Па мораме некогаш да се угледаме, искрено мн ми е нејасно кога ќе видам бебе во количка т.е транспортер па од оние дебелите ќебиња и тоа неколку пати завиткано и плус скафандер. Тоа нафвор сонце, жешко а самата мајка по маица. И искрено треба некој да им каже секако добронамерно дека така не чини за бебето. Сфаќам јас секоја различно ама ниту еден др нема да ти речи на 19 степени скафандер и плус ќебе дебело. Јас секогаш велам мојот син најслабо е облечен секогаш. Ниту скафандер ниту ќебе. Досега 2 пати ми се разболи само и то префати од др. Што не чини не чини.
Имам роднина во близина, секој пат мислам паѓа во несвест женава кога ќе ме види надвор со бебево. Голо било. Па си кажа како со мајка и збореле, дека ич не сум го пазела бебето на почеток, сум ја шетала, па и во фустан дури. Несакам да замислам, колку ќе облака бебе сега кога ќе и се роди. Па и од дома нема да го вади плус, ама тоа си е нејзино размислување де. Денес бев на раб на лудило. Шамари ми идеше да си мавам. Од 5 стана бебе, благодарение на татко и. Луѓеее уште во глава ми се звуците што ги слушав цел ден кенкање, плачење и така во круг без престан. Ајде излеговме надвор, во раце мораше да заспие и ја легнав во количка, си спиеше. До парк имам 10 минути и се сретнав со колеги и ајде да пиеме кафе. Абе газооот уште не го ставив на стол се разбуди. Тоа беше 11 саат. До 16ч она не заспааа. Еве Ангел ако гледала од прозор, јас бев таа со бебе во рака и што буткав количка низ парк. Рацеее ми паднаа. Дочекавме маж од работа , ја зема и во раце до дома. Дремна 10 мин и ајде ручавме и пак надвор , едвај заспа и спиеше цели 30 мин. Едвај дочекавме 19 ч, млеко и со борби заспа. Полудев денес.
Има да...ама после 6ти ќе ти дојде, па 7ми...., па заби и така до кај година ипол, две, после полесно е
Денес се подзамислив, дали уште сакам второ дете. Ама ваљда ќе ми помине ова и уште ќе си сакам. А бев спремна сега одма да останам бремена пак. Ќе си почекам уште малце.
После 3та и уште нерви ми кине, а преска се пофаливме со мм дека е понормална Еве пак ја вадев од игротека плачејќи Да вадам Корлатот и да лабавам, нека се тепаат у спална татко и ќерка сега Мое беше денес да ја носам на роденден. Завршив со обврските
Мене искрено таман ми се моиве разлика 2 г и 10 мес. Нема бебешки работи од големава, некст левел нервози се. Нерви цел живот ќе ми корне ама го нема она кенкање, па во раце нишкање, па скокови...не знам мене најмака ми е дур не почне муабет да ти прави да знаеш што му е, бебешкава фаза ми е најтешка. Јас сама сум со двајцата, искочи таткото, ги успав мало во 8, големо во 9, ставив Џејмисон и пуштив Гејм од Тронс да ми одмори мозоков.
Нема и кај мене..големата има воспалени ушиња и малку сме кисели Си добивме антибиотик и капки за уво..ич ама ич не го сакам антибиотикот али јеби га,кога мора тоа е.
Како се вика апликацијата? Јас прв пат слушам дека постои таква,да ја инсталирам добре дојдена ќе ми биде
Времево е пекол преку ден какво ќебе, дури и мачкање со заштитен фактор сака на обравчињата ако стои на сонце многу. Мојот спијаше се дури ја возам количката ако застанам толку му беше од дремката.
Кога веќе спомна каков крем за сончање за лице користете? Тука никаде не наоѓам бебешки за лице досега го мачкав со тој за тело ама некако шубе ми е сакам онлине да нарачам некој па предложете?