Вака да ја облечам мојата ќе вришти до Карпош ќе ја слушнат. Во јануари се роди, од старт дома или боди по рамки или ништо. Еве и сега ретко и облакам два слоја за по дома. Здрава права. Кај мене патронажната што дојде сосем обратно, ми рече според оваа температура што ви е дома не ви препорачувам да ја тутате со алишта. Кај нас е 23 степени од прилика. Единствено не ми се допадна што ми судеше многу за тоа што не дојам, дури апла се осетив непријатно. Останати совети што ми даде сите ми беа корисни. Инаку за бањање, ние на почеток ја бањавме на чешма. Еден држи друг полива. . Сега ја легнувам на тој пластичниот адаптер од енци менци во туш кабина. Корито за џабе купив, може ќе се најде понатаму кога ќе биде поголема да седи. Мене ич не ми беше страв за бањање, може дека голема се роди и многу цврста беше од мала ептен јако држи глава. И педијатар ни рече ептен жилаво дете, денес ортопед ни вика ова рано ќе ви прооди.
Место да му даваш АД ќе го ставиш да цица, на едната града до крај, ко ќе доцица ќе заспие, после на другата и само менување, не се секирај ти не ни знаеш колку цицало а може му е доволно, ако е гладно ќе ти плачи многу, дури се толку мали да се здрави и живи не можат долго да цицаат оти се изморуваат и заспиваат. Па после ќе стане, пак ќе сака, па некогаш и сака само да си лежи на тебе му треба близина, некогаш си бара и цуцла лажливка јас сум давала, го смирувала.
Со муабетите ме вративте надзат, имав заборавено дека два месеци од спална не излеговме и нон стоп по цел ден си се гушкавме. @Stone викни ја јасна, имаше некој пишано како да ја контактираш. Верувај после барем на чисто ќе си и ќе знаеш дали стварно ти треба дохрана или не. И мене ме советува за тоа дека нон стоп бебе на гради и дека имам млеко сигурно, ама не беше така. Бебе ми го мереа секој ден и со две консултантики имаме разговор и ми помогнаа барем на комбинирано да е колку што може подолго. Ама мене тоа и цел ми беше, оти беше на јасно дека нема да може на екслузивно доење. На форум и од опишување не може никој да ја долови реалноста. Исто и за повраќањето има повеќе причини, едно е прејадено друго ако бебе има рефлукс. Со педијатар ќе следите како ќе напредува и се ќе се среди.
Иако е мало сфатило дека ќе добие шише и покрај се. Така да нема ни да се труди. Ако имаш млеко не давај шише. Додека цица ќе правиш со едната рака компресии да му надоаѓа млеко во устата да голтне, така ќе голта само, а да го чекаш да сети само нема да сети. Не го оставај голо. џабе е голо, само го расонуваш кога го облакаш, нормално облечено, ќе го мрткаш за брадичката да продолжи да цица, со прстот меѓу брадата и цицката и размрдај ја брадата да почне да влече, па притисни на градата да шприцне млеко и така ќе го стимулираш. А додека добива шише нема да напредува. Дете кое после цицање пие цела дохрана, не цица активно, а со тоа ти губиш млеко.
Да но не знам дали имам доволно млеко Вчера пробав поцица дали 15 мин макс и тоа не активно и заспа и потоа помина пола саат се разбуди гладно Му дадов дохрана зошто ми беа премеки градите.Страв ми е дека така нема да јаде и нема да спие.Не знам што да направам од паника да не не ми напредне.
Душо, сега сте на преглед, ќе видиш како напредува. По што си толку сигурна дека е гладно? Пробај еден подој само ад дади му, па види како ќе реагира. Сега на преглед ќе знаеш најдобро.
Секако има чести контроли и ќе видиш како напредува. Налевај се со течност, пиј по 3 литри вода, цело време до тебе шише и само да пиеш. Земи и чај како што те советуваа. Супер совети ти дадоа, премало е бебето за да цица толку активно, и тоа ти го кажаа, шишето само се меша во процесот на доење, посебно кога е вака мало. Дури и да дадеш дохрана подобро е со шприц. И цуцла исто нема потреба, сега се воспоставува потребата и понудата за млеко. Такви се првите денови, цело време е на цице зашто има малку сила, по малку цицнува, дремнува, пак исто и така во круг додека не ојача. Убаво и @Yowannty ти кажа, направи си да ти е убаво дома, сѐ што ти треба до тебе, лежи, одмарај, бебе на града и првиот месец тоа е.
Бидејќи се буди и бара се врти со главата бара да цица.Кога пробувам да се измолзам не ми искача ништо премалце а ако стиснам тече млеко.Ама дали 5 мин цица и толку значи и ја масирам стискам градата за да голта и се ама не голта активно.И таман заспа 30 мин се разбуди гладно. Ако само испие 30мл дохрана нема да му е малце?И ако испие и не бара повеќе што значи тоа?
Толку пијат на почеток, како оревче им е желудничето. Понатака по потреба на бебе ќе зголемуваш. Најверојатно уште не ти е надојдено млекото. Немаш доволно, затоа не молзеш. Затоа пробај еден подој само ад. Па да видиш разлика. И сега на преглед ќе знаеш колку напреднало. Можеш да ја викнеш Јасна, консултантка е за доење, 1200 денари зима. Јас заради неа дојам, иначе ќе се откажев. Ако испие и не бара, значи не е гладно, таман му е.
