Штом повраќа, многу му е. Не му давај дохрана. Бебе што е гладно ќе плаче и нема да спие. Значи не е гладно штом заспива. Кога цица не мора секогаш да го ждригнуваш, ако е заспиено остави го. Моето после доење скоро никогаш не го ждригав. Само после АД. Ама јас го хранев доста долго комбинирано и сигурна сум дека ти повраќа од прејаденост зошто и јас иста грешка правев. Нема бебе што не бљуцка, значи 90% од бебињата бљуцкаат, исто доено бебе не можеш да прејадеш, ако сака да цица постојано е ради близина не само ради глад. А и да е најадено ако му даваш АД ќе го пие. Меки гради имав и јас, не значи дека немаш млеко. Моето не беше капено 10 дена, попокот не падна 3 недели, ради тоа што пиеше ант, ама јас го капев и така само да не го облева вода.И да се намокри ќе исушиш. Ако плаче многу на пресоблекување уклучи фен на млако и далеку од него стави го ама да го дувка, моето одма се смируваше така. Првото капење и нам ни беше стресно, ние пак бевме и сами во странство буквално никој немаше да ни покаже, ама после секое следно беше полесно, по недела дена сама го капев.И не мора да го бањаш секој ден, бриши со памукче и вода и миј газе. Во сон нем да се задуши биди сигурна за тоа, мора да одморете и секако мораш да јадеш. Ќе помине брзо само смири се, нема шанси да не знаеш што правиш, само хормоните те тераат така да мислиш. Излези на сонце, поспиј и јади убаво и ќе видиш како ќе ти се врати самодовербата и се ќе знаеш. Честито да ви е живо и здраво.
Може нема потреба за дохрана со АД, затоа повраќа. Ако блуцне е во ред се прецицало и моето беше лакомо но не му давав АД, само на цицање си беше пробај да не му даваш само ставај го да цица колку и да сака.
Гладно е после цицање...на цицање заспива додека цица па со будење некако и после уште бара.АД ќе го испие и нема да сака више па чим го легнам одма рацете во уста како да е гладно па со цуцла се смируваме
Не давај цуцла, многу е мало ќе се измори цуцајќи. Надој го, подржи го во раце да ждригне и пак на града. Штом ти блуцка, најверојатно многу му доаѓа млекце. Не знае да каже, па ќе го испие. Ќе видиш на контрола што ќе ти кажат, како напредува. Ако имаш млеко и сакаш да доиш ќе успееш. Првите недели се тешки, не се знае кога е ден кога ноќ. После ќе ти стане полесно. И секогаш прво надој го, па после го соблекувај. Бидејќи е гладно, додека го соблечеш ќе се вознемири, и нема да можеш да го смириш и да го ставиш на града. И не гледај на часот дека требало да јаде на два часа. Ако заспало може и порано да се разбуди и да биде гладно. Навечер ако не е покакано, не менувај пелена, така ќе се расони. Во темна соба надој го и нека спие. Пушти му бели звуци и спиј и ти. Тргни се од креветчето ќебе, перница , ограда и нема потреба да се плашиш дека ќе се задуши. Јас го пишувам ова по второ дете. За првото бев иста како тебе исплашена. Со тек на време ќе стекнете рутина и ќе ви биде полесно.
Мајка раце во уста сите бебиња ставаат, не е знак дека е гладно само. Ако заспива додела цица остај го да спие, зошто да го будиш да му даваш АД?
Не е гладно туку е вознемирено дека му го кршите сонот, а новороденчињата со цицање најмногу се смируваат затоа пика раце во уста и се смирува со цуцла. Штом заспива на цицка, значи е најадено и задоволно. Ако ептен пишти после цицање тогаш даваш дохрана, а никако да го будиш, греотичка е да му го кршиш најслаткиот сон. Моето ете 4 месеци е, ниту еднаш не сум бдеела над него, не се грижи имаат рефлекс, како ќе се задуши, па ете ја мојата и повраќа по 5-6 пати на ден дури и во спиење, организмот му функционира така да не се задушат. Релакс малку и ќе ти биде полесно. И пиј чаеви и апчиња за лактација и обавезно молзење дури спие да ти најдојде повеќе млеко. Уживај, ќе ги бараш овие денови кога спијат по цел ден.
