Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.929
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    За пушење, не сум запалила цигара досега, може некогаш сум имала желба ама одолеав.
    А порасната сум во куќа каде се пушело. Буквално јас во дневна да заспијам, татко ми до мене со цигарата во раце да си гледа филм.

    Е кога се омажив најголемите небулози. Свекор инаку пушач, цело време си пуши по дома. Доаѓам јас во куќата, привремено треба да делиме спрат. Кажувам дека ми пречи пушењето внатре. Културно или не, во туѓа куќа или не, кога плаќам сметки имам право да кажам.
    Е добивам одговор, во куќата на Х (ќерка му, мојата золва) има бебе и таму внатре не палиме цигари, овде нема бебе па да се пазам. Значи нас ако не труе.

    Инаку да се вратам на темата, не ми се допаѓа ни трудница, ни доилка кога пуши ама секој за своето здравје и на детето си одлучува.

    Од други муабети нека затоплува салам да можеме да шетаме на попладне со ќерка. Веќе не се доседува.
     
    На Carolin., kozuf и merriel0 им се допаѓа ова.
  2. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.187
    Ако мораш да знаеш, сум наишла на хипотези дека напуштање на мало дете од мајката на подолг период може да остави долгорочни психички последици.
    Како што и пушењето остава поинакви последици, нели.Тука ја гледам паралелата.
    Не сакав да ја отварам темава пак, ама кога веќе праша...
    Ако го интересира некој нека си гугла, јас немам време. Ниту пак да се натегам.
     
    Последна измена: 3 март 2025 во 20:39
    На Dennings и Autumn Love им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    8.329
    Дали стварно мислиш дека би отишла и да му изгаснам цигара в чело на некој??? Кажав што ми доаѓа да направам... Ама си направи филм, па и шамар ќе сум добиела. :D Бог да чува. Кога и да видам трудна жена што пуши што ја знам, обавезно и кажувам дека тоа не е добро што го прави. Сигурно дека нема да и ја земам цигарата од раце и да и ја изгаснам од чело.

    И не ми треба познавање од пушењето како зависност за да имам став. Што се' нема да слушнам. Има трудници и што се дрогираат... Па ако јас немам познавање од зависност од дрога не значи дека немам право да им кажам колку не се токму...

    И не, немам емпатија за такви работи. Можеби да сум психотерапевт нешто, да сме на сеанса, би имала друг пристап. Емпатија имам кон луѓе кои се болни не по нивна вина, или кон луѓе кои се свесни и бараат помош. А за бремени жени кои пушаат цигари би имала епматија само доколку имат дијагноза дека имаат некоја ментална ретардација, па не се тие криви бидејќи не можаат рационална да размислат. А за здрави, прави жени кои свесно го прават тоа никаква емпатија немам. Ги сожалувам тие кутри бебенца.
     
    На naturally, Feniksgirl, mama31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    3.187
    Па ова се само зборови, и цигарата од чело и шамарот.
    И јас имам ставови за многу работи кои не ги разбирам. Само честопати во животот ми се докажало дека не е се' така како што изгледа. Сега се трудам подобро да ги разберам работите пред да вперам прст.

    Ако го земам откажувањето цигари како пример зошто треба подлабоко да се проучуваат различни проблематики: Заплашувањето е многу слаба стратегија за откажување цигари, повеќе неуспешна отколку успешна. Но, тоа е само гребење на површината на проблемот. За среќа, одредени луѓе се заинтересирале да навлезат многу подлабоко и да го разберат порокот - од влиајнието на никотинот во нашата биохемија, до тоа како настанува и што е основата на психичката зависност - за да можат да се развијат методи кои ќе се многу поуспешни и ќе им помогнат на многу повеќе пушачи.

    Оттука, јас на повеќето теми се стремам да разберам, и не сакам да избрзам со осуди. Зошто вистинските решенија почесто се наоѓаат со длабоко разбирање на проблемот, и на општествено, и на лично ниво.

    П.С. Јас не го оспорувам твоето право на слободен говор. Можеш на кој сакаш да му кажеш дека не е токму, ама секако дека некогаш ќе слушнеш и контра аргументи.
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    13.945
    Пол:
    Женски
    Не можам да жалам некој што доброволно се навлекол на порок. Знам што е завист и дека не е баш едноставно да речеш од утре не пушам, ама никој не се разбудил едно утро како пушач. Сам избрал да пуши, сам нека си бара чаре. Не е тоа болест над која немаш контрола, па греота си дека ти се тресе снага за цигара. Од кокаин луѓе се одвикнуваат ако решат, а не па од цигари.
     
