Јас коа останав бремена некаде 2ри 3ти месец ги баталив ми се згадија и еве 3 години не пушам и не ме тера, како да не сум пушела никогаш. Претходно пушев 15 год по 2 кутии на ден, без осет
И мене не ме тераше дур не се разболи големата, па ги чував 2 недели сама. Бебе грчеви, залепено за мене, големата кенкава внимание бара.....и така, фаст форвард 6 месеци по кутија икос дневно . А јас не ги оставив поради бременост, година дена пред да останам трудна со првото. Ич не ми се пушеше, дури ни со алкохол, што секогаш ми било тригер ама 2 мали деца некст левел е веќе
На тема цигари - немам ниту пробано цигара, во уста немам ставено. Толку одбивно нешто ми се, со извинување кон сите што пушите. Кај го сменија и законов, ептен миз селектирани места излегувам. Не можам да седам каде што се пуши и да смрдам на цигари. А за мајките што се бремени или дојат и пушат - no comment. Кога ќе видам бремена жена со цигара в раце ми доаѓа од чело да и ја изгаснам. Ви посакувам на сите што пушите, да си направите добро дело за самите себе и да ги откажете цигарите!
И јас, никад не сум запалила цигара да пушам, сум повлекла дим два од оние со ментол ама не ме влече. И затоа може не ги разбираме овие чувства на оние кои пушат. Со две раце потпишувам, Ловен дом Берово. Има и за шетање низ шумата по патот, ако сте одачи до Абланица викенд населбата да поодите, отприлика 10000 чекори натака и навака, топ. До езерото со кола или такси, до доле да се прошетате, ем сте во градот ем сте надвор од градот, топ е. Најубавата инвестиција за бебе оваа зима. Се врати црвен во образите. Пројде бронхит сега без да се накашла. Јас го имам, ама постариот модел, овој е понов. Најубава инвестиција евр. Ако недајбоже се расипе пак исто би зела. Правам во него путери од јатки, сецкам, рендам, мелам, цедам сокови, матам, се правам. Преубава работа е. Ова и миксерот статичен, не знам без нив како живеев, и од поново време ѓезвето електрично.
Здраво ме нема одамна не стигам сега со 1годишно како ќе стигам понатака? Или е полесно? Така мислев и сега дека ќе е полесно Ама не ми е Требаше да се вработам ме примија на сите 3места што аплицирав но, детето ни со врски во градинка не го примаат. Судбина? Многу сакам да го чувам дома да ама не сум организирана ич. Ич. Едвај доручек,ручек башка не ми јаде цел оброк И јас не јадам ич немам апетит. Пушач сум не бев додека бев трудна и дур доев откако прекинав со доење назад на цигари. Кафе цигара од сабајле тоа ми е доручек не можам да јадам мнпгу сум слаба многу. Сакам помош немам каде Ме мачи детево не сака да јаде ако е манџа со лажица не само макано со леб макар сув леб да е многу е тешко. Го подрековме све јадеше и на све зинуваше сега уште не сум се приближила со јадењето он плази јазик се гади. Што е работава? Душа немам веќе 14м скоро е уште се нишаме,уште... Треба да ми стигне транспортно креветче да го учам сам пуст ни млеко не пие па му правам милк шејк на др.оеткер па проаѓа Мм се лути зошто така како американцине. Не разбира дека душата ми ја вади дур касне нешто бар млеко насабајле нека пие он и зза тоа галами. Зар јас сакав да се одбие и да снемам млеко? Нејќев мн нормално. Ама не разбира. Ми помага свеки кога е дома го држи на прозор го рани демек пилиња. Јас немам душа веќе Дали дека се понадевав дека ќе работам ќе сменам средина,луѓе па се разпчарав кога сфатив дека нема? Не знам ни јас не знам. Воедно како во градинка? Малиов само стоечки памперс мења,лежечки ако нркој му држи нешто да гледа Зар нема да му сменат памперс таму? Колку време ке се мачи додека фати ред? Многу сака дечиња кога шетаме надвор мн им се радува,ама уште не оди сам за да си игра со нив. Ако го водам за една рака оди,ама сам му р страв. Низ дома станува се исправа ама му е страв. Секое дете различно знам. Ама мн сум млада да сум со толку прашања и замор. И така најдов момент да напишам набрзина има поврќе но немам време пошто не се орханизирубам убаво.. Бидете поздравени и со добра мисла и убав ден
МАЈКА си.И даваш се од себе да биде како што треба. Има периоди кога хормоните малку хаос ни прават во главата, ама и тоа поминува. Супер си мама. А тој што ти го ставил у глава тоа дека не си добро организирана, нека си ксне од г'зот.
