Да се пријави оваа мајка синоќа дека беше на концерт, бебе со сестра ми заспа. Мал корак за човештвото, голем за мене. По 7 месеци прв пат го оставам навечер. Намолзев млеко 2 флаши од по 100 мл, зошто заспива со млеко, па ако се разбуди... батко испил 10мл и спиеше кога си дојдов дома. Некако се осеќам дека се враќам на себе си од пред бременост и пред породување. Ме отрезни некако кога бебе качи темп па ми спушти... така некако ми се врати самодовербата, и природно ми дојде дека е време за полека да се враќаме во социјалниот живот. Ме форсираше околината и за порано, ама јас сум тежок човек. Одам полека кога мене ке ми дојде. Убаво чувство жени. Убаво време, почнуваме со прошетки. Опремени, ке хараме со количка низ град. Ем бебе среќно, ем мама среќна.
Некоја друга. Денес без розевата јакна бев. Отворив сезона на елеци Утре ќе ти мафтам да се симнеш на кафе.
Јас да пријавам дека очигледно од денес моето дете не сака сонце и топло време. Спиеше само 15 минути и тоа е се, останатото време врескаше во количката. Ова не се случило досега, не знаев како да се понашам хахахха, срам ми беше на улица. И го соблеков џемперот и се смири малку додека стигнеме до дома. На секои 10 чекори застанував да ја подржам во раце да ја потсмирам. Изгледа јас ке бидам единствена мајка што ќе се молам малку да залади. Не знам што да мислам, досега никогаш не плачела на шетање, денес е првпат.
Јас денес ја наоблеков како баба ми да ја спремала за шетање од страв да не и е ладно, искачам надвор 16 степени сонце пука Од утре друга приказна, боди, шпикозни и едно пуфкаво од горе, без ќебе и боди на долги. Решивме да испиеме кафе, пошо беше успана, ама како на трња седев, му викам на маж ми не ја проверувај на секоја минута ептен ни се познава дека сме првпат родители Уште ми е страв да се задржам подолго од саат време надвор дека само на доење е, а не се осеќам пријатно да извадам града во кафич/парк, башка немам доволно доење-френдли облека. Сигурно ќе ми помине незгодното кога ќе врисне на цел глас некој ден на пола саат од дома
Мајка ми се случило и мене ќе се завртам некаде на страна ќе и дадам да цица, покриена со тетра или ќе излезам ќе побарам клупа. Претежно гледав да излегувам на кафе кај што има и дел за пресоблекување на бебиња па тука во раце сум ја доела. И моето исто беше кога ќе рикнеше да плаче немаше чекање
По сенка движете се облакајте мн. Јас денес едно тенко мекано скафандерче, ама утре само тренерки( дебелки и се) и елече и толку. Кебенце ќе си носам за секој случај.
Ние денес хеланкички, боди по кратки и дуксерче. И една чорапа ама тек накај 3 у најтоплото. Гледам сте отвориле тема за другарки у странство. Едната замина пред 18, другата пред 10, третата веќе 7 години не е тука. Една ми е тука од тие постарите другарки но моментално на другиот крај од градот. И една понова но преретко се гледаме.. Иам утка што неам положено за кола, баш сум лимитирана... Основно превозно средство ми беше точак, А тој спортски ми е, не верувам седиште детско дека можам да ставам...
Бибо не ќе да е толку времето, прееска ми стигна известување да очекувам скок оваа недела, па ми текна 8 недели е изгледа втор скок ја фаќа. Неподнослива е цел ден ништо не и одговара… порано барем количка и шетање беше спас, сега ни тоа не сака. Страв за вечер за спиење ме фаќа, таман и стекнав рутина и почна да спие убаво навечер. Колку време отприлика трае втор скок?
Тежок скок е овој, барем кај нас. На спиење највеќе се одрази, думкај 30-40 минути, буден за 10-15 минути и цела ноќ така.
