Да, мојата се роди со коса долга, одма прцки да врзеш. Бабицата дома ни покажа како да ја бањаме и коса со фен сушиме од прво миење. Башка кај нас и во лето знае некогаш да е 17 степени. Сигурно нема да пуштаме парно дома кога е околку 20 степени, ама за бањање и под греалка и со фен ја сушевме. Надвор прв пат ја изнесов штом можев на нозе да застанам и да пешачам повеќе. После една недела мислам. Ја жолта во фаца уште, оти изгубив повеќе крв, бебе и татко и седнавме на пиво да се почастиме. Замислете реакција од просечна мк тетка каква би била .
И јас се мислам да почнам со фен.. и ставам капа да и се засуши, абе после џабе чешлам, ко петарда и е косата. Не знам што толку се против овде..
@јolene леле ова со мажите и помошта ми е најврв, ееех имате помош ете не се како нашите. Ко мислиш не сме родиле, не се мачиме топ ни е. Дури и мм еее замисли да бев ко татко ти, се смее под брк - не нејќам да замислам зошто не би биле заедно. Лесно е сега сушари имало, роботи пфффф… За цицање не коментирам, на 3 контроли до сега го носевме и дури педијатарот 3 пати ме прашува дали е само на екслузивно доење? Зашто би лажела втф?
Леле ова со маживе помагале. Маж ми домакинските работи ги превзема, ја со бебе цело време, и сега земавме стик правосмукалла, па го зезам, му викам види каква правосмукалка сум ти зела, за полесно да ти е чистењето Ама коа ќе ми кажат ете алал да ти е маж ти ти помага, не бе кираџија е овде.. као тоа е мислиш којзнае што.
Кај нас до сега немало никаков проблем од фенот. Она од бебе го обожава оти ја смирува звукот. Дури и на звук од фен ја смируваше кога имаше грчеви. Ќе пазиш не на најако, млакичко да е. На брзина работа. Капче не помага. Како? Влагата останува на главче така. Нит уши ни ѓаволи, јас не знам оти ен со фен. Во болница имаше греалки од горе, кога ги прегледуваа, нели голи глувчиња. Они сакаат топло да им е на почетокот ептен. Таква греалка користевме, сега веќе не. Голема е, откако почна да стои ја тргнавме и после туширање јас пак со фенот ја издувувам, ем одоколу се стоплува воздухот ем што се намокрила од шлапање по коса исушувам. Не ја мијам на коса секој ден, ама се тушира секој ден.
Од 20 дена кога беше не е прибрано моево. Баба ми кога дозна шлог ја мавна жената, стара генерација е од времето кога породена жена до 40 дена не смеела да излегува после зајдисонце. Инаку ние излеговме, сега за сега мирна ситуација.
А бре го шетам од кога можев да се движам и да одам нормално и ке го шетам дур можам. Мене најјакиот коментар уште ми е во глава од свекор ми пошо он најзнаен на секоја тема, се качија да го видат бебо јас на спална со него седната и во тој момент мм доаѓа со ад направено и го зема да му даде и свекор ми "а мајчино млеко нема снашка?" Не бе имам ама на мм му го дававме поздрав да биде Уште знаат да се избацат со облечен соблечен, јадел ова она ама јас научив да свиркам на таа тема На мм баба му секој ден се јавуваше да праша дали ми дошло млеко. Беше золва ми кај нас 3 дена кога почна мм на работа и да не седиме сами со бебо и она мислела золва ми го дои бебево пошо ја немам млеко, а она има. Идеме со мудростите - ако ика намочано, смени му памперс - стај мед на цуцлата за да фати цуцла - чорапи и капа обавезно за спиење - капење строго одсабајле за да се расони - кива, ладно му е. - плаче ноќе, урочен е - се стресува во спиење, урочен е - има црвено на газето, го фатиле на очи поошо многу убав
Оти не ми текнало да шкртнам во темава? Ние форумски тетички вчера направивме еден месец Абе кога слушав мајки како кажуваат дека времето многу брзо мине дури не ми се веруваше дека е така, ама откако сум мајка стварно било така. Како вчера да се породив, месец дена направи, додека да трепнам ќе ми порасни уште поголем. Иако сме само месец дена, не е веќе тоа ептен мало бебенце, сега ми е бумбарче. Инаку, да се надоврзам за муабетов погоре. Не знам зошто толку луѓето ги интересира бебево дали цица. Или па не знаат што друго да прашат. Не ми е јасно. Кога се породив тие денови по еден куп пораки имав дали цица. Па и дури мм го прашувале жените на работа кај него. Македончиња бе. НЕ цица, на АД сме, ќе горам во пеколот изгледа дека немав млеко. И кога го шетав го облечив ептен лесно дека детево ми е склет невиден. Па си добив коментар дека му било ладно така, скафандер требало да му облечам на 20 степени.
