Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Леле ова загледување во количка од такт ме вади. Посебно коа ќе се разминувам со некој и приметувам дека од кога ќе ме одмине ќе сака да се сврти, се вртам и јас по него. Незгодно им паѓа. Не знам што толку ги интересира
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.366
    Пол:
    Женски
    Де бе, па не памтите дека ќерка ми е греотка шо сум и дала АД на сред плоштад? :rofl::rofl:
    Греотка таа, шише и дале за да ја нахранат наместо цицка :drunk:
     
    На lovely91, Noemi, Калатеа и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.773
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Леле да, го памтам бисеров.
    Мене сега за мали една мајка од градинка, да не речам ама ај ќе речам посељанкичка е малце, коа имаше 3 мес ми вика, цица? Ја и викам не цица више млекце си пие. Ауууу како така па мал е, треба да цица. Викам жено нема млеко што да цица, ваздух да влече???
     
    На lovely91, LiquidLuna, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    19.538
    Пол:
    Женски
    Ауу ич не се замарај. Вчера ми плачеше зошто и го повлеков капчето , ушите и беа откриени, а на кејот ветерче дувкаше. Си застанав лаганица, си ја земав во раце , ја погушкав, се смири, заспа и ја вратив. Поминуваа ме гледаа, али баш ме заболе. Колку пати количка буткам и неа во раце ехее
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Кога и давам млеко од шише во кафич или на клупа негде во парк млади мајки ме зјапаат, а не па повозрасни жени. Сакаат да ме убијат мислам.:D Незгодно ми паѓа дури што си го хранам детето.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    1.538
    Пол:
    Женски
    Даваш шише со млеко, зјапаат. Вадиш цицка, зјапаат. Ништо ново.
     
    На lovely91, Liza38, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  7. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    19.538
    Пол:
    Женски
    Тетка ми се испофали како на деца чија капа е над чело, им ја спуштала по улици. Деца со родители. Викам мене така да ми направи некоја рандом жена, раце би и свиткала во истиот момент. Ќути и ме гледа. Вие па младите ништо не давате да ви се каже. Молииим? Абе мое дете голоооо ако сакам ќе го шетам. Други не треба патка да ги боли.
     
    На 1209, LiquidLuna, Tea SK и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Исто, шетам и врат ќе скршат да видат во количката… која е поентата? Као да видиш како изгледа бебето? Ај бркај си работа..:!:
     
    На Carolin., baguf4e и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.601
    Допаѓања:
    10.012
    Пол:
    Женски
    А пак мене како ме гледат кога ги шетам моиве близнаци,загледуват во колица секој втор.
    Јас се' разбирам,бебенца се, мили се,слатки се,ама како да не немат видено близнаци.:D
    Осет малце треба.
     
    На 1209, LiquidLuna, Калатеа и 3 други им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Не е толку до какво е бебето туку да видат дали е добро облечено, нели стручна комисија мора да оцени дали има доволно слоја за шетање.:D А тие најстрогите од стручната комисија ќе ти судат што си го изнела да го шеташ јер бебе е, мора дома да седи на 28 степени и да се чува стерилно.
    Бебе не се разболува од ладно време, ама кој да му каже.
     
    На Liza38, LiquidLuna, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  11. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    2.097
    Пол:
    Женски
    Мене не ми пречи, нека го гледаат бебето убаво е :rofl:

    Ама коментарите од типот: Ауу пие АД место да го доиш ме ваделе од такт. Не разбирам како не ги ја гледаат својата работа.

    Највеќе што ме излудило до сега било кога плачеше бидејќи го болеа непцата (вадеше двојки), ми викаа оф оф, гладен е, зошто не му дадеш да јаде?(facepalm)

    Или па - аман вие “новите“ мајки, ништо не им давате да јадат. Напрај му чоколино, дај му малце мевце.... тоа сирото 4 месеци имаше.
     
    На Carolin., baguf4e, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Дај му водичка жедно е :emo:
     
    На Carolin., baguf4e, Калатеа и 4 други им се допаѓа ова.
  13. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    2.097
    Пол:
    Женски
    дадада и стави неколку капки лимон бидејќи ика :D
     
    На Carolin., Fenix05 и јolene им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Вчера шетајќи сретнав едни мајка и ќерка. И такви се замуабетевме, и вика мајкава, кој е ко нас, шета ли некој волку мало бебе, два месеци бебето. Викам од 40 дена не е дома прибрана. Како ме погледна као мислиш којзнае што сум направила хахаха.
     
    На Carolin. и baguf4e им се допаѓа ова.
  15. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    9.061
    Пол:
    Женски
    https://www.instagram.com/reel/DGV6MfeMeEE/?

    Сè набројано во едно видео :rofl:
    Балкан....
     