Мајки денес малата кога дојде од градинка ми побара да цица, шок ме удри повеќе од еден месец помина како ја одбив. Толку плачеше едвај се смири. Една недела како помина после веќе како да заборави. Знаеше некогаш уз муабет да каже дека мама ја боли ќе покажеше накај градите, ќе и речев да и толку. Ќе си заминеше да игра. Ама денес ме изненади. А баш на мм му зборував деновиве дека е многу разлошена се си мислам од тоа што ја одбив некако на почетокот не покажуваше ама сега викам некој револт да не покажува, бидејќи баш и спрема мене е лоша некогаш ми вика бегај ме удира што не правела до сега. Тоа си беше моја претпоставка. И прееска кога така ми побара, викам да не сум во право? Само некако многу време помина, доцна се сети. Ако е до тоа воопшто.
Кај нас на дневното спиење се одрази со долго успивање а кратко спиење, и таман тој заврши ете ти сега во трет скок сме Мене ми е страв од регресијата во 4 месец, се молам да не не мавне јако
Сега читам за скоковите и ми текна да видам на апликацијата. Ние сме биле 6 дена во 4ти скок веќе. Кај бебе нема никаква разлика до сега воопшто, ни од еден скок. Евентуално што има пократки дремки сега во споредба со дремките на 1-2 месеци, ама тоа е и нормално и очекувано. Најмногу се радувам што од неполни две недели спие 8-9 ч сврзани без воопшто да стане. Дајте утешете ме дека има бебиња така до крај што си терат. Се научивме на спиење ние со маж ми. Да не ја заречам, ако се смени, тешко мене со работа неспиена и бебе. Самата помисла ме плаши. Јас и вака сум со подочњак до уста, дека не легнувам дури не свети станот.
Срцка нас втор скок ни да не такне. толку читав за него овде се преплашив ама не осетивме ништо, а и плус вакцини прими. Може нема да осетите и вие
И ќерка ми знае некогаш да побара еднаш и толку. Што му е на цицето мамо? И тоа само јас и кажам нешто и престанува да плаче. Можеби е период па така прави.
Епа види вака, ако има бебиња што константно не спијат и стануваат на саат, и тоа не го менуваат, тогаш, за рамнотежа во универзумот треба да има и бебиња што си спијат и тоа нема да го сменат.
Мајки ај утеха ми треба.. 4г е ќерка ми од мала е мнпгу посесивна и љубоморна во однос на мене. Не смеел ни мм да ме гушне друго бебе да фатам шанси немало одма врати го на тета бил муабетот. Ако ме гушне мм ,мајка ми, брат било кој дури идела ме влечела моја ми е мама ради тоа и некои други работи не сме оделе на второ ама сега бидна ај да речам неочекувано од почеток и кажував дека ќе имаме бебе какво сака да биде и сл прифаќаше горе доле позитивно. Јануари се разболе двапати едно по друго со разлика од 1 недела и тој период ја чуваше баба и бидејќи на мм му правеа итна интервенција( навечер му се појави проблемот и ја оставивме со баба и тогаш и прв пат заспа без мене) неа и кажавме дека работи во друг град за да не се плаши бидејќи е мала за да разбере.. плачеше го бараше 3тиот ден веќе и не можев да ја смирам па се јавив на камера (ги скри инфузија тие работи). Второто разболување мм веќе беше дома он и ја чуваше заедно со баба и. Оттогаш ми се смени детево... не сака во градинка лаже дека ја боли стомак ,не сака да јаде сама ,не сака да се облече сама ,бара се некој особено јас да сум до неа ми вика кажи му на бебето да излезе од стомак... ти мене нема да ме сакаш само бебето ќе си го сакаш... Секое зборување и е со кенкање... еве веќе 3 та недела секој ден плаче во градинка а оди од 1.5 г. и никохаш немало проблем. Свекрва ми знам дека е без осет и можно е нешто да и рекла ама не сум 100 % сигурна. Претешко ми е и некако не гледам излез. Се плашам како ќе биде... како ќе се навикне на бебето ,како ќе балансирам јас меѓу двете... секако се премислував за второ и претходно сега веќе некогаш и се осеќам како да не го сакам а уште не е родено после па имам грижа на совест оти така размислувам и ко ќе видиш..