@QweenSM , 2 години подоцна уште ми прават математика колку пари се потрошиле на Ад. Жив и здрав баткото, ќе си порасне. Ич да не се замараш на темата.
Неможам да се изначудам притисокот за доење. Кога нешто не бива - не бива. Фала Богу некој паметен човек измислил ад за вакви мајки како мене и како многу други, за детето да не ми остане гладно. Шо е толку битно дали е цицка, дали шише. Извади цицка надвор, те гледаат мислиш кој знае што правиш. Извади шише, мислам со поглед ќе те заколат. И после на нас мајките сега ништо не ни се докажувало. Не е до нас , дефинитивно.
Замисли таа мене да ме видела кога бебе од 20 дена го однесов на игралиште со песок со сестра му и 20 др деца, а ја пиво тегнев од лименка . И ја така почнав со ајкосчето на маж ми, па прекинав да дојам, па отиде маж ми купи ајкос да не го замарам веќе
Утешете ме дека е до скокот. Пола саат и неславно заврши прошетката. Вреска плаче внатре, дига нозе прета лево десно, бута раце во уста… не можев да издржам се прибрав дома и веќе не излегувам. Таман си реков пролет, ќе шетам цело време, таа ми смени.
Ќе се среди. До скокот е. Еве сме, полуде.. од топло… по боди и хеланки ја шетав… ми е страв да не се разболи ама полудееее, скрена од плачење од што и е топло.. апликацијава вика кратки да и облечам зашто е 23 степени.
Може и мојава затоа плаче не знам. Ама по тренерчиња ја изнесив и тоа не беше ни покриена. Абе не застана детево од плачење. Ме шекна… Се сретнав со еден бивши дечко по пат застанав, она урла плаче, ми вика ова ко тебе драма квин. Се надевам после скоков ќе се врати во нормала оти дома не ми се седи ама ич.
Мојата нема ни четири месеци, до сега веќе не знам колку пати ја оставам. Скоро секој ден одев првите две недели после пораѓај за раната во болница, и на кумовите ја остававме. И кога си одиме кај нашите, само на мајка верувам и ја оставам на нејзе. Ние со мм излегуваме навечер, де кај нас, де Струмица/Гевгелија. И на свадба бевме во Струмица викендов, мајка ми ја чуваше. Сакам да ја научам да седи и со други. За ако треба, да може да ја оставаме без проблеми да прави. За сега е супер, ни за заспивање не прави воопшто проблем и со друг.
Двете ми се родија со многу коса (јас знам што тргав киселини хахаха) првиот во ноември е роден ми рекоа да сушам со фен во Систина. И таму кога го капевме го дувнаа малку, поарно така да му е сува, одколку на недосушена коса капче да ставиш, пример ова за зимско бебе. Не знам зошто ви рекол педијатар да не сушите со фен. Вториов август е роден исто го дувам, не му е скроз сува само со тетра пелена да го поминам. Нормално со мал фен од подалеку дувам да не го изгорам ама поарно со сува коса да го легнам одколку со водена и со мрсули од сабајле
И нас нѐ фати скок изгледа мајки. Само што ќе станеме од спиење, врескаме дури до зајдување. Бог да чува па да земам да го пресоблечам. Ајде само со лесно да ги минеме, тоа е мора да се издржи.