Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски
    Od kade go kupivte dzogerot za so vlazni maramici?
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.323
    Допаѓања:
    182.113
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes те читав и претходно, немав време да ти пишам. Исто поминав. Ма и бетер. Околу 2 ипол и почнаа тантрумите, претходно се преселивме, потоа дојде ново бебе, па градинка, а не ни беше баш прозборена, отиде во екстрем. Чак и пелени врати после 3тата година на неколку месеци. Хаос бевме. Тантрумите беа буквално булинг кон нас. Колку пати имам плачено од неа само јас си знам. :sweat: Кога тој период не ја седнав во кутија и да ја остаам пред некоја црква никад нема. :D

    До 4 ипол години работевме со психолог. На почеток само ја и маж ми, оти таа никако не сакаше да соработува. Сега веќе соработува ко возрасен.
    Сакам да ти кажам дека се е во ред. Емоционални одговори на некои промени, може да се и промени кои ние и не ги доживуваме за промени ниту ги перцепираме како такви, за нив може да е нешто големо, емоционални бури од што не знае како да ги изрази емоциите поинаку, башка што сега е во период кога ги тестира вашите граници, до кај може да тера со желбите и барањата, ти ги учи слабите точки. Сега е веќе 5 ипол мојава, по 5тата година веќе многу добро знае каде точно да боцне на пример.

    Она што ти треба да го знаеш е дека ова што сега го поминувате сите е нормален и уште повеќе многу здрав дел од развојот на нејзиното мозоче.

    Знам дека сега ти е многу интензивно и фрустрирачки, фазава трае до негде 4 години после се проретчуваат тантрумите па ќе помине како и се друго. На моменти ќе биде посмирено, на моменти поинтензивно. Само трпение и оставај ја и игнорирај колку што ќе можеш. Кога ќе ти седне негде да има тантрум натегање не помага, само смирено кажи и - ок, знам дека си лута/тажна што и да е во моментот, јас сум тука ќе те почекам, кога ќе завршиш и си спремна ќе продолжиме (каде и да сте требало да одите).
    Ќерка ми така ќе вриштеше па ќе станеше и ќе ми речеше ајде јас завршив. :D
    Друга работа што некогаш ми успеваше беше да се договориме од дома дека нема да има вриштење, плачење, трчање и такви работи и дека ако биде добра ќе добие нешто ситно во вид на награда. Не секогаш успеваше, ама како растеше и повеќе и подобро резонираше, почна се почесто да успева. Па пробај и така. Сеуште така правам пред излагање од дома со двајцата. Од дома се договараме каде ќе одиме и што ќе правиме. Сега пред некој ден им кажав дека ме боли мешето, не можам да се движам многу, ќе излеземе само да купиме пижами за мама, а ако се добри потоа дома ќе им дадам еден куп стикери да лепат. И супер поминавме. Иначе и тие си знаат да побараат играчка, па да се натегаме затоа се си договарам од дома. Пробувај се што ќе прочиташ, стварно сите деца се многу различни, ама нешто евентуално ќе почне да успева и кај вас.

    Верувај знам колку е исцрпувачки со дете со таков цврст карактер. Ама ќе се смири. :)
     
    На ArabellaStarfall, AngelOfArh, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    50.810
    Пол:
    Женски
    Кога прекинавте со доење дали ви доцнеше циклусот?
    Има месец како ја одбив ќерка ми, во понеделникот требаше да ми дојде ама нема сеуште, тест правев денес негативен беше.
    Секогаш ден, два ми подранувало вака да ми доцни како сега беше кога останав бремена.
     