Па го пие ради рефлексот на цицање, дека е уште многу мало. Колку и да му дадеш ќе испие, па ќе поврати. Прст стави му ќе го цица и влече. Прејадено е и затоа ти повраќа, убаво сите ти кажаа. Не е добар тој универзален совет со 30мл за доени бебиња и мене со истиот ме пуштија дома. Ако сакаш да доиш мора да имаш поголема самодоверба, значи прати мочкани пелени, прати дали голта бебето, ќе пратите со педијатар напредок. Не се буди секогаш ради тоа што е гладно, бебе бара близина со мајка му, до вчера едно сте биле. Не гледај на саат кога го доиш, кога и да побара дај му. Кој ти кажа да го будиш ако заспие за да му додадеш ад?! Ќе биде вознемирено логично, си заспало до/на мајка му, па си го разбудила да го допрејадеш, па сега спуштено во креветче самото раце си шмука да се смири и да презаспие. Мајка, мењај тактика.
@Stone Ставај беба на цицка на секое. Нормално, ако сакаш да доиш. Ние спиевме на цицка дур асално не ми надојде млеко убаво, а имав од втор ден, со царски породена.. Пола саат десна-лева, па ќе заспие 15 минути, па пак десна-лева... Имав направено замок од перници дека имам големи гради. Чим имаш млекце, стимулирај со бебле. Јас би тргнала АД комплетно.
Мене не ми е јасно зашто толку форсираат давање на АД после доење.. и мене ме пуштија така и така напишано во картонот. После секој подој плус 40мл АД. Пишував и тука цела во прашалници. Тоа си цица на мене си влече ќе си заспие јас тргни од цицка бутај шишето, муцето неќеше да го отвори од што беше најадено. Ама прво бебе од кај да знаеш, како ти кажал доктор така ќе правиш и ќе се прашуваш дали е најадено а тоа кутрото прејадено..Среќа тука што пишав и вр послушав сите да не давам додатно АД. мојата имаше качено по 60 грама просек на ден само од цицање, да и давав и АД како што ми кажаа педијатри којзнае колку ќе качеше. @Stone бебе си е најадено а се што е вишок повраќа. Не му давај АД. Нека си цица нека си заспие кога ќе е гладно ќе му дадеш пак да цица и пак нека си заспие. Мојата само на цицка беше на почеток немав време да мочам се жалев тука, не се секирај така е на почеток. Ако мочка и кака не е гладно
Оти цицањето го изморува треба да трга, а од шише му е полесно и АД е погусто го заситува а додека твоето млеко уште пробува да се стабилизира и сега може е малце поретко но е доволно хранливо, мораш да го ставаш повеќе за да се создава повеќе млеко и како шо расте бебето така и млекото станува како шо цица погусто и по хранливо во рамките на тоа колкаво е бебенцето. На контрола ќе кажат како напредува но остај си го само на цицање да видиш како ќе ти кажат, дали има потреба за дохрана или не. Инаку цуцла и моето сакаше и бараше близина и рацете во уста се е тоа нормално.
И мене ми дадоа совет цицање на 3 саати, ја слушам инстинкт и давам кога сака. Нон стоп бљуцка односно повраќа пошто се прејадува, лаком е ама не планирам ред да му стварам и за ова. Нит сум го будела, еднаш само 5 саати не стана ама реално цело сабајле на цицка беше. И не знам дали е до психа, кога го пијам Лактамиксот редовно нема толку грчеви. Е исхраната што ми е катастрофа е друга работа.
Добар ден, убав ден мајки Бебе само што го успав, ручекот готов, маж си дојде пред малку од работа па здравје да стане бебо, да ручаме и планираме да шетниме. Ветерче дувка, ама убаво ќе биде заштитен во корпата од количката, не ми е страв за тоа. Јас да си се пофалам дека синоќа сме се изнаспале со синко. Дури ме фати страв, дека вака му се нема случено до сега. Се успа во 4ч поручек. Си кенкаше само за млекце кога му се прејади и стана дури во 12 вечерта. За 1ч пак се успа, стана во 6ч сабајле. И на крај го успав пак во 8ч сабајле, и стана во 11ч. Што му беше не знам, ама мама и тато убаво ги почасти. Нека потрае, амин Боже. Веќе кај и да е треба да преминеме на двојче пелени, чекам да ги дотрошам само единичката. Ми се плаче. Ми порасна бебето, не е веќе такво мало бебенце.
