Можно е да се грчеви. Моето правеше така некаде околу недела дена од 7-10 вечерта секој ден. Не се грчеше ни он ама плачеше неконтролирано и само на голо со чучеви правење во зафат фудбалска топка се смируваше.
Мајки ај еден совет. На малово се ближи роденден, втор. Знаете дека мм е на терапија за која треба горе долу да е изолиран, собири не ни се прават, ниту финансиски сакаме да се оптеретуваме. Си велиме да ги викнеме нашите во неделата пред роденденот на ручек со торта. Не сакам ден пред роденден да славам ама му се паѓа понеделник и не е изводливо. Е сега на мм друштовото никој немаат деца, моето друштво има со кои често го дружам. Се мислам дали да ги однесам децата со мајките во игротека така да поиграат некој саат, мајките на сокче нешто…ама пак без торта таму??Пошто веќе ќе е исечена. Ама па тогаш не е фер другарите на мм да бидат дискриминирани ради тоа што немаат деца. Многу сум на два ума. Или да оставам мм да ги почасти другарите пијачка, а јас да си ги викнам другарките со децата дома на торта кој кога може. Не знам се осеќам како да му кратам на детево искуство…хаос сум.
Не му кратиш ништо по мене. На тие години повеќе за нас правиме такви родендени него за нив. Вие и дома можете да се соберете само ти, маж ти и он и да дувате свеќи, балони, капчиња. Најсреќен ќе е. За славење порано не знам дали си суеверна ама јас ич не сум па решив годинава ден пред роденденот игротека, дента на роденденот да си биде ден за нас 3ца само и да шетнеме негде. Не му ја мисли многу, ако ти се замара со ручек направи, ако се погоди у игротека да одите, почасти сокче од мерак и тоа е тоа. Не си прави притисок никаков.
Тие без деца верувај ич не им е гајле за детски роденден. Идејата ти е одлична, деца во игротека, блиските дома. Торта ќе нарачаш 2 од пола доза место една цела. Неколку пати сум правела така за родендени на ќерката. По 15 парчиња се така, таман ќе имаш една за дома, една за игротека. Или една торта украсена за дување дома, па ќе ја чуваш за следниот ден, а дома ќе пресечете некој ролат помал. Јас славев прв роденден дома на 3 пати, мал стан па не можев сите наеднаш. Вториот беше во корона време, може 5 или 6 пати имав гости, да не се мешаат. И сега последно 6от се падна сред недела, па славевме дома, после тоа во саботата во игротека. Или земам две мали торти, или на спрат, горниот дел со декорацијата го тргам и го сечам прво долниот спрат. Овојпат нарачав една мала и една голема торта со истата декорација. Така да тој дел да ти е најмала грижа, еве јас сите начини сум ги пробала да се заобикли тој проблем. Малку влашки муабет
Извини ќе ти се мешам, ама зошто другарите на мти кога немаат деца да доаѓаат во игротека? Што ќе прават? Мти ќе ги почасти здравје кога ќе заврши терапијата, сега секако е изолиран нели и не искача никаде, не оди по кафичи, нема зошто да ризикувате. Дома со блиските и после во игротека можеш на денот да земеш некое мали тортуле ради реда и готово. Твоето не е до толку да не разбира, разбира и ќе му биде убаво, мое мислење дека сосема е ок само мајки со деца.
Баш од вакви мисли, да погодам на сите роденден славиме по не знам колку денови. Ивкова слава не ни е рамна. Кој можел, не можел, од овде да дојде, од онде. Плус на сред зима, па вируси, па чуда. 2та родендени функционирав со помали торти украсени на иста тематика. Ептен ако се скуси и треба и 3та опција или посно/мрсно земав и ролат плус. Реално ќерка ми, ни на прв, ни на втор роденден не знаеше кај се наоѓа, битно и беше да си игра. Ни кој дошол, ни ништо. Притисокот ние си го правиме. Дури и за следно размислувам еден термин кога мене ми одговара во игротека, кој е слободен да дојде, небитно мажени/женети, со деца или без. И ако после некој од тие што не дошол сака по дома, тогаш што имам, кафе, обично благо. Вака и мене ми е притисок и трошоци двојни, па тројни, не дека штедам на детето или сакам да и скратам нешто ама некој погоре имаше пишано наместо да си уживаме тој ден и да го памети по нешто забавно, нас само трчање ни е цел период.
Не мислев нив да ги викам уопште во игротека, него ако правев у игротека има ресторан до не, па си велев ќе помислат зошто не би ги викнале можеле да седат во ресторан. Сепак ме убедивте, со најблиските дома ќе прославам и после ако сака некој да дојде на сокче торта, нека дојде, а него може на денот со другарките да го однесам до игротека, не се кој зна еколку другарки, две со по едно дете де
Mozes najbliski rodnini i prijateli vo igroteka. Na eden trosok se da ti bide . Taka i poveketo pravat za 2 rodenden.
Кај мене се премногу гости за дома, премалку за игротека. Буквално 5-6 дечиња се бркаат. Додека да почнат од градинка да се канат, доаѓаат и слично. Искрено за 3-4 деца и не се исплаќа цела игротека да изнајмуваш ако таква ти беше намерата. Ако е обично играње плус кафе, некој трошок кој би бил минимален, да, зошто да не. Воопшто не ми текнало и мене на таква опција. 4-5 жени и 5-6 деца, кога е слободна игротеката околу роденденот. Баш ми дадовте идеја сега.
