Здраво мајки Месецов подолг од сите јануарски месеци до сега. Како тргна годинава како на ролеркостер се осеќам цело време. Само не е баш забавно пошто со емоциите цело време нагоре па надолу, кај ли ќе застане железницава да се симнам да се вратам во колосек. За брзо нема да биде сигурно, ама ќе помине и тоа. Да сме здрави и сите на број, се друго у 10ти план нека стои. Сум мислела дека полесно е ако имаш здрави прави деца, па изгубиш бебе, ама многу сум се излажала. Мајчиното срце може да се зголеми и да собере подеднаква неизмерна љубов за сите деца. Јас сакам три, а гушкам и бакнувам две. Третото ќе живее во моето срце, се додека чука. До некој следен поведар пост. Ве поздравувам
Здраво мајки Бебе цели 2ч спие на мене, ми се плаче од радост и љубов. Ми се иде да го згмечам од што го сакам, ќофте едно мајкино. Времево.. катастрофа е мал збор. Таман си викам ќе шетаме, аха. Вчера дожд нѐ фати, а само што испадавме и така длабоко си заспа во количката. Инаку, мајки на женски бебиња. How does it feel to live my dreaam?!?! Сте ја виделе колекцијата пролет/лето за девојче во Синсеј? Само за облеката ви завидувам. Преслатко е сѐ. Не е фер, вечна дискриминација кон машките. Додуша му најдов слатки парчиња, ама женскиве се
Не само Синсеј, секаде има за женски. Кога останав бремена, си викам па ако е машко, што ќе му купам и си плачев. Не дека нема облека де, ама изборот за женски е поголем. Аххх спиење на мало ќофте врз гради е нешто најубаво. Море и сега кога спие се топам.
Моево еве го скоро 15м 90цм (јас 170) спие врз мене моментално па кога ќе се ушушка во врат и ќе ме стисне за гушкање убавинки Ние земавме за количката навлака за дожд и рековме викендов нема да пропадне. Се надевам барем еден ден ќе видиме сонце ама и да нема, не се разочарувам. Конечно да закажеме сè околу крштевката, се радувам.
2г и 3м денес, уште спие врз мене. Љуби га мајка Ако не е на мене, врз рака ми спие, битно е лепенка.
За спиење на гради, не сум фан.. мнг се потиме и двајцата. Два пати така теравме вечери кога избија првите забчиња. Мнг имаше мака. Ама нема да заборавам уште прв пат кога ми го ставија во раце, така некако природно си најде лежиште, и со слободното прозирно раченце како да ме придржува за раката со која му држам града за цицање. Сега тоа слободно раче е поголемо, ама меко како перниче. Додека цица, така слатко ме гали по раката... ете тој е моментот што мислам дека ке ми фали.
Почнувам да се загрижувам затоа што никаде не ми се оди, ни на прошетки ни на одмори. Ништо што е тренди не ми се прави. Индиферентна сум и за луѓе запознавање или дружби. Немам некоја цел само терам ден за ден и скроз е чудно за личност како мене. Притоа нема никаков реален проблем за ова да е така. Се некако ми е небитно, досадно и онака. Дали сум во некој комфорт на дете чување, дали станав од мајките ограничени само на децата или се ми стана без поентно не знам.
После многу размислување на оваа тема, сфатив дека ова што ти/ми се случува е налик метаморфоза. Прв пат мами. Се пронаоѓаме, а и ќе се пронајдеме.
Нешто слично сум и јас. Ем сама со бебе, починати ни се мајките, маж на пат. Бевме на шетање до Скопје, вика мм да си земам нешто, ама луѓе немам желба ни за алишта, ни за шминки. Минал рокот на пудра, маскара, фрлив се и немам земено. Оти и од работа дадов отказ, нема кој да го чува ( работев и 2 смена и викенди и никако не биваше) и тотално немам желба за ништо. Сакам да излезам некогаш, па ко ми текне влечи колички, млеко, алишта, не сме во град, па вози натаму наваму и баталам. Со никој скоро се немам видено и не ми смета. Јас сум и интроверт, ама порано пак имав некаков живот и желба за прошетка, дружење. Сега ич.
Се е тоа фаза и ќе помине, повторно ќе се пронајдете со тек на време, може нема да ви се прави се што сте правеле пред дете ама дефинитивно ќе најдете нови начини да бидете свои. Не се форсирајте да правите работи кои не ви се прават. Нормално е да сакате да бидете само со детето, да сакате само да спиете и да одморите кога имате време, да ве мрзи да се спремате за некаде. Моето скоро ќе наполни две, па јас сеуште немам желба да правам некои работи што сум ги правела, едноставно ми немаат поента. Ама почнувам да сакам да се средам, да се нашминкам, да сменам фризура, да облечам нешто пофенси место нешто поудобно. Добивам сега желба пак да се посветам на хоби, да гледам серија, да излезам со маж ми…уште не е тоа тоа ама полека се пронаоѓам пак. Некаде прочитав дека на мајка и трба 5г повторно да се пронајде себе после раѓање…така да има време. Оваа мајка некако многу нервози ја јавнаа периодов, ништо не тргнува, се разболев од маки тргање, амн.
