Ниту еден скок, не ни смени ноќно спиење. Денски мислам дека е постојано во некој скок , ама вечерно спиење си остана исто. 12 ч спие со едно будење за млеко, ама не скроз будење, туку само мрдање. Мојава денски од скок не е искочена мислам дека Само се тешам дека навечер спие, па денски се ќе издржам. Барем и времево е убаво, па и темпирам за дремки надвор да сме, зошто бесни глисти има, па и во раце сака надвор на моменти. А за машала е и раце не ме држат. Внук ми е 6 години и цело време , последниов период збори како сите бебето ќе го сакале, само на бебето се купувало, фрла алишта, не дава да се купи нешто за бебето. Бебе стига за кратко, како ќе биде ќе видиме. Ваљда свекрва ти не е до толку, на мало дете така да збори.
Исто сме за денски дремки и ние, никаков ред нема и ич не спие преку ден од прв ден како е донесена дома. Помирена сум со тоа, денски дремки максимум 15 минути и траат. Затоа се радував на бескрајните прошетки зошто беше премирна и спиеше или евентуално си гледаше и набљудуваше, цело Скопје го свртев пешки, се изнапазарував во дм, х&м, она мирна раат. Денес не престана да плаче во количка, пречудно ми беше зошто 2 месеци ова не ми се случило надвор да ми заплаче воопшто. Инаку и јас се тешам што последниве 3 недели откако и воспоставив рутина без исклучок спие цела вечер со едно млеко околу 2, а се буди 7-7ипол. Молам Бога да продолжи вака и само преку ден да е кенкава. Пошо кога не спијам навечер, јас се осеќам ко да сум во скок, надрндана макс.
Абе кога можеше да и вика ,,ако правиш така не те сакам " Па по цели денови да ме прашува дали јас ја сакам Зошто да не може и боло шо за со бебето... Сум тргала затоа се сомневам.. Да е само во однос на бебето може ќе речам нормално е ама во исто време протестира и за градинка и не може/на сака ништо... не знам стварно се осеќам за нигде.
Само јас ли некако ко да не сакам да се иселам? Порано знаев да речам прва прилика би заминала во странство да живеам. Ама сега некако длабоко во себе не го сакам тоа. А и мене сите од друштвото ми се во странство. Имам овде уште некоја другарка останато тук таму.
Ни јас не сакам ниту маж ми. Барем не сега. Со овие примања што ги имаме и со овој живот што си го изградивме тука, нас ни е убаво. Не сакаме надвор.
Јас искрено не знам. Порано сакав барем така мислев. Сега веќе кога има прилики и полесно може да се замине некако викам во моментов не. За понатаму ќе видиме. Би заминала само поради функционирање на законите.
Искрено да ти кажам, малку градов да е почист и да функционираат институцииве онака нормално да можеш да завршиш работа, мене животов би ми бил песна. Ми фали малку и воспитани луѓе, може тие се иселија ама простотилак секаде има. Ни јас не би се иселила.
Исто 100%. Да беше почисто и да функционираше нешто без врски и корупција сите проблеми ќе ни беа решени. Има воспитани луѓе околу мене ама џабе
Од некој кој не можеше веќе 10г да се одлучи дали сака да живее тука или во странство, дефинитивно странство. Сфатив колку голема грешка имам направено. Животот не се ниту споредува, барем не за нас. И не зборам од аспект само на подобра финансиска стабилност. Од тука само ми фалат моите и брат ми, би ги зела со мене и се би ми било рамно. @AngelOfArh јас пред короната работев ремоте, фриленсер бев. Не ми влијае короната на изборот. Никогаш не сум сакала да работам со народ околу мене, сум тимски фер, ако имам тим, ама сама функционирам подобро. Мислам искрено многу добар колега сум, досега сите ми го рекле истото, сум видела и на дела дека го мислат. Многу сум коректна и што и да сум работела до сега(а сум сменила доста професии) секогаш сум бил максимално фалена и почитувана. Ама пак на крај на ден ништо од тоа не ме прави среќна. Сега нормално дека и од дома и јас зборам и со клиенти и по телефон и секако, не ми фали допир со луѓе, ама си ја сакам комоцијата. Да можам да јадам дома, да можам да работам у пижами, да имам флексибилност со работни саати, да не трчам по превоз…а сега па кога имам дете на тоа додавам и дек не ми е нормално поголем дел од денот да го минувам со луѓе што не ми се ништо, а за него да имам само 3 часа. Ама за жал моментално зависеме од мојата работа и не можам да ја баталам.На мм уште 3м му забранија да работи, заштедата што остана, ја чуваме ептен за кризни времиња и пари си требаат…ќе стиснам заби и ќе чекам да помине и да најдам подобра прилика. Од друга стана мм се снаоѓа супер по скоро цел ден со него, со готвење, капење, шетање и спиење, тоа барем скроз ми олесна и воопшто не ги мислам додека сум таму. Мислев потешко ќе е.
Абе и јас не сакав реално Финансиски не ни е проблем живеачката тука, ама се наоколе ни станува проблем откако имаме дете. Околината, загадувањето што не гледам како ќе се реши во наредните години и сл. Ама најбитно ми е мене јас со бате да си бидам Фамилијата ми е испоиселена, пола се Америка заминати, тие најблиските сите ми се во Германија. Ама баш сите заедно со брат ми отидоа.
Да се самоцитирам, после лудиот ден вечерта си ја отспа цела со едно млеко во 2:30. Стана сега во 8:30. Дај Боже вака да остане. Денес страв ми е да излезам да не ми прави пак скандали по град ко вчера.