    На naturally, Feniksgirl, mama31 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Немајка, нежена, недомаќинка е вака се осеќам последниве 3 недели скоро месец. Подочњаци еден куп, црно под очите. Синко ем темп ем кашлица ем сега секрет од очите, цела вечер се буди со плачењепреку 4-5 пати. Не можам да сфатам од што,млеко давам повеќе не го пие, да го боли нешто ќе го боли и денски. Куќата хаос, алишта, па со џогер немам поминато месец можеби. Проблем и со јадење, некако слаб ми се гледа, арно барем височина има ко 2 год дете. 2 пати паѓам на испитотза возачка. Нема кој да го почува па да научам. Маж кутриот на работа, помага колку може ама па и со него не седи, лепенка за мене е. И така се изнаплакав, се надолу ми оди во последно...
     
    На Dennings, Lavender13 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    9.055
    Пол:
    Женски
    Немам време.
    Немам време за целосна длабинска генералка. Деновиве ни проаѓаат во перење сушење пеглање машини купишта алишта. Среќа џогерон го земав на слипи и секоја ноќ проаѓам барем цел стан за да собереш трошки влакна за бебе да лази шета доле без да е цел во прашина. А пресмешен е не сака ни точка нечиста на него седнува крева раце и ти покажува "Хххаааа" да чистите :inlove:


    Ноќва врза 10ч скроз :D
    Некое време станува еднаш ама ова беше прв пат така целосно да се наспие.
    Почна да пушта по 1 2 чекор без држење ама штом му текне дека не се држи одма седнува ептен се плаши.
    А интересен е сè разбира нè копира што и да направиме, крка сака од сè да проба :hug:

    Преслатко детенце станува

    Почна фаза на мавање шамари и тантруми за било што.

    Сака да брчка во тањир сам ако земам - тантрум зајдува
    Ако оставам сам, не лапнува - чаре?

    На работа ултра токсично, сфаќам дека се губам себе, се гушам. 7 години сум тука вака не било.. морам да најдам нешто за да не се изгубам скроз.

    Доста е за денес
    Ве гушкам :hug:
     
    На BoNaNa123, LiquidLuna, kozuf и 11 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.804
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    Вчера тргнав на работа, епа темава з пушење ми е погоден со темва за работа. Газдарицата работи со нас и пуши цело време, ќе се угушев. Истовремено снаата работи исто со нас, 9м трудна и ова и пуши под нос како турчин.
    Работата е лесна, мали и татко му се снајдоа супер за прв ден, ама дали ќе можам да прогледнам низ ова не знам.
    Канцеларија е и нивен простор, ако сакат да си пуштат таму нека пушат, мене ми смета.
    Јас бев пушач пред бебето, повремен, онака за друштво или на излегување уз алкохол. Со кафе ретко сум пушела цигара, ама ретко и кафе пиев.
    Последна цигара запалив на одмор кога бевме у процес на правење бебе, толку беше.
    Пробав пак сега пред некое време и земам дим два од мм, ама успат онака, не ми е слатко и не сакам пак да пушам.
    За трудници што пушат немам убава мисла и збор. Не ми е нормално и никогаш нема да ми биде.
    На времето нашите пушеле дома уште бебиња кога сме биле, тоа на родендени видеа гледам внатре лисици да гониш, па и додека растевме моите пушеа дома.
    Сите болести што ги имаме сега мислам дека де од тоа секонд хенд пушење додека растевме.
    Сега откако имаме дете никој веќе не пуши дома, дури ни другари и блиски, ептен сум среќна што го почитуваат тоа барање од нас.

    Ако си бидам искрена со себе мене џоинт ми фали, да запалам да искулирам, ама тоа во наредните 10тина год изглеа нема да се деси:D
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, Mom's_life и 8 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.698
    Допаѓања:
    104.781
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто е воопшто тема на муабет пушење во бременост, доење и покрај деца ама ај, и врапчињата на гранките знаат дека пасивното пушење е поштетно за непушачите отколку за пушачите. Ко оние слики на цигарите за безвезе се стаени. Кој сака нека си пуши, негово право, али не пред мене и пред моето дете и во мое присуство.
     