Хаха претпоставувам пушиш. Не можеш да споредиш ако одам една недела на службен пат, со пушење во бременоста. Не е воопшто ни споредливо. Службен пат е дел од работата, а работам за да печалам и од кои пари си го одгледувам детето. Последиците по здравјето на бебенцето можат да бидат трајни и многу опасни со пушење... Пушење во бременоста од никаков аспект не може да нуди бенефит за бебе, буквално само може да наштети.
Пушење во бременост, пушење додека се дои и пушење покрај дете е апсурдно. Незнам зошто и го сврза на мајката патувањето за работа со цигари... Искрено... треба да се запрашаш малку wtf??? Ај сеа која е најмајка пак зошто сме пушеле цигари. Ептен е токсично ова што го правите.
Сигурна сум дека секој има коментар и реплика и на оваа тема и може да трае со денови. Секаков провокативен коментар е вишок. И како и секогаш секој ке пласира свој став како апсолутна вистина. И пушат и пијат и се дрогираат и деца чуваат здрави и фантастични. И живеат најздраво на цел свет и мака мачат со здравјето на деца. Во ничија кожа не сакам да бидам и не ме интересира. Најубаво ми е кај што сум јас. Дај малку олабавете најмајки експерти. Стана напорна темава. Само некој за нешто суди. Седи дома биди си супер и најсилна на форум. Аман. Некој позитивен муабет да ви текне? Некоја поддршка за тие што не пушат или за тие што пушат да остават? Размислете на кај го терате муабетов.
Кај виде дека споредив? Ти си пишуваш тоа. А тоа дали сум пушач и мојот став за пушење во бременост и доење го напишав малку поназад во темата. Како некоја што до пред малку беше увреџена дека мајките те осудиле, и тоа со многу многу поблаги зборови од овие ме чуди како не можеш да си го согледаш лицемерието на твоите зборови. И да ти нацртам, не ми е поентата да се натегаме за штетноста на пушењето или оставање бебе на подолг период, поентата ми е дека треба да помислиш двапати пред да напишеш нешто толку навредливо и без осет. А од леснотијата со која ги испука тие зборови гледам дека апсолутно ништо не разбираш за зависност...нешто за што би очекувала од медицинско лице да има барем базично разбирање.
Дајте некој деодорант, ролон што било што штити со полудени хормони постпартум… значи стварно веќе не знам. Се псеќав дека смрдам во бременост, се потев ко прасе. Сега пак…поготово под балониве од гради, а дојам. Па хелп.
Не сум лицемерна, си кажувам како се чувствувам. Ти имаш еден став дека си и пушач, јас имам друг. Според мене, тие се и благи зборови. Ни како медицинско лице, ни како мајка не можам да разберам мајка/бремена жена да пуши цигари дури е бремена или е доилка. Колку и да е навредливо за некој... За мене е на ист ранг како мајка која го повредува своето дете свесно физички или психички, и е крајно несовесно и себично. И не верувам дека ќе најдеш медицинско лице кое ќе го рече спротивното. Освен ако е некој кој истото го правел, бидејќи има и такви. Ако една жена пуши цигари, а планира бременост и мисли дека ќе и биде тешко во бременост да ги остави цигарите, фино лепо може да си побара и професионална помош, да ги остави цигарите па после да забремени. Мислам дека тоа е зрела одлука отколку да продолжи со пушење. Ете, јас сум зависник од благо. Ама во бременост и дури доев, јадев најздраво од било кога. Ми идеше по пет милки наеднаш да изедам, ама не го правев тоа. Секој ден си пијам по една чаша винце, пиво или узо. Ама во бременост не ни лижнав алкохол. Што е бебето криво ако јас сум решила да родам, ама и себично да се држам до мои лоши навики кои би му наштетиле?! И не бев навредена, јас едно прашав, а уствари сфатив дека тука се тепаат да се докажат која е најмајка, една со друга жена очи ќе извадат. И дека иако е 21 век и сакаме рамноправност, некои жени свесно се уназадуваат.
