќофтиња од месо или тиквички, супа итн.

    Ужини свежо овошје, некогаш смоки, крекери, бисквити, чаша јогурт, што ќе им текне, тоа.

    Генерално, си го знаеш детето, што и колку јаде. На почеток гледај со поедноставни работи што сигурно ќе ги јаде, да не го мислиш и ти, а и да нема многу нервози. Не е страшно и 2-3 дена со ред да јадат макарони или да излезат на ќебапи или што и да е

    Јас викам од кога се решив дека и ѓеврек во парк, може да биде вечера и да не стојам часови над шпорет, ептен ми е олеснет животот.
     
    На LiquidLuna, Tea SK, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.761
    Пол:
    Женски
    Земав еден чај,еве сега пијам..дај боже да се врати ..фала ти :hug:
     
    На 1209 и merriel0 им се допаѓа ова.
  12. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Немој да се оптеретуваш. Бебе сега е поголемо и повеќе има сила да цица. Штом си кака и мочка редовно, би требало да е се во ред. Лактацијата се воспоставила спрема потребите на бебе и затоа не можеш да одмолзиш повеќе со пумпа.
    Плус од месец на месец се се повеќе активни и не качуваат исто на кг.
    Некои месеци и стагнираат во кг.
    Да си бидеш мирна нека го види педијатар и ќе ти каже.
     
    На Трагедијаупмм, kozuf и Bettina23 им се допаѓа ова.
  13. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.761
    Пол:
    Женски
    Колку само ми треба во моментов некој вака да ми пише
    Фала многу..:hug::hug:
     
    На Mother of 2boys и kozuf им се допаѓа ова.
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    18.440
    Пол:
    Женски
    Дојдов да се жалам. Седам со чаша џин, чист ете толку ми е тешко денеска. Не знам што ке беше со дететво стварно не знам што му се случува во главчето ама воглавном периодов одкако се разболе е хаотичен и страшен искрено. Дури и ме плаши на моменти, само приплачува, се фрла со главата ако не е нешто по негово. Заспивањето е благо речено хорор, додека го заспивам сака да ме штипе, па плаче зошо не заспива, па плаче на облакање на соблакање, ако не му се јаде фрла чинија на земја, денеска бев на раб да си поплачам одаабајле уште не знам што стана искрено. Ама знам дека вака не може.
     
    На sani99, Tea SK, Калатеа и 5 други им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    754
    Прва смена работам, ама може ќе ти се најде нешто. Функцинирам со план на оброци за неделата, затоа што готвам или навечер или рано сабајле и практично е да имам испазарено се однапред. Најчесто готвам преку еден ден и истото го јадеме и следниот.
    Најлесно ми е манџа со некое мелено месо или леќа, наут за протеин и многу зеленчук, само компир не ставам, така е сигурно дека нема да е суво утредента :D некоја верзија на болоњезе сос, еден ден со макарони, другиот во тортиља, ќофтиња печени. Или правам мусака, нешто што може да постои малце во фрижидер па после работа само печам. И маж ти би можел да стави спремно јадење да се испече само, не би земало ништо време. Или паста сос спремен, само да свари макарони. Правам еден лесен со спанаќ, брокула, кромид, лук и индиски, се во блендер и малку да зоврие во тава и готово е. Омлет со сирење, кашкавал, зеленчук ако имаш исецкано однапред се прави за 5 мин.
    Палачинки, мафини, солени и благи на 3-4 дена правам и стојат во фрижидер за ужинки. Овошен јогурт (грчки со свежо овошје), овесна каша и сл. исто може да стои и од вечерта во фрижидер. Палачинки и мафини почнав да замрзнувам, палачинките на тостер се одмрзнуваат одма.
    Риба печев вчера по совет од тука, 40 мин требаше да ја спремам, од кои 30 печење :D Е сега не беше маринирана, со гарнир како треба, ама такво мерачко готвење во некоја друга доба од животот.

    Ако имате други идеи за брзи поздрави оброци и штедење време, добредојден ми е секој совет и мене.
     
    Последна измена: 28 февруари 2025 во 22:13
    На Mumoftwo30, јolene, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Сите сме поминале низ истото, верувај. Моите многу напредуваа на почетокот, а после 6-7 месец имаше месец два каде што ни грам не качуваа. А си јадеа.
    Мајките постојано имаме грижи за децата, и тоа е нормално.
    Затоа сме тука, да споделиме искуства и да размениме мислење.
    :hug:
     
    На kozuf, Трагедијаупмм, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.331
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Мајки прашањето знам не е за овде, ама тука сте ми поактивни.
    Предложете место во Македонија каде може и да се преноќи, и каде што е погодно за мали деца. И да има каде да се прошета.
    Убав викенд :f:
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.331
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Тантруми.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.918
    Допаѓања:
    23.886
    Пол:
    Женски
    Одговорив и во друга тема за страбизмот.
    На првото дете сега на 6 год му откривме (јас) дека има страбизам, Битола на болница беше прегледот, има диоптер +1.5, многу ми падна неубо ко кажа доктор ама тоа е, одма наочари почна да носи од истиот ден и ги носи скоро цел ден. Месец дена веќе помина, на 2 месеци контрола треба да видат како е. Ми беше страв на школо како ќе реагираат децата, да не му се смеат па да нејќи да ги носи после, оти само тој во класот носи наочари и и кажав на наставничката да му кажи на децата дека од денес Ѓ ќе носи наочари. Па така и бидна, не му се смееле не го зафркавале, се навикна на нив и си има одговорност, ги бриши. На фзо мислам дека ги остава не ги носи.
    Преубо му стојат 8)
    Иначе ова дете не сака спорт, не сака игри кај што има трчање, туркање... Вака од сега ми личи дека по компјутери ќе биди :rofl:
    Јас носам од 19 год со цилиндар и минус ама мал диоптер 0.75 еве 16 год не ми се зголеми диоптерот, носам само за читање и пред компјутер. И да преубо ми стојат :sun:
    @Carolin. Тантруми се, нормално понашање на тодлерче, само трпение. Исто е и моето.
     
    Последна измена: 1 март 2025 во 12:09
    На Mother of 2boys, Carolin., LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    1.387
    Пол:
    Женски
    Не грижи се нормално е кога е болно да цица почесто. Цицето не е секогаш храна ,некогаш е и утеха некогаш е згаснување на жед некогаш блискост.
    А сум приметила кога стагнираше кичажа извишуваше. И тоа секако ќе си го земеш во предвид :l: исто пумпа и бебе не влечат исто тоа со сигурност ти го тврдам од искуство :D
     
    На Mother of 2boys, Carolin. и Bettina23 им се допаѓа ова.