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    8.359
    Пол:
    Женски
    Леле ја замислив цела оваа ситуација и од страна делува смешно. Ама којзнае колку си се нервирала во моментот. Абе иста е и мојава. Баш и јас сега брзо сакав да ти пишам кога те прочитав за постот дека лошо се осеќаш, поради нејзиното однесување откако се роди бебето. Јас најмногу поради тоа во моментов имам фобија од второ дете (facepalm)
    А тебе морам да те пофалам како успеваш да излезеш на крај со ваков карактер плус бебе. :hug:

    Фала мајка за споделеното. Таа си има често тантруми а тежок карактер е од старт. Ама оваа недела е посебна приказна. Инаку сите доктори што ќе ја видат даваат коментар дека е доста интелигентно и ратоборно дете. Ваљда до карактерот им е.
    Се трудам секогаш со зборување со објаснување ама слабо има ефект.
    А како што пиша @AngelOfArh кога ја карам тогаш како маче со подвиткан опаш доаѓа да се гуши со мене. Не сака да ја карам. Ама не сакам на тој начин да ме слуша. Сакам да ме слуша што и зборувам ама џабе.
    Промена навистина нема никаква а не знам зошто ми изгледаше дека е ради престанок на доењето иако веќе месец помина. Како задоцнета реакција. Ама еве и денес не знам колку пати прашуваше дали уште ме боли :?:
    И порано кога ќе се налутеше знаеше да побара да цица. А сега кога ќе се налути деновиве јас ќе и речам дојди да те гушнам и таа буквално погледот и е накај градиве, и ми вика не, бегај. И уште повеќе плаче. Не знам што се дешава во нејзиното главче ама моја претпоставка дека претходно кога си плачеше добиваше да цица сега јас и нудам нели гушка и неа и текнува дека нема цицање веќе и како одбивност спрема мене ме брка, ме шутира. И само си прашува дали уште ме боли и велам да, и ми вика ама помина сега?
    Не знам што после месец дена сега во глава и се заврти тоа.
     
    На Yowannty, Carolin., јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    8.557
    Пол:
    Женски
    Чекајте кога сме веќе кај тантруми и однесување, да ме подучите.

    Малата е 20м, и нејзе и е интересно јас да повишам глас и да се изнервирам :devil:. На 20 м:drunk:.
    И ќе одиме шо улица ќе застане на раб од тротоарот, за да велам стоп. Намерно, се додека не ме чуе гласно да се издерам.
    Не дека не сум пробала со нешто да и сменам фокус и дека ен сум објаснила. Еве тоа е.
    Или ќе почне да ги право сите пакости додека не кажам епа аман. И повторува по мене епа аман. Ама мора да е со повисок тон кажано, кога ќе го кажам онака колку да го кажам не е интересно :x.
    Гомце мало, вчера излезе од стомак, а денес веќе си игра со моите нерви и провоцира. Ој ој ој.
    И ова треба да се игнорира нели? Оти друго не прави смисла. Колку јас не сакам да се дерам и цркам, толку нејзе и е интересно така.
     
    На LiquidLuna, Tea SK, Lady Miami и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    6.565
    Пол:
    Женски
    Исто сестро, исто ама за по дома. За надвор сум ја вратила неколку пати дома, само што сме излегле и сега мирно си оди. Fun fact пред некој ден на гости. И вика жената кај што бевме, таму да не одиш е жешко, ќе се изгориш. Мојава по 10-15 минути, застанува на работ од местото кај што и рекоа Не, и повторува, таму Не, жешко. Си се враќа назад.
    Јас ваква :o

    Јас дома, не се качувај, ќе паднеш, уште повисоко оди. :@
     
    На le.soleil, LiquidLuna и јolene им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    18.850
    Пол:
    Женски

    Ехее за надвор, многу е културен цлегува во продавница "ден" само тоа знае од добар ден, кажува "таооо" кога го прашувам што сакаш кажува една работа и ја носи одма на каса да се види што е да се плати па после ја зема, никако не смеам да отворам ако не е платен типсот и така вртам цел маркет плаќаме корнфлекс или соленки го седмувам во колицата внатре и он јаде нуди на сите "тетии, чичеее тииипс" јас пазарам.
    Одиме во сара фешн да си купам што ми треба и он се навртел на чорапите и гаќите. Јас ми велам не немој таму да чепкаш. Оди на кај нив и со прстот од далеку не да ги чепне и вика не не не и мафта со главата. Продавачката се изнасмеа, вели само си се кара :rofl:

