Ви благодарам девојки на сите ,немам зборови за секој ваш совет и одвоено време посебно за прв пат мајка навистина ми е страв што правам.Во четврток сме на контрола не знам дали одма да ги прекинам подоите со АД да не ми се покажат грешни резултати.Или да почекам вака да терам до контрола па да знам.
Ако сакаш да цица не давај АД. Пробај еден ден така. Ако е гладно ке плаче бебе. А ако сака да цица и 2 саати нека цица тоа повеќе спие одколку што цица. Уживај во периодов, верувај многу брзо поминува. Секогаш велам ах да ми се врати времето кога го собираше на стомаков да ми спие, од кревет не би се мрднала цел ден.
Не се секирај, сите сме биле таму. Тоа што ти бара цело време града не значи дека е гладно. Ја бара твојата близина, топлина, мирис. До вчера сте биле едно. Првите месеци по раѓање, бебињата сеуште не се свесни дека се своја индивидуа. Те бара тебе оти така се чувствува сигурно. Не му го крати тоа. Гушкај си го. Направи си атмосвера и за тебе. Некои бебенца се поприврзани. Направи си да ти е удобно. Седи си и гушкајте се. Налевај се вода. Ќе порасне многу брзо и ќе видиш како предизвиците се менуваат многу брзо. Тоа што не измолзуваш не значи воопшто дека немаш. 2 ги израснав на ексклузивно доење млеко од пумпа не извадив. Само гушкај, гали и мази, чувај го на цицка оти ти си му цел свет сега, ќе пркне дур да трепнеш.
Еве ти линк, сигурно ќе најдеш и други кои ќе ти бидат од корист и ќе те охрабрат во мајчинството. Сепак се тоа стручни лица кои даваат совети.
Не може со пумпа уште од почеток кога не е стабилизирано млекото, колку и да тргаш со пумпа ќе биде малце, не е исто со то шо бебето си трга со цицање колку и да тргне ќе има за него. Грчеви имаат и деца на ексклузивно доење и деца на АД, да не се мешаат работите и уште поголема паника да и се создава.
Да ти кажам како паталец со истото мислење како тебе. Давај му да цица и кога се меки градите. Евентуално навечер може немаш, ама дај му да цица и после дај ад. Така и јас демек меки гради и не му давав тогаш да цица, после тој период од ден немав млеко. Дури на 3 до 3ипол месеци откачивме дохрана. Давај цице иако мислиш дека ти се меки градите. Ке видиш после на контрола како е бебе. Мислам дека моето до месец ипол така немаше сила да се нацица убаво. На пола саат на града и заспиваше по 5 минути. Некои бебиња едноставно се такви. И за пумпа да ти кажам ич не вадев. Ваљда и појма немав како да вадам и мнг малку има млеко на почеток. Бебето го исцицува.
Значи како искачам од спална кога ќе го успијам детево, walk of shame мислиш. Со едната цицка надвор и ко бездомник. Ја дете или лав успивам
Ме насмеа, и јас сум истата обавезно со откопчана маица и на прсти искачам, ама најбоље ми е кога ќе се успијам и јас до неа и насабајле таква издрпана станувам.
Детево од бубаче кое стануваше само еднаш во 3-4ч да си цицне и одма презаспиваше, ми се претвори во ѕверка која секоја вечер е будна по 2-3 часа и не заспива на ниту еден можен начин, ниту со мене, ниту со татко и. Да биде уште поинтересно, фамилијарно си сме болни, додуша таа и татко и поминаа со настинка, ама затоа јас сношти имав температура 39 и дете кое се буди на сред ноќ и се смешка и игра. Ај 4тиот скок ќе го преживеевме некако, генерално само кенка по цел ден и не сака да е сама, ама регресијава. Господ напомош. Сега стана, цицна и си презаспа пак. Душиче на мама ми е преку ден, а навечер ми доаѓа да ја фрлам преку прозор. Само се надевам дека успешно ќе заврши регресијата и ќе се врати на старите навики, ако не.. не сакам да мислам на другата варијанта.
