Predlozete nekoe mesto za prosetka vo priroda so bebe , i nekoe restorance kafic da ima vo skopje i okolina. Park , vodno, matka i kozjak ne se opcija ☺️ mi dosadija veke
Јас да сум била на твое место, ако не зедов да и ги растркалам тоа ќесите па ете. Луди бе, луди. Се изнервирав кај што прочитав. Еднаш бе еднаш немав проблем со јавен превоз додека се возев и трудна и со бебе, а живеев во метропола, во која јавниот превоз крца. Нека ми рече некој после дека како народ не сме злобни, абе и некултурни што сме остај, абе клето.
Мајка, во болница си и треба да се осеќаш смирено дека сте таму и дека докторите прават се што можат за бебињата и ќе бидат добро. Нема што да кажуваат што им е, они вршат работами знаат што прават. Моето се роди исто со црп качено, јас имав сепс на пораѓај и мислеа дека има и оно, исто беше со антибиотик од прв ден и 10 дена во болница. Јас пробав фокусот да го ставам на тоа дека е среќа што сме таму и дека имаме стручни лица до нас за било што. Пробај да размислуваш така. Млеко немав ни јас, немав 2 недели, моето бебе беше на АД главно цел месец, пред да почне да цица, не се ниту трудев да го хранам со доење, почнав по малце дома, пред спиење, еве го две год ќе полни, уште цица. Така да не се сеќирај за тоа, сега фокусирај се да бидеш добра, они да јадат АД за да имаат сила да се борат со инфекцијата, ставај ги на гради колку можеш и млеко ќе ти дојде. Сите се со хормонален диспаланс после пораѓај, и тоа ќе трае со недели и месеци, не можеш да очекуваш одма да бидеш добра. Ама мораш да ги избришеш солзите и да се фокусираш на тоа дека си родила не едно туку две деца, живи сте, а за брзо ќе бидете и здрави. Фокусирај се на тоа да бидеш добра а да можеш да ги гледаш, пробај да зборуваш со психолог ако треба таму. И најбитно не се грижи, инфекција кај децата се лечи и за неколку дена ќе бидат супер. Со тек на денови и недели станува полесно.
И до ден денешен појма немам што и лечеа, битно излечија. Да знаев ќе гуглав, од мравка слон ќе си направев во глава. Вака само знаев дека од ден на ден е подобра.
Не знам дали е скок или нервоза или што ама вчера цел ден повеќе од пола саат дремка не сврза и вечерта кулминираше. Мислам зградава се тресеше, еден саат не се смири од плачење. Не сака да цица, не сака на раце, не сака легната, полудевме. Нема што не направивме, на крај ја соблеков и масирав меше (нема врска не се грчеше ама ај) и додека ја нишкаше маж да се смири за да завршиме со облекување, на боди и чорапи заспа. Не ни помислив да ја облекувам, ќебенце и спиење 4 саати. Сабајле стануваме двајцата како од поплава исфрлени, госпоѓицата насмеана задоволна А викав да прошетаме до негде настрана денес демек недела ручек да истераме, од кај сила па и ако ми врисне ќе каснеме аха
Здраво, имам 30год и првпат сум мајка.Бебе ќе полни 9 месеци. Тргна во јасли, се настина, почна да не јаде работи што предходно ги јадеше. Прашањето ми е дали е нормално да сум опседната мислеќи на него, се плашам да не му се случи нешто, вознемирена и исплашена сум кога сум сама со него без мм.(до 3 месеци имаше грчеви цело време плачеше, може затоа) Немам доверба во никој освен во мм. цело време сум опседната со нереални мисли ( да не се засркне кога го ранам, да не не треба вака да го облечам да не не тереба тоа да го јаде) Одам на работа, работам со луѓе и тоа додатно ме истоштува. Немаме помош од никој, цело време брзам да завршам нешто и сум константно напната. Мислам дека премнгу станав анксиозна и не знам како да си помогнам.
Тие мисли ги има секоја мајка. Грижа за бебе/ дете. Секој ден се преиспитувам дали направив се како што треба. На крајот од денот секоја мајка го мисли најдоброто за своето дете и ДА тие мисли и грижи се нормални.
Ве молам доколку има некоја мајка со искуство со детски психолог да ми пише во инбокс со препорака и имам некои прашања. Фала
Денес се скршив. Цел ден плачам не можам да се соземам. Од неделата чувам во себе ама не можам да избегам од чувството на тага и немоќ. Пробав да не плачам ради бебето ама појако е од мене. Цела ноќ не сум спиена а и она со мене, мислам дека ме осеќа дека сум вознемирена. Што можам да се напијам за смирување, опуштање нешто? Барем ноќва да ја одморам психава
Одамна немам пишано тука па кратко: ГОРДА НА СЕБЕ. Болна цела недела со ужасна кашлица,антибиотици секој ден,при тоа и постам ( рамазан) синко цела недела со мрсули од денес бактерија, панцев и температура на секои 5 часа дури 39. Хаос дома, повраќање овде онде, алишта еден куп. Ама можам и тоа САМА, можам ќе ни помине со синко ама кога ми беше потребна 1 рака дома никој не ми подаде. Никогаш нема да заборавам а ќе се потрудам ни син ми да не заборави. МОЖАМ И ЌЕ УСПЕЕМЕ ЗАЕДНО.
Тешко ама среќна сум. По 10 пати да бирам, и после целата жртва што ја направив пак би избрала сами. Да знам дека со партнерот сме способни да основаме фамилија и не зависиме од трети лица, а притоа хармонијата да ни остане е благослов. Притоа на секој нов гест, чекор, допир лично да си присутен, топење. Е нема живот, кариера удолу, филмови, новости ништо, блага изолираност од светот. Ми е гајле. Здравје да има.
Добро утро мајки! Перална пуштена, раскренато низ дома, бебо уште си нанка. Сега да можам уште да појадам и едно кафенце да испијам добро ќе биде. За после имаме испланирано прошетка во парк. Гледам 18 степени ќе биде па да искористиме временцето. Ќе си земиме кафенце, бебе ќе го фати воздух и поубаво ќе ми спие. Инаку, да ве почастам. На оваа мама денес и е роденден. Желби неостварени веќе немам - најголемата желба ми спие во раце. Ајдеее!
Среќен роденден Те читам уште од самите почетоци, кога се бореше за бебенце. Еден ден и јас ќе дојдам во оваа група да се пожалам нешто за моето бебе, и ќе ве почастам за мојот роденден дури моето бебе спие, и тој ќе биде среќен роденден. Еден ден
Фала ти премногу! Успеав јас, ќе успееш и ти. Еден ден ќе дојдеш овде и еве вака исто ќе нѐ почастиш додека си го држиш бебенцето и гушкаш, а тоа ќе дојде побрзо неголи што мислиш. Ти ја посакувам цела среќа на свет.