    Кога се жалев минатата недела кој знае што му се случувало во главата ама еве го 3 дена да не го заречам пу пу добар е. За сметка на тоа има премноогу нови зборчиња. Од поголемите зборови ги кажува првите 2 букви а од тие што се со 4-5 некои ги кажува како што се ама каде што има р ж ф ѓ си ги кажува по негово :D знам дека ке ми наплати за ова што реков добар е:rofl:

    Дешавка од вчера, цел ден скоро со баба му и дедо му беше пошо јас со мм по доктори се мавтавме и да му се одолжиме демек да си поигра вечерта во игротека, имаме тука една блиску скоро и да нема деца многу па го носиме да се истрча и се дешава следново јас внатре бев со него редевме сложувалки
    Ставени таму гумени бонбони, сокчиња, соленки и чипсови на сталажа и доаѓа и ми вели мамо типс и ги фаќа соленките, јас му велам ама земи прво пари и после ке купиме ги враќа соленките назад, оди кај татко му и му вели "татииии паее дај" му дава и оди зема соленки и дава на вработената и тој мој многу културен и вели "тала" му враќа кусур и ми го дава мене кусурот "мамии пае" му велам ама овие на тате дај му ги, го загледува мм и "не не мами пае" и ми ги става во рака. Викам браво бе мами така треба :rofl:
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys, AngelOfArh и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.323
    Допаѓања:
    182.113
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes знам, знам. И за ќерка ми тоа беше објаснување. Цврст карактер е, борбена, упорна. Тоа си го знаев и сама. :D

    Може да е цицањето, ако поминало време. Нели како викаме, цицето не е само млеко, те мириса тебе и тоа и делувало смирувачки, тоа е тој моќен контакт кожа на кожа, целата утеха и комфорт на светот. Бегала во тебе на цице да се смири кога била тажна/лута викаш, и сега тоа го нема. Голема е да разбере дека нешто тебе те боли и таа очекувала дека пак ќе биде по старо “кога ќе ти помине”. Од тука може револт. :)
    Еве за споредба. Ќерка ми имаше исто тантруми. Ама после бебето не знаевме што не снајде дома. Беше општа хистерија. А веќе супер прилагодена во градинка, не и требаше многу, за една недела. Таква си е од раѓање ич немам проблем со неа кај сите оди со сите седи, со непознат на улица да ја оставам ќе си поседи, ќе се изгушка ко со свој и изнамуабети. Такво е детето отворено, нема срам, ќе си каже се што сака, секогаш и во секоја ситуација точно знае што сака и да побара она што и треба.
    И према бебето немаше никаква реакција, го гушкаше, галеше, ниту еднаш не реагирала бурно, никаква агресија, или да го удри. Ја глава сечев дека супер го прифатила бебето и ниту еднаш не помислив дека е до тоа. Кога бебето имаше 3-4 месеци преку ноќ настана општа хистерија. Само вриштеше. Не знаевме зошто. Од градинка ми јавуваа да ја земам оти не можеа да ја смират. Само се вриштеше цело време. И излезе дека сепак и по месеци е уствари бебето. Таа си мислела дека ок сеа го имаме, ќе го почуваме па ќе го вратиме. Кога конечно сфатила дека бебето нигде не оди, почна да ги истура сите фрустрации на нас. Евентуално, со многу зборење во одредени ситуации, игнорирање во други мораш да си видиш што во која ситуација пали, ќе се смири.
    Кога е смирена гушкај ја и збори и колку сакаш да се гушкате и дека секогаш кога е тажна може да дојде да се гушка со тебе место да вришти. Кога е на сред хистерија ништо што ќе речеш нема да чуе.

