Исто. Плус цел ден шо се влечам во кујната, за нас едно јадење, за неа друго. Дај боже да го надрасне овој проблем оти ми се плаче више.
No bad kids Еј заеби чоек, се мразев што пушев. Те сфаќам скрос, некогаш истото си го помислувам, ама кога ако не сега? Ако чекам да се смири може и години да се изначекам, а ми оди умот и на второ, не сакам да пушам во бременост. Фала <3 иако секој ден ја мислам и ми фали, потешко беше што неколку недели болна ја гледав. Знаеш, додека дојдеш до дијагноза, па барање чаре, па чаре испадна немаше, во меѓувреме ја гледаш како пропаѓа. Полесно ми е откако се заврши.
Дрога срцка, дрога Јас паузирав кога бев трудна и 3те месеци кога доев. Мислам дека не сакам да ги откажам
Јас паузирав 5 години, кога ја одбив од доење пропушив пак. Си мислев можам да ги оставам кога сакам, што е една цигара во денот. Класика
Па зависи како ќе биде со стабилното седење, ама како што тера мислам дека ќе биде 5ти месец вкусови да пробуваме.
Опростено ти е тебе со 3 Јас у бременост имав стрв само за цигари. За ништо друго. Лиги ми течеа... не цигари, тутунче виткав. Сабајлето пред царски искочив со две цигари, едната ја испушив, другата ја џитнав. 7м неам запалено цигара. Зло. Не прекинува да ми се пуши. Сакам никогаш повеќе да не запалам цигара, се надевам дека ќе успеам.
Не сум единствена значи. Истиот ден кога дознав дека сум бремена ги баталив и стварно не ми ни текна на нив. Сега после 3 месеци откако се породив ми доаѓа на моменти таква желба да запалам цигара што искрено мислев нема да ми се појави, ама приметувам дека на нервна база ми е желбата, само тогаш ми доаѓа
Ja, natürlich Природно си е природно Јас баш у бременост не помислив. Мислам дека оти повраќав 5 месеци и немав време да помислам на цигари. 6ти месец памтам дека земав дим од стрв и ми се згади ептен. Додека доев пак некако се контролирав. Е кога престанав, им се вратив на голема врата.
4 години не пушев, се роди ѕвер број два, после 3 месеци пропушев. Ај икос сега па се тешам некако. Прво на маж ми го крадев, па му здосадив отиде ми купи, ми вика ај не се лажи сама себе, на ти ајкос. И да ви кажам, многу ми е порелаксирано. Нема, тоа ти е, еднаш пушач, засекогаш пушач.
Мајки да пишам можеби некогаш на некоја мајка ќе и биде добредојдено.. Пред некој ден млекото ми се намали ептен од премногу стрес.. Јадев палента,павлака и пиев чај за доилки,после два дена ми се врати ама исто како на почетокот градите преполни..
20 год пушев и се така по две до пет циг во денот. Во бременост кафето не го пиев ако цигарче си немам. И после породување, кога се будев за доење не можев да заспијам од кашлање и гушење. Седев со саати зошто ако легнев не можев здив да земам. Кога не пушев не се гушев. И не пушам од октомври а уште кашлам, ама дишам. Не ми текнува да запалам. А уживав додека пушев.
Мајками одкако починал таткоми почнала да пуши интензивно претходно онака, во бременост нормално не, и како растев така ја памтам со комшивките родео меко тврдо.. не пушела повеќе од 4-5 цигари во ден. И кога и се појави јака вртоглавица главоболка од спондилозата знам бевме негде основно ... и рекол докторот колку вратот и цигарите се причина и ги прекина. Толку ја нудеа ние се љутевме двете со сестрами ии стварно карактер. Сега еве поминале 25 години како не пуши. Цигарите и сметаат ненормално. Може да се откажеш мислам само не дошол моментот да ти удри во глава.
Синко веќе не спие со нас. Му направивме соба, ептен му е по кеиф и еве веднаш кажа "Вечер ке спијам сам." Бараше да му раскажам приказна да заспие, еве без мака си спие сам. Секако вратите отворени, кажавме дека во секое време може да се врати меѓу нас. Ми порасна детето. Се повеќе е самостоен. Од септември на школо. А како вчера да ме клоцаше.
Изглеа ја премногу на нервна па онака цело време ... Првите 4 недели ми беа гадни, со пријателка не верувавме дека сум бремена, а имав многу апетит. После тоа се до пораѓај јас повраќав одма после СЕКОЕ јадење секој АМА секој ден. Освен со тутунче... Уживање е мал збор... Колку пати помислувам како сакам да ме гребне тутунче по грло Инаку од купечки цигари и јас се гушев, не поднесував тоа... Ама затоа Голден вирџиниа зелениот... Стрв ми беше тутунот мислам дека. Да си земеш ти детокс еден... Инхалации еукалиптус со топла вода тенџерче... Мм продолжи да пуши, го гледам се префрлува на вејп лека полека. Ама на глава ми се качи у бременост, со право де, најлошо чувство... Колку се мразев себеси што пушам во бременост... А инаку од 8мо одделение, блиску сум со тебе јас, 18 години...