И јас сум пушач, откако видов две цртки престанав, и додека бев бремена и доев не пушев никако, за мене е многу лоша слика бремена жена што пуши, свесно го труе плодот кој нема избор...
Јас се префрлив на Еуцерин 48h ролонот од пред пораѓај дека нема мирис да не и смета на бебка. Спречува потење и мирис мнооогу ефикасно. Сеа зависи дали си за природни без алуминиум итн, мене тоа не ми делува само хемија ми треба да не засмрдам.
Е да, и пушење покрај дете... Не мора да е само бремена жена или доилка. Татко ми како мала мислам дека милион пати ме има „угушено“ со тоа цигарите. Секој ден се карав со него да не пуши дома, ауууу. Сега веќе неколку години уназад надвор излегува. Ама претходно немаше шанса, и јас повеќе во детска си седев. Па кога ќе се собереа другарите или ќе отидевме некаде на гости, тоа димница собите. Климата од бела - жолта стана. По ѕидовите што имаме слики, под нив бело, а околу нив жолто. Се' му викав - гледај што ме тераш да дишам, што се ни влегува во белите дробови. Насабајле често ме будеше кога ќе отидеше во тоалет, и како цревата да си ги ваде таму, преку три куќи сигурно се слуша. Не можам да ја разберам сатисфакцијата...
Јас веќе неколку години го користам стикот на Форевер, и никаков проблем немам. И многу трае еден стик. Претходно што се' не користев, ништо не беше така ефективно.
Скроз одвратно. Значи цигари се најголемо зло од кое со плачење не сум можела да се откажам. Еве пиша помош. Нема помош. Премногу стресен период ми беше времето кога бев бремена. Ако почнам да пишам, ќе ми кажете добро е ајде што си палела по некоја. Терапија ми беше цигарче со едното кафе што го пиев у денот. Пак ајде тука плацента филтрира. И башка тутун чист виткав, не цигари фабрички. И јас сум растена у димница. Нема да дозволам беба у таква околина да расте. Лудо е. Татко ми веќе 9г ги откажа, а мајка ми кашла до гушење. Болештии за деца е во таква околина да дишат... @see.emily.play нема ништо навредливо ако сакаш да изгасиш цигара од чело на трудна жена. Гадно е... @Lady Miami алал. Тоа е тој муабет.
Како прво јас не сум пушач, туку сум екс пушач. Второ, не пушев во бременост, ниту додека доев, ниту во иста просторија со било кое дете, најмалку моето. Јас не бранам луѓе кои одбрале да ги изложуваат децата на штетните ефекти од цигарите, ама свесна сум за тежината на порокот и тежината на зборовите. Нема на никој да помогнеш ако му изгаснеш цигара од чело, а ако пробаш веројатно и шамар ќе добиеш. Ти тоа што ги ставаш на ранг на луѓе што свесно психички и физички ги повредуваат децата не значи дека има врска со реалноста, ниту пак ги прави полоши родители од тебе. На вакви проблематики, за да воопшто има некаков позитивен ефект, треба да се пристапува со емпатија и со знаење, а не со насилство, макар и вербално. Не ме тригерна твојот став, дека жена не треба да пуши во бременост, за време на доење, и воопшто пред деца. Дека е нездраво и дека не заслужуваат. Јас апсолутно се согласувам со тоа. Тоа што ми смета е начинот на кој што се изрази, кој потекнува од твоето основно непознавање на пушењето како зависност, и од тоа што не ни сакаш да сфатиш, ама лесно е да се плука. Тешко е да ти судат, ама лесно е да се суди на друг.