    Некои деца кога имаат тантруми сакаат да ги гушнеш за да се смират. Мојава, кога ќе се приближев до неа кога имаше тантрум, уште поише вриштеше, дур сфатив и сме се тегнеле и молеле…
    И затоа после и кажував само дека сум тука, си седев до неа и си чекав да заврши. :sweat: И прво престана да вришти. Само сакаше да си поседи седната долу и така да го изрази својот револт. Ќе си поседеше па ќе си станеше.

    Ќе се смири, ќе видиш. Од некаде собрала револт. Можеби и е цицката. И е “одземена” рутина. Децата се суштества од рутина и мала промена одма ги исфрла од колосек. Сите се различни и сите имаат своја точка на вриење, различна реакција во иста ситуација.
    Само убедување дека твоите чувства према неа не се сменети и еднаш ќе и кликне во главата. :)

    @Jolene ти тестира граници сеа. Не мора да значи дека ќе има класични тантруми со вриштење и валање по земја. Еве син ми исто ми притиска дугмиња дур погоди кое пали. Тој ич не седнал на земја. Ама си плаче, многу е емотивен. Се си зема при срце. За се нешто што не е по негово си плаче. И така си оди за раче со мене и си плаче или го возам во шопинг кард тој си плаче, најчесто не знам зошто плаче. :sweat: Сеа со него откривам што ќе пали за ги намалиме плачките, оти уште немам откриено, двајцата се небо и земја различни. :sweat:
     
    На Erika.greeneyes, Autumn Love, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.027
    Допаѓања:
    24.217
    Пол:
    Женски
    @Carolin. Се бркат овие нашиве :D ми даваш утеха дека ноќиве ќе олеснат :mm: скоро 2 месеци се сторија како станува нон стоп ноќе, 3ките никако да пробијат и тие го мачат, плус со тт е, во 3ч блокмакс му дадовме па после испоти па ајде го преслекував :whew: абе в раце цела ноќ, буквално, до 2ч мм го држеше после 2 јас, в раце значи :!: легни го плачи и пак иди в раце, без раце останавме, тежок е, скоро 17кг е. Крева тт на 8, 10ч до 38.5 оди, др симптоми нема, денес ќе одиме кај матичната да го види дека викенд иди. А само 2 дена в градинка беше, одма значи одма фати нешто, првиот ден плачеше до 12 стоеше, 2риот ден со спиење беше до 3ч, си реков тргна одма со спиење шо убо, ама ете го ноќта тт и пак дома :@
    Друго почна зборчиња поќе да кажува, од нигде никаде вчера сабајлето вели аболко за јаболко, има и помлаку разбирливи ама ние се разбираме, жирафа е лафа, сфонот - слонот, wаф - лав :D многу го сака моментално Hickory dickory dock па цел внесен објаснува како слонот се качил и го скршил сатот, па зема сат и слонче играчка и со неа покажува, па паѓа на под демек така паѓал сатот и вели Оу ноу :rofl: врзува по 2 некош по 3 зборчиња и затоа си мислам овај можи е тој скокот пред експлозијата на зборчиња, првото исто беше вака пред експлозијата, еве го уште малку 19 месеци аман нека пукни бомбата :rofl: исто оваа регресија на 18 месеци до кога трае?
    Поќе работи да кажам во 1 пост и сето хаос :worried:
    Иначе уште цица ноќе ^_^
     
    На merriel0, Carolin., Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    8.557
    Пол:
    Женски
    Не знам сваќе како да ти кажам, кај нас траеше до буквално пред две недели. Се споија од година до година ипол, болештини, заби, регресии и умревме со маж ми. Баш ти како што викаш, со спиење во раце, едино што не цица.
    Кај нас пукна на велико :inlove:. Леле леле леле. Секој ден се изненадувам. Има на едно место кога и да помине ќе се чукне. Прво и викав полека, пази, чекај, внимавај, стој се што можев да кажам да и речам да забави. Не даде резултат и после ко ќе се чукнеше и викав ако ти е.
    Вчера се исчука и ме гледа и вика ако ти е :D.
    Треба да се пази веќе се што ќе се каже, оти се повтрорува веќе.
    И интересно е што почна на германски и на македонски да ги кажува, па каша попара додека ја разбереме што и на кој јазик збори.
    Од дете што грубо моторички каснеше со вртење, одење сега растур прави. Сите порано или покасно се ќе испраксаат. Џабе сме се нервирале.

