Welcome to tantrumHOOD И да не те разочарувам, ама уште многу моменти ќе има кај шо ќе викаш "вака не може". Тестираат граници, пробуваат да се искршат од шо стигнат, се да е како шо замислиле оти у нивната глава тоа има логика, ти како возрасна не гледаш никаква смисла во тоа пример да се фрла по земја за пелена да се смени ама тој гледа дека така нешо ќе добие. И трпение, трпение, трпениееее Мојава да не ја урочам, еве у добрите е деновиве. Освен шо е отров генерално, веќе не се треска од земја за глупости - само за реални работи
Баш ја меревме денеска,родена 51цм,сега на два ипол месеци 66цм..можно е во висина да отишло повеќе месецов..се потсмирив искрено цела ноќ кога цицаше од едната града од другата само течеше,и муцето полно млеко.. Ама вчера така убаво си се изнаплакав од кога заспаа девојките..денеска добра сум
Нека повелат и до 4 години ќе си седат со нас Колку тогаш се нервирав сега смешно ми е, многу ми е интересен како драматизира
Не да се искрши, па ја така да се фрлам нема да ме состават искрено. И за што? Зошто јас го извадив јогуртот од фрижидер а не он, а он тргнат да го седнам во хранилка. Нека се опраи времево аман од 6 саат у двор ке седиме ако треба. Денес од 8 е надвор, со мене до 10ипол тргнавме на кај дома го виде дедо му низ двор и со него до 15 за 12 се врткаше дојде се напи сок, изеде две резенки јаболко и само "мамо нанам". Уште горе не стигнати он заспан ми беше на рамо. ке си набавам залихи на џин во скоро време, кад ке бал нек ке маскенбал @Erika.greeneyes @lackygirl
Тантруми на најјако. Јас веќе нерви немам, отрпнав хаха мојата одамна ги има. И секпј ден обавезно по еднаш тоа во подобрите денови. Инаку по цел ден има. Ама вчера и денес е нешто посебно. А таман беше за нијанса маааалце подобра во последно време. Не требаше да се фалам. Од вчера и удираат бубачките во глава плаче а никој не знае зошто ме брка ме турка ми вика дека не ме сака. Се затвара во ходник и си плаче сама Сабајле се разбуди и вели доста е спиење и да станеме. И јас само што станав почна да вришти. И викам што е сакаш уште да спиеш, не ми вели. Сакаш да лежиш неее, да станеш пак неее и се корне од плачење ја прашувам што се случи сега што згрешив зошто плачеш таа уште повеќе плаче и почна пак да ме брка. Ја прашував дали ја боли нешто не бе не слуша Е богами претера и си велам демек сама на себе, добро Х не те сака те брка ај да си најдам јас надвор друго бебе што ќе ме сака и нема да ме брка. И кога викна НЕ. И одма дојде ме гушна се смири. Значи претходно со гушкање колку толку се смируваше ама вчера и денес ни сама не знае што сака. Верувај глава ме боли од неа, некогаш си велам и срцево ми настрада веќе
И кај нас да пријавам такви епизоди, тантруми, вриштење. Знам дека трпение е одговорот како што викате, ама како? Кога самата сум ненаспана, уморна, и мене ми иде да викам и да тантрумам и да не бев со тодлер по дома. Не можам да се соберам со денови и недели некогаш. Сакам да бидам подобар човек и потрпелива мајка, ама како??
Ама реално отрпнуваш. Јас прво објаснувам зошто не може да се направи/добие нештото, после си ќутам и чекам. Оти стварно после тантруми се понашаат ко ништо да не се десило, и да не ти го кренале притисокот 200. И знам дека после ќе биде нормално дете, и чекам. Кога вриштев она додека вришти, ништо не постигнував. Не се слушавме една со друга и џабе се деревме и двете, мачката се криеше само. Ништо повеќе. Сега она се дере, јас ќутам и пак после објаснувам. Се е сведено на објаснување, пред и потоа. И нешто ќе влезе у глава. И најбитното нешто што го прочитав во последно време беше Pick your battles. Не секогаш треба да дозволиме да се тантрумисира за глупости, некогаш треба и да ги дозволиме тие глупости што на нив им значат живот во тој момент. Сакала она да го земе јогуртот? Ок, извини Софија, не знаев. Ајде дојди земи го Пример. Е сега Сакала да се фрли од радијатор на кревет? Ок, не може. И тоа е тоа
Ме насмеа со мачката се си викав да стабилизираме со бебе па ќе земеме маче. Кое факинг стабилизирање, што сум мислела Иначе да, дозволувам се што е безбедно, или гледам да правам дистракција за да не ни дојде до тантрумот. Ако дојде, гледам да сум смирена, со убаво да кажувам, ама во себе вријам - е тие емоции не можам да ги уништам, и ме држи и ми се собира и сум како потресена цело време, и се полошо и полошо станува со време. Не знам како да го канализирам тоа, викаш ќе отрпнам со време ќе стане полесно? Тек сме на почеток од тантрумството сега, а што ме чека, затоа сум најзагрижена..
