Прими сочуство за кучето. Мене смртта на моето мислам дека ме погоди највеќе во животот. Пола година помина и сеуште има денови кога ми е многу тешко и детето дефинитивно приметува. Тотално те разбирам како ти е и ќе треба многу време да не се осеќаш барем малце тажно.
Ќе се надоврзам на постот твој. Јас имав мачка,ја зедовме кога бев 1 одд,а ми умре кога бев 2 год.на факс. Значи цело детство ми помина со неа.Се' заедно правевме,со неа пораснав. Ми требаше ужасно долг период за да ми влезе во глава дека ја нема повеќе.Мн.ми беше тешко. Еве и ден денес кога се сетам на неа заплакувам. Тоа беа пре пре прекрасни моменти. На некој може смешно и чудно е таква поврзаност ама ете така е.
Јас имам кај мама таква мачка, моја е, јас ја зедов, еве ми ја на аватарот горе, уште е жива 14 год, нема заби, скоро сите и се паднати, одвај скока кутрата и зглобовите изгледа ја болат често помислувам како ќе биди без неа, неможам да ја замислам куќата без неа.
Добро ве читам мајки и дали само мојата е ваква кога има тантруми. Се загрижив. Прочитав дека со зборување и објаснување пробувате, па не сака ни да ме слушне вришти и липа цело време. Викате по 15 мин плачат после ко ништо да не било. Абе мојава не престанува , верувајте не престанува. Дали може нешто да им се случи од толку плачење ??? Вечерва имаше страшни тантруми ќе пишам утре. Немам сили сега за тоа. Се осеќам ужасно.
Ќе ти биде тешко, за жал еден ден ќе мораш да ја замислиш, тоа е болната реалност за животните, што никогаш нема да ни биде доволно времето со нив. Ние го чувавме нашето 13г. Секогаш велевме дека е толку здрав и чуван што ќе доживее длабока старост. Толку ненадејно се разболе што немавме време ниту да реагираме повеќе, не знаевме што не снајде, не ни се веруваше дека така наеднаш може да го нема веќе. Ни се лизна од раце како што вели мајка ми. Јас ќе кажам искрено дека нема ден до денес да не пуштам барем една солза за него, а го нема од Јуни…пуштам видеа само да му го слушнам гласот и лаежот или тропкањето на под, Грофкањето. Уште одам кај моите и прва секунда очекувам да го видам кога ќе влезам, а неретко и ми се причинува дека го слушам, како пие вода, издишува, лае… Толку ме боли што го нема, што мислам дека цела година ја замразив ради тоа, толку лоша година имав само ради тоа. Толку голема причина за радост ни беше и уште не можам да поверувам дека го нема, дека не постои, го нема. Не можам тој концепт да си го врежан во главата, не можам да се помирам дека веќе нема да го видам. Уф. Извинете, стварно знам дека темава не е за тоа, ама не можам да не пишам за него ако се спомне домашно милениче. Јас после него уште не можам ниту да се израдувам на друго животно, дури и другите кучиња што ги имаме дома не сакам да ги галам. Од тема мајчински муабети. Многу ми е тешко што ќе тргнам на работа. Тргнувам со камен во срцето и тежина на плеќи. 10 години пробам да работам тоа што го сакам и никако не успевам, секогаш на крај мора да работам нешто за да работам. До сега имам работено сешто, ама само неколку месеци она што вистински сакам да го работам. Годините си минат и мислам дека се потешко ќе биде да работам зошто сакам, а не зошто морам.