    На Carolin., LiquidLuna, TammiB5 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    7.892
    Пол:
    Женски
    Многу сум среќна што нема никој околку мене да ми соли вака :inlove:.
    Ја за нив не би имала нерви, дефинитивно.

    Кај мене свекрва ми на два пати беше, што се чув, не ми беше верно.
    Оти сум сушела коса со фен на бебе, оти имала пресоблекувална, оти сум бањала дете во полна кадичка вода, оти сум имала греалка за над пресоблекувална што се и други ми ти слични глупости.
    Најако било, лесно ни било новите мајки сега, мажите помагале, сме имале машини за садови и перални и најбитно пелени за една употреба.
    Абе да не знаеш што да кажеш.
    Ај па да се вратиме во камено доба и да запалиме огин во една соба и сите таму на купче.
    Оти дете навечер сум бањала, они бањале од сабајле.
    Свекрва не можеше да се помири што бебе ни спиеше по цела ноќ. Оти мајка треба да е маченик, не да ужива.
    Последно беше оти многу сме ја титреле ќерка ни.
    Не не ја титриме многу, туку и ги земаме нејзините потреби во предвид. Ништо повеќе. Граници се има. Има не и консеквенци, ама ете според нив не знам што треба.

    Од мајка ми па да не ги везам поарно глупостите :D. Многу многу сум среќна значи за приликата да си ја чувам без мешање од страна. Напорно ама преубаво:inlove:.
     
    На Tea SK, Carolin., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    8.759
    Абе мајки, 5 дена после пораѓај се враќа маж ми на работа и хигеничарката на врата му честитала и прво прашање цица ли бебето??? Што ќе и заврши работа таа информација да ми е да знам. Ама мојов многу е толерантен јас да сум ќе ја отерав.
     
    На defocus, Tea SK, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Ова со фен сушење, нас и педијатар ни вика не. На другаркава во Германија и рекле со фен да ја суши.. ај иди сеа разбери..
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    7.373
    Бебац наполни месец, прасе на мајка.:inlove:
    Ја страдна за скитање, ставам бебе во кенгур и ајт.
    И нормално коментари абе рековме да не го шетате, многу е мало, ќе го фати нешто, бла бла бла…него не ама на мајка му косата ќе и падне ако не мрдне негде.
    Второ дете, нит капки ставам, нит пелена на два саати мењам, бањам под чешма, едино што се гушкаме да не фали мама.:inlove:

    Со две деца дома хаос, гледам на апликација по 3 саати сон имам, оооодлично е.:D
    Сега за сега мозочно оштетување немам, освен подочњациве што стварно се страшни - дајте препорака за некој препарат.:D

    @Erika.greeneyes мајка мојава е иста, те читам неколку дена и заборавам да ти пишам.
    Ја носевме и на проценка за понашањето пошто со мм бевме ват д фак детево, ама дефектологот рече цитирам: супер е, многу паметна ама има пркосен карактер, со така благо кисела насмевка.
    Си мислам пркосен?! На ден 192727262 пати ми доаѓа да ја треснам од земја ама Woosaah и диши.:D
    Друга опција да џапаш хелекс или нешто жестоко за да не те такнува понашањето.

    Вчера пример ајде на лулашки идеме, се спремам бебе ме исповрати ок, неам време за пресоблакање.
    Идеме таму, викам чекај кафе да си купам, госпожа се дере нејќам кафеееееее. И се тегнеме така до кафич, на сите хеланки колената и се испоцепани од тоа мкнење.
    После на лулашки сакала да грицка нешто ок, пола кафе ми го истури на јакна, крекерот фрлен.
    После сакала со топка, па сакала у песокот кај што има само гомна од кучиња, се напраи лом па почна да се дере зашто ја тргнав, се мкнеше по земја едно 10 минути - уште пола кафе по хеланки истурено.
    После се дереше за во раце, нејќела пешки.
    И така до дома јас бев како бездомник, фацата да ми ја видеше некој само ќе беше све јасно.:D

    И ова е за све така, нејќе да јаде, нејќе пелена да смени (се бориме буквално), плус додатни работи со бебево дома што ги прави.

    Дојам и не поддржувам пушење во бременост и доење ама признавам дека зимам димови - некад и едно цигарче од ајкосот на мм пошто жими се заби ќе ми паднат од стрес.

    П.С за дружење и шетање све накај Карпош, Геге сте бе, има ли маченички од Гази Баба, Аеродром…]:)
     
    На Liza38, Noemi, Tea SK и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    Сите, ама ситее до сега што ме сретнале, прво тоа ме прашале.. не се десило да не ме прашаат такво нешто. И одма ако, акооо мора да цица. Тебе ќе те прашам.
     
    На Noemi, Tea SK и baguf4e им се допаѓа ова.