Хаха леле можам да замислам, бриши го и немаш гајле. Кај мене е кујната цела и се' во дневна бел медијапан, лесно се чисти и не се познава многу. Ама островот ми е сивкасто-зелен, капка да капне одма се познава.
Еј и ја палам кола и долазим. Ми фали мое маало. @LadyR татко ми пушеше 35 години, ама страсно, турчин не му беше рамен, што би рекле. По 4 кутии дневно парче правеше, ама една зима така се разболе на плуќа, што рече од утре не пушам. И од утрето, со кутија цигари се шеташе во џеб и не ја отвори месец, во меѓувреме се лажеше со херба бонбони. Кога и да ѓи видам ме потсеќаат на него. И така после месец, ја фрли цела кутија неотворена, и од тогаш немаше запалено цигара до неговата смрт. Па може едно 12 години беа. И мајка ми пуши и татко ми бил пушач, еве јас нит имам пробано, нит па сакам да пробам и дури ми смета кога пушаат во близина. Се што се сака се може. Иначе го сефетосавме и спортскиот дел, ужива бебе.
А жими се те мислам дека во Влае сега живееш цело време. Не знам зошто така. Грешка имам запамтено. Татко ми не сака за жива глава да ги остави, пробувам на милион начини. Пробавме со брат ми да го разубедиме место цигари - џоинт медицински и масло од канабис навечер да користи. Не направи ненормални, на стари години ќе се дрогирал. Оди па докажи му колку не чинат цигарите. Пуши тато од негови 13 години, сега е 61... Ама има напредок, прифати пред некој месец сирупот Бронхопротект да го пие два пати дневно. А мама скроз спротивна - ниту цигари пробала, ни кафе или алкохол ни капка не се напива. Седи во спортски дел? Лежи или во 45 степени? Јас уште не сум ја пробала во тоа. Не изгледа како мало кифличе?
Лунааа викаш гости, а те нема дома си стаила забрана многу ми изгледа привлечна идејава во моментов, значи многу.
Ако не ти менува твојата работа ништо во приходите, откажи се. И во друга тема драга феминка прочитав дека има исти проблем. Не знам дали сме свесни како нација, ама ова се деси пост ковид најчесто, кога многу луѓе почнаа од дома да работат нели, и ова е голем психолошки проблем на општеството. Јас лично не можам да функционирам без луѓе, ако не лично бар на телефон да ги слушнам, не можам, сама се гушам во себе. Нажалост не живееме во свет во кој може секој сам за себе да произведува и живее сам за себе, тоа време помина, ни требаат други луѓе и затоа не е здраво да бидеме толку затворени. Може јас грешка сум, ама се мислам дека не сум. Сакам и јас да не сум толку зависна од другите, да можам сама да шетам и да си кулирам, ама не бива. Што се тиче марамици за чистење, од Зур едни користам, предобри се, кај 200ден се и се нешто најдобро што сум нашла. Што се тиче дружба сакам дружба многу, ама засега ништо, на работа од 7ипол до 3ипол, здравје на лето ќе се дружиме попладневни дружби ако правите.
Нее, од Влае сум девојче, ама срцето ми е уште таму. Мајка ми живее таму па си одам често, плус сите другарки од таму се хахах. Иначе лежи, на 4ри точно ќе ја ставиме на 45 степени. Така ни кажа оттопед. Сега за сега лежи, спие хааха. Моево дете ниту еднаш до сега не било будно во количка строго спие. А не изгледа ко кифличе, ептен фино и дојде. Сеа и на времево поубаво со спортскиов некако воздух повеќе, дека корпата барикади на сите страни.
Мајки ај едно стручно прашање, како ги облакате бебињата за ова време? Претопло е, барем мене ми е. Многу е с’клет моево, денес првпат ми се случи да вришти во количка, да не сака да спие. Кога свртев од страната на булеварот под сенка се смири и заспа. А облечена е прелесно, маичка по рамки, боди по долги, хеланки и џемперче горе. Ни јакна ни капа и немам ставено, војна ќе ми отвори така. Во корпата ја ставам со скроз спуштен кров.
Непокриена? Претпоставувам скроз е затворена корпата, и покривот и прекривката. Уште ако е темна, а надвор пука сонце, нормално е. Боди по прерамки или кратки (по долги боди само за спиење или после бањање користам), јас деца облакав во шпихозни, покриено со ќебенце и за вакво сонце елече некое, ама не покриено воопшто.
Да земам и јас да го исперам спортскиот дел. Па ќе пробам здравје април месец да ја ставам. Дури со лежи во корпа ќе ја оставам, зошто и мојата заспива уште прва минута надвор и се буди дома кога ќе се вратиме. А корпата удобна ми изледа дека и сунѓерче има.
Да, затворена е скроз и темносива е. Одоздора само тетра ја покрив кај нозете ама и тоа и тргнав кога почна да плаче. До мене на кафе еве седи една мајка, детето покриено со дебело ќебе, други со јакни и зимска капа ги шетаат, моево најголо е. Ја чепкам кај вратот и носето, топла е.
Секое дете е различно, ама ако е скроз затворено не ти треба ништо. Води се по детето. Горе имаш 3 слоја, многу е, боди и џемперче е доволно.
Моето и ден денес е најголо после годинаипол. Најмногу бил облечен на Златибор кога бевме ама навечер беше грч ладно. Лани овој период 7 скоро месеци имал, ама гледам слики. Пролетна јакна, тренерчиња/шпикозни одоздола боди на прерамки/кратки и со пике прекривките покриен. Нас лани ептен зимата ни се погоди пролет беше цела зема со сонце Хулахопките од лани зимава ги искористи. Ама зимава беше баеѓи поладно. А он тргча и сегде сњ пика
Ѓорче паркот цел ден вртиме. Дојдовме за ручек и нова тура шетање. Ти кажи дека си расположена за шетање, ќе фатиме рута.
Ме фати паника кога ја снема мачката . Ја на брзина само, бебе хаос 8ми заб вади, спие по 13 мин дремки, улетувам само да му дадам да јаде дома и бегам по цел ден по улици, 59 кила се сторив од шпартање. И за цигари другарки има некој што нејќе да откаже, еве ја. Кога сакав ги откажав, 4 год немав запалено. Сега нејќам. Убаво ми е кафе и ајкосче, чиста перверзија.
Боди по долги, хеланки и јакна. И доле чорапи и имам едни ко топлинки. И куфер спиеше. Раскопчана јакната, и ќебе зашто е отворен делот.
Tи да кажеш дали денес беше со ѕверка со розева јакна? Дали тебе те манијачев од прозор или некоја друга мајка?
Види на грешка сум заклучила Нели треба да си умреме од нешто де па, сите ли здраво ќе живееме Хахахахах ама се шо нудам е со гаранција за добра забава И ќе дојдам, да знаеш!