    На LadyR, mal.ecka, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.228
    Допаѓања:
    19.509
    Пол:
    Женски
    На тема пушење цигари.
    Имавме еднаш гостин, што искоментира во куќа кај што не се пуши, не седнувам. Еве бујрум, вратата позади тебе е.
    Дома кај нас не се пуши. Откако останав бремена и моите преќинаа внатре да пушат. Си излагаат надвор.
    Девер ми , абе една под аспиратор да запалам. Не! Кога се родил син ти, сите сте пушеле надвор, па моево дете не е помалце вредно од твоето.
    Кај што знам дека немаат осет дека имаме бебе и пушат внатре, не одам. Имам другарка што луфтира ден ипол и не пушат внатре, кога сме се договориле за да идеме.
    На Гак идам за цтг, од патолошка во спавача 3-4 трудници со цигара во рака. Мене не ми е ок.
    Откако завршија нашите обиди и маки за доење, знам ајкос да земам, строго на тераса. Ама и тоа ќе баталам, не ми одговара.
    А познавам и луѓе кои димница им е дома, а сите со мали деца и бебиња. Па еднава се жали како малава нонстоп кашла, неможе да ја оправи, а кога отвара врата од стан, цели облаци излагаат од внатре.
     
    На LadyR и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    10.001
    Пол:
    Женски
    Трпение - спасение :hai:

    За последниот дел се одесува ова.
     
    На 1209 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    10.001
    Пол:
    Женски
    Мајки,ај помош? Не е за совет,ама овде сме си така повеќе собрани.
    Големата е добра почна во градинка,близнаците малку се средија,ама еве машкото од вчера е со тт 38.4..давам парацетамол,симне,па пак каче,има и бели мрсули...
    Женското нема тт,ама бели мрсули и кашла малку...
    На док.ги носевме пред некој ден к.с.во ред беше,само носе да чистеме ни кажаа..
    Некако не поминува се' ова...На лекар не ми се носат пак,полно е со болни..,како да им помогнам со друго нешто,поима немам,за др дете знам да кажам,кога треба на мое мозок се блокира.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dead.flower23

    dead.flower23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Мразам ијкос толку ми смрди едино што сум зела се вејп од шумско овошје цел ден би го пушела тоа да не беше толку нездраво и скапо...
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    18.416
    Пол:
    Женски

    Нема многу што да направиш и нас тоа ни рекоа редовно чистење носе за да може да диши. Не ги облекувај премногу, полесно нека се облечени. Ако им се затне носе кромид дроби и ставај кај што спиете/седите влажна да е просторијата и тоа е тоа. Нека поминува со лесно.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Ги доиш и двете, од тоа подобро нема. И таков е вирусот, таман како да ке помине, ке те заврати.
     
    На Dennings, Carolin. и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  16. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.766
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Пази ги со мрсулите. Мојов за 2 дена симна на плуќа, почна да кашла, да се дави, па се среди со инхалации Пулмикорт цела недела. Многу лош вирус хара, одма спуштаат на плуќа.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.804
    Пол:
    Женски
    Мајки детево скоз ме игнорира и ништо не ме слуша втори ден како го оставам да одам на работа. Не протестира со мм, се прави и спие и јади, ама штом дојдам сака кај баба и дедо да се качи не сака ниту да си игра со мене, нормално е? Ми се лути? Ептен ми е тешкичко.
     
    На lackygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    6.389
    Пол:
    Женски
    Каква е таа професионална помош за откажување на цигари во Македонија, дај посочи, може навистина некој ќе сака да си помогне:D
    Македонија е најгрдото место за ако сакаш да се откажеш од цигари. Алтернативи за откажување од пушење скоро па и да се непостоечки.

    Чиста споредба. Тука во продавниците има цели штандови со разни алтернативи. Сакаш никотински лепенки, мастики, спрејови, вакви онакви, итн. Воедно има служба 24-7 што работи токму за помош за откажување. На доктор ако посочиш дека си пушач, самиот се нуди да ти помогне со посочување во такви центри доколку истото го бараш.
    Земјата има премногу малку пушачи.

    Што нуди Македонија? Ништо од тоа. Дури иронично беше на ТВ кога гледав, ден на откажување, нешто доктори дрндаат. И? Каква алтернатива има пушач во Македонија?

    Зависност е зависност. Дури и нарко-зависниците имаат алтернативни терапии. Што со пушачите?!

    Еве баш ти како медицинско лице, каква помош ќе понудиш? Тапкање по рамо и ај не пуши.
     
    На Lady Miami, MeowMeow, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    10.001
    Пол:
    Женски
    Видов ,не видов ги носевме пак денес на лекар.
    Гради и грло чисто.
    К.с во ред.
    Носе чистење,витамин ц.
    Е сега за женското што кашла ми даде проспан сируп,вика без разлика што е над е 2 год.слободно давај.Педијатарката важи за добар лекар,ама малку ме замисли со сирупот:?:

    Има некоја што е давала на толку мало од овој сируп?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.766
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Јас на големава 3 ипол е никогаш не сум дала сируп за кашлање. Инахалации со физиолошки ако нема спуштено евентуално.