Не дефинитивно не смееме толку луѓе на едно место да мешаме со маж ми. Особено не во игротека кај што има деца со еден куп болести и други. Епа искрено и мене за тие неколку деца цела игротека не ми се изнајмува, а вака мислев има една помала со мал кафич е и не се изнајмува, мислев само да ги однесам ние да пиеме кафе они да поиграат. Ние лани баш ради ова не правевме роденден некаде за со деца, ама лани роденденот беше топ. На тераса во пабот кај што работеше мм порано, недела беше и не работеа по распоред, направив маса за дечињата и шведска маса за другите, сами украсивме со балони и ептен забавно им беше на сите пола ден и повеќе отседовме. Пијачки, храна, тие деца што беа си трчкаа имав некои игри за нив набавено, ама годинава и тоа не ми е изводливо зошто иако реално наша организација беше потрошивме доста, не би пак. Ама дефинитивно ќе прославам дома со најблиските, он секако ќе се радува.
Мајки, некоја од Кисела Вода општината? Земав ваучер, но не погледнав убаво нити имам информација, ваучер е само церемонијален за сума што ке биде уплатена на сметка, не е за некој маркет? Пошто нема ништо да пишува на него.
Ќерка ми е родена на преображение и 2 риот баш и во петок се падна и ми беше глупо јас софри да ставам а да не е посно а па посна торта не можев да најдам без јаткасти а на кумата малата и е алергична и ете и јас сакав на соте погодено па најблиските ми беа петокот дома имав земено посен ролат си испеков риби со компир а роденден и направив со дечињата во игротека. Ама да реално не се свесни на кој начин се слави и со торта и подарочиња од баба и дедо ќе се израдува ич да не се осеќаш јако да кратиш нешто. Ние ни мекици правевме ,ни крштевка салам на крштевката слики со тел имам никакви со маски сме сите па пак ги гледа вика тука се крстив ми ставивте име И најтешко мене ми е шо немаме салам групна слика од тој ден..ама неа и се доволни вакви
На сметка ќе добиеш. Не ми текнува како беше со ќерката, одамна беше, ама бевме таму нешто свечено доделување, патичиња едни ми дадоа, а парите на сметка после тоа. Доделувањето е за сликање само. Лани за синот немаше ништо лично да одиме, си стигнаа пари на сметка после некој месец.
Мајки, бебо за месец ипол ќе прави годинка. Сакам да ве прашам вас поискусните мајки дали има нешто што мислите дека треба да се направи овој период пред и околу годинка? Некој совет, некое искуство било што? Нешто за коешто сте многу среќни што сте го направиле или нешто за коешто мислете дека не вредело замарањето или парите. На пример се мислам дали да му купам патики за проодување од кеги или може од каде било или па воопшто не треба. Исто, голема фамилија сме па се мислам дали да ги викам моите тетки, стрини на роденденот или само младите. Може и некои совети околу роденденот. Нешто што од ваше искуство мислите дела 'мора' да се направи или нешто што воопшто не треба. Знам дека секое бебе и семејство си се посебни и посебни работи ги прават среќни ама мислам дека споделено искуство може само да помогне и многу може да се научи од туѓо искуство.
Nie majka sea pred nekoj mesec slavevme prv rodenden vo restoran bien. Na raspolaganje ni bese i igrotekata Imav okolu 90 gosti so sto nemase prostor od nadvor da sednuvaat drugi dekoracii , golema torta ama pa mi bese merak zasto na povojnica ne vikav gosti a krstevka pravevme so okolu 30 dusi samo najbliskite . Super si pominavme site a i se vidov so rodnini sto ne se gledam mnogu cesto . Vtor rodenden planiram vo igroteka . Za paticinja ke ti kazam da kupuvas kvalitetni zasto e mnogu bitno dodeka se razviva nodzeto. Ne se lazete po temu i sl.
Дома со најблиските Нишо не му кратиш. Ние првите 2 родендени дома ги славевме. Третиот ептен дека е во градинка па со дечињата во игротека, иначе јас и третиот дома ќе го славев
Кого викате за дома? Еве бебо е роден лето, јас би му првела втор и во двор играчки има секако еден куп. Ама мене ме јадат луѓево, не знам како ама бројка од 40луѓе ми се врти. Најблиските и другарчиња со мајки само пак се околу 40души. Не знам кај грешам или ептен ја тупам со викање луѓе не знам стварно... ама ич не ми се прави ко лани во кафана па ништо ова дете ни јас не видовме. Се изнаплака за тортата дување ептен ми е криво за тоа.
Ние ги делевме Од сабајле фамилијата, после пријателите. Оти сите наеднаш кај да ги соберам, зимско дете. Во дневна И уствари цел ден си славевме роденден и прејако ни беше. У тие 40 сите не ви се најблиски сигурно Ние вториот роденден го прославивме со 10тина луѓе само, дали и толку имаше. Побитно беше дека сите 10 нејзе мерак и направија максимален
Значии ја тупам сп луѓе, ке се кратииии списокоооот можно е да го правиме дома со најблиските и мајки и деца во игрптека, пошо јас имам 15 деца со 10 мајки и уште 4 блиску другарки без деца, што и да не ги поканам би дошле дома на торта