Мајки знам дека напнав веќе. Ама еве речиси недела дена веќе не знам што се дешава со малава. Јесте да е тежок карактер ама ова е претерано веќе. И навечер се буди вели да станеме, лежиме разбудени по еден час, сабајлево дека ја искарав побрзо заспа. За 20тина минути. Завчера час и пол. Не сакаше да стане од кревет за во градинка пак почна со тоа плачење а легната само се разбудила а ја прашувам дали сака да спие плаче вика не, да стане пак плаче, да лежи пак плаче. Замислете ја однесов а лице и заби не измив можете да замислите немав време кога. И ова го доживеав со неа. Даваше отпор не сакаше да соблече пижами. И да облече алишта ни патики ни јакна. Ја прашувам дали ја боли нешто ми вели не. Давајте памет веќе , пробувам навистина се трудам и со лажење и на секој начин не ми успева Мене ми делува дека дури сега како да е свесна за цицањето дека нема више. Може грешка сум ама насабајле така како правеше со станувањето од кревет обично да цица бараше, и плус вчера преку ден ми побара после месец дена.
Постојат и деца кои немаат никаков скок. Еден од нив е големиот, ништо, ама затоа бејби ни наплати и за него. Љуби га мајка. Едно ќе ви кажам, од петти скок и тоа сепарациската анксиозност, нема излезено, само мама. Не сакаше со никој и кај никој додека не се опушти. Е вчера се опушти некако кај кумовите, го оставивме на саат време да го чуваат и супер беше. Леле мајка ептен тебе те погоди еј, многу ми е жал за тебе зошто те следам колку си трпелива и внимателна, јас вака би пукала по шавови. Ние од спиење досега не се десило да станеме без плачки и сабајле кога стана свеж, наспан, одморен, без да плаче, па и после тоа вчера седење без драми кај кумовите, аууу, ме изненади скроз! А да пробаш со матичен да видиш Калма Б да и даваш малку? Може некој витамин, минерал и фали, што знам?! Јас некако не можам да се помирам со муабетот Такво е детето, плачливо!, јас сметам дека причина мора да има. Абе па не е ни ти да правиш работи кои не ти се по ќеиф, ама па не секогаш работиме за ќеиф. Ме чудиш зошто те читам дека се дружиж со другарки, шеташ со дете, не си затворена цел ден дома. И мене ми делуваш како баш тип на личност која сите ја сакаат во друштво, начитана си, паметна, имаш теми за муабет...
Ич да не се замараш. Од секогаш ме иритирале луѓе (а најчесто се повозрасни жени) што се ѕверат во мајка со бебе кое плаче, мислиш нивните деца така израснале на сајлент Шетаме со сестра ми и внук ми, зима, он бебе 4месеци утуткано во корпата, арно ама стана и се расплака, застана ДЕДО да ни каже што сте го изнеле надвор на ова време одма да се приберете дома затоа плаче.
2 и пол рече дека има? Како ќерка ми да ја читам пред пола година. Имаат кризи од време на време шо си траат, јас така си го објаснив затоа што им се дешава БУУУУМ у главата. Не знам дали се жалев некаде по темиве или само по дома квичев дека Веќе не можааааам Да те утешам дека наеднаш ќе се опраи, може? Не знам за другите деца ама кај ќерка ми кризните периоди се вакви и наеднаш се буди и е ново, попаметно, посмирено дете. Збори ќерка ти? Ова пред да се опушти со зборење исто беше шекнато цело, само рикаше ама РИКАШЕ, НЕ ПЛАЧЕШЕ. И се будеше ноќе и седеше, од памет ме вадеше. 5ките кога ги вадеше исто душа ми извади со спиењето, 4 месеци зомби бев, немав сврзано повеќе од 2 саати. Не знам како сум преживеала од оваа гледна точка Ситуација од септември 2024та, у ноутс имам запишано од шо и се жалев на докторката дури Заспана во 22:00 ( Што е прекасно за неа, ко на кокаин беше ) Будење - 23:15, презаспивање до 00:00. Будење - 00:35, презаспивање до 02:00(!!!!) Будење - 04:30, презаспивање до 05:15 Будење - 6:30, презаспивање немало зашо сум ја пратила у градинка ваљда Бебе е Не се замарај Додека не те изнаклоца во парк зашо си рекла да си одите, уживај во овие скандали Мене ме има утепано детево, ќе ја пријавам за семејно насилство еден ден
Фала мајка ми значат зборовите ќе прашам за калма Б. Мислам дека уште одамна Марина од Ремедика ми препорача нешто да и дадам да биде посмирена.(ама не го земав) Не ми текнува што беше баш ќе прочитам по документите. Забите сите и се излезени. Збори многу одамна и тоа добро збори, цели реченици врзува. Правиме муабет. Значи ни до тоа не е. Инаку 2 и пол има да. Се надевам дека е период веќе недела дена трае. Полудев. Не сме смениле ништо, па да речеш промена. Не знам што ама дефинитивно нешто се дешава. Само побрзо да минува. Фала ви мајки, баш сте утеха и поддршка
Пред некој ден вадам пари од банкомат ама со бебето во раце пошо немаше како да ја качам количката, паркирана ми беше долу кај скалите. Доаѓа една баба и ми вика леле кај си го изнесила вакво мало бебе ќе го смрзнеш на ова време (11 степени беше, ама јас сум ја шетала и на 0 ). Како што ме дарил Господ не ќутам и викам госпоѓо ај гледај си работа и не објаснувај многу за туѓи деца. Се забезекна бабата. Или кога се ѕверат во количката кога шетам што е облечено и дали е покриено со ќебе. Само кај нас го има тоа.
Мене вчера една баба ми вика "леле мајка ти те изнесла без капа затоа ти се црвени обравчињата", 15 степени беше иначе. Ја ја глеам бледо и викам "госпожа атопичен дерматит има малиот, не е до капата". Ко теле ме глеаше 2 мин .