@Dodo1 @QweenSM Од една страна ми е утеха вака што ми кажувате дека не сме само ние, ама од друга сум малце тажно, зошто првиот пат кога ја бањавме, сестра ми ја бањаше дека поискусна плус јас со царски, ама и мајка ми беше тука и нормално ја бањавме 30 секунди и ја облековме за 1 минута (да не измрзне бебето на 28 степени во соба ) И сестра ми баш ми се смееше дека кога ќе си оди мајка ми да си уживам во бањањето, да се шлапкаме, после да не се брзам да ја облечам туку да си се масираме, едно друго, како она со вториот што правела. Мојава, само повеќе вришти со секое бањање, а бев надежна дека така ќе биде @1209 Уште утре ќе пробам со фен, дај боже да е тоа спасот
Мојата многу сака да се бања ама не сака кога завршува бањањето. Од моментот кога се гаси водата почнува да плаче. Потврдувам за фенот @1209 , ја носиме на подлогата во нејзината соба и одма мм почнува да ја дува на млако одозгора со фен и ја смирува. Плус ја топли до облакање.
Со прво дете после 9 месеци добив, доев до 14 месеци. Циклус се скрати на 24-28 денови првата година, потоа на 30 пак се врати. Сега со второ добив после 11 месеци, доев до 19м. Циклус на 30-33 дена, вака и цел живот си имав. Пишав и во др тема, го одбив малото петокот 19+месеци. Беше тешко првите ноќи, многу плачеше, потоа секоја ноќ полесно и сношти дочекав и да преспие цела ноќ само така да остани Некој пиша до кога ќе спие на мене, еве го големиот 6 год е уште со мене спие не сака во детска, па дури сака ќе спие со мене
Кај да најдам слатки костимчиња за машко? Многу избор за девојчиња а за машки нема баш.. 15месеци е, сакав сама да направам не стигнав. Ме немаше на темава ептен лош период не затераа несреќи дома, лоши моменти, па се разболев ептен па бебо вади заби најтешко на свет по 3 4ч ноќе спијам од што бара утеха па плаче па ме удира и така.. Преморена се осеќам психички, мислам дека ми треба така разговор отворена душа со некој професионалец колку и во мкд да те сметаат одма за луд мислам дека е време да си најдам време малце за психичкото здравје зошто физичкото веќе ми е при крај. Бебар(не е толку веќе бебе де ама мене ми е) е 300 на саат оди трча брза прави бељи копира пресладок е Богатство најслатко мое. Да ја организираме веќе крштевката мораме, се радувам на тоа ептен се надевам ќе биде сè како што замислив. Мислам дека тоа е тоа кај нас ново.. Чувајте се
Јас земав Мини маус маска од Кам, извадив тоа машната и стана Мики маус нормално. Ќе му облечам црно, ќе му нацртам со моливче црно или туш мустаќи и носе и ајт. Ако дозволи нормално.
Има и во Галакси маски. Од 100 ден нагоре беа. Јас баш венче за бубамара барав, па цел комплет за 100 ден најдов со крила. И за машки имаше маски секакви.