Јас и пред бебе имав вакви фази За месец дена ке почнам на работа, и психички се спремам да излезам од школката. Ама во с'ржта на своето постоење мислам дека 50% од работите за кои луѓе се/ме замараат ми се безпоентни. Сега тој процент е само повисок.
Чудно искрено, децата треба да даваат смисла на животот не нихилизам. Се размислував дали е до локацијата каде што живеам со последниве случувања (мк), до професијата и работата која некако со годините го нема истиот жар, до бракот и сите what if прашања. Немам одговор, нема да знаеме што би било ако би било ама и вака со години не се тера само колку да се турка.
Мајка нормални емоции. Синко мој 2 години ќе прави. Да те израдувам, ама мазимче мајкино е до небо и назад. Само се гушка и бакнува. Уживај во моментите сега, ама ќе ги има и понатаму и по емоционални. Кога ќе дојде сам и ќе се гушне. Бесценето! Синовите лепенки за мама одма да си знаеш
Јас мислам ме убива локацијава кај што живееме. Да блиску сме до град, ама сепак е мирно и тивко. Не е загадено и нема многу луѓе, скоро сите се одселија. Возам, можам да шетам со бебо ама сепак толку се 5 места кај што одиме не е кој знае што. Кога родив, сватив дека уствари нема ништо за детево овде. И луѓево деца што имаат па не ни излегуваат, сама го шетам преку ден реетко да сретнам некој. Ај овие со работа и деца на училиште ги разбирам ама останативе што се дома воопшто не.. што прават цел ден дома не ми е јасни искрено. Би се одселила секундарно само за подобро услови од оваа гледна точка.
Па не дека не му даваат смисла, само што преоритетите на мозокот и телото во постпородилниот период се различни. Иако ние веројатно не сме свесни за тоа и мислиме дека уствари е незинтересираност, телото и мозокот си знаат што е, време за заздравување. Не се труди толку да пронајдеш смисла на се, сега веднаш, ќе дојде си тек на време. Мислам ти кажувам оти и јас поминав низ тоа и сите мајки веројатно. Да децата ни даваат смисла на животот, ама од кај знаеме дека таа смисла во тие неколку години не е токму таа? Да им се посветиш генерално 90% на нив, да ги израснеш, да бидеш апсолутно присутна во годините кога нивниот развиток е клучен. Може ние како мајки треба малце да гледаме од друга перспектива на ова индеферентноста кон се друго освен децата, може ако го сфатиме како природна биолошка работа, дека самиот мозок и тело не тераат така да се понашаме оти е бенефитно за децата, нема да бидеме толку потиштени и негативно настроени кон себе дека не сме доволно добри оти само децата не интересираат и оти не сме веќе жените што сме биле пред нив. Може нема тогаш толку очајно да се трудиме да бидеме на 100 страни, да бидеме и 100% посветени мајки, сопруги, ќерки, вработени, другарки….и на крај да завршуваме со депресии оти според самите себе не сме доволно способни. Ова така само гласно си размислувам па се надоврзав на тебе
Ке се надоврзам на последново, дека самите си поставуваме високи критериуми и после сме напнати зошто ништо не е доволно добро. Ама денот има 24 часа. И не секој ден е фантастичен и тоа е нормално. И секое дете е идеално ама не е префектно и тоа е во ред. Откако влегов во овој мајчински свет, се изнаслушав работи од мајки за кои знам дека не се вистина, ама убаво им е да се прикажуваат и себе си и детето како перфектни. Некако цело време сме опкружени со идеализирање и идолизирање, докажување, истакнување... во ред е да не е секогаш се фино. И мрачен ден е ок. Барем јас сум во оваа фаза.
За сите мајки што мислат дека нема да ги збира децата да спијат на нив кога ке пораснат. Мојот бебо од скоро 20месеци колку што е долг и широк Спојлер: Бебо
Сликава ме стопи Убав муабет сте почнале, тотално има смисла тоа што го збориш @1209. И јас размислувам така, помалце притисок да си правам и помали очекувања. Ама од жена што беше борбена да оди нагоре со кариера, секакви патувања, излегувања, дотерувања, пријатели, станав некако апатична, како што викате ништо не ме интересира освен детето. И пропратното околу детето, јадење, перење, чистење. Не се препознавам. Работам и детето е во градинка и срце ме боли секој ден што кога ја испраќам, имам уште висока позиција ама не ми е гајле дали ќе ја исполнам, за одење на повисока па да не зборам, него си размислувам да дадам отказ секој ден. Ајде да речеме нормално е, ама каков пример сум јас за тоа девојче што го одгледувам? Или рано е да размислувам за такви работи, ама не сакам да порасне да биде како мене моментално каква што сум. Хронично сум уморна и ненаспана, веројатно и тоа ме прави поинаков човек ама на тоа крајот не му го гледам за скоро