Толку сила имаат мали бебиња да цицаат. Незнам зошто мислиш дека меки гради се резултат на немање млеко? Несакаш да ти се камен тврди, е тогаш ќе видиш мака. На почеток секоја недела на контроли ќе идете и педијатар ќе прати како накачува бебе. На крајот земи ако имаш дигитална вага и мери го пред и после подој. Седи си удобно и кога и да побара ставај на града. Камо мојава да сакаше да е на града…
Меки се бидејќи не цица и даваш дохрана. Давај бар молзено, не дохрана. Откако ќе се нацица измолзи тоа што останало и чувај на собна до следно цицање, или ако ви е многу топло дома во фрижидер, па ќе стоплиш во топла вода шишето следно цицање, ама форсирај да цица, закачкај го и стискај гради додека цица. Ако продолжиш вака ќе снемаш млеко. А патронажната не ти е репер, неа моето прво и беше ок бебе а беше дехидрирано и заврши на апарат.
Ама еве цица пола саат со стискање на гради за да му помогнам и само што ќе го исправам да ждригне плаче бара уште да цица А со пумпа ништо не искача а кога ќе стиснам прска Да ја контактирав веќе Јасна ,јас го дојам ,тапкам,пресоблекувам па му давам АД.некад ќе испие се и ќе заспие,некад ќе испие и бара уште па пак на цице ќе го ставам.Некад не испива поише од 10 20 мл.Не знам веќе ни кога да јадам ни кога да пијам нешто
@Stone прочитај за cluster feeding, околу 2рата недела беше кај нас, многу тежок период нонстоп како ненахрането сака на града. Тоа што не вадиш многу со пумпа е нормално на ексклузивно доење, бебето е многу поефикасно во вадење на млекото од пумпата, а телото прави доволно за неговите потреби. Штом си ја контактирала Јасна ќе ти помогне ќе се справите.
Мрда со главата за да се закачи на цице и се нервира Уште ова да ве прашам да не сум на еден човек потпрена,патронажната ми рече д3 +к1 капсулите може малце и млекце да капнам со силиконско лажиче и после тоа пробиотик 5 капки да му дадам.Во ред е тоа едно по друго?
Еве вака, јас давав АД 10 дена одкако не пуштија од болница после тоа преминавме целосно на доење. Земи си лактамикс чај, лактил таблети. Пиииј вода, сок од јаболко имај редовни одброци и одмарај со бебе. Ке дојде млеко. Јас направив исто ко тебе давај АД после секое доење дете се утепа од бљуцкање и тоа по 60мл му давав демек лаком бил ама така ми рекоа. Одиме на преглед поправен за 10дена 400гр. Докторот ми рече веднаш да прекинеш со давање дохрана, тој ден го има испиено последното шише АД сабајлето пред да одиме на лекар. Нека цица детето и јас како тебе исто му велев ама цел ден на града седи, знаеш што ми рече? Бебе е тоа ска близина, сака мајка. И ке цица по 2 саати ако треба малечко е, нема сила. После 2 месеци па и 3 ми кажа да очекувам стабилизирање и подои на одреден период. Секако до 2 месеци мислат дека се уште во стомак. Нека цица бебе, лежете уживајте. Гладно дете плаче од километар. И ако е заспано не мора да го будиш да ждригне. Јас шетав ко улава по 15минути и ден и ноќ, тапкав и ни ждригаше ни ништо. Па прекинав.
Епа молзи рачно де, не ти треба пумпа. Може и не ти одговара пумпата. Не е проблем ад-то, проблем е што даваш и тоа и тоа, па после грчеви ќе си имаш мака поголема. И не гледај на саат, нека цица и додека цица, не го тргај за 15мин, може малку му е. Нема сила тоа да влече толку, му треба помош, за тоа ти притискај додека цица. Да зајакне ќе добие сила после друго ќе биде.
Имаш млеко сигурно, иста бев и јас збунета. Ако даваш дохрана или се молзиш, ќе си направиш друг проблем. Ќе се преполната градите со млеко, ќе бидат многу тврди и бебе нема да може да цица. Напорно е, почеток е, ама поминува. До контролата издржи да биде бебе само на града и ќе ти каже докторот дали треба дохрана. Како што ти кажаа многу е мало и му треба топлина од мајка. Ако имаш од оние за повивање вреќичките да пробаш да го ставаш во нив дали ќе спие повеќе. Бебе од недела дена секако дека ќе цица многу често, многу му е мало желудничето и не собира повеќе па брзо огладнува. И мене патронажната кога дојде ми рече дека не цицало бебе, туку спиело. Го однесов на контрола имаше скоро 900гр качено за една недела. Наредната недела пак на контрола исто уште 800 гр стави. Земав пумпа да молзам, па се преполнија градите, па бебе не можеше да фати. Ама издржав некако. Немаше кој да ме посоветува што да правам, или да дадам АД. Издржав некако. Си седев на клацкалка со бебе во раце и на града и така спиевме. За брзо помина и тоа и количината на млеко се регулира. Со второ дете ме советуваше сестра во болница да не одмолзувам, дека ми беа многу полни градите, само да цица бебе. Ја послушав и се регулира млеко за ден два и еве скоро 3 години уште цица. Ти се плашиш дека е гладно бебе, ама не е. Нема да му биде до контролата ништо лошо. Тука има мајки чии бебиња многу малку качувале на килажа првите недели, па им дале совет за дохрана. Опушти се само, излези на тераса, земи бебе да поседи на сонце и уживајте во близината.