20 месеци има уште знае да ми се качи и да спие на мене, ако нешто не му е како што треба доаѓа и ке легне на мене, си полежуваме почесто. А пола и повеќе од мене е пораснат.
Мене докај 2 месеци ми беше така. Гаќите дури утоп ми беа. Надвор минусни температури ја се потам вода тече од мене.. а иначе сум седела со 3 дуксери на мене и 2 пара чорапи..
Дома шетам по кратки летни пижами на 22-3 степени и спијам со тенок чаршав. Осет немам за времето надвор дали е ладно или топло зошто цело време сум жива вода. Вчера додека ја бањавме во вц припаднав ми се слоши од што ми беше жешко. Еве седам моментално скроз по кратки на тераса и тек вака ми е таман малку. Што хормони ќе беа…
Значи денес ја носев на педијатар… во 2. Надвор дува врне.. ја со кошула и се направив жива вода од потење.. и коса и грб, да не зборам под градиве. Ужас, одвај чекав дома да дојдам да се пикнам под туш.
Леле исто. Денес ја вакциниравме во Јане, во таа ординацијата 200 степени, носев блуза со кратки ракави и пак утоп бев мислев во секој момент потоп на земја ќе паднам. Под гради што викаш исто вода тече, бришам дома со палома.
3ипол месеци сум породена и уште сум жива вода цело време Единствено добро е што пред пола месец веќе престанав да мирисам ужасно..
Јас сум веќе 10 месеци како сум породена и ужасно ми е жешко и кога беше ептен ладно пак ми беше жешко,цело време сум на кратки ракави по дома со оглед да тоа што сум по цел ден со близнаците,се' по два пати правам,нон стоп сум во движење сега летото и по гаќи само ќе си бидам по дома
Истоо,декември се породив,еднаш немам облечено блуза со долги ракави,танка на кратки и без маица,боса и танки широки пижами надоле.. И кога испаѓам сум со танко палто и одоздоле на куси,кога гледав некој со плетена блуза,од склет се препотував И по лицето многу се потам и се познава,тоа највеќе ме нервира,ама среќа престанав да мирисам,инаку од туш испаѓав и на пот мирисав..
Каде да си го носам бебулето за 1ви Април во Скопје? Не оди во градинка, мала е. Ама има костим хаха. Ама јас појма немам од вакви работи и организации. Има ли некои манифестации или слично? Каде би можела да ја прошетаме.
Јас откако останав трудна со второво немам осетено ладно да ми е, вечито се потам. А еве го 2г и 3м ќе направи. Во Сити мол има секогаш организација.
Се потам ама и ладно ми е 8 месеци уште малку и не можам на себе да си дојдам. Овој месец и циклусот ме зеза, од минатиот месец на два пати имав како кафеав секрет по два дена и еве сега ми доцни 10 дена. Ако не добијам денес, утре мислам дека ќе убијам некого Бебе доби запчиња. Излегоа долните единици. Чекам да се гледаат повеќе па да направам или нарачам колачиња. Сега за сега освен мрсули нема ништо друго. А и ден, два пред да излезат имаше проѕирни мрсули и ултра црвени образи селска лепота Не знам во што да го маскирам, треба да купам маска, па дајте предлог каде да барам. Нема да го носам никаде, за нас да си го маскирам
Другарки,сега за велигден дефинитивно само јајца ќе бојадисам и готово,ни украси,зајци,мајци,слами и остали тракатанци јок. Не дека немам кејф,него од овие мои две термитчиња нема да можам да ги допазам Шетаат насекаде,се исправаат на се' фаќаат и што треба и што не треба,па кога им кажеш нееее,нее,ме гледа и се смее. Знам како минав на нова година со елката,а сега ќе е бетер,затоа сега ништо,нека си шеткаат на раат.
20 минути, дури 20 минути дремката… значи само што седнав… абе ми иде да се фрлам од прозор… значи цел ден во раце… не дава ни да седнеш… мора да стоиш… дремкиве ако дојдат до 40 минути на коњ, и тоа во раце ако ми спие. А како кога само тогаш можам у вц да одам…. Ќе полудам веќе.
Моево е исто од раѓање. Сама спие 1-2 минути максимум. Цело време врз мене спие денски и се помирив, друг начин нема се е пробано. На меше 2-3 пати ми успеа и толку и тоа ми го проби. Навечер заспива врз мене па после 1 саат ја преместувам повиена во креветче.
Исто е и кај мене,во последно време кога ќе ја сетам дека почнува да се буди одма легнувам до нејзе,и давам да цица и за 5 мин е успана пак.. Пробај може ќе успееш така да добиеш уште малку време да средиш нешто...