Мамички едно прашање може е глупо но да прашам шубе ми е сега ќе идам да се бланширам па дали смеам вечер да дојам бебо или треба да помине период? Се доиме навечер и ако стане ноќеска и измеѓу ручек и вечера 8 месеца сме пред спиење давам ад ..
Јас дојдов да се пофалам, истеравме шопинг со маж ми и бебе добри 4 саати, си се подновив тренерки и патики. И тоа влегов во xs горни и s долни Се прерадував. Дојдов дома извежбав се избањав и еве сега пијам кафе оптегната, бебка спие кај маж ми во раце. Убав ден денес
Си идам денес од државна со бебе во бус и почна прво во првиот бус еден стар човек, прво не измести скроз за да седне, не можел он да седи на седиште, морал тука кај овие за бебиња и инвалиди. Ок, почитувам, не може, ама не коментирај бе чоек... Прво коментираше зошто го местам со количка бебе да гледа накај мене, Што му праиш на ова дете вика... Океј, ајде го наместив и бебе плаче, Аааа што плаче ова волку, не можам да го слушам кога рече и скокна да се премести. Арно ама дете се растури од плачење и се симнав на Сити мол, ај викам еден круг ќе заспие и ќе се качам у бус за назад. Јок, не заспива а бус нема за жива глава. Дојде еден конечно, преполн, се качив некако, децава со ранци не ги симнуваат никако од грб, пепел прават се пред нив, застанале на врата и у телефоните зјапнати не мрдаат. Ок, некако се сместивме, ама бебе плаче вика рика, незаспан на време, му се спие, нервозен, топло му е, склет му е, се му е. Коа рече една баба, па и не толку стара, Што рика волку ова бебе, затнете го више не можам аман... Е коа ми се споија жичките... Коа рипна цел автобус против неа, пепел ја направија. Сум го размазила, она имала 4 ни едно вака не и правело. Жено прекини и вика еден човек, не бре не прекинува. Дај му ми вика телефонот да се затне. Еден албанец постар и вика престани или вика ќе те исфрлам низ врата, засрами се. Не бре луѓе она коментира и крај. Едвај се смири, едвај. Ајде се смири бебе некако, дојдовме дома, врз мене и кома. Јас божем за кичма отидов на лекар, поише ме боли сега од пред тоа. Изгинав. Ми се плаче од нервоза. Да одморам оти после треба братот да го носам на шишање, бабава неделава ко никогаш не чувала внуци, ама јбг, тоа е.
Еееее кокошки сите до една тоа бабите само кокодакаат! Многу си имаат за сила земено да коментираат кај што не им е местото! Прееска една ми збори што возам количка по главна улица. Ќе сум го отруела бебето! Макни ми се ма, кој те праша тебе... Колку време се спремам да се качам у бус со беба да одам до тој карпошот, душа не ми дава со бабине и дедовците да се возам! Култура 0! Па и школариве, еднаш еден ама ме чукна у стомак со ранец јас 7ми месец... Јака ти душа!
Мојава е модра под око и една баба и кажа вчера Кажи и на мајка ти да ти стави мед под окото за да ти помине. И викам Мајка и ја држи за рака И ја прашува Софи од шо е модра а ова нерасположено за зборење и вика тепаше
"Затнете го" човече... луѓево како сами да се на светов, емпатија 0 па ни за бебе. Ми се плаче и мене што те прочитав само, јака си многу што си останала на тоа. Реалноста е дека такви ги има колку сакаш, знаеш дека треба да ги игнорираш ама во таква ситуација, претешко.
Старциве се за ќотек не можам да ги смислам. Јас трудна 8ми месец ср качувам од работа за накај дома едвај одам, крца автобусот. Една се клапнала си седи а до неа кеси од пазар. Културно ја замолив да седнам и ми се врти ми вика не може. Викам трудна сум тешко ми да стојам а можам и да паднам. И ме измерка од глава до пети и ми вика е ако де, млада си. Јас останав со подзината уста. Те молам кажи ми дека и врати некој збор на старката.. каква идиотка еј..