    Да да, јасно ми е. Ама просто ми е неверојатно, толку мали и веќе пробува сите копчиња да ти ги притисне. Кога и од каде вака им текнува, алал да им е.

    Супер се нека се живи и здрави, уште некоја година ни да не гушнат нема да сакаат.
     
    На Carolin., LiquidLuna, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    6.440
    Пол:
    Женски
    Сега ја симнав апликацијата и некако многу облека ми делува ова. Ќе пратам скриншот да видиш дали е вака и кај тебе или јас имам нешто згрешено. На оваа температура јас не облекувам ниту хулахопки ниту џемперче (facepalm)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6257.png
      IMG_6257.png
      Големина на фајлот:
      553,2 KB
      Прегледи:
      84
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Вака е кај мене.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5391.png
      IMG_5391.png
      Големина на фајлот:
      537,1 KB
      Прегледи:
      80
  13. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    5.283
    ова е дефинитивно премногу облека за 10 степени, јас би одела само со еден слој доле и скафандер, или па два слоја без јакна.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    6.440
    Пол:
    Женски
    Значи таман е, еве и кај тебе е многу за мене. Ауу сум си го смрзнувала детето јас, оваа апп како некоја стринка да ја правела :D
     
    На baguf4e и merriel0 им се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    6.440
    Пол:
    Женски
    Јас под 7 степени облекувам зимен скафандер, а на 10 подебели тренерки зимни чизми боди на кратки и зимна јакна, малку е а? :^)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.981
    Допаѓања:
    9.890
    Пол:
    Женски
    Скафандер ја на 10 степени не облакам. Премногу е. Иначе јас се водам по ова ама не секогаш. Детето ми е склетџика, ја од ова само боди и пролетна јакна ќе облечам и плус хеланки доле и патичиња. И кебе би си зела за секој случај, макар и да не го ставам. Ама вчера 23 степени беше кратки ми рече да и облечам. Не знам во кој град си, кај тебе гледам 10 степени, кај мене 14. Рил фил 19:whew:
     
    На Carolin. и Anturium им се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    5.283
    Ауу јас зимски скафандер облакам околу 0, 0-5, над 5 иам потенок скафандер, отпорен на ветар.
    Па доле комбинирам еден или два слоја во зависност од температура.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    6.440
    Пол:
    Женски
    Во Швајцарија сум тука е ептен ладен воздухот затоа валда, ама на 10 степени и сонце многу ми е ова
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    6.440
    Пол:
    Женски
    Тука е многу поладен воздухот поради близината на алпите, таман е зимен скафандер со еден слој тенки тренерки. Другиот тенок е таков за на дожд само, не топли воопшто. Реално и јас на 7 степени сум со капа шал и ракавици а сакледџига сум, бриче ладен ветер :D
     
    На Lady Miami и јolene им се допаѓа ова.
  20. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    3.021
    Пол:
    Женски
    @Anturium Ке си гледаш по себе каква ти е температурата. Со тоа што има разлика дали е во корпа покриено или на спортско седиште.
    Моето се вози седнат на спортско седиште, и е облечен еден слој горе повеќе од мене, зошто до вчера беше 10 степени, на сонце е топло ама во сенка не. И тоа колку степени е ич не ми значи, кога има сонце и кога нема сонце не е исто чувството. Зошто седи на отворено седиште, не се движи. Како ти е тебе така му е и на него.
     
    На WhiteCat33, merriel0, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.