Какво зборување за време на тантрум. Не. Кочи. Јас ја правев истата грешка и колку повеќе му зборев толку полошо беше. Ќе ја оставиш да се исплаче, седи до неа, ако иницира дека сака да ја гушнеш или допреш направи го тоа, ама ако не ти дозволува остави ја. Кога ќе и помине ќе ја прашаш дали сака да ја гушнеш, ќе ја гушнеш или ќе седнеш до неа и ќе почнеш со многу, ама многу смирен тон да збориш. Битно е да процениш кога може нешто да направи тантрум и да пробаш да го пренасочиш пред да се случи. Иако ова е тешко, кај моево многу често можам да проценам. Обично е секогаш кога му се спие и се осеќа дека не го слушам за нешто. И кога знам дека ќе има шанса за тантрум и е во таква фаза, пробам да не му газам многу на нерви. Ете прееска тргна да има тантрум оти сум му ги нашла јас папучите, почна да плаче и да ме удира и да ги фрла. Сфатив зошто, сакал тој да ги најде. Реков добро мама пак ќе ги скријам ти ги барај, одма упали и се смири. Ама некогаш ништо не пали, затоа најдобро да се остават да им мине па после да се збори. Е сега на нет читав дека не треба да се подолги од 15мин најчесто, не треба да се ептем чести, неколку на ден, детето треба да се врати во нормала после нив или ако се долги треба да имаат момент на пауза, пример додека плачат и тоа трае и трае, дали има неколку секунди кога се смируваат да погледнат нешто, слушнат. Тоа значи дека се присутни ама избираат да плачат. Така да мислам дека се друго измеѓу е нормално понашање на тодлер.
Дали го има некој? Како сте задоволни? Го имам видено кај Драгана фит дека го фали и прави путери во него, па се мислам. Само како што видов во видеото оди со додаток чашка за блендирање плус, а овде е без.
Тантрухуд. Вчера извадив јакната да и ја перам. Ја виде, и почна бечи мама. Ајде и ја облеков. Саат време не сакаше да ја соблече, дома топло, таа ја носи, се поти ама не ја дава. Стигна време за капење, ништо живо не ја соблекува, уште саат време се молевме. На крај со плачки, викање , ја соблековме, па тоа ме мава, ме гризе, вришти што да ти кажам. Со плачки се бањавме, со туркање, ептен на крај се смири некако, па после од вода не можев да ја извадам. Ајде од почеток, плачки, викање, па тоа едно тешко раче што има ко ќе ме удри ме боли. 2 и пол саати голгота. И така...
https://setec.mk/кујнски-роботи/bosch-mcm3200w68540 Јас го имам со чашката и башка уште едно сецкалче. Презадоволна сум. Во блендерот каши за беба без проблем правам.
Да, го најдов линкот сега и јас на претходните страни. Само во Сетек ли го има? Бар на попуст негде да го фатам. Фала
Со сецкалчињата рижото со една рака у жустри денови... Многу ме има спасено... Па според мене почекај, секој месец има попусти, соленко е вака...
И јас го имам овој со чашката, ама скоро ич не е користен. Само заради сечењето го имаме користено, за руска во тегли. И така на повисоко во кујната ми е ставен, и го заборавам дека го имам воопшто. Ме нервира што е со повеќе делови. Мене за блендирање нутрибулетот ми е многу попрактичен, и тој го користам многу повеќе. Смути, сосови - со нутрибулет. За бебе купив на филипс авент, уште малку здравје и ќе го тестирам.
Отпосле објаснувај, смирено. И тие 15 кај ќерка ми се релативни, зависи за што се треска во моментот. И ништо не сака, ни да ја гушнеш, ни да ја погледнеш. Она кога тантрумизира , јас низ прозор гледам оти Вришти уште толку. Нема да и се случи ништо од толку плачење, верувај.
Ew. Со среќа да не шизнеш Кај ќере почнаа после првиот роденден, не знам точно кога, може година и пол да беше? Или измеѓу година и година и пол. Така нешо 2 years later, уште си има во ублажена форма конечно. Пред 3тиот роденден не се поднесуваше ама ич.
Е се мислев дали нутрибулет или овој што го земавме, беба беше 2м кога опремувавме, па изненадно ми заврши работа блендерот и за кашичките што не ги јаде Со здравје да го користиш и да си јаде бебле ^^
До пред малку имав паничен напад само заради тоа шо ќерка ми нема јадено цела недела. Беше болна и само млеко пиеше. Сношти не јадеше и прееска стана, беше гладна, и направив стек, не го јадеше. Се уби плачејќи. Плаче она, плачам јас. И направив макарони, па фала бого апна некој залак. Сега и она мирна и јас. Жива имам пропаднато шо детето ми е нејадач.