И тука е ладно, на "море" сме. Бричи ветар секој ден. Зимски скафандер со два слоја доле ставам на ниски температури, сега пример е околу 7-8, има еден слој доле и потенок скафандер.
Колку само им текнува ехееее тек ќе видиш. Мене психологот ме учеше да и помагам да ги препознава емоциите. Кога ќе се налути или е тажна да и кажам. Ок, ти си сега тажна/лута, поради тоа и тоа и да и објаснам дека е во ред да биде и тажна и лута и да плаче. Излезе нож со две острици. Еве и ден денеска ја сум и крива за се. Едно две ете ја мамииии u make me sad!!! Е зашто.. оти не може да најде нешто што сака по дома, оти фустанот што го замислила да го носи баш тогаш не е испран, оти станала на лева нога, се ја некако сум крива за све. Ај по дома, ама кога ми држи лекции надвор пред луѓе оти сум рекла дека на шпилплац ќе дојдеме во 2, а сме дошле во 4, па како не сум стоела на зборот, ми иде да пропаднам во земја од срам. Се што ќе и кажеш, некогаш ќе биде искористено против тебе.
Таман е. На 10 степени не носам скафандер. Ниту холахопки ако има сонце. Ако нема сонце може холахопки оти фармерките се тенки, или само подебели тренерчиња. Едит. Сеа ќе излагаме за кратко, 11 степени е ама пече сонце, патики и тенка јакна ќе носат.
Ми решивте една голема дилема, наздравје за оваа немајка што паѓа на коментари дека не и е облечено доволно детето А да прочитате во старите мислења колку пати имам прашувано за ова ќе помислете досега профи сум, ама ете уште имам недоумици. А тој пак откако почна да кажува се му е ладно, не знам за верување ли е
Ја ич не ги тунтам моиве. Сеа на плоштад ќе трчаат по гулаби и да им е ладно ќе се стоплат. Се зезам, пече сонце и на сонце е за по дуксер. Иначе овде често шиба ветер и дури на повисока температура кога дува ветер е многу ладно. Тогаш ги облакам повеќе и обавезно капа. Еве ја мајка ми кај мене и тоа е секој ден живи голи биле.
Епа да тоа ми е и мене додека шетавме во количка седи и може да залади а вака сега се сме пешки тој трча скока уште хулахопки чуда му фалат. И мојот ги обожава гулабите, јас кафе пијам веќе на плоштад на клупа, рај, ем изморено дете ем кафе на раат пиено
Како да ја облечам ми е најголем проблем, само во тој поглед сум како 60 годишна тетка Особено затоа што е мала, само 1 месец, се се плашам да не ја настинам. Вчера за прв пат до парк отидовме, релативно сум сигурна дека ја сварив Не беше премногу облечена, боди на долги, чорапи, малку подебели тренерки, ама ја имав замотано во најдебелото ќебе мислиш снег вее
Немој толку, ќе ја прегрееш. Добронамерно ова, не дека ти солам памет. Вчера беше стварно пекол жешко. едит: од ладно не може да се разболи, само од вируси и бактерии. Мојата спиеше на -2 на тераса на 1 месец секој ден во количка, соодветно облечена. И тоа на север сме, не нѐ грее сонце.
Јас волку го имав облечено бебе, само без хулахопки и место јакна скафандер, на -13 кога бевме на зимовање. Дали ја не сум арна или апликацијава не е арна?!
Ти викам јас некоја стринка ја правела, ми набија и мене прашалници. Баш ќе проверувам деновиве додека да сфатам дека треба да ја баталам и да си питам другарките на фемина
Беба коа беше многу мала и од лето одеше кон зима, ја користев апликацијата но секогаш гледав некој саат однапред... Според апп никогаш не ја облекував но отприлика насоки следев.
Пешки ја носам во градинка 15 мин со количка, утрово беше 6-7 степени, во тренерки, патики и јакна, зимска ама потенка. Ама мислам дека менува тоа што беше сончево, истата температура со облаци и ветер бара мн повеќе облека. Само што си дојдовме дома, трчаше надвор по тренерки само, 21 степен, си добив коментар кутро дете ладно му е... Инаку и ја знам да се загледам по бебиња, не за како се облечени ама ме радува да видам бебе, уште па и ако имаш среќа да ти се насмее ох не е се за лошо ама еве јавно извинете ако е без осет
Денес сме цел ден надвор, по тренерки е. Само трча уште јас да го наоблечам и ке биде жива вода Насабајле и навечер е посвежо така да носи капа и јакна обавезно ако сме пред 9ч наутро или после 6 навечер. И јас гледам бебиња од што ги сакааам бре не од нешто друго
И јас сабајле ја проверив апликацијава ама ту мач ми беше. И облеков боди на кратки, чорапки и тенки шпикозни. Јакниче одозгора откопчано а преку нозете ќебенце. Излеговме накај 11, во 2 ипол кога се прибиравме и јакна и соблеков и ќебе и тргнав, спиеше во корпата само по шпикозни. Како што не дува внатре во корпата ич, ќе се свареше мислам. Ваљда океј беше облечена
И јас гледам бебиња мн ми се мили Имам внуче мало од братучеда 1 месец е, 2 пати бев сама да го подржам, да го погушкам премило ми е братучеда ми како сестра ми е (во ист ден сме родени разлика 6 часа сме) вели ко ќе одам на преглед ќе ти го оставам тебе да го чуваш, Океј и велам и ќе го надојам ако треба првите деца ни се разлика 4 месеци, моево постаро е, еднаш бевме заедно и таа го надои моево, имаше отпоќе млеко, нејзиното мало прематурче беше родено и немаше сила да влечи, тогаш мојот ѕвер беше 6 месеци имаше околу 11кг и одма ја исцица На тема облека исто како за мене.
Ти верувам, ама за облекување ми работи бабинското во мене плус нели демек треба по мене да гледам, јас деновиве се шетам со долна маица, дуксер, и тенка јакна, ама убаво ми е да ми е топло овој период кога е преод од зима во пролет Еве денес маалце полабаво ја облеков, боди по долги, плетени шпикозни и чорапи, дури не ја ни покрив
Колку тебе ти работи бабинското, мене обратно. Да ја видиш мојава колку е гола шлог ќе те фати. Еве сега ја шетам (преку ден многу ми плаче од жешкото па решив вака покасно на поладно). Боди по рамки, тренерчиња и тенко памучно ќебе. Спие со раце горе, ужива.
Важно е они да уживаат Оваа мојата јас мислам е како мене, ужива на топло. Навечер спие во затоплена просторија облечена и плус покриена со јорганче, топ и е, си хрчка по 5-6 саати Ама вчера во парк ваљда многу и дојде