Роди си 2ро Хахха Шала на страна, така со првото бев цело време нервозна, не спиеше (и ова се буди 3 4 пати ноќе) ама скршен сонот на 10 пати не е тоа спиење, се ме нервираше, некако ко многу работи да сум испуштила се осеќам сега, само како под некој распоред, сега ова треба, сега она треба, се, само не опуштено, форумов многу пати и негативно ми влијаеше тогаш, во смисла ова јади овошје, зеленчук, месо (моето не јадеше) па нервирај се, па некое мислење ќе ме погодело лично итн.. Сега брате опуштено од сам старт, уживање во секој момент оти многу брзо поминува се, трепнав 6 год направи душата опуштена, полабаво се, не јади, не јади ок после ќе јади ко ќе му се јади... Немора авокадо да јади нека јади јаболко Фрлање нешто што не смее не смее, тука нема попуштање, ќе се дрецни во секундата на под да плачи, оставам нека поплачи ќе му помине, пак кај мене иди дс се гушка
Јас некна дозволив да се шлака со јогурт, оти немав сила веќе. Не можев да се расправам. И супа јадеше сама. На крај соблеков, истуширав и ајт. Ама надвор на улица нека се дере и легнува колку сака, не ја пуштам сама да трча. Оти нели тесен е тротоарот од 2м . Морало кај коки возат. Па од горе и гледа прво дали ќе се расчука, па легнува. Неколку пати изгледа ја здоболе, па сега погледнува. И на минус температури, ко ќе се развика ќе се уцрви ќе се испоти од бес. Нека се живи и здрави само. Колку се напорни, толку и се слатки. Мали човечиња .
Да се пријавам и јас во тантрумхуд. Се трпеше до пред месец дена, сега господ да ни е на помош. Се претворив во мајка што вика по дома, а не сакам ич. И еве сега учам трпение, читам книга што ми вели не ги сфаќај тантрумите лично, и дека инаетот кај малите деца е добар знак за нивниот развој. Се надевам ќе успеам да најдам нова перспектива што ќе ми помогне да станам подобар родител. Честопати се чувствувам беспомошна да се справам, не знам како треба правилно да постапам, и од таа беспомошност ми доаѓа лутината и избувнувам. Во моја одбрана, поминувам низ тежок период. Ги оставив цигарите неодамна, па сум доста понакурчена. И за жал го изгубив кучето заради болест плус години. Се дружевме повеќе од 10 години. Ми се собраа доста ствари во краток период, а мислам дека и децата чувствуваат промени во расположение кај родителите и им влијае многу. Во секој случај останувам оптимист, тешките периоди не учат на нови работи и перспективи, или народно кажано, така се расте.
Мајки бебе годинка наполни, неколку вечери по ред и синоќа беше пикот. Заспива, се буди плачејќи после 5 мин, мижи едвај се смируваме па продолжува. Што е ова, читав ноќни тантруми, стравови појма немам. Жива ненаспана сум...
2 и пол има. Ама одамна е ваква. А од бебе е темпераментна. Од старт проблем со спиењето имавме. Порано многу се нервирав се прашував кај грешам. Бидејќи се со молење беше менување пелена, пресоблекување, давање витамини и т.н. Се помирив дека такво си е детето. Не дека кога гледам други деца послушни не ми е криво. Ама што да правам, за неа сите доктори ми викаат ратоборно дете. Кога ја читам @LiquidLuna како за мојата да збори. Да се здружат тие две којзнае што би се случило @see.emily.play која книга е таа? @kozuf нормално е да изгубиме трпение и ние. Не значи дека ако сме мајки не може да се случи тоа. Не викам дека е правилно ама и ние имаме чувства не сме роботи. Некогаш кога ме вади од такт знам и да и се развикам да ја искарам. После сфаќам дека не требаше ама во моментот пукам.
Ааа се тоа е дозволено само да јадиме на мира со првото не оставав и ми е криво, да не се извалкал, да не извалкал на земи, пак споредба правам ма нека јади сам, бар ќе научи да јади, истура се од пајнца на хранилка и вака се маза, јогурт пие од шолја и се потура цел ама сака се сам и е пресреќен. Потоа цел го пресекувам и толку. Спојлер: Слика @Erika.greeneyes пак е до детето, второво е такво ко што опишуваш, 18 месеци е, ама таков е. Додека првото беше многу помирно, немав мака со пелени менување, дури и сирупи пиеше. Карактери се различни.