Здраво мајки Како сте? Пијам кафе во двор, снема сонце ама бебо трча на сите страни. Па знам дека ке се измори после ова береме сите реквизити од двор пошо викаат ке врне пак. А ако врне леле мајко ке биде, што ке се прави не знам само зачувувам некој игри на инста и тикток за да имаме што да правиме додека сме внатре. Посреќен и поизморен не сум го видела, спие како топ пу пу да не го заречам. Ама трча ја не знам од каде толку енергија, ама нека потрае Оваа мајка да се пофали дека вежба веќе трета недела редовно, хаос ми е јадењето ама се трудам да е здраво 90%. Не можам да одолеам на чаша џин или узо. Или пак dare чоколатцана, од се ќе сњ одкажа од тоа не Почнував со ептен бегинер ама сватив дека не сум за тоа, понапред сум памти телово ваљда Имам кондиција битно Вака да продолжам нема да се жалам, малку да се затегнам да не се тресам ко пача на плажа. И одмор имаме резервирано, никад толку рано не сме резервирал, да видиме што ке испадне Имајте убав деееен
Денес беше и патронажната и она ме советуваше обавезно да ги испие тие 30мл.Да го дојам соблечено бидејќи не цица активно не голта толку многу па да го закачкам додека цица 15 мин на една па 15 мин на друга.И потоа обавезно АД освен ако не се трга.А оно денес е сосема друго дете.Цица полека ама дигни го да ждригне не дава од што се лупа со главата во мене за да јаде.Исто е и после АД.Цуце ќе му дадам ќе се смири ама тешко заспива.Да не му е па малце сега?Да го вратам на града после АД?Ми нема повратено денес...иако не знам кој ден сме баш
Незнам за другите, ама јас да слушав матична и патронажна немаше да имам млеко да дојам. Види колку мајки ти пишаа. Апсурд е да даваш АД кога имаш млеко. Башка, знаеш колку има побарувачка толку ти прави телото млеко? Ваљда калкулираш дека тие екстра АД што ги даваш не се побарани од твоето тело.
Тие тетките од патронажна не мора за се да се слушаат. Најди си добар приватен педијатар шо ќе следи дете како напредува и тоа е се. Кај мене не ни дојде патронажна. Ако детето супер си цица редовно стварно нема потреба од АД млеко. Оти место да се стимулира градата ти му даваш вештачко во замена за природното.
Патронажната ми кажа да и облакам боди на долги, хеланки, шпикозни на долги и чорапи врз шпикозните. Дома ни беше, виде дека е 24степени. Е до толку се корисни нивните совети.
ало бре не се салам Боди на кратки, памучни шпикозни (потенки), чорапчиња, толку. Дури и 24 ст е многу.
Мене ме буни што бебе е денес константно гладно а нејќе да спие.Значи или скроз контра бевме до вчера и таман ќе речам ок ајде фаќаме ред не Значи не знам кај грешам Бебе станува го пресоблакам го оставам по кратки поголко и зимам да го дојам.Чим почне да цица нема ни 5 мин подзаспива а во целото доење не голта активно туку одвреме навреме,одвај гураме 15 мин дигам менувам страна.На другата дали 5 мин ќе цица истото е. После тоа го облекувам во шпикозни оно си мрда со главата како да бара цице и му давам дохрана.Ја јаде некад цела некад не и зимам да ждригне. Ако ждригне ок ако не пак ок лежи уште на мене странично . Потоа зимам го легнувам во креветче оно луто будно .зимам пак на себе и цицнува малце заспива.Пак го легнувам пак се буди Овој хаос е денес и таман заспал дошло време да стане Највеќе ми е страв дека ако не му давам АД ќе падне на килажа ,не цица активно .
@Stone Бебето е многу мало, нема толку сила, брзо се уморува на цицка и заспива. Во просек 40 минути на една цицка, па 40 на друга, ќе заспива па ќе се буди, измеѓу ќе цицнува. Направи си атмосвера. Нареди си перници околу тебе, пушти си нетфликс, земи си кафе, чај, сендвич, грицки, гушни бебе и уживај. Вака е само на почеток додека ујача и стекне сила, потоа ќе си се нацицува за 2-3 минути и по една града од подој ќе му биде доволна. Имаш млеко, какво црно ад, фрлај тоа. Ако ти е потребна поддршка, не се устручавај да си побараш, викни си некој да ти се најде по дома. Да ти зачисти и зготви, твој приоритет е само бебето. Остави се на маж ти, мајка/свекрва ако имаш. Ако уморот те фрустрира, зборни си со психолог, ќе ти помогне полесно да ги изгураш овие денови додека фатиш кондиција. Остави бебе и само да те мириса. Ќе го смирува. Се лачи допамин. Се стимулира млеко. Креирате бонд. Сите сме биле таму со прво бебе. Никој не знаел што да прави на почеток. Ќе си се наредат работите со време, ќе си научиш што му прија на бебето што не, ќе си фатите ритам. Ќе се организирате подобро, ќе стане полесно. Во моментот кога ти ќе се смириш, ќе приметиш како магично ќе се смири и бебето.