И јас со жалење. Претажна сум, претажна. Депресивна, уморна ама повеќе психички него физички. Да знаев дека ќе е вака ќе почекав за второ… детево не си го препознавам, агресивна, лута на се, ме отсака мислам. Сега почна и спрема бебето агресија… а се применуваме, максимум време колку што можам со неа, се со добро ама луѓе попуштам психички, јас со добро она мавај, тепај, фрла све… и така секој ден. Бевме и на консултација за помош, советот да е цел ден со мене, се осеќа отфрлено. Јас се знам ама луѓе не можам. Ок пробуваме, џабе она пак лошо…и со лошо не бива и со добро никако. И мака ми е пошто се двоиме и губиме близина и ме гледа со бес, а никако не можам да подобрам ситуација. Се надевам со пролетта ќе се смени нешто, некако…
Полесно ќе биде. Се ќе биде полесно еден ден. Барем така се тешам Ама не сфаќај лично У смисол се истрескала од земја, се истрескала. Па што? Ќе си сфатиш дека е нормален дел од развојот, и нема што да бидеш потресена после. Еднаш и ги броев тантрумите. Другарки златни, за неполни 5 саати, она 7 пати по 15 минути најмалку се трескаше од земја. Последниот 7ми тантрум толку многу и одзема од енергијата што заспа одма после тоа. И после тоа јас да бидам шашава цел ден? Не бе срц, јас бев пресреќна дека заспала Се разбуди ново дете Наредниот ден беа 5 тантруми и престанав да бројам оти ми беше страв @see.emily.play и ти си будала, се откажуваат ли цигари со тодлер мајке ти Кај ќе ти иде нервозата сеа? Јас ајкос пушам ама ко имам потреба да и се издерам, кога претерала ептен пошо верувајте дека сум апла Зен со нервите идам и обични цигари палам додека се смирам Додуша еднаш толку многу се тресев од нервоза што и паничен напад добив и само Дијазепам ме смири ама тоа друга тема. Не беше толку она крива шо ми беше посрана неделата ама беше капакот. И во последен момент сфатив дека ако немав толку лоша недела, со нејзе без проблем ќе се справев. Некогаш и околностите си го прават своето, колку и да се трудиме. Живи луѓе сме, луѓе. @Калатеа тебе само сакам да те изнагушкам Верувам дека е период додека се навикне на бебле. И ќе помине, се поминува @Erika.greeneyes сестро овие двете ако се спојат, може помирни ќе бидат. Или ќе се тепаат која поголема глупост да направи. Ризик ствара капитал, шо знам. Да ризикуваме
Сега дури гледам дека си ми пишала. Во ред сме сега сите.Мрсолчиња немат веќе,големата е многуии подобра исто и јас..иии ииии секс се имаше Уз Пинаколада овај пат.
Второ ни на шала сакам ама не сум способна. Во право си за неспиењето, уморен човек се му смета. Цел живот сум искулирана за се, работам стресна работа со пари, рокови, и сум била доста чил цело време. И со детево грчеви, мастити, скокови заби око не ми трепна баш. Не сакаше да јаде долг период и тоа го надминавме, нешто она, нешто јас да не се замарам како што викаш. Е последните 6+ месеци се буди по 6-7 пати просечно и до скоро бев ок, барав решение и бев уморна секако ама психички добро поднесував некако. Денски беше среќна и соработлива колку толку. Ама сега, дете вришти, може и не е секогаш тантрум. Стално е и болно, и дали умор ме стигна, јас не се препознавам. Се немам развикано или нешто такво до сега, ама осеќам некоја подлабока тага и беспомошност, грутка. Ми се плаче а солзи нема. Некое ново ниво ми е ова, не знам како да излезам од тоа. @LiquidLuna во право си некст левел е после тагата да ми стане комично ваљда само како да дојдам натака @Erika.greeneyes фала мајка, во право си и ние сме само луѓе. Некогаш треба и за тоа да се потсетуваме.. @Калатеа ја осетив таа беспомошност во твоите зборови. Мајка да е бескрајно трпелива, па и немаме некој избор.. гушки и побрзо да помине периодов. На сестра ми и помогна да и дава на поголемата задачи околу бебето, донеси ми влажна, исклучи го светлото, дојди да избереме кои чорапи ќе ги носи и сл. Да се осети корисна и вклучена во грижата, а и тоа е време минато со мама, плус малце како "поважна" и "попаметна" да се покаже, бебето е мало и не знае да си одбере чорапи на промер па дада мора да му покаже и помогне